Енвер Мариќ преживеа тежок мозочен удар
Легендарниот голман на мостарски Вележ и на репрезентација- та на некогашна Југославија, Енвер Мариќ, доживеа тежок мозочен удар. Веста ја објави Радиотелевизија Мостар, а ја потврди поранешниот капитен на Вележ, денеска член на клупската управа, Самир Ќемаловиќ. Притоа појасни дека 62-годишниот Мариќ беше подложен на операција на срцето и крвните садови во Берлин.
„Операцијата беше успешна, но лекарите не знаеја дека Мариќ има згрутчување, чија последица беше ударот. Левата страна му е целосно одземена“, изјави Ќемаловиќ.
Мариќ девет години го чуваше голот на Вележ (1967 до 1976), потоа две години беше член на германски Шалке 04. За репрезентацијата на поранешна Југославија одигра 32 меча. |