Број 3462  вторник, 21 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Едиторијал

ЕДИТОРИЈАЛ

Кој ќе биде изеден

Љупчо Поповски

Кој може да биде изваден од контекст кога чисто и гласно, па дури и триумфалистички, ќе извика: „Ќе јадеме живи луѓе, ќе бркаме од работа, ќе згрижуваме братучеди“. Дали Зоран Заев отпосле сака да се прави наивен кога вели дека неговиот настап бил во друг контекст или, пак, мисли дека гласачите се наивни кога дава изјави од кои би се срамел и еден средношколец што посакува да се занимава со политика.

Некогаш случајноста му помага на политичкиот противник. ВМРО- ДПМНЕ можеше да ангажира стотици спин-доктори за да се обиде да го амортизира налетот на опозицијата и прашање е дали можеше да успее. Но, ете, провидението им го испрати Заев како спасител. Потпретседателот на СДСМ со пет реченици успеа да го избрише оној спектакуларен марш на опозицијата; да ги архивира жестоките расправи во Собранието кога по подолго време неговата партија ја одредуваше динамиката на говорите; ги натера неопределените гласачи сериозно да се замислат кому да му го дадат гласот; и, како што вели Андреј Жерновски, го внесе канибализмот во македонската политика.

Ќе им кажеме на луѓето дека „Заев бил во Валандово“ и дека „се радувал“ што неговата партија од вработување на минимум по еден член од семејството сега поминувала во фаза на згрижување на братучедите. Би било исклучително интересно да се дознае што се случувало во штабот на опозицијат�� по овие самоуништувачки пораки на нејзиниот потпретседател. Се кубеле ли сите за коси, експлодирал ли од лутина Бранко Црвенковски, шетал ли од ѕид до ѕид Владо Бучковски? Како да се поправи она што не се поправа?

Изјавата на Зоран Заев е драгиот камен на македонската лумпен политика. Дваесет години се пораѓаме во транзицијата за да дојдеме во ваква канибалистичка фаза. Не е прашањето дали вмровците на Свети Никола сосема неочекувано ја добиле најмрсната политичка гозба што не може да се одбие, туку што обичниот човек, кој не е нечиј братучед, ја сфаќа безизлезноста на животот во сиромашната држава. Со пет збора тој обичен човек, од кого се бара да биде храбар, трпелив, маѓионичар со семејниот буџет, сфаќа дека во земјата каде што тој не е нечиј братучед нема шанси за

нормален живот.

Поголем пораз за обичните луѓе немаше овој викенд. Тие сфатија дека политичарите живеат и работат само за својата партија и за луѓето во и околу неа. Никола Груевски едвај го чекал денот на изборите за да го збрише Црвенковски за да можеле да почнат реформите во СДСМ. За тоа ли расправаат вмровците на седниците на нивниот Извршен комитет – како да почнат реформите во СДСМ? Таква загриженост за браќата по крв, но од друг крвоток, е достојна за големата европската награда Карло Велики, која ги слави разбирањето, работата за заедницата, службата на хуманоста и надежите за иднината. Би имало ли поголема награда за вмровецот што му се нашол во неволја на сдсмовецот и набрзина го реформирал?

Политиката во Македонија се претвора во бурлеска, но оние од најаматерски вид. Ова беше викенд за разочарувања на обичниот човек, но и денови за надеж на некои братучеди. Сосем легитимно е прашањето дали воопшто е потребна смена на оваа гарнитура со друга кога корист ќе имаат само братучедите. Овој викенд ја соголи до самата срж суштината на политиката во Македонија. Само наивните сега можат да се подготвуваат за маршови или да бидат декор при отворањето на некое тениско игралиште. Обичниот граѓанин ќе биде изеден.


#
Статијата е прочитана 2452 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 21.12.2010 12:05:54
Koga barata stanuva tesna, krokodilite pocnuvaat megu sebe da se jadat. Zaev samo "najavi" sto ja ceka Makedonskava bara.
Од: nekoj
Датум: 21.12.2010 12:24:26
Makedonija ke bide izedena. Bezimena Republika Mizerija.
Од: obicen gragjanin
Датум: 21.12.2010 12:40:49
SIte nie sme obicni gragjani. Se nadevam deka i vie kako obicen gagjanin i novinar vo vesnik koj otvoreno go podrzuva SDSM nema da bidete izedeni posle vakov komentar. Za zal SDSM vo nisto ne pokazuva pogolema doblest od VMRO.
Од: и од мене.
Датум: 21.12.2010 12:47:16
Господине Новинар ли си или си шукаш?.Нели глеаш без јавно да објават владариве јадат полу гладни.Ако имаш вмроска книшка има работа,Ги пренатрпа кај ќе стигнат.Ај жити се прошетај малце па ќе ти биде појасно.
Од: Nato-Jato
Датум: 21.12.2010 12:48:38
Ovoj zbori saat vreme jade lugje brka cistacki i izvaden e od kontekst, onoj (velija) bese u afekt tri dena bog da cuva uste na vlast da dojdat !!!!
Од: deli
Датум: 21.12.2010 12:57:46
Perfektno - i vistina. Kako raboti može da se prevrtat za 180 stepeni so nekolku zborovi. Terminot "lumpen politika" ušte nemam čueno. Pozdrav.
Од: Професорка
Датум: 21.12.2010 12:59:02
Живите луѓе се веќе изедени. После ова владеење на најпатриотската власт, ��екој нареден ќе глода коски.
Од: Dance
Датум: 21.12.2010 13:05:03
Jas ke Ti ja razresam dilemata G-dine Popovski, i Tebe i na DPMNE, zosto vo Makedonija poveke nema styo da se jade. Edinstveno ni ostanuva bikot od pred Peko ili po nekoj konj ili lav da zakoleme zosto site sme zivi gladni. Ednostavno ovaa vlast ne izede so se se. Neplasetese nisto neostana za Zaev.
Од: Itar Pejo
Датум: 21.12.2010 13:20:46
Zaev mozda ne e ni tolku glupav ni tolku naiven. Mozda svati deka vo demokratija treba da mu se zboruva na narodot a ne intelektualcite. Kako DMNE. Vo Mk ima dva miliona ziteli, a samo sto iljadi vo administracija. Sose familii, da receme 500000. Onie milion i pol (munus dve tri stotini intelektualci) ce go podrzat. Taka se dobivaat izbori.
Од: незгрижен братучед
Датум: 21.12.2010 13:41:13
Колку да сакате Вие или СДСМ да ја поправи изјавата на Зајко џабе е ! Човек и пред своите треба да знае што зборува. Прикаски се дека изјавата е монтирана. Ако нема основа не може и да се монтира.Бранко треба да се откаже од овој недоделкан кадар.
Од: Неутрален
Датум: 21.12.2010 13:49:26
Секоја чест за колумната ! Вистинското лице на македонската политика! Харакири од страна на Заев. После ова, најдобро ќе му биде да се извини јавно отколку да зборува за вадење од контекст на неговите зборови кои самиот ги кажа!
Од: Трпе
Датум: 21.12.2010 13:55:58
На ваква порција одговара ваква вилушка.По 4 години владеење на ова власт,мораше да се прифати нивниот речник.Културниот јазик тие неможат да го разберат.Разликата е во тоа што тие живи луѓе не јадат.Тие првин ѓи умират со здравство такво какво го градат а потоа ги јадат.
Од: Dilan
Датум: 21.12.2010 14:04:10
