Број 3425  сабота, 06 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
На прво место

Крв на улиците, пред училиштата, во спортските сали...

Паника и запрепастеност по последните инциденти, во кои расправиите ги решаваат деца со ножеви

Жаклина Ѓорѓевиќ


Паника, вџашеност и запрепастеност во двете скопски училишта „Орце Николов“ и „Никола Карев“ по завчерашниот инцидент кога во средношколска тепачка беше избоден петнаесетгодишен средношколец, а уште еден беше полесно повреден. Директорите на двете училишта се зачудени од начинот на кој ладнокрвно завршиле нивните меѓусебни расправии што започнале наивно поради спортски натпревар. „Ние не можеме да ги претресуваме децата“, велат директорките на двете училишта, кои најавуваат дека мерките за безбедност во нивните објекти најверојатно сега ќе се засилат. Посилни мерки за безбедност вчера најавија и министерот за образование и наука, Никола Тодоров, и скопскиот градоначалник Коце Трајановски, кои изразија жалење за инцидентот.

Само за десетина дена се случија три масовни крвави инциденти каде што средношколци се пресметуваа со тупаници и ножеви. Социолозите велат дека не загрижува толку агресијата, која и порано била присутна меѓу средношколците, колку што е проблематичен начинот на кој се решаваат средношколските недоразбирања, бидејќи се' почесто во тепачките се користат ноже��и. Децата глумат ликови од Интернет и од телевизија, објаснуваат социолозите. Тие сметаат дека во електронската ера во која се наоѓаме на децата преку Интернет и телевизија им се сервираат информации што тие ги прифаќаат како свои вредности.

„Инцидентот се случи надвор од училишните дворови и училишните простории, но во секој случај е немил настан. Тоа е поширок општествен проблем на кој сите институции треба да работат паралелно. Треба посериозно да се работи на моралниот интегритет и на пристапот на младите кон живеењето и функционирањето и во училиштата и надвор од него“, изјави министерот Тодоров, во врска со немилиот инцидент. Тој смета дека е потребна реакција од сите институции и органи да се минимизира ваквото однесување кај младите.

„Ова е општествен проблем и треба да се третира од сите институции. Битно е што во овој, како и другите инциденти се лоцирани виновниците и преземени соодветни мерки“, изјави министерот, кој додаде дека е невозможно да се очекува целосно да се спречи појава на вакви инциденти и криминал.

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски рече дека ќе побара објаснување од директорите на училиштата за контролата и безбедноста во објектите. Трајановски најави засилени мерки посебно за време на спортски натпревари. „Безбедноста е загарантирана во рамките на училиштата и училишните дворови. Надвор не можеме да гарантираме“, изјави тој.

Директорката на „Орце Николов“, Сунчица Поповска, вели дека не знае што се случило меѓу децата, кои се степале надвор од училиштето. „Вакви настани кај нас не се случувале досега“, децидна е таа. Според неа, во училиштето нема обезбедување бидејќи родителите не успеале да се договорат, но, сепак, имаат дежурни професори и ученици.

Обезбедување нема ниту во средно училиште „Никола Карев“. Директорката Горица Илиоска вели дека сега родителите ќе сфатат дека е потребно обезбедување. „Досега вакво нешто не се случило. Пред две-три години имаше тепачка за девојка, но веднаш се смирија“ вели Илиоска.

Од каде толкава агресивност меѓу младите? Зголемена ли е нетрпеливоста меѓу нив и зошто? На овие прашања побаравме одговор од социолозите.

„Секогаш постоеле тепачки, но загрижува жестокоста на судирот. Употребата на ножеви и пиштоли, тоа е она што загрижува“, објаснува социологот Илија Ацевски. Тој појаснува дека оваа генерација млади го има изгубено „цивилизацискиот код“, бидејќи во отсуство на родителско воспитување, тие ги прифаќаат вредностите што им се сервираат преку Интернет и телевизија. „Се гледа се' и сешто на телевизија. Децата имитираат дел од тие јунаци. Кога го исполнувате времето пред компјутер или ТВ каде што добивате насилство, агресија, тоа се прифаќа и влегува во системот на вредности. Агресијата е карактеристична за ваков тип општества што ги зафаќа една аномичност, каде што нормите го губат своето значење“ смета Ацевски.

Тоа го потврдува и социологот Фросина Ташевска-Ременски. „Имаме виртуелно дружење преку социјалните мрежи. Се' повеќе децата се затвораат дома и функционираат во виртуелен свет што ги прави нечувствителни кон другите. Да примениш сила и да не мислиш дали ќе го боли другиот е одраз на нечувствителност“, вели таа.

Дека постои зголемено насилство меѓу учениците потврдува и истражувањето што го спроведе „Меѓаши“ лани меѓу ученици од 10 до 18-годишна возраст.

Во него, над 60 отсто од малолетниците потврдуваат дека постои насилство меѓу нив, а дури 21 отсто одговориле дека удриле врсник. Децата најчесто ги решавале расправиите со шлаканици, вулгарни зборови и со закани.


#
Статијата е прочитана 2545 пати.

Испрати коментар

Од: grobar
Датум: 06.11.2010 22:32:47
Vestern drzava
Од: klime
Датум: 07.11.2010 03:44:21
Ne Vestern nego Zapaden Balkan !!!
Од: Unreal city
Датум: 07.11.2010 04:25:46
I ova treba nekogo da zacudi? Ili pak strucnite lica da pravat analizi na pricinite za vakvi incidenti??? Seto od gorenavedenoto vo tekstot, no pred se agonijata na ovaa beskonecna tranzicija - vo site nejczini aspekti (nacionalni, kulturoloski, moralni)
Од: z.
Датум: 08.11.2010 02:38:48
se smenija vreminjata i toa mnoguuuuuuuu!!!!!! jas koga bev prva godina sredno 97-ma u KOCE vodjite na rabotnicki i mzt bea cetvrta u istoto skolo...Na golem odmor ke sednea na dve klupi na 5m rastojanie i ke se uslovno receno vregaa no na komicen i drugarski nacin!!! oni se druzea megusebno za razlika od ovie denesni bitangi koi se pijancat drogiraat pa da ne ve cudi zasto sinot na utkovski mu repnal noz na sinot na stojanovski!!! pa tie osobi najcesto imaat najnemirni,najvulgarni i najnevospitni deca!!!

Најди! во Утрински
На прво место
Хулигани газеа се' пред себе во „Борис Трајковски“
Шок по крвничката пресметка со ножеви






Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia
Bulgaria loses case against suspected mafia bosses
Hungarian firms seek EU help to block crisis tax