Број 3311  сабота, 19 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Втора страница

И Расмусен побара храброст од Груевски

Гостите од НАТО видоа како се фингираат прес-конференциите во Македонија

Слободанка Јовановска


Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, ги распрска повторно надежите дека Македонија може да влезе во НАТО без решение за името и дека формулата за тоа би можела да биде референцата БЈРМ.

„Мојата порака е продолжете со реформите, продолжете да придонесувате во мисиите и колку што е можно поскоро дојдете до решение за прашањето за името“, изјави Расмусен на прес-конференцијата со премиерот Никола Груевски. Да биде појасен тој порача дека во одредена фаза се потребни храбри одлуки за да се постигне членството во НАТО и, иако е свесен дека тоа носи политички предизвици, ги охрабрува двете страни, Македонија и Грција, да преговараат и да дојдат до решение.

На прашањето зошто Македонија не влезе во НАТО со почитување на Времената спогодба, Расмусен беше уште покатегоричен. „Ние секогаш носиме одлуки базирани врз консензус. Предуслов за приемот е решение на спорот. Таква беше одлуката на НАТО“, одговори генералниот секретар. Според него, во Македонија постои добра волја за надминување на спорот, а тоа, реформите и учеството во мисиите, се клуч за прием.

„Ги охрабрувам Македонија и Грц��ја да се договорат и во брзо време да најдат решение. Македонија е подготвена за влез во НАТО, но мора да се реши прашањето за името. Ги охрабруваме и двете страни да продолжат со преговорите. Задоволни сме од ангажираноста на македонските мировници во Алијансата. Продолжете со реформите и наскоро ќе бидете де�� од НАТО“, изјави Расмусен на прес-конференцијата. Според него, иако Македонија постигнува напредок во исполнувањето на НАТО-стандардите, остануваат  уште значајни реформи што треба да бидат направени во земјата.

Премиерот Груевски изјави дека членството во НАТО останува еден од највисоките приоритети на Македонија, изразен преку високата поддршка кај граѓаните и со учеството во мисиите на Алијансата. Во контекст на есенскиот самит во Лисабон, рече Груевски, Македонија ќе продолжи да работи на отстранување на главната пречка за членството во НАТО.

„И понатаму продолжуваме да бараме решение за проблемот. Од наша страна се прави максимум, а тоа го очекуваме и од другата. Дотогаш Македонија останува стабилен партнер на НАТО. Продолжуваме со реформите и со нашите мисии во НАТО“, порача македонскиот премиер. На барањето да прецизира дали во Грција нема добра волја за решавање на спорот, премиерот Груевски одговори дека доколку имало доволно желба досега спорот ќе се решел.

Прес-конференцијата на Груевски со Расмусен доби срамен тек кога портпаролот на Владата, како и секогаш, сакаше да им даде да поставуваат прашања исклучиво провладините медиуми, по редоследот што секогаш се повторува. Откако по упорно барање го здогледа новинарот од Канал 5 и му даде збор, гласноговорникот Мартин Мартиновски ја повика новинарката на Сител да постави прашање, иако таа не го бараше тоа, па и не беше свесна еден момент дека е во центар на вниманието.

Ваквото сценарио предизвика смеа меѓу новинарите и збунетост кај гостите, додека нашите министри гледаа надолу, бидејќи стана очигледно каков е односот на премиерот кон медиумите. Притоа Расмусен мораше да одговори на „патриотското“ прашање, кое редовно на сите прес-конференции со наши функционери го добива од македонските новинари, кое, пак, им го нарачуваат од кабинетите на властите.

„Дали се чувствувате комотно што Македонија учествува во толку мисии, а не е членка на Алијансата“, праша Канал 5, иако истото тоа го праша Сител на последната прес-конференција на Груевски со Расмусен во Брисел. Тогаш генералниот секретар луто порача дека Македонија учествува во мисиите, бидејќи сама има интерес да го прави тоа, а сега беше поблаг, па одговори дека учеството во Авганистан не е услов за членство и оти од 46 земји кои се таму дури 18 не се членки на Алијансата.

Расмусен, по разговорите во Владата, имаше средби и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како и на СДСМ, Бранко Црвенковски. Ахмети потоа изјави дека Расмусен не ги критикувал туку ги пофалил чекорите што ги прави Македонија за членство. „Не мислам дека Македонија нема да успее да се приклучи на НАТО и мислам дека многу бргу ќе ги почне преговорите со ЕУ“, тврдеше Ахмети, но не го дообјасни овој наплив на оптимизам.

