Број 3414  понеделник, 25 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
На прво место

И ние станови за богаташи имаме

Луксузни апартмани со големи површини на еден и на два ката има на повеќе локации во Скопје

Билјана Ангеловска

И Скопје може да се пофали дека има свои богаташи, луѓе што имаат можност да живеат убаво, комфорно, луксузно. Можеби не како, на пример, во Хрватска, каде што „обична новинарка“ во државната телевизија живее во стан од 590 квадратни метри во центарот на Загреб, но, сепак, ги има.

Во Скопје нема толку многу големи станови, најголемите се со површина од 160, 170 до 200 квадратни метри. Каде се наоѓаат ваквите станови и кој живее во нив?

Засега тешко се доаѓа до податок кој е тој бизнисмен, политичар, доктор, можеби спортист, па зошто не и новинар што може да си дозволи да живее во таков стан. Кој во државава ужива во комфорот што го нуди пространиот апартман, каков што обичниот граѓанин видел само на филм? Во Македонија е врвна тајна името на оној што може да си дозволи живот во холивудски стил. А, во Холивуд не само што е добро познато каде живеат богатите луѓе, туку не е тајна ниту цената на недвижниот имот што го поседуваат. Додека таму се знаат и најситните детали околу имотот на некое познато име, не само од светот на филмот, од тоа на колкава површина се протега куќата, колку спални и колку гостински соби има, до ка��ов возен парк има во огромната гаража, кај нас ваквите информации се најголема мистерија.

И додека официјално никој не сака да каже дека живее во луксузен стан, иако во Македонија сите знаат кој би можел да си дозволи такво нешто, познато е дека такви станови има на неколку локации во Скопје.

Луксузни апартмани со големи површини на еден и на два ката има во новите згради во комплексот зад Машинскиот факултет на улица „Илинденска“, меѓу кои е зградата што ја градеше фирмата на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец, потоа во зграда на ул. „Иво Рибар Лола“ спроти ТЦ „Беверли Хилс“, во објектите што ги гради Чифлиганец под Водно кај МВР, комплексот на Пеце Наумовски, исто така, на Водно. Големи станови има и во станбените објекти кај Педагошка на „БС консалтинг“, како и во некои од новите згради во Буњаковец... Луксузни станови со површина до 195 квадратни метри ќе има и во комплексот што го гради австриската фирма „Соравија“ на локацијата на некогашното „Олимписко Село“ на падините на Водно. Под луксузни станови можат да се вбројат и оние на „Илинденска“, чиј покрив претставува, всушност, двор каде што има засадено трева, цвеќиња, дрвца.

Луксузните станови имаат и луксузна цена, барем за наши услови. Така, на пример, апартманите во комплексот „Соравија“ се продаваат за 1.550 евра квадратен метар, без пресметан ДДВ, а за 2.000 евра за квадрат има станови и во Буњаковец. По цена од 1.200 евра за квадрат пред повеќе години се продаваа становите зад Машинскиот факултет.

„Во зградата има луксузни станови со големина од 150 квадратни метри. Нивната ексклузивност се состои во квалитетните материјали што се употребени при изградбата, исклучително добрата изолација, сопствениот паркинг-простор поврзан со лифт со становите, но и самата местоположба на зградата“, вели Ванчо Чифлиганец, сопственик на фирмата „Адора“, која ја градеше зградата зад Машинскиот факултет.

Во агенциите за промет со недвижен имот нема голема побарувачка за луксузни станови, иако понуда има. Оттаму појаснуваат дека причината за слабиот интерес е поради тоа што становите, пред се', со толкава квадратура, а потоа и со специфична опременост, се купуваат уште во текот на самата изградба на зградата. Многу често се прави и спојување на два или на три стана уште во фазата на проектирање, а при самата изградба, по желба на купувачот, се вградуваат луксузни материјали - плочки, санитарии, грејни тела, камини... Сето тоа ги прави становите луксузни и ексклузивни, што само по себе создава некаква мистерија околу нив, нивната опременост, големина, цена, па дури и сопственост.

За разлика од становите, куќите се малку поинаква приказна. Луксузни куќи има на неколку локации во и околу Скопје. Некои од овие населби се од затворен тип, па таму ретко може да влезе некој однадвор доколку не е жител, или евентуално не доаѓа со претходна најава. Бардовци, Злокуќани, Водно, Црниче се познати како елитни населби во кои има куќи како од Холивуд. Куќите со големина од 400 до 500 квадратни метри се на еден или на два ката, имаат разиграна архитектура, огромен двор што може да зафаќа и до 1.000 квадрати, во кој задолжително има базен, а може и некое помало тениско игралиште, со убаво и стручно уредено зеленило. Голем дел од овие куќи се градени со однапред одредена цел - да им се издаваат на странски лица, но има и такви што се создавани за своја душа, со мерак, во кои освен огромните суми, е вложено и многу љубов. Во агенциите велат дека ваквите куќи, кои се нудат под наем, се издаваат за 1.000 евра месечна кирија доколку е празна, до 4.000 евра, па и до 5.000 евра ако е наместена. Најскапи се куќите на Водно, кои најчесто се наменети за резиденции.

Луѓето од бизнисот со изградба и со продажба на недвижен имот велат дека во Скопје има релативно многу луксузни станови и куќи, за кои не може автоматски да се рече дека се и ексклузивни. Навистина, ние сакаме да бидеме дел од светот што живее луксузно, па дури и екстравагантно, но, сепак, мора да признаеме дека се' уште сме далеку од вистински богат живот. Оти, да се има луксуз не значи и да се живее ексклузивно. Ексклузивниот простор подразбира убава, современа населба со сите придружни услужни дејности. Тоа значи дека една куќа може да биде ексклузивна само ако е во урбанизирана населба. Така, куќа во Бардовци, колку и да е сама по себе луксузна, таа не е ексклузивна, за разлика, на пример, кога би била во Тафталиџе или во Црниче, оти во Бардовци нема други содржини, нема градинка, училиште, амбуланта, маркет, пред се', нема соодветна сообраќајниц�� што ја поврзува населбата со центарот на градот.

Во Скопје се' уште нема ниту кварт со ексклузивни станови. Урбанизирани квартови има, но не и ексклузивни. Во Македонија полека почнуваат да се градат големи станови и куќи поради поголем комфор на семејството. Меѓутоа, предзнакот ексклузивен не значи само голем стан, или скап, туку истовремено да се одликува и со пространост, квалитет, опременост, но и опкружување и тоа од урбан аспект, до човечки, соседски. За жал, кај нас тоа се' уште го нема на едно место. (Б.Ј.)


#
Статијата е прочитана 7452 пати.

Испрати коментар

Од: agent za nedviznini od Viena
Датум: 25.10.2010 15:00:44
Daleku e Skopje od ekskluzivnost i od nekakva koncepcija za "PRIBLIZNO" urbaniziran grad. I dodeka Evropskite metropoli se povekje se trudat da go zadrzat zeleniloto i parkovite vo gradskite podracja, a da ne zborime za planinsko-shumskite pojasi vo blizina na gradovite ... kaj nas bezmilosno i bezkrupulozno se unistuvaat. A toa deka cenata po m² e ista kako vo Viena(na pr...) mene licno me ostava bez komentar. I uste edna primedba.... Agenciite za nedviznini vo Makedonija NIKOGAS nema da zaziveat zatoa sto ne postoi jasno definiran zakon za promet i posreduvanje vo taa oblast..NAUCETE ... Nema napredok bez jasno definirani odnosi Kupec-AGENT-Prodavac. Nikoj ne e blesav da raboti za nekogo bez nadomest...
Од: od bucım
Датум: 25.10.2010 16:06:47
Bucim radi, Vanco Cifliganec gradi.
Од: sime
Датум: 25.10.2010 17:01:28
Pa sto mislevte neli e kapitalizam
Од: sss
Датум: 25.10.2010 20:32:28
koga go citate tekstov,mislite MK e Dubai, kako prvo jas nikogas ne bi sakala da ziveam vo SK,pa toa tie brate urnebes grad ,a za prljavstina da ne zborime ,kako vtoro vo tie luksuzni zdania se znae koj zivee (tie sto se zivo pokradoa),a kako treto i novinarive sakaat da se istaknat ko bozem nesto napisale
Од: taa
Датум: 25.10.2010 23:40:36
epa eve moze da otkrieme a i ima vo anketen list prijaveno stan od 140 kvadrati pozadi masinski vo zgradata na cifliganec sudija od organiziran kriminam vesna dimiskova . ima 39 godini 6 godini sudija od kade parite ?????a vo istata zgrada ova semejstvo ima uste eden stan ....vrednost ....vo milioni od kade tolku mnogu od obicna advokatska kacelarija ili sudska pozicija ili dvete zaedno ???
Од: smesno
Датум: 26.10.2010 01:03:37
Da ne preteraa malku? 4000-5000 evra mesecna kirija za namestena luksuzna kuca vo Skopje, pa jas ziveam vo Honolulu, tolku se kiriite za ubavi kuci ovde, i toa Hawaii vazi za edno od najskapite mesta za ziveenje vo svetot. Ako saka neka bide i Sveti Vodno, ama na Hawaii pored okean, so palmi u dvor, za tie ceni, e mnogu bolje.
Од: Solo
Датум: 26.10.2010 01:28:48
Dali so ova sakate da kazite deka i Makedonija ima teski golemi lopovi kako Hrvatska i ostanatiot del na svetot? Prvo najdete nekoj da go ocisti Skopje od smrdezot i necistotijata. Dzabe si bela ovca koga celo stado ti e crno. Eh Makedonijo, dva milioni stanovnici pa pak necisto a evropskite gradovi imaat po 5-6 milioni luge pa se pak pocisti.

Најди! во Утрински
На прво место
Плус милион евра за „Филип Втори“






Belgian court awards €15,000 to asylum seeker
Croatian government survives no-confidence vote
Serbia makes another u-turn on Europe