Број 3426  понеделник, 08 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Свет
Се укинуваат визите за БиХ и за Албанија

Советот на министри на ЕУ утре ќе одлучува да се укинат визите за граѓаните на БиХ и на Албанија, но ќе биде воведен двоен механизам за надзор за тие две држави исто како и за државите од Западен Балкан, чии државјани веќе ја користат таа привилегија.

Воведување двојна контрола за спроведување на сите технички мерила и услови за визна либерализација за БиХ и за Албанија побарале посебно Холандија и уште некои членки на ЕУ.

ЕК затоа одлучи утре да објави за воведување „Механизам за следење“ како визната либерализација се спроведува во сите држави од регионот. Тоа го јавија српски медиуми повикувајќи се на извори од Советот на министри на ЕУ и ЕК, со образложение дека ќе биде воведено и „рано предупредување“ на аномалии во тој режим.

Клучна цел е да се спречи зголемување на бројот на лица надвор од Европа што преку Западен Балкан би доаѓале во ЕУ со барање за азил и да се осуетат организираните криминал и тероризам. Одлуката за укинување на шенген-визите за БиХ и за Албанија треба да стапи во сила во втората половина од декември. (МИА)

#
Статијата е прочитана 631 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Назарбаев диктира светла иднина за Казахстан
Грчки референдум за Папандреу
Со свеќи за подобро утре на Атина
Кокосите - смртна закана за Обама
Ајатолахот расправа за исламот на „Фејбук“






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis