Останатите 59 обвинети добија условни казни во траење по пет години
Љубиша Станковиќ
Само 13-мина од вкупно 72 лица обвинети во случајот „Змиско око“ вчера беа осудени на ефективни затворски казни. За преостанатите обвинети судот одреди затворски казни во траење по две години кои им се заменуваат со условни доколку во наредните пет години не сторат друго кривично дело.
Двете највисоки казни, во траење од по четири години, им се изречени на обвинети кои за цело време откако е започната кривичната постапка беа недостапни за полициско-судските органи. Судот изрече и две затворски казни во траење по три години. Едната од казните се однесува на првообвинетиот Зоран Јанески (45), со прекар Коко, а за осуммина други, главно, раководители и контролори, минаа со две годишни казни, односно на овие 13 обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување им е изречена пресуда од само 30 години.
На релативно малиот број казни и нивната висина се надоврза и повлекување на кривичното дело: злосторничко здружување, а судот за неколкумина ја отфрли и самата злоупотреба на службената положба.
Со ваквата одлука на судот во целост падна тврдењето на Одделението за гонење организиран криминал за злосторничко здружување, што во старт ја исклучува можноста обвинетите да беа казнети со најмалку четири години затвор.
Непосредно пред да ја соопшти пресудата, претседателката на Советот, судијката Вангелина Маркудова, ги информираше присутните дека од почетокот на овој најголем судски случај во македонското правосудство, биле одржани 34 главни претреси и дека од познати причини имало уште шест одложувања. Маркудова рече дека на пресудата и' претходело изведување на сите докази што му биле презентирани на судот и од јавниот обвинител и од бранителите на обвинетите. Судот ги задолжи сите обвинети солидарно да ја надоместат штетата од без малку 170 милиони денари, како и намирување на трошоците за водењето на постапката.
Иако на изрекувањето на првостепената пресуда и' претходеше извесна доза нервоза кај речиси сите пресуди, сепак, по нејзиното објавување, кај најголемиот број обвинети можеа да се видат задоволни лица, прегратки и бакнежи.
„Се докажа дека не сме виновни за она за што не' товареа, но условни казни, најверојатно, ни беа изречени само поради тоа што требаше да го покријат притворот што ни беше изречен“, изјави еден од условно осудените, а кој поради најавата за жалба до повисокиот суд, сакаше да остане анонимен.
По барање на некои од адвокатите, судот се повлече за да одлучува и околу прашањето за притворот за последните двајца притворени, но и за укинување на алтернативната мерка домашен притвор. По краткотрајно советување, беше донесена одлука двајцата притворени да останат во притвор се' до правосилност на пресудата, но, затоа, пак, за сите други беше укинат куќниот притвор.
Во изјава за медиумите, јавната обвинителка Вилма Русковска рече дека во дел од пресудата е задоволно, а во дел има незадоволство и најави жалба. Жалба до повисокиот суд најави и адвокатот Саво Коцарев, а неговиот колега Мирослав Вуиќ изјави: „Нема да ја коментирам првостепената пресуда, но ќе кажам дека судот донесе една мошне храбра одлука“. Тој ја спореди одлуката на судот со „сонце кое се појавува срамежливо, но, сепак, се појавува.“
Речиси сите бранители се на ставот дека и покрај релативното задоволство од пресуденото, сепак, ќе вложат жалби до Апелациониот суд. Намерата е да докажат дека не само што не постои злосторничко здружување, туку и во конкретниот случај не постои никаков криминал. Тие се повикаа на неколкуте вештачења и на завршната сметка на ЈП „Македонија пат“.
Судскиот процес за случајот „Змиско око“, кој МВР во септември минатата година го претстави како еден од своите најголеми успеси, започна на 11 февруари годинава и речиси без престан се одвиваше се' до вчера кога беа изречени пресудите.
И сега што?Оваа е борбата на Јанкуловска (според уставите и законите)против криминалот?И кој ќе понесе сега одговорност?
Од: deniz
Датум: 29.11.2008 02:03:01
site trebaa da zavrsat zad resetki no iskreno da se kaze i ovie segasnite sto se vrrabtija vo patarinite istoto go pravat kradat pari i pari
pa treba i jankulovks ai vladata da podnesta odgovornost
Од: Mitre
Датум: 29.11.2008 06:00:15
SRAMOTA!! Razbojnicite se pak na sloboda! Pa dajte ludje kradete site za 2-3 godini ne se zarabotuvaat kuki,stanovi i skapi avtomobili!! 2-3g zatvor a osiguran za cel zivot!!
Sram za Makedonija DOLU VLADA LOPOVSKA!
Do sega ja poddrzuvav ovaa vlada no posle ova sum golem protivnik!
SRAMOTA!!!
Од: vasko
Датум: 29.11.2008 06:06:38
i sega jankulovska sto napravi so nejzinite poltroncinja pukase so top vo muvi jaka i e sluzbata
Од: ozach
Датум: 29.11.2008 08:03:23
So ova definitivno se legalizira kriminalot. Do sega gledavme samo kukki stanovi. Sega ke gledame Rolce Royce-ovi, Bentlija, Ferraija parkirani na parkinzite na naplatnite rampi. Mislam deka Evropa e vo pravo shto ne ni dava vizna liberalizacija, bidejki kaj nas sudstvoto ne funkcionira.
Од: skopjanec
Датум: 29.11.2008 08:03:25
Sudot trebase da im konfiskuva siot imot. İmot, sto e vpecalen na nelegalen nacin. A toa go znaat i vrapcinjata. Ako ne sudot,gospod ke gi kazni.
Од: Пинг
Датум: 29.11.2008 08:14:41
А парадата со апсењето пред ТВ камери? Такви работи не се случуваа во “комуњарскиот“ период на Македонија. Па се мислам, дарги Ваши и наши, дали оваа власт не практикува исти методи?
П.С: Многу посилно ќе верувам во она во што самиот ќе се уверам, отколку во тоа што некој ќе ме “уверува“ со напад преку сите можни медиуми. Е, таква демократија јас сакам.
По трет пат, Ве молам не ги објавувајте текстовите напишани на латиница, тоа Ви е е и законска обврска. Поздрав до сите Ваши и наши.
Од: pelince
Датум: 29.11.2008 08:59:08
Znaci sekoja akcija ponatamu paga vo voda, sramota, ova e amin za kriminalot ponatamu, badijala ke bide i akcijata pepel, se prasuvam kakvo e ova sutstvo vo Makedonija, daj ili stegnete ja drzavata da ne bide, ili neka ne ne bide, so vakvo banana sutstvo samo se blamirame , mvr neka prodolzi so akcii, nesmee ova da ve obeshrabri, mora da se unisti kriminalot vo MK, nikoj nesmee da bide nad zakonot...tuka nesto smrdiiiii......
Од: swiden
Датум: 29.11.2008 09:13:35
ama otsudunje .epten nie efikasno sudstvoto. predlagam tie sudii sto go otsudija ova pod hitno da se prijavat vo zavodot ze zaposluvnje . nivnoto mesto ne e vo sudot lakrdija
Од: Iko
Датум: 29.11.2008 09:14:30
Golema sramota!!! Znaci inkasantite pak ce mozat da si kradat, a na krajot ce si platat del od ukradenite pari i - gotovo! Uste ednas se pokaza deka najgolemata korupcija e tokmu vo sudstvoto! Sto ne gi objavuvate iminjata na sudiite, da gi znae javnosta?! Vaka ne se iskorenuva kriminalot! Vaka ne se odi vo EU! A i od toj Kocarev veke mi se smaci, site najgolemi kriminalci sto toj gi brani se sekogas vistinski angeli!?
Од: flying-monaco
Датум: 29.11.2008 10:10:57
Nemase mesto pozadi resetkite za site vinovni, momentalno se onie koi ukradija najmnogu. A Jankulovska so nejzinata ekipa da bidi narodot makedonski uveren deka ke im dojdi do kraj na mafijata, samo napred Jankulovska po vredna si od sekoj mashki pol koj do sega bile MVR.Da im ja dades suknjata na niv...
Од: zabegan
Датум: 29.11.2008 10:15:00
aj sega neka se napravi sporedba so zatvornikot sto sigo odzede zivotot za krazba 5.5godini .dali istiot ukral povece .
Од: Albanec
Датум: 29.11.2008 10:23:45
Edinstven odgovor za patarinite e da gi nema poveke! Mora rampite na patarinite da se podignat i da se povlecat skroz, i patot da bite otvoren. Malite drzavi (Svajcarska, Slovenija) vo upotreba imat takanarecena VINJETA, koj saka da vozi po avtopat neka si kupi, koj ne, ne mora. Vaka so patarina, samata drzava dozvoluva rabotnicite da kradat bidejki ako nekoj patuva sekoj den Kumanovo - Skopje na pr., nema drug izlez nego da se spogodi so rabotnikot kaj patarinata za plakjanjeto, bidejki ako plakja normalno ke mu cini poveke patarinata nego biznisot! A tokmu za biznisot ovaa vlada se reklamira! Smesno neli? Patarinata vo MKD e cista krazba kon gragjanite. Mora da se spostavat vinjetite, i avtopatot da bide otvoren. Od sega ke vi kazam kolku treba da bide cenata na vinjetata: 25 Evra godisno za gragjanite na MKD i za malite koli, za pogolemite neka odluci komisija. Za stranskite koli mora da se najde adekvatna cena kolku ke pretoji vo zemjata, neka bide 10 Evra.
Од: Makedonec vo EU
Датум: 29.11.2008 12:47:29
Sekoj sto prasuva zosto EU ne vi gi ukinuva vizite, treba da ja procita ovaa statija i stoticite slicni na nea.
Од: zdravo
Датум: 29.11.2008 12:54:04
celo vreme citam stanovi kuki vozila
sto sakate deka vrabotenite se doslaci dojdeni od nekade
aj sega i alishta zashto imat aj sega shto e toa komentari
imashe sud i se vide koj kolku ima pa i najbliskoto semejstvo kolku ima
koj saka neka veruva deka i advokatite gi nemat zemeno parite za svojata angazhiranost
Од: Jan
Датум: 29.11.2008 13:15:09
Uste eden slucaj na ,,tresla se gora-rodio se mis,,
Samo edno ne mi e jasno,dali ne svakaat deka i najdobriot i najskap marketing bez dobra,,roba,, pozadi sebe,ne vredi nisto.Vo prv moment ke go digne prizvodot,no koga ednas ke se rascue deka jabolkoto e trulo,poveke nisto ne go spasuva.
Ovoj makedonski narodec e miren,ama ne pie mastilo.
Од: Antonio
Датум: 29.11.2008 14:33:16
Eve uste eden dokaz kako i na koj nacin grujo,mijalkov
i goca se borat protiv organiziraniot kriminal i korupcija.
Se e vo stilot "izvinite salili smo se"!!!
Од: igor
Датум: 29.11.2008 15:16:23
Uste eden podatok deka sudstvoto ni e katastrofa
Од: Aleksandar
Датум: 29.11.2008 15:34:51
Ne e kriva vladata ne e kriva Jankulovska ama na tija sudite treba da ja zeme pravdata narodot vo svoj race,treba stap po tija Bandite,Gansteri sto rabotat.Nasle sudite da bidat glavni so tri godini fakultet da bidat poglavni od Dr.
Bandite sudii do eden
Од: sashe
Датум: 29.11.2008 16:30:32
kako ke ni cini sudstvoto koga rabotat pod direktiva na brane 15 godini.djabe so se apsi koga nema koj da gi osudi.ako se apsat apashi toa znaci nekoj veke pocnal da si ja vrsi rabotata,a toa znaci deka brane potesko ke se vrati na vlast.ja predlagam da se stavat na rampite policajci
Од: Trajko
Датум: 29.11.2008 18:45:22
судиите ги пуштија! А судиите како што знам, 99% се СДСМ!!
Од: demirov mujadin spanija
Датум: 30.11.2008 01:53:39
najgolem sutski propust vo istorijata mislam deka odlukata e donesena pod pritisok na povisoki licnosti zatoa od sega ponatamu ostavete gi lugeto da si kradat
Од: marco
Датум: 30.11.2008 10:25:33
Kakva Evropa, NATO , ima vistina vo onaa narodnata, kako sto bi rekle sosedite: "sedi di si jer kaki si ni za di si nisi".Koga ce se promeni svesta na ljugjeto ne znam, ama se dodeka tolerirame vakvi raboti nema idnina za nas.....