На средбата во седиштето на СДСМ, Расмусен се интересирал за ставот на Црвенковски во однос на референдум за името. Црвенковски изјавил дека ако тоа е неопходно за напредок во спорот, СДСМ нема да се спротивставува. (С.Ј.)


#
Статијата е прочитана 1650 пати.

Испрати коментар

Од: marika cair
Датум: 19.06.2010 00:05:21
bravo rasmusen vie povece mislite za nasa idnina otkolku ova vlada i vrapcite znaat bez resenie za ime nem,a natió u eu ako grujo ne prifaca kompromis sto nese otkaze od pregovori?ili misli sme ovci?
Од: s.b.
Датум: 19.06.2010 00:37:20
Evropo K....a vavilonska..Dosta ne lazevte, site granici gi preminavte..Ne ni trebate...A i da sakate ne idame vo Nato i Evropa.. I drugi evropski zemji ne se vo Evropska zaednica pa sto im falit ??? Ke gi napadnit li NATO ??? So vleguvanjeto vo Nato Paktot i Evropskata unija narodot nema nisto da dobie..Ke imame ogromni obvrski prema niv..Poglednete ja Grcija, pa sleduva Spanija i taka se ke se redat se dodeka edna po edna ke kapituliraat.. Obezliceni li ..obezglaveni li,...bez identitet li...takvi li ne sakate ??? Pa vo tolku vrvni institucii zarem vi treba nekoj kako nas ???
Од: grujo
Датум: 19.06.2010 00:41:54
Sramota za transparentnosta na vladata, za "tematskite" pres konferencii.. demokratijata ne bila pozagrozena uste od vremeto koga SDSM se vikase SKM-PDP
Од: Koljo
Датум: 19.06.2010 01:07:29
Do koga stranskite politicari ke baraat od Gruevski hrabri odluki ?Mora ovie od NATO i EU da svatat deka Gruevski ne e Republika Makedonija.Vo nasata drzava postoi narod,MAKEDONCI,koi sto se glaven faktor za site prasanja,problemi koi sto se povrzani so naseto ustavno ime. Narodot e toj sto odlucuva i nikoj drug g-ne RASMUSEN.Narodot ne saka poradi nedemokradskiot NATO i EU da se samounisti !
Од: Некого
Датум: 19.06.2010 01:37:27
А зошто тој нема храброст да им каже на грците дека тоа што го прават е надвор од сите правила и прописи и е недолично однесување за една земја членка, па да ја смени процедурата за гласање во НАТО. Или пак зошто не побара од Папандреу храброст да го прекине овој бесмислен 20 годишен спор кој `и носи штета и на Грција.
Од: Гоца
Датум: 19.06.2010 02:14:21
Персоната Расмусен не ги знае основните човечки права . Тој исто така не е информиран и незнае дека постојат Македонија и Македонците и дека Груевски е должен да ги заштитува нивните права и слободи . Тој не информиран или има проблеми во донесување правилни одлуки оти се коси со неговата замисла или интерес . Можи е притиснат од грчко лоби . Можеби има задскриени емоции и е АНТИМАКЕДОНИСТ , а во светот е демократија сите можат да прават што сакаат !? не бе тоа беше анархија , овој работи под контрола !? или доброволно , ама за грејците !
Од: Мене до Вас
Датум: 19.06.2010 05:48:59
И ние бараме ХРАБРОСТ од вас да не оставите на мира со нашето вековно име. Бидете храбри и признајте дека не малтретирате и убедувате дека грешката е во нас. Вие поддржувате тероро и непризнавање на нации и народи. Вие не поддржувате мултинации и соживот. Само лажете и вршите притисоци. НАТО е машина за убивање а ЕУ колевка на робовладетелството.
Од: pameten
Датум: 19.06.2010 07:00:26
"Vo nasata drzava postoi narod,MAKEDONCI,koi sto se glaven faktor za site prasanja,problemi koi sto se povrzani so naseto ustavno ime". Ovo shto site tugji lideri barat e hrabrost na liderite na ovoj Makedonski narod da mu objasnat kakva bila negovata vistinska istorija i etnogeneza. Zoshto toj i nieden drug narod na svetot ima vakvi problemi? Ljubcho pobara nachin da mu go objasni ovo na narodot, no rechi si nikoj ne posaka da go slushne. Sakame od Grujo nekako da go ubedi svetot deka sekogash postoel poseben Makedonski narod so Makedonski jazik... Svetot na diplomatski jazik ni kazhuva: "Porastete i prestanete da veruvate vo dedo Mraz".
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 19.06.2010 07:31:54
Поедини дедовци,феликси,новачиња и слични на нив, секидневно го спомнуваат народот и се повикуваат на народот.Овој Пастиров зошто шета по светот и божемно преговара.Сака да се шета и расшетува?.А ако оди нека оди со него и целиот народ и нека преговараат или нека не преговара ( кога веќе се крие зад народот).Ова е нешто како одам за да шетам.Дури и народот не знае чуму ова шетање.А и ова гореспоменатите ме просветлија.Сега сум полн со ум, благодарејќи им на ова...големите..мисли...кои ги пласираат. Да потсетам...племињата имале и...ова...племенски совет.
Од: Aleksandar Makedonski
Датум: 19.06.2010 08:33:51
Ovoj Rasmasen neka si go menuva svoeto ime i neka pravi sto saka. Interesno e da se vidi nasata potcinetost, seuste, kun ovie takanareceni "megjunarodni faktori" i posetiteli. Koga nasata vlast ke svati deka vo Makedonija stranci ne mozat da doagjaat i da plukaat na nas? Vo nikoja druga drzava ne se pravi toa. Zasto nasata vlada go dozvoluva i go tolerira toa? Nasata potcinetost samo im pokazuva kolku sme nesposobni i ne znaeme za raboti. Zatoa tie doagjaat vo Makedonija i pravat sto sakaat. Nie im dozvoluvame da ni se odnesuvaat taka. Pristap kun organizacii ne znaci deka drzava treba da se menuva. Ne postoi vo svetot sila, ni nacin sto mozat da primorat eden narod i drzava da se smenat. Internacionalnoto pravo zabranuva takvo nesto i zatoa ne mozi da se sluci. Zatoa Obedinetite Nacii ja gledaat i pritiskaat na Makedonija sama da si se obezlici. Nasiot odgovor e NE! "Edna Makedonija, Obedineta Makedonija"
Од: Jasno kako den
Датум: 19.06.2010 09:05:16
Jasno, pojasno zdravje.Ni kaza otvoreno kako stojat rabotite Dodusa site koj i malku razmisluvaat i realno gi gledaat rabotite toa odamna go znaat, no nekoi uporno sirat lazni prestavi i im frlaat prasina na narodot vo oci, deka bez kompromis so Grcija bilo mozno vleguvanje vo NATO i EU . A NATO i EU se potrebni za opstanokot i razvojot na Makedonija , toa na site im e jasno osem na onaj s.b., Kolljo , i onie stalni abonirci od onaj insektarium "Bumbar" kako dedo Iljo, Makedonka od Veles, Onaj " od prekrasnoto Bituse i drugi slicni "eksperti". Toa tolku i ne me zagrizuva ,bidejci mocta na nivnoto razmisluvanje i nivniot svetogled ne tolkav, no me zagrizuva sto so takvi obmisli ima i vo Vladata.A koja e drugata opcija/Zatvoreni kako Enverova Albanija, svrtuvanje kon Rusija i Kina, sojuz so arapskite zemji, so nevrzanite ili Ahmadinedzd i Severna Koreja.Neka go kaze toa nekoj.Site tie opcii se pogubni za Makedonija i za nejziniot opstanok. Makedonija e Evropska zemja i mestoto i e vo EU
Од: ФЕЛИКС
Датум: 19.06.2010 09:37:21
Е сега тука имаме обратна ситуација,,продолжете со реформите (значи нема застој) ама имајте храброст и решетего проблемот,,.Значи фокусирање е само на името за разлика од ЕУ каде е обратна ситуацијата.Вероватно гостинот бил импресиониран од разговорот со виножитниот лидер кој го информирал за предстојниот митинг на кој ќе го презентира долго очекувано решение за името,какво се знае друг да решава.
Од: јас
Датум: 19.06.2010 09:37:39
Катастрофа од влада !!!!!!!!! Не се ни свесни колку ја срамат Македонија во светот ! НЕПИСМЕНИ , НЕДОКВАКАНИ ПОРТОКАЛИ !!
Од: zvonko
Датум: 19.06.2010 10:20:23
im poracuvam na site makedonci da gi poglednat nasite sosedi koi neodamna vlegoa vo eu i nato t.est romanija i bugarija,pa evropa e polna so bugari i romanci koi emigriraa na rabota vo stranstvo potocno milioni.tie veke nekolku godini se vo eu pa zosto ne se vratat vo svoite zemji ako so vleguvanje vo eu site problemi se resavaat.Da ne se zalazuvame deka ako si go smenime imeto vo makedonija ke ni pustat med i mleko.jas ne bi go menuval imeto nikogas
Од: ne e bitno
Датум: 19.06.2010 11:29:46
Jas mislam deka stom "narodot" ne ja saka Evropa, da vi udri edno embargo, da ne vi dava nikakva pomos itn. da osetite malku sto znaci...a ne ke ve rani tuka, ke vi dava pari na site strani...Da ne e Evropa i USA, Japonija...svetot ke bese uste zaglaven vo dalecno minato, a prosecen vek ke bese 40 godini kako vo Avganistan. Ocigledno deka toa go zasluzuvate. Site.
Од: saska
Датум: 19.06.2010 14:35:30
ne bese martin martinovski, tuku negoviot kolega aleksandar georgievski
Од: nacional-patriot
Датум: 19.06.2010 19:09:34
Do "pameten".Ima i drugi narodi stari so tradicija kakov sto e i makedonskiot narod i koi se negirani od poedinci i grupi od sosednite drzavi.Cesite kon Slovacite,Fincite kon Estoncite,Sveganite kon Dancite,Anglicanite kon Skotite...Do onoj sto se potpisa so jasno kako den da znae deka tocno e toa da mestoto na Makedonija e vo EU,no samo pod imeto Macedonia.
Од: Makedonec vo SAD @pameten i drugite Grci
Датум: 19.06.2010 20:12:19
Znachi spored tebe koga Rasmunsen bara"hrabri odluki" od vladata, toj vsushnost bara vladata na narodot da mu objasni koj e i shto e i zoshto ne treba da bide MAKEDONSKI narod? Jas tebe i drugite kako tebe ve razbiram. Vie ste Grci i tolku vi se intelektualnite i kulturnite sili. Ogranicheni ste i toa ve sprechuvaat vo 21-vek da gi vidite rabotite so otvoreni ochi i realno kakvi shto se. I ete ako EU i NATO nemaat hrabrost da si gi sledat sopstvenite pravila i principi i da vi kazhat otvoreno vo livce koi ste, togash Jas i moite sonardonici imame. Prezhiveavme kao drzhava bez NATO i EU dosega 20 god. pa i otsega kje bide taka. Makedoncite opstoile kako narod i koga bile pod ropstvo, pa ne sega koga imaat svoja drzhava. Da ste navistina i malku pametni, kje go sfatevte toa i kje go sfatevte apsurdot shto vekje 20 godini go turkate. Vie bitkata za imeto ja izgubivte, i vremeto vi isteche i vekje nema shansi za presvrt. Kolku pobrzo go svatite toa, tolku podobro najprvo za vas.
Од: angel
Датум: 19.06.2010 22:20:46
Severna Makedonija ke bide imeto
Од: zapev
Датум: 20.06.2010 09:51:12
ima li politicar vo mak od vlada koj ima pamet da ja vovede mak vo eu,nato?najmnogu mi se gadi od komentari na nasi od svet kako posore na eden od sad kade solat pamet netereba eu,nato ama se cudam sto majka barate be lyudje vo evropa,sad,austr ako mak e med i mleko?pa tuka sme poradi nikakvi ulsovo za zivot vo mak,da bese mak vo eu nemase da sme tuka...pa sto ne doadjat germanici,holandjani na rabota vo mak ako mak e tolku dobra?
Од: Makeдонец
Датум: 20.06.2010 10:45:19
Храброст Европа да бара од Грција.Паметен, долнодупен, подмуклото име ЈАС, моето име го избрука овој Ангел што прифака Северна неписмен еден, да беше лесно има Маккедонија умни луге ке прифатевме до сега. Е на оваа карта оди Грција има кај нас неосвестени луге кои им е сеедно од незнаење, па уште до интернет дошле скријте се бе уште не ме послушавте да ја прочитате вистината за Македонија.

Најди! во Утрински
Втора страница
Друцас пак ја засили реториката за името
Вербатим
Премиерот добил рок за реформите
Потрага по гробови