Само десетдневна пауза за Пандев
Горан Пандев може да воздивне. Повредата на мечот од Лигата на шампионите против Твенте, која на прв поглед изгледаше застрашувачки, не е сериозна и македонскиот репрезентативец ќе отсуствува од теренот само десетина дена. Ова го објави европскиот шампион на својата официјална Интернет-страница.
„Станува збор за истегнување на лигаментите на десното колено на Пандев, но, за среќа, последните тестови покажаа дека тој бргу ќе биде во можност да го даде максимумот за Интер“, изјавија од лекарскиот тим на клубот.
Сето ова значи дека Пандев, кој се пожали на повреда на мускулот на квалификацискиот меч за ЕП 2012 година против Ерменија, нема да биде во составот на Интер за натпреварот од Серија А со Палермо викендов. |