Zaev,Gruevski i ostanatite iljadnici decki (politici i bussinesmani) vo ovie 20 godini se tranziciski winneri dodeka loosery na ovaa tranzicija sme site ostanati 2 mil. feudalni kreposni robovi koi prezivuvame den za den!!!!!!pa sme bile gragani demokratija imalo abe nie sme 18 vek e sto nemame nekoj nas Charles Dickens da pisuvaa za mizeriite na eden narod vo 21 vek!!! p.s. Dobro e sto da kazat "graganite" na Moldova,Kirgistan ne daj boze Avganistan i Pakistan so Irak se razbira i tamu ima politici i bussinesmani a se vo ime a demokratijata neli!
Од: izbrkan i izeden ziv od vmrovcite
Датум: 21.12.2010 15:02:37
so se bunete sea kako pravite taka ke vi pravat
Од: dimitar
Датум: 21.12.2010 15:08:56
More aren e deckoto pokaza zabi na losata i rasipana vlast. Koj publicitet mu napravivte ni sami ne ste svesni. Pa i Brane vcera se izvinue :) koja drama. A so kaza Zaev nesto so na nasite starci non stop im e u usta "ziv ke me izedes". Eden dobronameren sovet do vmro-to u kal ste, kolku poveke pretate tolku poveke propagate, treba da legnete malce.
Од: Johnny
Датум: 21.12.2010 17:04:19
Zgolemenite smetki za struja, rastot na cenite,padot na proizvodstvoto, zadolzuvanja namesto investicii,pritisocite vrz mediumite,sudstvoto i graganite,nevrabotenosta, bedata,gladot,korupcijata,kriminalot,nepostoeckite vladini uspesi,selektivnata i izgubena borba so kriminalot,greskite,promasuvanjata,glupavoto trosenje narodni pari,pette godini tapkanje vo mesto pred EU i NATO,partizacijata na drzavnite institucii,osedlanite mediumi i novinari,surovata realnost,kicerajot,aferite,krsenjeto na covekovite prava,pritisocite,svilenite gajtani i metodite na javen linc na kriticarite na vlasta,katastrofalnite sostojbi vo zdravstvoto i obrazovanieto, potrosenite 50 milioni evra da se reklamira Grujo namesto da se nahranat gladnite i izlecat bolnite,treba nekako da se pokrijat so stravot deka zivi ke bideme izedeni ako Grujo ne e na vlast.Znaci ne gi prasuvajte sto bidna so prerodbata, tuku bidete srekni zivi da ne bidete izedeni,pu,pu,sklaja da e kako sto bi rekol nasiot se povickast i ponervo
Од: Elena
Датум: 21.12.2010 17:49:19
Tonot na kolumnata mnogu jasno kazuva: otide Zoki za da se spasi Branko. Ama nikoj ne go vlecese za jazik da trese gluposti. A toa sto VMRO pravi gluposti, ne e opravdanie SDSM da pravi uste pogolemi. Neli vi zdosadi veke da ste pogolemi katolici od papata?
Од: Boshko
Датум: 21.12.2010 17:59:35
Mislam deka Zaev greshil ako rekol taka,a za shto li Toa deka DPMNEvcive ne izedoa do koska i Za Zaev nema da ostavat ni koska,tuka e greshkata negova,Gospod na pomosh da ni e.
Од: risto
Датум: 21.12.2010 18:27:59
Negoviot mentor ne gazase kako sleper zabi.Sega ovoj zivi ke ne jade?Pa kade im e covecnosta?
Од: Kiril
Датум: 22.12.2010 00:35:56
До Данче. Кој е гладен дојди во Струмица да го видиш гладниот Заев и компанија какви коли возат што вредат милиони евра.А гладни се оти уште не почнале да јадат луѓе оти не се на власт
Од: jordan
Датум: 22.12.2010 09:16:05
Zamislete zoltiot tim trga vo napad i eve topkata e vo Zaev , Zaev napaga ama kon sopstevniot gol GOL!! avtogol dragi gledaci ! Amnestijata mu go pomati umot neznae na koja strana e golot.
Од: todor
Датум: 22.12.2010 10:24:15
Ха ха гладни ќе останете бидејќи овие не само што не изедоа туку и крфта ни ја исцицаа

Најди! во Утрински
Едиторијал
 

Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks
Storms ahead for Hungarian EU presidency