Број 3440  среда, 24 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Скопје

Признанија за најдобрите архитекти за 2010 на град Скопје

„ДСЦ дизајн - Скопје“ е добитник на годинашнава главна награда за архитектура на град Скопје. Признанијата на архитектите Звонко Тасевски и Крсте Петров за проектот административна зграда на „Граве недвижности“ им ги додели градоначалникот Коце Трајановски завчера во рамки на манифестацијата „АСК - архитектура Скопје 2010“.

„Оваа манифестација веќе единаесет години претставува место каде што се среќаваат архитектонските идеи, проекти и визии што го креираат лицето на Скопје и проникнуваат во неговата душа. Големата награда на архитектура АСК 2010 оддава почит на архитектите што даваат посебен придонес Скопје да добие лик на вистинска метропола“, рече Трајановски.

Добитници на признанијата за посебен придонес во архитектурата се архитектите на „Делта инвест“, Никола Велковски, Светлана Јончевска и Марко Трајковски за проектот за административно-деловен објект со магацински простор СТИХЛ, во индустриската зона „Визбегово“, како и Јовица Стефановски, Катерина Петрушевска и Ивана Стефановска од фирмата „Јасива“ за проектот за апартманско-деловен објект. Наградени се и архитектката Зорица Блажевс��а за проектот ЕКО-ХАУС и ателјето „Ајвар“ за проектот за катна гаража во Аеродром. (С.Р.)


#
Статијата е прочитана 916 пати.

Испрати коментар

Од: Едмунд
Датум: 25.11.2010 01:12:27
За првпат АСК траеше колку и нејзиното отворање. Со ова градот покажува каков однос има кон сопствената архитектура
Од: sale
Датум: 25.11.2010 05:10:33
Aman bre vise,nitu eden konkurs ne pominuva bez Zvonko Tasevski.Pa zar e on edinstveniot arhitekt?Sramota!

Најди! во Утрински
Скопје
Елката во трева, бината меѓу Гоце и Даме
Водоскок среде улица во Бутел
Даниела Мартиновиќ ќе пее за 25.000 евра?
Градоначалникот на Сопиште делел откази
 


Former Bulgarian minister denied US entry visa
Second Bulgarian commissioner awarded European of the Year
Croatia spends millions on improving transport network