И покрај сета поддршка од лидерите на НАТО, без решение за името, земјава е надвор од Алијансата
Тамара Грнчароска
Лидерите на НАТО се договорија да им ја препуштат борбата против талибанците на авганистанските власти до крајот на 2014 година, што, воедно, би значело и повлекување на главницата од трупите на Алијансата таму. Освен оваа многу важна одлука, НАТО во Лисабон со Русија донесоа историска одлука дека тие повеќе не се закана едни на други и потпишаа договор со кој Москва се согласи да соработува со програмата на НАТО за одбрана од балистички ракетни напади.
Освен ова, земјите-членки го усвоија и новиот десетгодишен стратегиски концепт на Алијансата со кој се дефинира фундаменталната природа на улогата на НАТО во светот. Документот предвидува членките „да се бранат една со друга од напади, вклучително и од нови закани за безбедноста на граѓаните“ без дефинирање на географските граници на своите операции. Новиот концепт на НАТО предвидува и тоа да бара и „создавање на услови“ за свет без нуклеарно оружје, но до исполнување на таа цел, НАТО ќе остане организација со нуклеарно вооружување.
Самитот на НАТО во Лисабон за Алијансата се смета за историски, но за Македонија не донесе ништо ново. Две и пол години по самитот во Букурешт, заклучокот за зачленувањето на земјава е ист - прво да се реши спорот околу името, па потоа членство во НАТО. Овие пораки стигаа од НАТО во целиот период пред самитот, а тоа беше недвосмислено потврдено и со фактот дека прашањето за Македонија го немаше на агендата на состанокот на лидерите на членките на Алијансата, туку нашата земја своето присуство таму го должи на состанокот на земјите-контрибутори во мисијата ИСАФ во Авганистан.
Тоа посредно го кажал и американскиот претседател Барак Обама на кратката средба со македонскиот претседател Ѓорге Иванов во рамките на самитот, велејќи дека многу жали што земјава се' уште не е членка на Алијансата, но, сепак ни честита за исклучителниот придонес во мисијата ИСАФ во Авганистан и ни благодари за партнерството што го негуваме со САД.
Иванов, кој ја предводеше македонската делегација во Лисабон, составена и од министрите за одбрана и за надворешни работи, Зоран Коњановски и Антонио Милошоски, го потврди спорот за името како единствена пречка за нашето зачленување со изјавата што ја даде по завршувањето на состанокот со шефовите на делегациите на А-5 земјите: Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Иванов притоа рече дека Македонија ги исполнува сите услови и критериуми, но поради спорот за името, сме навлезени во еден апсурден спор што не' попречува да ги уживаме сите привилегии што ги нуди членството во НАТО. Тој на средбата со Обама му укажал дека е од исклучително значење ангажманот на САД во процесот на надминување на спорот со Грција, за што Обама одговорил дека неговата земја останува посветена и сака да помогне ова прашање да се надмине што е можно поскоро со заемно прифатливо решение. „САД се подготвени да помогнат“, изјавил Обама.
На прашањето дали може да се очекува брзо решение на спорот за името, Иванов изјави дека на Балканот не треба да се биде преголем оптимист, туку многу подобро е да се биде реалист. „Ние во овој момент сме реалисти согледувајќи ја новата состојба и атмосфера што ја имаме со овие нови средби и директни контакти што ги има македонскиот премиер со грчкиот“, рече Иванов. Според него, постојат иницијативи и поместување од статус-кво ситуацијата и тој изрази надеж дека и другата страна ќе ја има истата добра волја и желба да се дојде до решение, затоа што сите последици ги трпиме ние. „Се' што е побарано од нас е завршено и ние сме на некој начин исклучок од процесот на интегрирање во НАТО“, изјави Иванов.
Иванов во Лисабон на сите билатералните средби што ги имаше, меѓу другите и со германската канцеларка Ангела Меркел, разговарал за спорот околу името, но не се сретна со грчкиот премиер Јоргос Папандреу. Како што пренесоа известувачите, Иванов сметал дека нема потреба од средби со грчката с��рана за време на самитот, туку дека многу повеќе биле битни средбите со Обама, со Меркел, со претседателите на пријателските држави, кои секој пат знаат да укажат на некои моменти што тие ги дознаваат. За контактите со Грција, Иванов информираше дека нашиот премиер, веројатно, ќе се сретне со премиерот на Грциј�� и тие ќе го продолжат нивниот дијалог.
Во Лисабон претседателот имаше свое обраќање на состанокот на земјите-членки на НАТО и земјите-контрибутори во мисијата ИСАФ во Авганистан, при што потенцирал дека македонскиот придонес таму не е само нумеричка туку и реална вредност. „Во одбраната на слободата, македонските мировници се распоредени на дел од најодговорните позиции и редовно се вклучени во некои од најсложените акции“, изјавил Иванов. Притоа, Иванов потенцирал дека Македонија останува присутна во Авганистан се' додека е неопходно тоа, се' до исполнувањето на поставената цел - да му помогнеме на народот во Авганистан да изгради демократско општество. Тој на лидерите на ИСАФ им ја пренел пораката дека верува оти можеме да дојдеме до решение за името и оти сега постои позитивна клима.
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, на средбата лично му се извинил на Иванов за случајот со отстранувањето на македонскиот јазик во личната карта на Македонија во регистарот на Светската организација и потенцирал оти ОН има целосна почит кон македонскиот јазик. (Т.Г.)
Ako ne moze vo NATO...togas i nie mozeme da igrame na drugata opcija-- So Rusija...Jas mislam treba da se blefira...Od nas pravat budali niz celata nasa istorija...Treba ednas jasno da im kazeme na site...Dosta ni e ...
Од: Obedineta Mak. Dijaspora
Датум: 22.11.2010 12:15:46
Samo po sudski pat koj sugerera Igor Janev mozhe da se vospostavi ustavnoto IME vo ON!
Од: francuz
Датум: 22.11.2010 12:57:01
kako alijansata da zavisi od nas,a nie ako ne ne poslusaat ne im se opuluvame voopsto.eee imase eden film porano naslovot mu bese"Secas li se Doli Bel"koga S.Stimac go magjopsuvase zajakot i si davase kuraz "svakog dana u svakom pogledu sve vise napredujem",kaj nas e obratnoto, "svakog dana u svakom pogledu sve vise nazadujem" na nasa zalost i taka e
Од: ФЕЛИКС
Датум: 22.11.2010 13:03:09
Два различити новинарски приода на иста тема.Во соседниот напис циничен и злорадосен ккоментар за тажноста поткрепено разбирасе со цитирање на опозиционерите.Тука барем има доза на реалност преку написот за подршката од лидерите на НАТО земјите и вистинскиот пробле�� за недобивање покана.Затоа и тука ги повикувам Феличита,шаховскиот чирак и др.нека напишат кој е нивниот предлог за влез во НАТО.Нека не ги чекаат своите дунеци од Бихаќка.
Од: Феличита
Датум: 22.11.2010 14:00:51
Среќко,не чекаат сите како тебе дунеци за да им напиша текст.А,одговорот ти е јасен:Вие сте на власт,примате плата за тоа,решете го проблемот. Доста кукумјавчите,Калимеро е јунак за вас!
П.С.сепак си го збогатил речникот,си научил нов збор:„дунек“!
Од: karokan "gambit"
Датум: 22.11.2010 15:49:43
Ti se zanesuvas (mislis),g-dine Feliks,deka tokmu mojot ili tvojot predlog za vlez vo NATO i EU,ce bide osnova za nesto takvo.I mene i tebe ti e sosema
jasno deka za vlezot vo ovie asocijacii e resavanjeto na problemot okolu imeto so Grcija.Toa ni go kazaa i kazuvaat i,spored tebe, nasi EU i NATO "neprijateli" i nasi prijateli,koi
patem vednas se proglasuvaa za "neprijateli.
(Taka sto vece i da nemame prijateli).Tocka!!!!
Tuka nema povece filozofiranje!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Na duzina prasanja postaveni vo eden moj komentar ne odgovaras,a odgovaras na nepostaveno prasanje.Ne te prasav koj e tvojot stav okolu imeto,tuku koja e tvojata vizija za neintegriranata zemja?????????????????
Indirektno imas i uste prasanja,okolu "sorosoidite"
i jazikot.Pa poveli!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: јас
Датум: 22.11.2010 16:50:38
Среќко, од твоето напишано не разбрав кој е предлогот на овчарот твој за влез во НАТО и ЕУ..Очигледно нивното патриотско мавање в гради во земјава ,а носење на беџови со ПЈРМ , надвор по белиот свет не изгледа воопшто како предлог , а не пак предлог за решение.П.С. Дај кажи му на пишувачот на твоите коментари нека ги објасни малку „просветлените“ зборови , кои ги препишуваш , или пак можеби грешиш во препишувањето ?!...
Од: x
Датум: 22.11.2010 23:32:28
Имаат ли намера да учествуваат во сикцесијата при нашаево обострано несмасно конфротирање,околу Александровото благо,нашиве обсерватори пред чии врати стоиме со отрпнати вени.Се сведува ли се во Балканските рамки,или на повидок е големото историско ревиддирање.Ако е ова последново,соседот нека се помири со фактот на губењето на многу повеќе,од нашето име.За нас и така и така никој не му ја мисли.Та нели сме многу мали.Така мали само по себе и умот да е во правопропорционален однос е нормална работа.Ама империите?!
Од: sande
Датум: 23.11.2010 01:58:48
Na sostanokot vo Lisabon Nato i kaza na makedonija takvi kako sto ste ne ste za nikade i vidi pretsedatelot mu kaza deka ne e vo pravo i izjavi deka makedonija vo avganistan ke ostane i po 2014 godina koga site ke zaminat i tie mu rekle e da izvini za tamu ste
Lele boze glupaci od najgolemite glupaci za koi ne sum znaek deka gi imame vo drzavata sme izbrale pretsedatel i premier a za drugite cinovnicinja i ne treba da zboram, a ovoj drugiot se nalutil na ucitelkata i sam se igral vo dvorot kopajki zemja i pesok, horor film sto da kazam, ponekogas mislam deka gospod ni sudi za nekoe porano izvrseno zlodelo od nekoj nas predok mozebi e i sudbina koj znae
Од: Mite
Датум: 23.11.2010 07:53:30
очигледно никој не го гледа проблемот. Не е проблем Уставното име, не не примаат ни под Фур Македонија. Очигледно има некој игри, како од Грција така и од ЕУ. Од друга страна, членството во НАТО не е услов за безбедност за Ирска, иако таму имаме ирски проблем и терористи -ИРА. Не е проблем ни за Малта, која е на пушкомет од Гадафи а има мултинационален и мултирелигисји етникум. Не е проблем ниту за Црна Гора, која се граничи со Албанија, Косово, а и проблематичниот Санџак а има големо албанско малцинство. Зошто само кај нас има проблем, тоа да ги прашате тие што ја измислија војната во 2001
Од: Rade.Hollandia
Датум: 23.11.2010 09:39:19
so ovakvi glupavi politicari pa i gragani koj sekogas podrzuvat lopovi i lazlivkovci bez razlika od koja partija se ili nacija i afrika nema da ve primi vo sojoznistvo taka drzava nese gradi so partiski opredelenost i nacionalno trebe site zaedno da pravite vlada i da rusite a ne podelenost megu narodo na politicarite ne im odgovara makedonija da se najde u EU poradi posle oteznuvanjeto za perenje pari i kradenje do sega edna vlada ne izleze da nese bile lopovi .