Број 3342  понеделник, 26 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Оптимизмот го хранат со 11 деца

Семејството Апостоловски од Старо Село, Тетовско, ја гледа најголемата среќа и благодатта во своите 11 деца

Гојко Ефтоски


ТЕТОВО - Брачната двојка Ѓурѓа и Трпко Апостоловски од тетовско Старо Село со 11 деца е вистински рекордер во тетовскиот крај. По девет веќе одгледани деца, од кои најмалото е на петгодишна возраст, вчера во селската црква „Свети Ѓорѓи“е извршен чинот на крштевање на двете принови - близнаците Петар и Павле. Свечениот православен церемонијал го изврши свештеникот Перица Бојковски, кој од вчера ја презеде и должноста кум. Досегашните кумови, семејството Краповски, одамна се иселени во САД. Поради неможноста да дојдат, побарале да го предадат кумството.

Најмалите - близнаците, денес полнат 26 дена. Родени се по природен пат како и сите претходни, токму на 1 јули. Тие станаа ново задоволство и богатство на своите родители - 41-годишниот Трпко и 34-годишната Ѓурѓа. „Само два дена по породувањето, ме пуштија дома. Пресреќна сум и презадоволна. Децата се наша гордост, наше богатство, иако во материјална смисла одвај крпиме крај со крај. Најмногу со прехранувањето“, вели Ѓурѓа.

Нејзиниот сопруг, Трпко, полн со верба и оптимизам, со надеж дека ќе изнајдат сили да ги одгледаат децата, вели: „Нема посреќни родители од нас. Во услови на не многу пристојни приходи во семејството, вистинска благодат е да се успее да се одгледаат 11 деца“.

Трпко е единствениот вработен со околу 8.000 денари месечно примања. Добиваат уште по 1.800 денари месечно на име детски додаток. „Велат дека законски било независно од бројот на децата, надомест за детски додаток следува само до три деца. Ние не сме против законот, но да го применат и другиот, што вели, ако во семејството над три деца едниот родител добива надомест како месечна плата. Ние такви средства не добиваме“, додава Трпко.

Притиснати во немаштија особено за задоволување на елементарните потреби на децата, Апостоловски наоѓаат излез во земање земјиште под закуп, дополнителна физичка работа на Трпко, па и повремена помош од благородни семејства. Немаат зборови за тоа што го направил Љупчо Палевски од Скопје. „Откако не' посети и виде во каква состојба е делот од куќата што го користиме, овој човек ни го разубави животот. Ги смени сите прозорци поставувајќи нови и функционални. Не' снабди со нова кујна со сите елементи, а од него добивме и сосема нов мебел. Стариот го исфрливме. На ред е да ни ја уреди фасадата. На ваков потег малку е зборот ’благодариме‘, но ако тој е изречен од сите 11 деца и од нас родителите, тогаш е благословен и од Господа“, прикажува Трпко.

Апостоловски живеат во најгорниот дел на Старо Село. Над нив е месноста Леска под горделивиот Љуботен. Оттука секое утро најстарата Бети заминува во Земјоделското училиште во Тетово, Верица сега запишува средно училиште, Славица, Маја, Ивана, Цветко и Магдалена се од седмо до второ одделение, а Славиша веќе е запишан во прво. Дијана има само пет години, но е десна рака на мајка и' во домашните работи а близнаците се последната радост на сите и за нив нема во семејството кој не помага. Благодарни се и на посетите од медицинска сестра или негувателка, кои повремено им помагаат, особено ги советуваат за се' што треба да се прави за Петар и Павле. Ѓурѓа и Трпко велат дека престануваат со раѓање.

„Господ не' благослови со 11 деца. Сметаме дека е доволно. Ако, сепак, се роди и 12. нека биде живо и здраво, нема да го фрлиме“, се пошегуваа на нашето прашање Ѓурѓа и Трпко. „Знаете што значи да имате олку сестри и браќа. Јас сум горда на сите нив и на моите родители. Кога-тогаш нивните напори ќе бидат богато наградени“, вели 14-годишната Славица, трета по ред според раѓањето. Ја сретнавме и учителката Мира Димовска, жителка на Старо Село. „Низ мои раце минуваат децата на семејството Апостоловски. Изгледаат одмерено, а индивидуално прашање е кое каков успех постигнува“, коментира Димовска.

Старо Село е во подножјето на горделивиот Љуботен. Неговите 90 куќи како да се губат во бујното зеленило. Токму поради тоа дури и не се забележува дека сите селски сокаци се асфалтирани до последните куќи во која било насока во населбата. Староселци велат дека во 47 од нив живеат 230 жители. Останатите куќи се празни. Нивните семејства се растурени некаде по светот. Ни тврдеа дека дури 342 семејства се во Америка, а дел заминале во Германија, Франција, Италија и други држави. Велат, кога сите би биле овде, Старо Село би имало над 1.200 жители. И вака, оние што останале на старите корени вековно ќе ја продолжат традицијата на селото зашто „поубаво од Старо Село нема на светот“.


#
Статијата е прочитана 3296 пати.

Испрати коментар

Од: Dekso
Датум: 26.07.2010 01:39:00
Amin. Potrebni se vakvi pozitivni storii. Zena mi e veke bremena so treto dete. Decata se bogatstvo.
Од: od majka
Датум: 26.07.2010 05:28:43
im cestitam, neka im se zivi i zdravi, sekoj ima svoe mesto pod sonceto, a optimistite kako niv sekogas gi prati sreka. roditeli uzivajte ja radosta sto e pred vas
Од: podrzuvac
Датум: 26.07.2010 08:34:01
kako mozam da stapam vo kontakt so lugjevo?!?
Од: srebre
Датум: 26.07.2010 09:27:54
zosto bnema nekija zirosmetka da pratam nekoj denar
Од: vesna
Датум: 26.07.2010 10:10:21
neka im se zivi i zdravi i sreka neka gi sledi vo zivotot. Bravo
Од: TRAJANKA
Датум: 26.07.2010 11:03:31
Gospod go blagoslovil ova semejstvo , nema nisto poubavo od deca , i sreken brak , drugoto vo zivotot e se Luk i Voda . Mnogu luge mislejki na kariera i lagoden zivot pola Skopje ostana so Edinci vo prazni kuki . Nema pogolemo bogactvo od deca , sekoe dete e rodeno so svoja sreka , naj vazna e Ljubovta taa pobeduva se imanje i nemanje. Ova e srekno semejstvo im pozeluvam mnogu sreka vo idnina .
Од: G. Stojanovic, Holandija
Датум: 26.07.2010 11:52:47
Ve molime, dajte ni adresa ili ziro smetka, za da im pratime paket ili nekoe evro vo znak na podrska i solidarnost so ova semejstvo. Isto taka eden predlog: bi bilo mnogu prakticno i humano od strana na Utrinski da organizira eden vid 'Humanitaren most' po primer na Srpskite vesnici kako sto e 'Vesti' - preku koisto humanite lugje ke mozat da pratat pomos (finansiska ili medicinska) na onie na koi sto im e navistina potrebna. Prijatelski pozdrav, Goran
Од: Стојко
Датум: 26.07.2010 12:18:40
Се враќаме во средниот век. Државата не постои, социјалната сигурност се ствара со раѓање на деца.

Најди! во Утрински
Втора страница
Колапс на „Гоце Делчев“
Вербатим
На чекор до парламентарна криза