Единствена можност!
Не пропуштајте ја единствената шанса, в сабота (10 јули) само со „Утрински весник“ да ја добиете автокартата на Македонија и на Балканот. Поедноставете си го патувањето и бидете сами свој навигатор!
Веќе нема дилема како најбезбедно да стигнете до Валона и до Саранда во Албанија, оттаму да се префрлите до Грција, до Крф, Закинтос, Тасос и Кавала. Уживајте во погледот!
Доколку сте љубители на Јадранот, овој брег, преку автокартата, ќе ви биде познат како сопствениот џеб - да го осознаете патот до Петровец и тоа преку Косово, па се' до Будва, погоре до ренесансниот Дубровник, транзитниот Сплит и преубавата Макарска, па се' до островите Хвар, Брач, Крк и Млет.
Со автокартата најпосле имате можност да ја запознаете и сопствената земја. Да го остварите дамнешниот сон и да ги видите прочуените манастири во Македонија - „Свети Јоаким Осоговски“, во Зрзе, „Свети Гаврил“, мегалитската опсерваторија Кокино, надалеку прочуените Смоларски Водопади, убавините за кои само слушавте...
За само 20 денари,
Балканот и Македонија на дланка! |