Брoj 2797  петок, 26 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Лидерите без договор за цензусот

Али Ахмети ретерира во барањето да има и потпретседател на државата кој би бил Албанец

Светлана Унковска

Лидерите на четирите политички партии на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на СДСМ - Зоран Заев, на ДУИ - Али Ахмети, и на ДПА - Мендух Тачи, по вчерашната две и полчасовна средба, излегоа без никаков конкретен договор за ниту едно прашање. Од темите за кои требаше да се расправа на оваа рунда средби на лидерската четворка се стигна единствено да се разговара за измените во Изборниот законик и за иницијативата за уставни измени во делот на изборот на шефот на државата, со кој се предлага укинување на цензусот во вториот круг.

За измените во Изборниот закон нема согласност од ДУИ и ДПА, а тие не се согласуваат ни да се воведе можноста да гласа и дијаспората и да се воведат квоти за помалите етнички заедници, затоа што во тој случај, според нив, Бадентеровото мнозинство би го изгубило значењето.

За СДСМ начелно е прифатливо ваквото решение, но оттаму инсистираат да се ажурира списокот со бројот на граѓаните со право на глас, а привремено живеат надвор од државава.

Иницијативата од ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени што се однесува на целосно укинување на цензусот не доби поддршка од другите партии. Груевски по средбата изјави дека треба да се побрза со донесувањето на измените на Изборниот законик бидејќи, како што рече, тоа е еден од осумте услови од Европската унија, а исто така побара и што побрзо да се постигне договор и околу уставните измени за кои се потребни најмалку три месеци, а претседателските избори треба да се одржат во март наредната година.

„Потребата од укинување на цензусот е поради многуте неправилности од досегашните избори и тоа е нешто што е побарано и од ОБСЕ, кое препорача негово укинување. Тврдењето дека претседателот избран без цензус нема да има легитимитет е само извртување на тезите, бидејќи нема полош легитимитет од оној тој да биде избран на избори со тепачки, инциденти и полнење кутии. Каков легитимитет има човекот кој сега ја врши функцијата претседател на Македонија“, рече Груевски.

Лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, рече дека побарал да се отворат и прашањата за Деловникот, за законите кои по итна постапка беа донесени во Собранието.

„Начелно за гласањето на дијаспората имаме позитивен став, а околу квотите на етничките заедници прв пат бевме информирани и нашиот предлог беше да видиме дали предлогот за 10 фиксни места е прифатлив за самите етнички заедници, имајќи предвид дека за ова нема никаква поддршка од страна на албанските партии. Во врска со цензусот, првично бевме информирани дека ќе разговараме за негово намалување на 30 проценти, а не и за укинување“, истакна Заев. Тој додаде дека треба да се внимава да се задржи легитимитетот при изборот на претседател, но сепак конечниот став ќе го соопштат на наредната лидерска средба закажана за една недела.

Изненадувачки беше и ретерирањето на лидерот на ДУИ, Ахмети, кој од првичните заложби изборот на шеф на државата да биде во Собранието во пакет со потпретседател Албанец, вчера излезе со сосема поинаков став.

„Сметам дека овој пристап е многу погрешен, затоа што многу лесно може да се случи претседател на државата да биде Албанец и начелно секој граѓанин на Македонија од која било етничка заедница што ги исполнува законските услови може да биде претседател, затоа ние не пристапуваме на ваков начин“, истакна Ахмети. Тој на прашањето дали се разговарало околу хашките случаи и за признавањето на Косово рече дека не било разговарано, а за прашањето за Косово потврди дека лидерот на ДПА, Мендух Тачи, побарал да се расправа.

Дециден во својот став дека е против укинување на цензусот беше лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

„Ние сме против тоа, мислиме дека се создава јавна клима дека ова е против Албанците и се сака да се тргнат Албанците во одлучувањето во вториот круг. Побаравме да се отвори разговор за потпретседател на држава без оглед дали тој ќе се избира во парламентот или на непосредни избори. Ако покрај кандидат за претседател, има и кандидат за потпретседател, ќе нема проблеми околу исполнувањето на цензусот. Но сепак се' уште се разговара“, рече Тачи. Тој за предлогот за внесување квоти за помалите етнички заедници вели дека на тој начин ќе се изгуби значењето на Бадентеровиот принцип. За да се задржи балансот, тој предлага да има плус 30 пратеници, од кои 12 Македонци, осум Албанци и десет од помалите етнички заедници.

Лидерите на четирите партии ќе ја продолжат средбата идниот четврток, кога освен започнатите теми за Изборниот закон и укинување на цензусот, треба да разговараат и дали хашките случаи можат да бидат опфатени со Законот за амнестија, потоа прашањето за името, признавањето на Косово, за Деловникот и сите други закони кои беа донесени во Собранието по итна постапка.










Статијата е прочитана 747 пати.

Испрати коментар

Од: nikolce
Датум: 26.09.2008 05:31:29
Jasno i providno kako den... posto poto da se stavi VMRO-vski pretsedatel... Prerodbata prodolzuva...
Од: sonja
Датум: 26.09.2008 07:58:36
mislam deka na vakvi pregovori uopste i ne treba da se ode bidejki vladata na vmro so tvrda glava buta zid, pa da gi ostavime neka pravat sto sakat samo posle toa da ne se izvinuvat kako veljanovski i da pravat maski na narodot ama i taka ni treba sami biravme i dobivme.
Од: jimmy1
Датум: 26.09.2008 08:29:05
Na Grujo stvarno nesto mu se brza,. sve saka da vovede samo na brzina, izgleda deka neznae oti brza kucka slepi kucina raga. Dali ovaj covek ima barem malku um i razum i da razmisli kade e vodi Makedonija. Nisto ne mi e cudno sto ne mozi da raboti predsedatelot, a i koj predsedatel bi rabotel so vakov glupav premier. Ne mi e jasno po koja matemetika presmetuvaat, za da se zadrzel balansot trebalo da ima plus 30 pratenici a od tie 30 samo 12 da bidat makedonci a 22 od etnickite zaednici. Za da se zadrzi balansot od tie 30 pratenici 22 treba da bidat makedonci a osum od etnickite zaednici zosto ako e tocno deka vo Makedonija 75% se makedonci a 25% drugi narodi. Vo nikoja zemja vo svetot nema formirano tolku politicki partii po etnicka osnova i pratenicite da se odreduvaat po taa osnova. Takva partija ne mozi da se registrira nitu pak da ucestvuva vo politikata na taa drzava a kamo li da bide del od vladata, zosto takvite partii nikogas nema da rabotat vo interes na drzavata.
Од: Трпе
Датум: 26.09.2008 09:14:32
Напред ,Николај со вакви овци за стриженје,добро напредуваш во уништуванјето на Македонија.Срека си е срека,Николај не го бидува на 2 магаринја да подели сено а човеков е премиер,знае само да се слика а кога се решават важни проблеми се крие под сукнјата на женаму.
Од: Katerina
Датум: 26.09.2008 09:58:09
tepacki,incidenti,polnenje kutii, zaplasuvanje, agitiranje imase i na poslednite,vonredni izbori,dali toa znaci deka i ovaa vlada nema legitimitet? za da se spreci seto toa instituciite na sistemot treba da si ja vrsat pravilno svojata rabota,a ne da se bara izbiranje bez cenzus.znaci nekoj dozvolil( gi zatvoril ocite) da ima polnenje kutii,incidenti,tepacki... ako ne se ispolitizirani instituciite vo drzavata setoa toa nema da se slucuva.vaka,bez cenzus narodot nema potreba da odi na glasanje,ke izlezat partiskite vojnici ,ke glasaat i ete ti pretsedatel bez cenzus,ni polnenje kutii,ni agitiranje od kuka vo kuka,ni trosenje ogromni sumi pari.ne barajte smena na zakonot za izbori,bidete doblesni i organizirajte izbori so koi ke se gordeeme.
Од: gragjanin na RM
Датум: 26.09.2008 11:26:11
Pozdrav do avtorot na tekstot i drugi avtori vo ovoj a i vo site vesnici. Ve molam pred da pi{uvate latinski zborovi i izrazi, proverete vo recnici , enciklopedii, zborot census znaci popis, a consensus - mislewe na mnozinstvo... Ne mi se cita nisto stom vidam deka avtorot(avtorite) ne gi proverile osnovnite poimi...
Од: dimitar
Датум: 26.09.2008 15:21:12
Zasto be, sto e problemot? Dve raboti da vi bidat jasni. 1. Pretsedatelot ke bide od BMPO, bez ogled na toa dali e izbran so eden, so dva kruga ili vo parlamentot. 2. Nema potreba od potpretsedatel, osobeno ne so nacionalna predizpozicija na nekoe malcinstvo, bez ogled dali doslo od Kosovo Pole, Albanija, Metohija ili e vo Makedonija rodeno.
Од: sladj
Датум: 26.09.2008 17:16:04
a, da objavevte nekade deka pocinala Sonja Savic?? zenata si umre, ja zakopaa..od vas nikakva vest...sramota!!!!
Од: nikoj
Датум: 26.09.2008 17:31:01
Kasnis eden den. Vesta za Sonja Savik izleze vo vcerasniot broj.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Талат Џафери се откажа од пратеничкиот имунитет
Македонското општество омекнува
За статусот на МПЦ нема да се решава на православниот собир
Се предлага закон за студентски правобранител
По 250 евра за разрешените претседатели на изборни комисии
Ќе се менува Законот за слободен пристап до информации
Шекеринска бара од Велјановски нова расправа за Деловникот
Европската безбедносна политика значајна и за регионот
СПМ повикува на единство во однос на прашањето за името