Број 3407  петок, 15 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Свет

Чиле слави за спасените

За само 22 часа беа извлечени 33 рудари со капсулата на НАСА

Чилеанскиот претседател изјави дека неговата земја никогаш повторно нема да биде иста по неверојатното спасување на 33 рудари затрупани 69 дена длабоко под земјата. Себастијан Пињера изјави дека смета оти Чиле „е пообединето и посилно од кога и да е“ и „многу поценето“ во светот. Имаше воодушевувачки сцени и кога Луис Урзуа (54), последниот рудар што беше извлечен, се појави на површината. Операцијата траеше 22 часа и секој од рударите беше извлечен со помош на тесната капсула. Сега тие се однесени во болница.

Некои од нив имаат ��ериозна дентална инфекција, а други проблеми со очит, како резултат на престојот во нечистиот и темен рудник. На еден од рударите му е дијагностицирана пневмонија, но неговата состојба не е сериозна.

Сепак, министерот за здравство, Жаим Маналих, нагласи дека сите рудари се во далеку подобра здравствена состојба отколку што се очекувало. Никој досега не преживеал толку долго затрупан под земја. Рударите имаа само 48-часовно следување кога на 5 август се урна дел од рудникот за бакар и злато Сан Хозе во пустината Атакама во Чиле. По 17 дена дупчење, спасувачите успеаја да воспостават контакт со нив.

Претседателот Пињера чекаше пред отворот за спасување, долг околу 624 метри, кога капсулата во која беше Урзуа се појави пред радосните извици, песни и аплаузи. Спасувачите набрзина го прекрија со чилеанското знаме. Кампот „Надеж“ прилично еднолична и сувопарна населба на средина од пустината Атакама еруптираше во експлозија на бои и звуци во моментот кога капсулата во која се наоѓаше Луис Урзуа, последниот од 33 рудари, се појави на површината. Се отвораа шишиња шампањ, полетаа балони во боите на чилеанското национално знаме и имаше дожд од конфети што ги изненади роднините, полицајците и новинарите.

Сестри, мајки, татковци и браќа, сите се прегрнуваа и танцуваа пред екранот на кој беа прикажани снимките од отворот за спасување на околу 500 метри во брдата. Нивните изливи на радост се разлеаја низ чистата и студена ноќ. Како што и стана традиција, потоа тие ја запееја националната химна фатени за раце, а нивните маици со сликата на дупчалката што го прави отворот за спасување беа натопени во шампањ. Триесет и три балони во боите на националното знаме беа пуштени во воздухот над рудникот.

Урзуа, надзорникот на смената во рудникот, на кого му се припишуваат заслугите за тоа што им помогна на рударите да истраат во првите денови од нивното тешко искушение, потоа го прегрна претседателот и рече: „Го направивме она што го очекуваше целиот свет. Имавме сила, имавме дух, сакавме да се бориме, сакавме да се бориме за нашите семејства, и тоа беше најголемата работа“. Опишувајќи го како „големиот капетан“ Пињера, одговори: „Вие не сте истите и земјата не е иста по ова. Вие бевте инспирација. Оди прегрни ги сопругата и ќерката“. Тој потоа ја предводеше толпата во пеењето на националната химна. Следејќи го спасувањето на големиот екран поставен во непосредна близина, пријателите и роднините на рударите беа истуширни со шампањ и конфети.

Шестемина спасувачи, кои беа спуштени во рудникот за да ја надгледуваат операцијата, кренаа транспарент на кој пишуваше „Мисијата е завршена“. Последниот од нив, Мануел Гонзалес, кој исто така беше и првиот спасувач што се симна низ отворот, се врати на површината по нешто помалку од 2,5 часа подоцна. Пред да ја напушти подземната просторија тој се сврте кон видеокамерата, се поклони и мафна во знак на триумф.

Роднините на извлечените рудари се искачија на брдото каде што беа поставени 33 чилеански знамиња, по едно за секој од нив за да им се заблагодарат на спасувачите. Снаата на најстариот рудар, Марио Гомез, Белгика Рамирез, за АФП изјави: „Сега ќе почне нов живот“. Во телевизиското обраќање до нацијата, пред отворот на рудникот Пињера изјави: „Рударите не се истите луѓе што беа затрупани на 5 август. Тие излегоа посилни и не научија една лекција. Меѓутоа, и Чиле повеќе не е исто“. (Би-Би-Си)


Јони го прегрнуваше љубовницата

Околу 21,30 часот во средата вечерта од рудникот излезе 21 рудар Јони Бариос. Како што и рече, неговата сопруга не дојде да го пречека. Затоа со солзи во очите и широко раширени раце пред рудникот подготвена стоеше неговата љубовница Сузана Венецуела. Сопругата на Јони со која е во брак 28 години, речиси се степа со својата љубовница, откривајќи во кампот пред рудникот дека сопругот веќе со години ја изневерувал. Сепак, Марта Салинас го промени мислењето и остана настрана. „Мило ми е што сите се добро и што не заминав. Тоа беше правилна одлука. Беше погрешно и двете да бидеме таму. Јони е луд и арогантен што мислеше дека и двете ќе дојдеме. Јас сум пристојна и имам деца и внуци, а тие се на прво место“, рече Марта. Спасителите открија дека Јони воопшто не се грижел околу хаосот што би можел да го дочека на површината. „Тој или е арогантен или е глуп. Воопшто не беше загрижен“, рече еден од спасителите. (24 сата.хр.)

Онлајн-спектакл

Појавувањето и на последн��от рудар по 69 дена минати во длабочините на пустината Атакама во Чиле се случи по 24-часовно бдеење на луѓе залепени пред малите екрани и компјутерските монитори низ целиот свет. Онлајн-спектаклот беше надминат само од Светскиот куп, Вимблдон и инаугурацијата на претседателот Барак Обама. Тоа беше голем ден за брендот Чиле, бидејќи светот со зачуденост гледаше кон јужноамериканската нација како се обединува околу спасувањето.

Чилеанскиот претседател Себастијан Пињера, кој лично го пречека секој рудар при излегувањето од спасувачката капсула пред глобалната публика, ќе ја понесе новооткриената слава на нацијата на пат, кон крајот на оваа недела, со посетата на Лондон, Берлин и Париз каде според „Фајненшел тајмс“ ќе го продава имиџот на Чиле како најдобро менаџирана латиноамериканска економија.

Очилата за сонце „оукли“, станна нај популарниот производ во изминатите 72 часа. Како што „Оукли“ наведе на својата веб-страница: „Спасувачкиот тим во Чиле се потпира на очилата на ’Оукли‘ за да ги заштити очите на рударите кога тие ќе бидат извлечени на површината.

Според истражувањето од „Фронт роу аналитикс“, 35 очила во вредност од по 450 долари донирани за спасувачките напори и' донесоа на компанијата еквивалент од 41 милион долари само во рекламно ТВ-време. (Си-Ен-Ен)


#
Статијата е прочитана 442 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Ајша доби нов нос и... живот
Ахмадинеџад од Либан го нервира Израел
Индонезијците не го разбираат антимуслиманскиот Холанѓанин
Демонстранти удрија и на Акропол






Serbia makes another u-turn on Europe
Human Rights Watch denounces Roma deportations to Kosovo
Bulgaria's financial watchdog sniffs around minister's property