Број 3628  вторник, 12 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Втора страница

Анкета на „Утрински“

Каде ќе летуваат политичарите

Милошоски на Јадран, другите се сончаат до Груевски

Македонската политичка елита во овие жешки денови се' уште не размислува каде ќе оди на одмор затоа што политичарите, како што велат, пред себе имале многу работни обврски. Прашавме неколкумина од власта и од опозицијата каде ќе заминат на летување, но најчест одговор е дека се' уште не знаат каде ќе одат да се одморат по напорниот период за време на изборите. Некои се' уште ја кројат Владата, други чекаат таа да се изгласа, па потоа да заминат на летување, на трети им се ближат одбележувања на значајни настани и празници, а некои, едноставно, не практикувале да одат на летување. Поконкретен одговор добиваме само од досегашниот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, кој откако се откажа од функцијата, си го испланира и одморот, па ќе се обиде да ги надомести отсуствата од дома поминувајќи го летото со сопругата и синот. А каде планира да замине на одмор премиерот Никола Груевски? Од неговиот кабинет не успеавме да добиеме одговор на ова прашање .



Антонио Милошоски,
пратеник
„Се разбира, одам со сопругата и со синот во Хрватска, во близина на Сплит. Имаме таму некои пријатели од студентските денови. Прв пат ќе летувам во Хрватска, досега не сум бил. Оваа година летниот одмор ќе го поминам на јадранскиот брег“, вели Милошоски.


Али Ахмети,
лидер на ДУИ
Од партијата на Ахмети информираат дека нивниот лидер вообичаено не оди на летување, но и актуелните случувања со составувањето на новиот владин кабинет, како и наближувањето на 10-годишнината од Рамковниот договор го прават лидерот на ДУИ премногу зафатен за да размислува за одмор.


Бранко Црвенковски,
лидер на СДСМ
Ниту лидерот на опозициската СДСМ, Црвенковски, не знае каде и дали воопшто ќе отиде на одмор. „Се' уште не одлучил, има многу работа“, одговараат од блиското опкружување на Црвенковски.


Елизабета Канческа-Милевска,
министерка за култура

Министерката за култура ја чекаат многу обврски пред илинденските празници, 8 Септември, отворањето на Музејот на ВМРО и на Триумфалната капија. Поради тоа, се' уште не одлучила каде и кога ќе замине на одмор. Но, кога и да замине и дали тоа ќе биде на море, езеро или планина, за неа било важно да биде заедно со своето семејство, сопругот Красимир и синот Јаков.

Абдулаким Адеми,
вицепремиер за Рамковниот договор

Ниту вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор нема да оди на одмор. Немал време поради директниот ангажманот во преговорите за составување на новата влада. Паралелно, Адеми е ангажиран и околу одбележувањето една деценија од Рамковниот договор, за што се интензивираат подготовките.


Никола Тодоров,
министер за образование

„Мене и вака и така ме фаќате жив во (гаќички???) на плажа. Не знам дали ќе одам и кога“, рече Тодоров


Ѓорге Иванов,
претседател на државата

„Претседателот на државата ќе оди на годишен одмор, но поради обврски во државава и политичките случувања, се' уште нема решено ниту кога ниту каде ќе оди“, информира Кабинетот на претседателот Иванов.



Гордана Јанкулоска,
министерка за внатрешни работи

„Ќе одам со сопругот, но уште не сме одлучиле дефинитивно каде ќе го поминеме летниот одмор.

Минатата година бевме во Турција и одлично си поминавме, па и годинава Турција ни е во потесниот избор“, одговара Јанкулоска.


Трајко Вељаноски,
претседател на Собранието

Премногу е рано, но најверојатно по одбележувањето на Илинден на 2 Август, до кога ќе работи и Собранието, претседателот на парламентот Вељановски се надева дека ќе најде една недела слободна за да замине на годишен одмор со своето семејство. Но ниту тој не знае каде ќе го помине летниот одмор, бидејќи се' уште не донел одлука за тоа.


#
Статијата е прочитана 6009 пати.

Испрати коментар

Од: Мене
Датум: 12.07.2011 01:18:39
Можеби немаат пари луѓето ?
Од: do nosot mi e dojdena
Датум: 12.07.2011 01:51:10
хахахахах Гордана Јанкуловска ке одела на одмор нека оди и нека остане каде што ке оди за вакви ко неа не и се потребни на Македонија,доста и е од оваа шмизла,уште за на одмор е
Од: Aleksandar
Датум: 12.07.2011 05:17:17
More, site ovie odat sekoj mesec po nedela dena vo Grcija, samo ne mozeme da gi vidime bidejki vo tie hoteli kaj sto odat, obicni lugje ne smeat da priparat.
Од: citatelka
Датум: 12.07.2011 07:47:06
ziti statijata hglupost ziva
Од: Kire
Датум: 12.07.2011 08:37:54
Nistavni informacii na nistavni luge. Nikoj ne go bo... kade ke se mavnat, neka krsat glava nesposobnite politicari.
Од: citatel
Датум: 12.07.2011 09:05:37
Vakvi napisi ne objavuvaat serozni vesnici kako sto e Utrinski Vesnik.Toa e potpolno deplasiran i neinteresen napis za citatelite!!
Од: vaga957
Датум: 12.07.2011 09:27:48
Od sto se umorni ne mi e jasno.Drugo zosto tolkavo znacenje im davate na vakvite,koi ne mislat za nisto drugo od sem za sebe.
Од: ccc
Датум: 12.07.2011 09:45:38
Do urednikot:Te molam utre izlezi vo nekolku grada i prasaj go obicniot covek koj glasase za site ovie lopuzi kako ke pomine mesecot so hrana,a za odmor na plaza mozaat samo vson da sonuvaat so platite sto gi imaat,a nekoi duri se socijalci.E kolku e dobro da si minister,premier,pratenik ili sl so plata najniska 1200 evra.Kaj ke ti posaka dusa tamu ke si odis na odmor.No na MK narod dobro mue pak da glasame za lesinari i gotovani.Da mislat za narodot arno ,ama site 123 pratenici si go gledat biznisot vo parlamentot,oti nemojte ludi gragani da sedat samo so platata od parlamentot.Uste sto biznisi ima sekoj od niv i primanjata vo mesecot neznaat od kaj da gi doprimat.Soncajtese Makeedonski gragani pod vasite terasi vo stanovite i mislite deke ste vo Turcija,Hrvatska i.tn.A drugive pak gomiti bile zafateni ?????Dobar odmor ???
Од: mleko
Датум: 12.07.2011 13:21:03
zosto im e odmor ? da ne srabotile nesto pa odmor im e potreben?????za eden obicen odgovor cekas 10g i vise od vladata i ministerite!neka odmaraat uste nekoja godina posle toa ne ke mozat poveke !!!!!!!
Од: Istocna Makedonija
Датум: 12.07.2011 13:22:46
Tolku li se zamoreni,pa da letuvaat?!
Од: забеган.
Датум: 12.07.2011 16:24:31
Утрински не ви личи на в��ка сериозен весник.Кај ќе оделе политичарите на одмор.Па печени се сите наведени за ВШУМА и да несе вратат повеќе волци да ги изедат.Така да ќе се спаси Македонија.

Најди! во Утрински
Втора страница
Низ прозорец во ЕУ?!
Регионална лидерска средба во Охрид
Вербатим

"""