Број 3455  понеделник, 13 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
На прво место

Мрачни денови за балканските премиери

Политичката корупција во регионов е посилна дури и од класичниот криминал. Во политиката се влегува не за да се остваруваат идеи, туку за брзо збогатување

Гордана Дувњак

Доаѓаат ли црни денови за политичарите на Балканот? Според она што се случува во Хрватска, која ја тресе корупциски земјотрес, може лесно да се случи потресите да добијат домино ефект во Западен Балкан. Во земјите што традиционално важат за корупциски рај, каде што поговорките од типот „парите вртат таму каде што не може ни бургијата“ се дел од народното творештво.

Дали под притисок на барањата на Европа неминовно ќе мора да се интензивира борбата против корупцијата, бидејќи тоа е и еден од најважните услови за приближувањето на овие земји кон ЕУ. Експертите се убедени дека колку земјите се поблиску до оваа цел, толку наближува денот кога мора да дојде до конечна пресметка. Доаѓа времето кога треба да им се стави крај на политичките договори за ненапаѓање и за амнестија од криминал и кривично гонење.

Поранешниот словенечки премиер, Јанеш Јанша, беше обвинет дека примал мито при склучувањето на најголемиот договор во историјата на Министерството за одбрана. Според обвинението поднесено од словенечкото Обвинителство, Јанша при преговорите со финската компанија „Патрија“, за зделка вредна 278 милиони евра, прифатил пари за Словенечката демократска партија.

Хрватска моментно ја тресат бројни корупциски афери. Симболично, на денот кога се одбележуваше светскиот ден во борбата против корупцијата, во „липа наша“ се правеа последните подготовки за задавање на последниот удар. Поранешниот хрватски премиер, Иво Санадер, е притворен за неколку корупциски афери, а под ударот на правдата во последните месеци се најдоа и неколку негови најблиски соработници.

Санадер, кој веќе се нарекува „глава на октоподот“ (ви звучи познато?), се товари за здружување поради извршување казнено дело во случајот „Фими-медија“ и поради злоупотреба на положба и овластување во предметот „ХЕП-Диоки“. Во првиот случај станува збор за извлекување 120 милиони куни од составот на јавните претпријатија со помош на маркетиншки агенции во сопственост на Невенка Јурак, за што е осомничен и Младен Баришиќ, поранешен благајник на ХДЗ, директори на неколку јавни претпријатија и Иво Санадер. Обвинителството се сомнева дека Санадер ја злоупотребил положбата премиер за да го наговори Иван Мравк, поранешен претседател на управата на ХЕП, на незаконско давање заеми од 15 милиони куни на фирмата „Диоки“, која била и најголем должник на ХЕП, а чиј сопственик е пријателот на Санадер, Роберт Јежиќ.

Поранешниот вицепремиер и актуелен министер за економија, Дамир Поланчец, беше осуден на 15 месеци затвор на 15 октомври за вмешаност во аферата „Подравка“. Ако не биде прифатена неговата жалба, тој ќе биде највисок хрватски функционер осуден за корупција. Неговото име се спомнува и во една друга корупциска афера, за која е условно осуден за злоупотреба на службената должност во врска со некој бизнис- договор во неговото родно место.

„Подготвен сум да ја преземам одговорноста за се' што сум сторил, но не би сакал да ги преземам гревовите на целата влада и на претседателството на ХДЗ“, изјави Поланчец, кој по неколкунеделното пишување на медиумите даде оставка.

И бившиот македонски премиер, Владо Бучковски, е дел од шареното елитно друштво на високи балкански функционери на власта, кои се најдоа на обвинителна клупа. Актуелниот пратеник од редовите на СДСМ се' уште не ја завршил битката за докажување на својата невиност по македонските судови, бидејќи по укинувањето на пресудата за случајот со резервните делови за армиско оружје процесот е вратен на почеток.

Обвинителството моментно проверува дали има злоупотреба на службената должност и на уште еден бивш премиер. Но, со таа разлика што под лупа на Обвинителството е трошењето на 340.000 евра за интелектуални услуги во аферата „Надеж“, но за времето кога актуелниот шеф на опозицијата, Бранко Црвенковски, бил шеф на државата.

Ситуацијата во Србија и во Босна и Херцеговина е уште полоша. Овие две држави од сите држави од поранешна Југославија се најслабо пласирани на листата на „Транспаренси интернешенел“ во борбата против корупцијата. Србија го зазема 83. место, а Босна и Херцеговина – 99. место и се на дното на балканското скалило.

Во еден радиомост што го организираше Радио Слободна Европа во мај оваа година, со челните луѓе на две институции што се занимаваат со истражувања за корупција во овие земји, беа отворени повеќе дилеми: дали се носат закони по мерка на тајкуните, поради што Мирослав Мишковиќ, најбогатиот тајкун во Србија, е недопирлив, или зошто судските процеси против босанско-херцеговските политичари обвинети за корупција, обично, завршуваат со ослободителна пресуда.

Емир Џикиќ, претседателот на Одборот на директори на „Транспарентност интернешенел“ за Босна и Херцеговина, ќе рече:

„Последните години во БиХ воопшто не се работеше на антикорупциските програми, додека во другите земји од регионот барем се работеше нешто на планот на законодавството. Во нашата земја не постои ни агенција за борба против корупцијата, а судската, законодавната и политичката власт се испреплетени и поврзани. Практично во оваа земја нема никој што е подготвен да се бори со корупцијата“.

Прашана околу тоа зошто најбогатите тајкуни, како што е Мишковиќ, се недопирливи, претседателката на српскиот Совет за борба против корупцијата, Верица Бараќ, ќе го констатира следното.

„Тој навистина прави се' што одговара на неговите приватни интереси, со тоа што тоа сега е претворено во државна политика, па излегува дека она што е корисно за Мишковиќ е корисно и за државата“, рече тој, дополнувајќи дека не случајно токму тој (Мишковиќ) е еден од главните соговорници на владата за излегување од економската криза.

За првиот човек на македонската „Транспарентност - нулта корупција“, Слаѓана Тасева, не се случајни оцените за регионот за земјите од Балканот и тоа што политичката корупција е во предност пред конвенционалните видови криминал.

„Тоа во голема мера е резултат и на долгата транзиција, но уште повеќе на традицијата за востановување центри на политичка моќ што ја имаат целата контрола врз сите сегменти на општествата“, вели Тасева.

Но, таа е убедена дека она што се случува во Хрватска ќе има рефлексија и на другите земји од регионот.

„Гледавме што се случува во Бугарија, во Словенија, а сега и во Хрватска. Едноставно, нема да може да се продолжи со политичките дилови ’за ненапаѓање‘ и државите ќе мора да почнат да се справуваат со криминалот и со корупцијата“, вели Тасева. Таа посочува на однесувањето на наследничката на Санадер, премиерката Јадранка Косор, која мораше да даде поддршка на она што го прават тамошните органи.

„Македонија не може и да сака да биде надвор од овие процеси и мора да се откаже од селективната правда и од симулирањето борба против корупција. Во таа насока, како некаков знак го гледам и она што се случува со газдата на А1, Велија Рамковски, бидејќи е дојден ден кога власта ќе мора да се откаже од оние што долго време ги штитела“, додава таа. (Г.Д.)

ОКТОПОДИТЕ И НИЕ

Октоподи има во сите земЈи на Балканот. Шефовите на тие октоподи се менуваат како што се менуваат владите

Во БиХ не постои ни агенција за борба против корупцијата

Емир Џикиќ

Политиката на тајкунот Мишковиќ во Србија стана државна политика

Верица Бараќ

Ова што се случува со Рамковски е добар знак за борба против корупцијата

СЛАЃАНА ТАСЕВА

 


#
Статијата е прочитана 4113 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 13.12.2010 12:11:14
Deneska Sanader, utre Gruevski. Bucko gi stavil pod tepih haskite slucai. A gruevski, koj sto e na vlast vece cetiri godini?
Од: ФЕЛИКС
Датум: 13.12.2010 12:16:44
Воопшто нема да им се допадне онаа паралела,,Санадер глава на октоподот(звучи познато)на Феличита,шаховскиот чирак,ајван др. и други истоветни коментатори.Дури и експремиерот нивни е посочен како пример.Ако се знае да е во процедура НАДЕЖ,да се води истрага во Германија за Дојче телеком и тукашни политичари од онаа власт 2005 год. испаѓа да на опозицијава наша не и се пишува добро.
Од: jovan
Датум: 13.12.2010 12:38:13
A uste pocrni za narodot.
Од: sime
Датум: 13.12.2010 13:59:58
Feliks pisuva za opozicijata???? Ami sto misli kakov e negoviot Grujica????? Za cist li go esapi???????
Од: jane s.
Датум: 13.12.2010 14:02:24
tesko na narodot,nas obicen.samo so primer za glavi ta i ribata i nejzinoto odstranuvanje(citaj Hrvatska)nes to ke se postigne.kolku i dali toa ke e dolgorocno,se zavisi od kasapot kolku i kako dlaboko secel
Од: bern
Датум: 13.12.2010 14:04:44
ma sto e bitno dali ke odat vo zatvor,neka istrunat,nisto toa nema da izmeni vo sostojbite kaj nas se dodeka ne caruvaat familii kako mafija vo drzavite
Од: nekoj
Датум: 13.12.2010 14:22:11
Tokmu taka Feliks, no zaboravi da gi dodades i tvoite tuka... Na kraj narodot ke vi sudi na site vam. Zaboravate deka najgolem del se neopredeleni i voospto ne zainteresirani za politika, no zatoa mnogu dobro znaat i sakaat otcet za nivnite potroseni pari!
Од: Ајван Доктор®
Датум: 13.12.2010 14:47:11
Феликс,душо...само што помислив дека ти се скршиле окалцата,а ти вака Да Опсервираш!?!Зарем навистина мислиш дека Корумпиран политичар,со семејни врски во ДБ и лешинар со 4 мамини станови,стекнати за една година,може да се бори против корупција и криминал?Прашај ги претпоставените,зошто недостасуваат документи за 14 јавни набавки во Министерството за култура!Ах,заборавив!Со МК владее опозицијата!
Од: borce
Датум: 13.12.2010 15:08:25
Nema politicar chto ne zasluzuva zatvorska kazna site se zanimavaat so kriminal.Toa bogatstvo chto go imaat ne moze da go imaat od pochtena rabota .najdobro e politicari da ne postojat pochto go zagrozuvaat zivotot na ostanatite luge.najgolemi ne rabotnici denes politicarite stanaa kriminalci nikoj nichto ne im moze.
Од: mene
Датум: 13.12.2010 15:36:40
Sega e retkost da najdes posten covek,od vladetelite nadolu site gledat samo voo parite,a zrtva e obicniot i cesniot covek.Nekoj crnacki rrabotat za gol zivot ,nekoj na lesen nacin doagjaat do kup ppari.Nema pravda.
Од: karokan "gambit"
Датум: 13.12.2010 15:48:12
