Број 3381  вторник, 14 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Политика

Струга плете приказни за трагедијата во „Пливалиште“

За шанкот имало и две судски одлуки за уривање, но инспекциските служби воопшто не реагирале

Мики Трајковски

СТРУГА - Чаршијата во Струга плете многу приказни за бизарната трагедија во комплексот „Пливалиште“, а во која, поради неисправна инсталација на дивиот шанк на брегот на Охридско Езеро, животите ги загубија лекарите Јосиф Докоски (56) и Кире Ѓоргоноски (57) и инспекторот во Управата за јавни приходи Јонче Кувенџиески (48). Докоски, Ѓоргоноски и Кувенџиески завчера беа погребани на Градските гробишта во Струга, а од нив се простија илјадници граѓани. Во Струга вчера беше Ден на жалост, а знамињата пред сите јавни институции и пред зградата на Општината беа симнати на половина копје.

Смртта на стружаните во саботата попладне и понатаму останува енигма, а прашањето што се случило навистина тој ден, најверојатно, засекогаш ќе виси во воздух, бидејќи, барем досега, нема очевидци.

Министерството за внатрешни работи вчера ги приведе и ги лиши од слобода косопствениците на летниот шанк во „Пливалиште“, Цвете Вранишковски (30), Климе Миладиновски, (31) и Гоце Јаневски (31), сите од Струга. Против нив се поднесени кривични пријави за тешки дела против општата сигурност. Шанкот во „Пливалиште“ работел без никаква документација, односно бил нелегален угостителски објект. Според обдукцискиот извештај, смртта на тројцата стружани настанала од електричен удар. Цвете Вранишковски, еден од косопствениците, признал дека тој ја поставил електричната инсталација.

По трагичниот настан, извршен е увид од експерти од Крим-техника при МВР, вештаци по механотехника, балистика, електроинжинерство, вештак од Електро-техничкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како и доктори специјалисти по судска медицина од Институтот за судска медицина и Клиничката болница од Битола.

„Констатирано е нестручно и непрописно изведување на електроинсталацијата на шанкот и платформата, односно на електричниот кабел кој од контролното броило водел до светилката-фенер на централниот дел од платформата. Поради тоа, дошло до електричен спој што ја пренел струјата до металната конструкција на платформата и држачите на скалите, што е причина за смртта на трите лица“, изјави Стефан Димовски, портпарол на С��Р - Охрид.

Првичните информации беа дека во моментот на несреќата тројцата другари играле карти во еден од објектите на градското пливалиште во Струга и оти никој ништо не забележал како дошло до тоа струен удар да ги исфрли трите тела во водите на Охридското Езеро. Но, низ Струга кружат други информации, дека во моментот на несреќата, Докоски, Ѓоргонски и Кувенџиески воопшто не играле карти. Во чаршијата се зборува дека ако тие навистина седеле на една од масите на шанкот и играле карти, тогаш некој од луѓето во близина ќе ги видел и ќе им помогнел. Стружани тврдат дека во моментот на несреќата паѓал силен дожд и дека е несфатливо да седеле на отворено. Претпоставка е дека другарите во тоа време биле во движење, а дека првиот од нив, поминувајќи покрај шанкот, а потоа и останатите двајца дошле во допир со железните столбови на кој била приклучена жица за осветлување. Таму немало поставено соодветно заземјување, па просторот бил под силен електричен напор. Од силината на ударот телата биле исфрлени во езерото, се сомневаат стружани. Дури по половина час од несреќата, жена која случајно поминувала покрај „Пливалиште“ ги забележала трите тела на површината од водата, но на стотина метри од посочениот објект. Што значи дека струјата, која е присутна во тој дел од езерото, ги одвлекла на сосема друга страна.

И информациите на полицијата укажуваат на овие сомнежи. Оттаму велат дека по извршениот криминалистичко-технички увид на самото место, било утврдено дека до несреќата дошло кога еден од нив се упатил кон езерото во близина на шанкот и платформата. Откако тој не се вратил, кон истото место се упатиле и другите двајца. Од МВР немаа конкретна информација како е можно на една од масите да имало и лични работи на тројцата другари, а тие да не седеле таму.

Стружани се' уште не можат да се соземат од трагедијата. Велат дека овој дел на градот бил најпосетуван за време на летната сезона, а токму тука стотина млади од градот и од други места секојдневно се забавувале.

Шанкот каде што се случи несреќата е обична летна тераса која функционира со години. Таму речиси и ништо не е инвестирано. Главниот дел од маси и столови е поставен на платформа која е навлезена во езерото и е покриена со шаторско крило. Од едната страна е шанкот каде што се служат разни пијалаци. Овде секоја вечер до доцна во ноќта цело лето се случуваа различни забави.

Речиси е неверојатно никој од надлежните да не знае дека објектот работи на диво или можеби некому прогледуваа низ прсти. Најверојатно, целата таа ситуација оставена на стихијата одговараше на некои луѓе. И покрај две судски одлуки за уривање на објектот, кој се водел како дивоградба, никој од инспекциските служби од Општината не го отстранил, велат граѓани на Струга.

Од Општината потврдија дека шанкот немал дозвола за работа. Не сакаа да информираат дали имало судска одлука за уривање. Во отсуство на градоначалникот Рамиз Мерко, кој е на службен пат, секретарот во Општина Струга, Зоран Гулицоски, рече за „Утрински весник“ дека вината не треба да се бара ниту во Општината ниту, пак, во Министерството за транспорт и врски. Целокупниот простор, кој е познат како Градско пливалиште, каде што се сместени и неколку други објекти и монтажни шанкови со тапија и со одлука на суд се во приватна сопственост, односно во сопственост на Пливачкиот клуб од Струга. „Таму треба да го барате одговорот во врска со тоа кој и како издавал шанкови“, сугерираше Гулицоски. Тој додаде дека за останатиот дел на Струга, каде што е поставена урбана опрема, се' е во согласност со законот и е со одлука на градоначалникот.

Но, никој од Пливачкиот клуб не е достапен за коментар. Од МВР уште рекоа дека работат на целосно расветлување на случајот, а меѓу другото, се бараат одговори кој кому му плаќал кирија за користењето на објектот. Не ја исклучуваат можноста да се бара одговорност и од Општината.


#
Статијата е прочитана 5062 пати.

Испрати коментар

Од: verag
Датум: 14.09.2010 13:00:02
Кака глупост,бидејќи просторот е приватен вината е само кај сопствениците на просторот. Па инспенциските служби каде вршат надзор,само на државен имот?Доста со тие непотизми и корупција, време е да почнат да се казнуваат и инспекторите кои не ја вршат работата за која се платени. Така на пр. во кафулет " Балет" во Скопје се пуши на големо. Велат , сопственикот може да го крши законот неказнето бидејќи е братучед на првиот во владата. СепаК ,ТИЕ ШТО ИМ ИЗДАВААТ НАРЕДБИ НА ИЈСПЕКТОРИТЕ ЌЕ ПОМИНАТ БЕЗ КАЗНА
Од: Stranec
Датум: 14.09.2010 13:49:36
Речиси е неверојатно никој од надлежните да не знае дека објектот работи на диво или можеби некому прогледуваа низ прсти... Vreme e i nekoj inspektor i negov odgovoren da odgovara za ubistvo od negriza i nevrsenje na svojata dolznost i edno 15-20g zatvor. AMA toa tamu nema da se sluci zatoa sto Makedonija ne e drzava...
Од: Tulko Drdeski,Tetovo
Датум: 14.09.2010 14:17:41
Dosta bre novinarcinja so prikaski za mali deca.Lugjeto povekje gi nema i edinstveno prasanje e "koj gi mamesti i zosto".Cel sigurno ne bile trojcata no..
Од: дд
Датум: 14.09.2010 14:44:04
Остна општина Гулиц да го среди , тој сто за парце леп е продаден . Така е кога граганите на Струга им ја оставиа Општината да го менаџират Мерко , Гулици и мафиа .. срамота . Каде е Владата сега , што за 50 евра , затвара лекари а сега наместо да удира на над Магарето , удира на.....
Од: exorcist
Датум: 14.09.2010 16:35:41
Vo drzvava 'vojnata' od 2001 koja ja vodat koalicijata sdsm-dpmne-dpa-ndp za istrebuvanje na graganite seuste ne e zavrsena i site gragani se dovedeni vo situacija da se azat na sekoj cekor on nekakva postavena 'mina' od ovie kriminalni strukturi.
Од: marko
Датум: 14.09.2010 21:33:40
Apsolutno se vinovni inspektori i dodeka taka ne se tera odgovornosta ke bideme vaka ubivani kako pilinja. Opstinarite i inspektori izdavaat raznorazni dozvoli (tie si znaat zosto) pa posle ti tuzi se kolku sakas, niv veke nikoj ne gi spomnuva.

Најди! во Утрински
Политика
Петнаесет години од Привремен��та спогодба со Грција
Универзитетите без инструкции за задолжителната практика
Фондовските лекови ќе се кријат под тезга?!
Доцни проверката на учебниците од петто до осмо
Судскиот совет избра 21 судија во дванаесет суда






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia