Број 3396  петок, 01 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Вести








Site Meter
На прво место

Политиката против математиката во ОН

Кој го одиграл признавањето од Сирија - е прашање за кое на големо се интересирале и странските амбасадори во земјата

Слободанка Јовановска



Македонија го помина психолошкиот праг во Генералното собрание на Обединетите нации, откако деновиве Сирија повлече неочекуван потег и го призна уставното име на државата. Веста, сепак, имаше поголем одек во Грција отколку во Македонија, иако со ова 129. признавање теоретски станува реална опцијата спорот да се стави на гласање во Генералното собрание, бидејќи Сирија не' доведе до фамозното двотретинско мнозинство кое може да изгласа одлука во прилог на нашата држава.

Во моментов во ОН има 192 земји-членки, па со проста математика може да се дојде до констатацијата дека Македонија го достигна моментот на кој работеше од 1992 година досега. Зошто, сепак, ваквата вест не ја возбуди јавноста во нашата држава и помина рутински во медиумите?

„Признавањето не е математика, туку политика“, е првата реакција на дипломат упатен во признавањата на Македонија, кој вели дека овој чин на Сирија нема да смени ништо во моменталната статус-кво ситуација. Според неговите проценки, и сите 159 земји што имаат билатерални односи со Македонија да не' признаа со уставното име, исходот од гласањето во Ген��ралното собрание никој не може да го прогнозира, бидејќи нема гаранција дека сите што решиле да ни се обраќаат со Република Македонија така ќе гласаат и во ОН, каде што има се' уште актуелна резолуција што бара решение на спорот.

Според него, одлуката има тежина, бидејќи е донесена во „чуден момент од чудна земја“, кога и најголемите поддржувачи на уставното име (САД) притискаат за компромис со Грција и од земја која од непознати причини (интереси) си става здрав трн во ногата, т.е. во инаку многу добрите односи со Грција.

Очигледно е, според овој дипломат, дека има голема политичка заднина зад одлуката на Дамаск, односно или зад неа стои Турција, или со неа сака да и' се даде сигнал или аргумент на Атина пред своите граѓани дека ете, победата не е загарантирана, па мора да се прави отстапка и од нивна страна.

Ексамбасадор на Македонија, кој сака да остане анонимен поради дипломатската деликатност, во признавањето пред се' гледа добра вест за нашата држава, во смисла дека ја зајакнува нашата преговарачка позиција во моментов, иако многу поголем ефекти би имало ако партиите во земјата изградат национален консензус околу спорот. Тој посочува и на разните форми на признавање на уставното име, од целосно, само во билатерална комуникација па до користењето само во некои документи, како што го прават Израел и Романија.

Турција или албанскиот фактор како евентуални играчи околу одлуката на Дамаск, е проценката на наш долгогодишен дипломат кој ја остави отворена можноста во сето ова да замешала прсти и Русија. Според неговата анализа, Турција секогаш помагала околу спорот на Македонија, но досега немаше ефект во Дамаск, а Русија од неодамна стана актер во политичките комбинаторики на македонскиот државен врв, па колку и да звучи сега нереално, не може да се исклучи и таа заднина.

Тој ги исклучува САД од играта, оценувајќи дека ако сакал Вашингтон да и' праќа некакви сигнали на Атина можел да сврти неколку телефона и да не' признаат многу повеќе држави од Латинска Америка. Неофицијално, кој го одигра и како признавањето е прашање за кое на големо се интересираат и странските амбасадори во земјата, кои биле сосема затечени па и непријатно изненадени бидејќи одлуката е во спротивност со она што го бараат од Македонија и од Грција.

Генерално, и да се сфати како зајакнување на позицијата на Македонија, или да се оценува како безначајно, признавањето, според сите оценки, се гледа како потврда дека нашиот државен врв не работи на решение и компромис. „Македонија очигледно продолжува со логиката на конфронтација и свесно оддалечување од компромисот“, смета екс-функционер, со забелешка дека сепак тоа нема да смени многу во преговорите зошто и онака ги нема, а нема да ја направи потврда грчката позиција бидејќи и така е тврда. Според него, секогаш кога во барањето излез ќе се вклучи Турција тоа значи дека Македонија не игра на решение, а стратегијата на броење на признавањата веќе еднаш крахираше во Букурешт.

„Според ист калап се бориме за нови признавања, иако дури и оние што ги сметаме за наши пријатели во Советот за безбедност не знаеме како ќе се изјаснат сега околу името на Македонија“, вели тој. Притоа потсетува дека Палестина во моментов ја имаат признато 109 земји во светот а сепак таа нема место во ОН и не е функционална држава. „Македонија за четири години од независноста до Времената спогодба ја признаа само 45 држави, додека Косово за една година по декларацијата осумдесет отсто повеќе, што покажува дека решението е можно само со стратегиска одлука на меѓународно ниво“, е оценка на овој експерт.

Министерот Антонио Милошоски вчера во парламентот, сепак, најави дека Македонија „има капацитет и потенцијал за продолжување на политиката на етаблирање во меѓународните организации и преку склучување билатерални договори за воспоставување дипломатски односи со државите-членки на ОН“. Тој барањето признавања под уставното име го оцени како суверено право на секоја држава и прашање на заемен интерес.

Листата со признавања со уставно име веќе неколку години е државна тајна така што има само неофицијални информации околу неа. Според тоа што дознава, меѓу земјите што ја признале Македонија со БЈРМ и не го користат уставното име се Австралија, Египет, Шпанија, Франција, Германија и Мексико, кое беше во нашиот па прејде во грчкиот табор. Кипар Монако, Грузија, Малта. Сан Марино, Либан , Јужна Кореја, Филипини, Бутан и некои други мали земји воопшто немаат дипломатски односи со Македонија, бидејќи ние ги условуваме со уставното име. Овие триесетина земји се последните „мохиканци“ против одбраната на името на Македонија, но во малку од нив може да се употреби муслиманската карта, како што стравуваат во Грција. (С.Ј.)


#
Статијата е прочитана 1665 пати.

Испрати коментар

Од: mene
Датум: 01.10.2010 12:28:20
Неофицијално, кој го одигра и како признавањето е прашање за кое на големо се интересираат и странските амбасадори во земјата, кои биле сосема затечени па и непријатно изненадени бидејќи одлуката е во спротивност со она што го бараат од Македонија и од Грција. Neprijatno iznenadeni????? Gospod neka ni e napomos,
Од: mkd
Датум: 02.10.2010 08:30:12
Namesto da recete bravo za Makedonskata diplomatija nezavisno so cija pomos bilo vie davate cudni komentari.Sramota

Најди! во Утрински
На прво место
Колку чини битката за името?
Секој со својата одговорност, порача премиерот






Bulgarians proud to see one of their own as president of Brazil
Sports and aid part of first regatta around Africa
Elections in Bosnia promise little change