Број 3032  петок, 10 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Само Маневски се спаси

Собранието денес ќе расправа за изборот на новите министри

Оливера Војновска

Од политичкиот земјотрес во Владата што ги зафати министрите во три клучни ресори - евроинтеграции, финансии, образование, потоа земјоделство, двајца заменици на министри, генералниот секретар, се спаси министерот за правда, Михајло Маневски. Иако токму Маневски се споменуваше во сите комбинации за реконструкција на Владата.

Неговото име во изминатиот период се врзуваше со повеќе афери, како што се проблематичната приказна за примањето плата и пензија, но и пензионирањето на неговата сопруга, судијката Филимена Маневска.

Премиерот Никола Груевски експресно најде замена за министрите кои заминуваат од владиниот кабинет и изборот на новите функционери треба да биде верификуван во парламентот денеска на посебна собраниска седница.

Вчера се шпекулираше дека премиерот им се заблагодарил на уште тројца министри (Иво Ивановски, Веле Самак и Елизабета Канческа-Милевска) по што тие „доброволно“ поднеле оставки, но тоа официјално не беше потврдено.

Инаку, Груевски оди на варијантата со оставки, бидејќи доколку предложи разрешување на министрите, а нивниот број биде поголем од седум (една третина од вкупниот број министри во кабинетот), Собранието, според Уставот, ќе мора да одлучува како за избор на нова влада.

И додека се случуваат силни потреси кај вмровските министри, оние од редовите на ДУИ, барем засега, се спокојни. Од партијата на Али Ахмети цело време даваат изјави дека се задоволни од работата на своите министри.

Пратениците уште завчеравечер ги добиле оставките на министрите за образование и за земјоделство, Перо Стојановски и Ацо Спасеновски, како и на заменик-министерот Христијан Делев во Земјоделство и Љупчо Димовски од Транспорт и врски, кој ќе биде избран за прв човек во ресорот за земјоделство.

Во Собранието пристигна и оставката на вицепремиерот Ивица Боцевски, кој прв ја напушти функцијата, како и оставката на вицепремиерот Зоран Ставревски, кој ја поднесува формално за да може потоа да биде избран за министер за финансии. За сите овие оставки во парламентот нема да има расправа, иако доколу сакаат министрите, можат да образложат зошто се решиле на ваков потег.

Трајко Славески, единствениот министер кој Груевски го разреши во овој бран „поради потребата од зајакнување на организацијата и ефикасноста на Министерството“, има на располагање 15 минути да им се обрати на пратениците и да каже нешто во своја одбрана.

Според новиот собраниски Деловник, расправа може да се отвори само доколку тоа го побара некоја пратеничка група и доколку биде изгласано од парламентот. Но, такво нешто тешко дека ќе се случи со оглед на тоа што владејачката коалиција контролира двотретинско мнозинство во Собранието.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Цветанка Иванова, на вчерашната собраниска седница, барајќи да се повлечат точките што се однесуваат на закони од министерствата во кои министрите се во оставка, рече дека поради неуспешната владина политика, оставка треба да си поднесе премиерот Груевски. Според најавите, опозицијата денеска ќе ги искористи сите можности за да го критикуваат „катасрофалното владеење на Груевски кое се граничи со диктатура“. Така што, говорите на пратениците од СДСМ за изборот на новите министри, всушност, ќе бидат насочени кон премиерот. Социјалдемократите велат дека „на седницата ќе може да се слушнат интересни работи“.

Во владејачката ВМРО-ДПМНЕ и вчера не сакаа да кажат ниту збор за проветрувањето на владиниот кабинет. Оттаму се извлекуваа дека „не сакаат да паѓаат на провокациите на опозиционерите“.

Пратеникот Сулејман Рушити од Нова демократија, кој беше министер во претходната Влада на Груевски, го прашува премиерот што се случува навистина во Владата? Рушити е во дилема „дали се работи за лична и професионална неспособност на одделни министри или нефункционирање на владината програма“.

Серијата оставки во Владата и разрешувањето на првиот финансиер за пратеникот од ДПА, Имер Алиу, е доказ за пропаѓање на „еден неуспешен владин проект кој доживеа катастрофален пораз на сите полиња: ЕУ, НАТО, економија...“

Инаку, министерот за образование, Стојановски, за разлика од своите колеги, кои оставките ги образложиле во неколку реченици, своето заминување го образложува на пет страници. Притоа, меѓу другото, тој со жалење констатира дека „и покрај силната и искрена желба, не успеал во залагањата за деполитизација на образовните институции, како и за отстранување на политиката од училиштата“.

Министерот за земјоделство, Спасеновски, во својата куса неотповиклива оставка пишува дека ја дава почитувајќи го „договорот меѓу премиерот и претседателот на СПМ за неговото натамошно ангажирање“. Спасеноски вчера беше во Собранието и на седницата бранеше закони од земјоделскиот ресор. Неговиот заменик Делев заминува од лични причини. Вицепремиерот Боцевски уште минатата недела му напиша на премиерот „дека неговиот придонес во актуелната Влада целосно е исцрпен“. Ставрески кусо навел дека си поднесува оставка поради заминување на друга функција.

Премиерот Груевски го предлага Ставрески за нов министер за финансии (кој подоцна ќе добие и вицепремиерско место во Владата). Образованието ќе го води досегашниот директор на Скопски катастар, Никола Тодоров, а нов министер за земјоделство ќе биде Љупчо Димовски, со Перица Ивановски како заменик- министер. Директорот на СЕАФ-фондот, Владимир Пешевски, и професорот на „Њујорк колеџот“ Васко Наумовски се предложени за министри без ресор, а потоа ќе бидат избрани вицепремиери задолжени за економија и за евроинтеграции. За заменик-министер во Транспорт и врски е предложен Горан Михајловски, вработен во ЈП „Водовод“ во Битола.


#
Статијата е прочитана 3636 пати.

Испрати коментар

Од: mirce
Датум: 10.07.2009 00:08:17
Vele Samak naj nesposobniot Minister vo dosegasnite vladi treba da se izbrka. Makedonija nema vreme za gubenje so vakvi nesposobni tipovi.
Од: Трпеt
Датум: 10.07.2009 00:36:20
Нормално дека Маневски ќе се спаси.Така пишуваше во сценариото на мистер Рејтинг.Во серијалот,Маневски е стар волк и волк ќе си остане.Пастирот не смее да го разлутува волкот за да не се открие неговиот валкан веш, по реата може да заглави целото стадо.
Од: буби53
Датум: 10.07.2009 00:49:53
Наместо да менува министри треба сам да си даде оставка. Не верувам дека министрите работеле нешто на своја рака без да знае вождот. Ке дојдат нови министри пак ке остане се по старо.Госпот нека ни е на помош?????
Од: Уцена!
Датум: 10.07.2009 01:11:32
Министерот за правда очигледно го уценува премиерот и така ја задржаува својата фотеља! Значи, Груевски не смее да го смени, бидејќи се плаши дека министерот може да „пропее“ за „гешефтите“, односно за валканите работи на премиерот! После толку афери, неразбирлива е неподготвеноста на Груевски да го смени Маневски, бидејќи овој министер постанува огромен товар на Македонија!
Од: kole
Датум: 10.07.2009 01:12:00
Маневски се спаси, Македонија се ВЏАШИ, се гледа дека Грујо му е голем должник на Маневски... во нормални држави Маневски не може ни минут да остане на власт, ама со ова мајтап државче секој игра како сака...............Аферим македонијо, сама си ги гласаше.............
Од: mitko bi gi smenil i preostanatite
Датум: 10.07.2009 04:57:18
Site go napagaat Manevski zatoa sto zel penzija, podobro da go napadnat zosto zema uste plata. Penzijata mu sleduva. Jasno, prvo da se vidi na sudenje negovata uloga vo gonenjeto na neistomislenicite pri krajot na osumdesetite godini. Znaci toj e prviot od preostanatite sto treba da se smeni. Ne ja biduva ni Dance_policajce, edinstvena rabota sto raste vo ovaa zemja e brojot na oruzani plajcki za sto taa jasno nema odgovor. I Milosovski treba da se isprati kaj zena mu. Da ne go zazboravam i Janakievski za koga pocnaa da se siraat aferi za matni zdelki. Za Samak da ne zborime. Soberi izvadi slabi se VMRO-vcive se mediokritet do mediokritet, a do niv ponekoj i malku zaostanat.
Од: sandra
Датум: 10.07.2009 07:21:29
Ocigledno Gruevski se izgubil vo svoite sto cekori.Glavniot za skandali Manevski ne e razresen iprerodbata prodolzuva
Од: lule
Датум: 10.07.2009 08:24:41
Vistinski potek na premierot za rekonstrukcija iako mora da kazeme deka e prinuden, no Manevski reziduelniot ostatok od bivsiot sistem(komunjara teshka) e prviot sto treba da se rekonstruira...... a ako se spasi tesko na DRzavata
Од: iki
Датум: 10.07.2009 08:38:38
E GRUJO gruica timot koj ti samiot si go sostavi i velese deka toa e najdobroto od makedonija poleka no sigurno se raspaga kako ne ti e stram za se kriv e nekoj drug samo TI SI MAKEDONEC smesno ajde ne se blamiraj priznaj deka ne te biva i zamini nekade kade samiot ke si se gledas vo ogledalo i ke si se gordees MANESKI bil cist a drugive a narocito Slavevski ne cinel kako ne ti e stram ministerot zaq obrazovanie zaminuva poradi nesoglasuvanje so DUI a da e tragedijata pogolema imal pritisoci od maticnata partija na OVCAROT GRUJO GOTOV SI.
Од: korektorot
Датум: 10.07.2009 09:14:14
Тоа што грујчо му е должен на дедо Михаил, (не тој попот) и врапчињата го знаат. Михалјо најмногу да му е благодарен на Бучковски што потегна за скандалозната лакомост за плата и пензијана, па грујчо како што го дал Господ, за инает една вреќа сол ке изеде а не да разреши министер по барање на Бучко од опозиција кого ни на сон не сака да го сретне. Поздрав до сите што давате коментари, пишувајте кирилица, помалку ќе се мачите барајќи адекватни букви во латиницата.
Од: Anonimen
Датум: 10.07.2009 09:15:13
Се прашувам, се прашувам, што сѐ знае Маневски? И до кога ќе трае cosa nostra ситуацијата во ВМРО ДПМНЕ? Кога ќе пукне тиквата, која ќе веќе напрсната? Ќе биде забавно до крајот на годинава, со задоволство ќе гледам како политичарите се нервираат и потат.
Од: Izguben vo prevodot
Датум: 10.07.2009 09:29:27
Oprostete mu na Grujo.Premierot "se izgubi vo prevodot" Good-bye the big dreams!!!
Од: dragi
Датум: 10.07.2009 10:19:28
daj be narode veke osvestise steta sto glasavme za ovie ne upropastija ne donesoa do dnoto nema veke uste kade da se odi nadole daj premiere ti kako djentilmen dadisi ostavka kurtulise i ti i nie ...
Од: pravnik
Датум: 10.07.2009 10:28:13
Manevski rulzzzz!!!
Од: Светлана
Датум: 10.07.2009 11:24:55
Се мислам што треба да направи Маневски за да го разреши Грујо, аферата со пензии и тешко променливата г-ѓа Маневска (де бе каков стручњак е таа што ја потресе државата ) по се изгледа се малку -па ајде ќе почекаме на следната афера што ќе ја направи Маневски па можеби тогаш ќе биде сменет!!
Од: viki
Датум: 10.07.2009 11:30:31
ako prodolzi vaka da gi razresuva ministrite,gruevski da vodi smetka dali kje ima tolku lugje od familijata za da gi postavi na ispraznetite mesta
Од: sakio
Датум: 10.07.2009 11:41:06
mihajlovski sredi "se " vo bitola pa na red e ministerstvoto
Од: slartibartfast
Датум: 10.07.2009 13:19:03
Manevski napravi ogromna steta vo pravosudniot sistem sto dolgo vreme nema da moze da se ispravi. Idiotski zakoni samo da se namali brojot na predmeti vo sudovite i da se pokaze pred EU deka ima uspeh vo reformite, a toa povlekuva uste po spora postapka, zgolemeni trosoci. Notarite ne se kadarni da rabotat i ostavina i platni nalozi, nekoi nemaat polozeno pravosuden ispit, nemaat dostavna sluzba i sl. Manevski ti e Katastrofa, a Grujo ne gleda ili svesno se pravi kor.
Од: Trpe original
Датум: 10.07.2009 13:30:48
Oof lelee!!!!Katastrofa!!!

Најди! во Утрински
На прво место
Министрите на ДУИ на дневен ред во септември?
Зошто мораше да замине Славевски
Нема меден месец за новите министри, порача ЕУ