|
|
|
|
|
|
За Ватикан не може, за Хунзите може
До први јули надлежноста околу сопственоста на земјиштето е кај централната власт, а Владата тврди дека не расправала за подарување
Билјана Јовановска
Кралското семејство на Хунзите од Пакистан, како што тргнала работата, многу лесно може да се распостели на 37.000 квадрати државно земјиште во Паљурци, што им го подари Општина Богданци. Ако на кралевите им се брза, тогаш ова барање ќе треба да им го реши некое од надлежните министерства, бидејќи до први јули надлежноста околу сопственоста на земјиштето е во рацете на централната власт.
Владата, пак, деновиве побрза најостро да ги демантира тврдењата, изнесени во одредени медиуми, дека ќе подарувала земјиште за изградба на кралска палата и хотели во општина Богданци. „Владата никогаш ниту расправала за донесување ваква одлука ниту, пак, има законска можност да го направи тоа“, се вели во владината реакција.
Доколку вакво нешто, сепак, се случи, тоа ќе биде школски пример како некој може и со државно земјиште да се поигрува како што сака. Бидејќи, сигурно, ниту еден жител на Македонија не успеал од државата да добие бесплатно земјиште од 50, а не од 37.000 квадрати!
Чија е идејата за населување на кралското семејство од Пакистан, кое се чувствува како наследници на Александар Велики, во моментот и не е најважно. Барателот - кралот Мир Газанфар Али Кан го доставил до општината Богданци преку својот застапник Марина Дојчиновска. Но, и покрај настојувањата на поединци во локалната власт да видат како изгледа еден кралски печат, на 28 април годинава добиле барање какво што веројатно веќе не поминува ни во месна заедница. Во 11 реда текст, во име на кралското семејство, на хартија без меморандум, без печат, па и судски доказ дека е правен застапник, Дојчиновска доставува барање во кое пишува: „Мир Газанфар Али Кан, Маргала Роуд – Хунза хаус Исламабад, Кралска резиденција Хунза.
Ве молиме да не' планирате во Урбанистичкиот план населено место м.в. Болован, Паљурци, КО Богданци, за изградба на кралска резиденција и хотелско-угостителски комплекс на кралското семејство од Хунза со површина од 3 хектари. Важноста од овој потег најмногу би се отсликала во подобрување на врските што ги воспоставивме со народот Хунзи - Македонци од Хималаи, а во интерес на натамошно непречено комуницирање на културен, економски, македонистички план. Воспоставените врски ќе значат и можност за идни понатамошни заеднички проекти и од областа на туризмот, со што кралското семејство се занимава неколку години наназад“. И толку.
Советот на Општината веќе на 19 мај носи одлука за дополнување на Урбанистичкиот план, потпишана од градоначалникот Ристо Ичков од ВМРО-ДПМНЕ и на 27 мај таа веќе се најде и во општинскиот „Службен гласник“. Како што тврдат во Богданци, барањето го поддржале шестмина советници на ВМРО-ДПМНЕ и по еден од партијата Обединети за Македонија од Љубе Бошковски, од Социјалдемократската унија на Лазе Еленовски и еден независен, додека четворицата од СДСМ биле воздржани.
А дека работите со доделување државно земјиште не одат туку-така, потврдува случајот со овдешната Католичка црква, која токму во Паљурци цели осум години не успеа да ги добие деветте милиони квадрати земјиште, кое е сопственост на чесните сестри евхаристински, а за што имаат и тестамент и 30 тапии. ��постолскиот егзарх и скопски бискуг г. Киро Стојанов вели дека сега предметот е даден во Врховен суд, а доколку повторно добијат негативен одговор, за земјиштето во Паљурци ќе поведат постапка и пред Судот за човекови права во Стразбур. Во ова ја имаат поддршката на Ватикан, кој внимателно ги следи случувањата поврзани со Католичката црква во Македонија. Чашата е пред прелевање, бидејќи досега само добиваа ветувања, вклучително и од претседателот на државата Ѓорге Иванов, па не е исклучено државата Ватикан да ги преиспита односите со Република Македонија. Дотолку повеќе што ова не е единствениот проблем со кој се соочува овдешната Католичка црква.
Македонската православна црква, по обичај, молчи. Митрополитот Брегалнички Агатангел по камен-темелникот што го ставија католиците летоска во Паљурци, со надеж дека овој локалитет ќе го возобноват како свој духовен центар, побрза од власта да добие локација за црква. Меѓутоа, откако не му се допаднало местото, чека ново, а за барањето на Хунзите, не се огласи. А со оглед на фактот дека Хунзите се муслимани, логично е во близина на кралската резиденција да посакаат џамија, во која ќе ги извршуваат обредите.
Пред две години кога кралското семејство го разгледуваше комплексот „Св. Наум“ во Охрид, на располагање ги имаше, ни помалку ни повеќе - „мерцедесот“ и личниот возач на поглаварот Стефан! Тој за браќата од Хималаите во Соборниот храм во Скопје одржа специјална богослужба, а митрополитот Агатангел ги удостои и со пречек на аеродромот „Александар Велики“.
Како натаму ќе се одвиваат работите со барањето на кралот Газанфер од Пакистан, кај и да е, ќе излезе на виделина. Исто како што, веројатно, ќе се потврдат или ќе се демантираат тврдењата на богданчани дека во фамозното барање за 37.000 квадрати државно земјиште, вмешал прсти и македонскиот бизнисмен Владимир Ралев, кој, наводно, во Пакистан има големи плантажи на полиња со памук и одржува блиски релации со кралското семејство.
Во меѓувреме, богданчани различно го коментираат можното доселување на Хунзите. Додека едни на мајтап велат: „ајде, може ќе се измешаме со сината крв“, други на ова гледаат како на политички проект со сериозни импликации. Сепак, најактивни се советниците на Општина Богданци, кои многу сериозно ја сфатија работата и се дадоа во шиење костуми за да го пречекаат кралевичот. Но, посетата што требаше да се случи од 8 до 13 ноември е одложена, а кога ќе најдат нов термин во кралската агенда, се' уште не се обелоденува. (Б.Ј.) |
#
|
Статијата е прочитана 6307 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: реканец. |
Датум: 09.12.2010 12:23:53 |
|
Ај молам нека се најде некој историчар ама Вмр-овца да ми го објасни следново...Мене ме нарекуват Торбеш сум ја продал верата за торба урда.Како јас да ве наречам???.Ако сте во крвно сроство со ХУНЗИТЕ.Нели по вера Хунзите се Муслимани.Од олку големи Патриоти мисе гади.Или опиени од власта КОМПАСОТ висе расипал.Вие ако имате интерс и МАКЕДОНИЈА ќе ја прекрстите во ХУНЗИТИЈА.Засраметесе и заземете став кои сте и што сте.Како што рече гос.ЉУБЧО пола Вмр-овци сте биле Бугари.Него трујте НАРОДОТ со глупери. |
|
|
|
|
|
|
Од: Деда Џоше од Мартиницу |
Датум: 09.12.2010 12:26:08 |
|
Туго,туго да мрев прекјуче, не ќе гу осеќав овуј транс од среќу ,овуј Нирвану за кралски дворац у наше Паљурци!!Плац што ќе гу подарев на наши роџаци Хунзе,на наш принц Г`зафер Али -Каааан,наш крвни потомак!!Ако ,ако ми сме домаќинска куќа,а и наш АрАмани, Ношпал ќе гу промења аскери што ќе гу пречека принц и нијна свита ,исто какој фаланга Александрова!Ама се чудиме зашто шубаре??Па на овуј кризу можев да се искористев шљемови од стиропора, ономат што гу је носила фаланга на авионски стадион за дочек на наши роѓаци?!И министар Коњовски има да се шепури какој паун ,што у његово време његови аскери с`с„поцепане каќе„ ќе се шепуре какој манекени!Моја баба ќе месила сомун,так`в је ред ,само да се не забунив
и да ги послужев с`с ону нашу ракију ,Антика па да се постидев!!А није на одмет и какој у време маршала Тита, да се испоје и једна песмица ,па нека је лака еве какој „Бело теле ,бела крава ,бело млеко нам ни дава„ Лака је за памеќење........... |
|
|
|
|
|
|
Од: Itar Pejo |
Датум: 09.12.2010 12:32:54 |
|
Pa neli koga nasiot kral Gazanfer ja poseti Makedonija podpisa dogovor so Gruevski za Ekonomska, kulturna i naucna sorabotka! A mozda e ova i del od ideata na Profesor Mircev? Da stapime vo konfederacija so Hunzite i taka da vlezeme vo NATO i vo EU? |
|
|
|
|
|
|
Од: b |
Датум: 09.12.2010 12:34:56 |
|
Тој што ја бутка оваа работа, мислам дека е сулуд! |
|
|
|
|
|
|
Од: deli |
Датум: 09.12.2010 12:49:03 |
|
Se prašuvam: ovo e vistina - ili VIC? |
|
|
|
|
|
|
Од: Сега знам! |
Датум: 09.12.2010 12:50:19 |
|
Сега ми е јасно зошто СВЕТСКИ ПОЗНАТАТА ЛИЧНОСТ Александар ги победувал противниците!Ако неговите војници изгледале како овие на сликата,непријателот умирал од смеа! |
|
|
|
|
|
|
Од: Hari |
Датум: 09.12.2010 12:52:54 |
|
Makedonija za ovie 5 godini stana cirkus, cel svet ni se smee, dnoto e dopreno. Preostanuva uste da ne snema od geografska karta so prerodbenicive. Za G-din Stefan Stefan nema komentar uklopen e vo prerodbata. |
|
|
|
|
|
|
Од: Cacko |
Датум: 09.12.2010 12:55:43 |
|
Hahahahahaa!!! Ima li kraj na makedonskite gluposti?Po site izgledi nema.Na "nasata kralska loza" im se da tolku silno zemjiste samo oti se so sina krv.Pa nee fer za nas "obicnite smrtnici."Сепак, најактивни се советниците на Општина Богданци, кои многу сериозно ја сфатија работата и се дадоа во шиење костуми за да го пречекаат кралевичот"Sienje kostumi!!!Jas mislev deka e toa del od naseto minato,i kostumite gi imame socuvano. |
|
|
|
|
|
|
Од: Ајван Доктор® |
Датум: 09.12.2010 13:01:52 |
|
Очигледно е веќе!„Нашата“ Блада е под влијание на Здружението „Антички Македонци“,чиј претседател до скоро беше Васил Иљоски,човекот што со своето незнаење го нагрди Камениот Мост!Во ова здружение се вклучени и В.Божиновски,Ж.Митрев,А.Маркус,Д.Ќорнаков,А.Донски...Познати ви се од некаде!?Тие се „интелектуалниот“потенцијал на ВМРО!На нивно барање се гради сулудиот проект „Скопје - 2014 Δ.Π.Ν.Ε.“,нивна е идејата за „лековити“ споменици за народот!Особено е значајно нивното барање до Општина Центар,за градба на споменик со ликот и коњот на Цанде Великиот!Сè на сè-на повидок е уште еден Мегаломански Криминал „во име на народот“!Врв на безобразлук и потценување на својот народ! www.ajvandoktor.blogspot.com |
|
|
|
|
|
|
Од: Професорка |
Датум: 09.12.2010 13:29:45 |
|
Е вакво лудило е за лечење. А можеби ние како народ сме за групна терапија за освестување од погубниот сон наречен ВМРО. |
|
|
|
|
|
|
Од: ilija |
Датум: 09.12.2010 13:47:48 |
|
Mislev deka vrv na ludiloto se uniformite na Noki ama ovie se nadminuvaat sekojdnevno... |
|
|
|
|
|
|
Од: Калимеро |
Датум: 09.12.2010 13:50:14 |
|
Никако да запре лудилото во Македонија. Како дојдое оваа портокалова багра на власт се стана лудило. Прво станавме директни потомци на Александар Македонски, малку и беше тоа па дојде на ред Скопје 2014. Додека народот нема ни за леб, додека во болнниците народот почна да умира и од кровни конструкции, они ѕидат порти на глупоста. За да последно биде кралско семејство од Хунзите. Еј народе освестете се, колку и да сте партиски обоени што е многу, многу е. Сите имаме деца кој утре ќе не осудат за тоа што не сме застанале на пат на лудилото на Пастирот и баграта околу него |
|
|
|
|
|
|
Од: Tome Stojanovski,dipl.el.ing.62god.tel.20 41 586 |
Датум: 09.12.2010 14:16:59 |
|
Pusti nie Makedonci !! Nas se otposle ni teknuva !! Toa odamna go utvrdi prof. Marjanovik !! Se mislime kolku sme pametni i ubavi ama vo ogledalo koga ke se pogledneme samo losotiloci gledame ,zavist i omraza kon se sto ne razbirame a za da razbereme za zal vekovi ke ni trebaat !!Zosto Hunzi,zosto munzi!! Demak golema zemja ke sme im dadele bez pari a tie toa nikogas ne go pobarale !! Zamok ke izgradele pa site nam ke ni se smeele !! E pusto Makedonce ,gledajki ne sto um imame nam odamna ni se smeat i za kusur ne ni fakaat dobro e sto i voopsto ni se obrakaat ! A kolku za volja na vistinata bil li nekoj vo Paljurci da vidi sto zemja e toa !! Pusti nie ,neka mu umre na komsijata kozata pa makar mene i kravata!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Leka i Madh |
Датум: 09.12.2010 14:31:01 |
|
Abre m"makedonchinja"vistinskite potomci na Aleksandar od ilirska macedonia sme nie deneshnite albanci odnosno SHQIPTARI,ili Arbanasi,ili Alvanosi ili Arnauti oli albanians itnk. |
|
|
|
|
|
|
Од: julija |
Датум: 09.12.2010 15:33:55 |
|
Sto se nema da doziveeme pod vodstvo na VMRO.Hunzi ,kic zgradi,spomenici i fontani.Na site sto se bez rabota im preporacuvam.Gledajte gi fontanite,zgradite i spomenicite i raduvajte se "kakva ubavina"sto nemate pari za nisto ne e vazno. |
|
|
|
|
|
|
Од: suada |
Датум: 09.12.2010 15:40:41 |
|
ne e loso grujo koga tolku e ofarda so drzavna zemja, da mu dade na kralot na hunzite eden od svoite stanovi vo skopje za ambasada. onaka na poklon. ili go boli glavata za toa. ne e posteno samo horhe da dava del od svetata zemja vo paljurci na poklon. |
|
|
|
|
|
|
Од: pero |
Датум: 09.12.2010 15:41:38 |
|
Брату реканец, не не ставај сите во ист кош... Дали си ја сменил верата или не, ти за овој народ си можеби попотребен од било кога, како мост кон сограѓаните Албанци и како неделив дел од нашиот народ. А тие што забегуваат и што се сметаат за наследници на Ацо (а не паметат име на прадедо), остави, има институции каде ќе бидат згрижени... |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 09.12.2010 16:02:14 |
|
Aко папата има некаква врска со пра на 7-ма степен дедо како дотичните подхималајски величества со АМ тогаш и него ќе му баптисаме едно 2о ха земја.Сака плодна за обработка сака покрај некое езеро сеедно.Се плашам да сите крунисани глави од светот кога ќе разберат за хунзскиот крал да не напопаднат и тие да бараат земја за хотели ли,резиденции или др.и сите со пусулче за родбинската врска со АМ, отиде тогаш државното земјиште забадијала. |
|
|
|
|
|
|
Од: SPIRIDON do Leka i ...... |
Датум: 09.12.2010 16:18:05 |
|
Leka prava ti e teorijata,pa i ja toa go tvrdam odamna,site nija u Makedonija ta Pirinska ,ta Vaedarska ,ta Egejska ta Albanska,ta Ilirska i neznam ušče kolku ne ima i kolku ke se pojavat,site nie sme potomci od Aceta naš.Čoveko bil,živa istina,prašaj gi okole tebe,seksualno hiper aktiven,po moderno seksolog,se živo seksal i ja ti be brat po Aceta,ja ti Hunzi,ja ti Arnauti,ja ti Makedonci,pa za pošarenolikos i makedonci muslimani,za arnauti muslimani ne sum čul,ke izvinjavašama šiptari muslimani imam komšii i taka nataka,se zavise od toa so čija majka,zatoa sme sinovi na Aceta,tetka,sestra,brat i taka nataka da ne redam spal naš Ace,a i nogu ne spal.I sea nevidena ljubomora,megju braka,ja šo vikaš so arnautite,ja so Hunzite,vidi viran narod,zašo sme im dale zemja u bibliskio Paljurci,za koj ako ne bea prikaskite na našio precedatel,na galeno Horhe,nikoj nemaše niščo da znae.Ne sme im dale.Ako trgneš po nekoja ostavinska postapka i nijna si e,sleduva im.Nema sea na sud da odeme. |
|
|
|
|
|
|
Од: torbes |
Датум: 09.12.2010 18:53:42 |
|
Halal da ti e bre rekanec ( nasinec ) i jas sum od drimkolsko .Po novite pravila na soobracajot ovie makedoncive sami se zbuneti ili od omraza kon drugite neistomislenici stojat vo eden kruzen protek a od strana ima nekolku patni izlezi pa sega ni sami neznaat sto , kako i kade da odat ili pokonkretno neznaat ni povece sto zboruvaat, za razlika od nas nie sme Torbesi i ke ostaneme, posle ovaa vest mislam deka i VMRO saka da se priblizi do islamot togas ke bideme ednakvi |
|
|
|
|
|
|
Од: Сергеј |
Датум: 09.12.2010 18:57:48 |
|
„Бранителите“ на уставното име и големи „патриоти“, кои ја држат власта, очигледно имаат голем проблем со своето чуство за национална припадност. Како тоа, на својот народ му одрекуваат сродство со останатиот словенски свет, а најдоа сличност со некои си Хунзи од оној крај на светот?! Па погледнете ги „Македонците“ од Хунзистан, па ако сака и нека се од „кралското“ семејство, не само што не личат дека имаа сина крв, повеќе изгледа дека крвта им е жолта. Какви кралеви со имот од триесетина кози, овој „крал“ во животот леб не се најал асолно, а овде ќе му ѕидаме дворец?! ( http://otpor.log.ph/ ) |
|
|
|
|
|
|
Од: Johnny |
Датум: 09.12.2010 19:42:37 |
|
Tesko e covek nesto seriozno da prokomentira posle ovaa prikaska so Hunzite.Tesko da zakluci dal da place il da se smee,tesko e da se konstatira koj e po lud Grujo i nositelite na negovata prerodba ili nie,narodot koj se uste go trpi ova pravenje cirkus od sopstvenata drzava,identitet i minato.Imam vpecatok deka nasevo Mugabe nie e podmenat od nekoi mracni sili za da totalno ne degenerira,dokraj da sozdade konfuzija kaj sekogo za sopstvenoto bitie i gen.Zatoa redno vreme e site eden po eden da se svestime koj stoi na celo na ovaa nesrekna kolona nerazumno trpelivi i do glupost zbuneti luge.Nema da e cudno utre Grujo da pocne da ne du.. vo zdrav pamet deka Paljurci se vsusnost slobodnite ekonomski zoni.a kralot na Hunzite vetenite investitori. |
|
|
|
|
|
|
Од: kral hunza |
Датум: 09.12.2010 20:15:15 |
|
abe ova ne e normalno citam i se cudam pa vakvo nesto ni na film ne mozes da vidis cirkusiii,brukiii nevideni hahaha makedonija i se e mozno |
|
|
|
|
|
|
Од: Djoko |
Датум: 09.12.2010 20:25:34 |
|
Онаа народна ,,Луд што ќе замисли , ни локомотива не може да повлече ,, се однесува баш на ова замисла. |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 09.12.2010 20:31:04 |
|
Ако со деца спиеш знај дека утредента унереден ке се разбудиш.Овие дечки кои си играт власт својот народ овци го направија.а сега ние ке се прашуваме Дали сме антички македонци или славомакедонци.Но народот што си бараше и тоа си го пронајде.Ни господ неможе пвеке да ни помогни со ова штета што ни ја направија овие неизживеани деца. |
|
|
|
|
|
|
Од: Realen |
Датум: 09.12.2010 21:39:03 |
|
Pa neli Pakistan e islamska Republika od kade sega kralsko semejstvo pa uste i eve vece nekolku godini se bavi so hotelierstvo stvarno tradicija.Sto ne ke cueme od ovie Pak stani |
|
|
|
|
|
|
Од: Ангеле Л. Вретоски |
Датум: 09.12.2010 22:28:23 |
|
До сите македонци по крв но со словено/славјански мозоци. Дали Атињаните ќе се однесуваа вака подло и ниско доколку Мир Газанфар Али Кан се исјаснеше дека е од грчко потекло? Атињаните ќе му изградеја не една него повеќе кралски палати, а вие пишувате работи за срам на иднината на Македонија. Што ќе загуби Македонија и Општината Богданци до колку се изгради Кралска Палата и Хотели? До нашите македонци со исламска вероисповест - секој може да смени вероисповест и политичка партија но не и Националност. |
|
|
|
|
|
|
Од: tetka viki |
Датум: 09.12.2010 23:10:44 |
|
Samo sakam da ja prasam doticnata marina Dojcinovska 9ili kako i e imeto0, dali znae so kolkava drskost vo emisija kaj Biljana vo A2 rece deka kralot na Hunzite doagja vo Makedonija , pazete, na nejzina licna pokana. Ma nemoj, mozes ti doma da si go nosis ako si go pokanila, nema sto da baras drzavno zemjiste da mu se podari, a narodov se aka po salteri da si go otkupi dvorot. More da te prasam i tebe - si go otkupi dvorot ili ti go podarija, kako blagodarnost sto go iskopa kralot nas od pod Himalaite |
|
|
|
|
|
|
Од: do Leka i Madh |
Датум: 10.12.2010 01:09:01 |
|
Potekloto na pogolem del od "Albancite"e od Kavkazot,a ne od ilirite i ne od antickite Makedonci. |
|
|
|
|
|
|
Од: Hunzite se nasi i nea sme nivni ! |
Датум: 10.12.2010 05:54:30 |
|
Ako se prasuvaa okmentatorite nie odamna nemase da imame drzava i ke ni bese i imeto meneto....
Sram da im e na komentatorite za nekulturata. Mozebi i ne se Makedonci stom moze taka da razmisluvaat.
Kako nema eden komentar asolen i so mozok napisan? |
|
|
|
|
|
|
Од: Jordan |
Датум: 10.12.2010 08:55:56 |
|
Da ne puknite, mi ja izlecivte depresijata.... Ha ha ha ha |
|
|
|
|
|
|
Од: trajce |
Датум: 10.12.2010 09:13:24 |
|
... крајно време е оваа власт да си купи куфери и почне да се пакува. Стануваме смешна "држава" , сите ни се потсмеваат, те Хунзи, те Скопје 2014 ... и недај боже да се разлошиме со Ватикан, тогаш стварно ќе ни нема спас !!! |
|
|
|
|
|
|
|
|