Број 2866  петок, 19 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

Трговците не знаат што да прават со касите

Дел од трговците се плашат дека пак ќе чекаат ред пред сервисите со касите в рака

Александар Пешев

Трговците и специјализираните фирми за фискални каси не знаат кога ќе треба да ги „исклучат“ патриотските фискални сметки и со што ќе ги заменат.

По одлуката на Уставниот суд, според која фискалните сметки со графа „промет од македонски производи“ се неуставни, трговците се плашат од дополнителни трошоци и повторно чекање ред пред фирмите со касите в рака.

Дел од дуќанџиите во и околу Градскиот трговски центар првпат слушаат за нивната веќе пропадната последна инвестиција за фискалните апарати.

„Не ни знаев дека веќе нема да се издаваат патриотските фискални сметки. Сега не сум ни сигурна дали воопшто да ја користам касата“, вели трговец од ГТЦ. „Целата одлука беше неоснована, бидејќи на потрошувачот не му е многу битно дали производот е македонски или странски“, додава таа.

Дел од трговците кои веќе слушнале за одлуката за укинување на патриотските сметки се загрижени. „Најмногу се плашам дека пак ќе чекам ред пред сервис за да ми го сменат софтверот“, вели сопственик на трговско претпријатие. „За сето ова очекувам дека ќе ми биде платена отштета“, нагласува тој.

Во големите маркети се загрижени дека им следуваат нов трошок и дополнителни компликации, посебно во сезона на празници.

Љупчо Васовски, директор за малопродажба во „Тинекс“, вели дека по одлуката на судот сите фискални печатачи на компанијата ќе треба да се однесат на сервис за менување на софтверот. Од „Тинекс“ не се информирани врз кого ќе падне трошокот за повторената интервенција на фискалните печатачи и дали ќе има обесштетување за последната инвестиција за инсталација на патриотскиот софтвер. Се' на се', станува збор за околу 180 фискални уреди во маркетите „Тинекс“ низ земјава, а трошокот за инстала��ија на софтверот изнесувал приближно 100 евра за еден печатач.

„Доколку повторно ќе треба сами да платиме за патриотскиот софтвер да се отстрани од сите фискални печатачи, трошокот би бил од 17 до 18 илјади евра“, вели Васовски. „Згора на тоа, не знаеме кога сето ова ќе треба да се прави, а посебно не' загрижува што одлуката е донесена во сезона на празници“, додава тој. Васовски појаснува дека откако фискалните печатачи ќе поминат на сервис, техничари на „Тинекс“ можеби ќе треба да се ангажираат за повторно внесување на издвоените македонски производи во групата со останатите производи што се продаваат во маркетите.

Од фирмите кои ги продаваат и сервисираат фискалните каси и печатачи велат дека надлежните се' уште не контактирале со нив.

„Не можеме да направиме никакви измени без конкретни инструкции од Управата за јавни приходи. Засега нема никаква одлука“, вели Милан Петровски, директор на „Акцент компјутери“.

Од Управата за јавни приходи засега нема информации дали и кога ќе се изработи упатство согласно со одлуката на Уставниот суд. Останува и непознато дали досега се казнети трговски субјекти за неиздавање патриотски фискални сметки и дали тие ќе бидат обесштетени.


Статијата е прочитана 363 пати.

Испрати коментар

Од: trgovec
Датум: 19.12.2008 00:36:31
e kasite sega na ramo i na juris da gi istovarite na kup pred vladata okolu grdite statui grcki tamo.
Од: pravda
Датум: 19.12.2008 02:13:36
Eeeee patrioti moi,tolku od patriotizmot koga ke ve udri prerodbata po dzep,nego aj viknete gi Hunzite mozebi imaat lek za ovaa prerodba od 100 cekori.Mene licno ovaa prerodba mi lici na odeno,nedoodeno a za stignuvanje na celta aber nema.
Од: Narode digni se i udri po Vladata
Датум: 19.12.2008 05:17:14
Site so kasite vo raka i pred Vlada na JUUUUURIIIIIIIS...... pa da se zapali cela Vlada . Sramota IDIOTI....... IDIOTI.....IDIOTI......
Од: stole
Датум: 19.12.2008 08:03:44
nosetemugi patriotskite na "golemiot strucnjak za ekonomij"g-din profesor trajko slavevski toj znae sto da pravi so niv covekot e strucen.e more grujooooo na kogo mu davas plata od nasi pari osvestise
Од: zapadna
Датум: 19.12.2008 08:51:00
Мој Скопјани зошто пред да ги купите фискалните каси не појдовте кај јасновидката Сабина и личноста Ниче Димоски,кој ме фрапира со неговото видување..па ке знаевте дали треба да ги купувате и поставувате,или не е ништо тие не се многу скапи не сте многу оштетени...ама така и ви треба кога не слушате што ке ви речат јасновидците кај Јанко и Томиќ...Почнувам да мислам дека нашата Македонија на крај падна во рацете на ГАВОЛОТ....во СК владее некоја виша сила која е гледа само некој си г.дин кој ако не се лажам рече Томиќ бил професор,каде предава и кому,незнам дали има некој да каже...Мајко моја посреќни сме ние што мизерно живееме во малите градови,барем ни остана здравиот разум..Ве побудалија парите штоги крадете,е па тука може имаше право САБИНА АРАМ...тоа е клето...Поз.утрински...
Од: pp
Датум: 19.12.2008 09:29:37
si dadovme pari a sega koj ke ni gi vrati gruevski???
Од: TRgovec
Датум: 19.12.2008 12:34:34
Prokklet da e Grujo,tatkomu ke gi vrati.
Од: slikarot
Датум: 19.12.2008 12:56:59
neka gi zemat kasite i neka se slikat vo najbliskoto foto studio

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Кој ќе ја плати патриотската грешка
Груевски побара од граѓаните трпение за подобар живот
Италијанскиот амбасадор прогласен за почесен доктор на ДУТ
Јавноста информирана, но не и упатена во евроинтеграциите
Идната среда ќе се расправа за буџетот
Загриженост поради заканите врз СОНК