Felixsence,(taka li e nekako deminutivna forma od tvojt nik) ne obiduvaj se da me navleces vo kafaknsko prepukuvanje,kade lsno davas "suster mat".(vsusnost vece ni vo obicna birtija moze da se sluci toa).Ne obiduvaj se da mi pravius paraleli so Sanader,Ramkovski i slicni.Koga sme kaj Ramkovski,TI uporno se obiduvas da gi ispomesas rabotite (verojatno taka nahjlesno "lovis"),poistovetuvajki go nedemokratskoto vlijanie vrz mediumite so nekoj si (uste neotkrien) kriminal. Vece ti dadov nasoka i za "zakanite",a i za "policiskata asistencija".Nitu za edna ne se javi za dorascistuvanje. Bez polozen pismen del od ispit,voopsto ne se odi na usten del!!! Ti e jasno ili ne???????????????
Од: забеган.
Датум: 13.12.2010 15:54:28
Феликс ајде душо ПРОДАДЕНА сега муе мајката.Ако сте чисти сите од опозиција Затвор.Сега сте големи и моќни.Немој да сметаш на Опозицијата ако дојде на власт ќе ви прости.Секако ако сте прљаави.Ако сте чисти никому ништо.Колку сте чисти други ќе кажат.Ако неги запалите документите од тендери.Ете ви фалат 14.Од култура.Но вероватно некој си прави архива,Па ќе си направи Македонски Викиликс.
Од: јас (Прилеп)
Датум: 13.12.2010 16:41:57
Ех Среќко ,Среќко ...Колку лесно забравате вие од портокаловата боранија...Колку само „Фими-медии“ имамем кај нас? Не се секирај , за година-две ќе излезат и тие на видело...П.С. Дали некои главни портокали отидоа кај Мугабе да видат клима , поднебје и дали случајно имаме потпишано реципроцитет за враќање на бараните со потерници ..Што го знаеш , избори се ближат !!
Од: Zvonko
Датум: 13.12.2010 16:54:23
Me cudi sto nikoj ne go spomenuva vojvoda Ljubco G.ispagja deka toj bil najcesniot premier.Spomenuvate Balkan,a ne se spomenuvaat Bugarskite,Romanskite,Grckite,a da ne zboruvam za Crna Gora
Од: ?!
Датум: 13.12.2010 17:45:04
Е,не може во исто време да не се биде ��ролетер,и главата да не ти биде вторба.
Од: Hari
Датум: 13.12.2010 18:55:07
Popusto e da se komentira so Felix, koj si zarabotuva za leb, no ajde dosaden si so toa "nadez". Eden mesec e predmetot vo javno obvinitelstvo ( Kutriot Selimi , on si znae zosto, vednas najde kriminal) i za mesec dena da ne se izleze so obvinenie pogotovo pred Velicenstveniot mars na Partizanska, znaes li zosto, zatoa sto se e regularno i toa bese obid na Grujo so pomos na vosocniot Gorge da go ocrni BC, no nema nistro ods toa
Од: ilija
Датум: 13.12.2010 19:59:39
za nasijot premijer netreba dase plasime za sadnje drvca i bronzani spomenici nese odi vo zatvor ustvari on drugo i neznaje.
Од: Inercija
Датум: 13.12.2010 22:28:27
Vo pogled na organiziraniot kriminal postoi inercija uste od pocetokot na tranzicijata i mosne tesko e taa da se zapre a kamoli da se iskoreni. Politicarite se pridrzavaat na praviloto: sega e momentot da si gi resam problemite i da si gi obezbedam licnite i semejnite interesi, a za drzavata i narodot neka vodi smetka nekoj drug. Care?
Од: Makedon - iselenik
Датум: 14.12.2010 09:12:52
Gordana, malku da ja podturneme rabotava za rasccistuvanje so korupcijata na najvisoko (premiersko) ili drugo nivo! Na primer, aj neka se rascistat slucaite so privatizacijata na OKTA (Pa Ljubco otvoreno veleshe deka e, spored nego "normalno" covek na opozicija da se "omrsi"); nabavkite vo MVR za vreme na ministerkara Dosta Dimovska (klasiccno perenje na pari), Brankovite akcii vo SEMOS (ima li voopshto kraj na ovaa lista?). No sekako najgolem biser e privatizacijata na EVN pri shto, za da ja dobijat Avstrijcite, nekoj lapnal 14 milioni evra. Koj e toj nekoj istrazzuvajte vie novinarite, no edno sum siguren - toa ne sum jas, tuku pak nekoj od "vrvot"

Најди! во Утрински
На прво место
 

Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu
Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary