Елена Ристеска ќе пее на „Суперѕвезда“
Поп-пејачката Елена Ристеска ќе настапи како специјална гостинка на најновото издание на детскиот фестивал „Суперѕвезда“ што ќе се одржи викендов (17 и 18 април) во Универзална сала во Скопје. Специјално за оваа пригода, хитот на Елена, „Доста“ доби нов текст, на кој покрај Ристеска, како автори се јавуваат Дарко Димитров (потписник и на музиката и аранжманот) и Огнен Неделковски. Песната е снимена во студиото „Димитрови“, а во неа, покрај Ристеска, учествуваат и дечињата од „Суперѕвезда“. |