Број 3456  вторник, 14 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Политика

Косите им обелеа чекајќи пензија

Тазе пензионираните се жалат дека и по пет месеци, немаат одговор од Фондот на нивното барање

Јасмина Јовановска

Многумина граѓани во земјава што завршиле со својот работен век со месеци чекаат да се стекнат со право на пензија. Некои од нив се жалат дека и по пет месеци немаат одговор на нивното барање за пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, иако ги исполнуваат условите за пензионирање. Поголемиот дел од нив сметаат дека постапките за добивање пензија Пензискиот фонд намерно ги развлекува, односно намерно доцни со решавањето на нивните предмети.

Некои од кандидатите за старосна пензија дури зборуваат дека барањата за пензии не се разгледуваат, бидејќи во пензиската каса нема доволно пари за исплата на постојните пензии, а не да се најдат пари, пак, за намирување нови пензии.

Една жена, која едвај дочекала да дојде до пензија, зашто има сериозни здравствени проблеми, беше запрепастена од односот на вработените во ПИОМ. „Како не им беше срам да ми кажат дека го изгубиле предметот, а кога дојдов повторно, ми кажаа дека го нашле. Зар предметите се игла, па тукутака да може да се изгубат. Или некој не си ја врши работата како што треба. Канцелариите во Фондот се полни со лица кои не само што не си ја знаат работата туку едвај може да се разберат со луѓето. Или, пак, можеби им е наредено да ги развлекуваат намерно постапките“, вели оваа идна пензионерка, која повеќе од 30 години работела како медицинска сестра и која на пензија чека од август. Друго прашање е тоа што цели пет месеци оваа жена нема никакви примања. „Да не беше пензијата на мажот ми, која е околу 12.000 денари, ќе умрев за леб. Секој ден пијам една рака лекови, за кои трошам најмалку по 2.000 денари месечно, па ни останува толку колку да преживееме“, додава оваа жена.

Има и слични поплаки. „Уште од август имам поднесено до Фондот за ПИОМ барање за пензија. Наполнив 62 години и имам право да се пензионирам, според законот. Ги доставив сите документи кои беа наведени во листата што ми ја дадоа со барањето. Но, со секое одење во Фондот ми велат дека недостига уште некој документ. На пример, немало документ за неколку месеци стаж, па потоа некој документ за боледување и слично. Зошто не ми го кажат тоа на почеток, кога го компелитираат предметот, туку ме малтретираат да се враќам по неколку пати во Фондот, иако здравствената состојба не ми дозволува многу да се шетам“, револтирано раскажува една жена од Куманово, која не сака да го открие идентитетот за да нема проблеми. Речиси целиот свој работен век го поминала како наставничка во едно основно училиште. Сега, како што вели таа, кога треба да ужива во пензионерските денови, се нервира и мака мачи како да дојде до пензија. „Како да им барам милостина, а не тоа што ми следува согласно со законот“, вели оваа кумановка.

На слични проблеми се пожали и Р.С., кој сакаше да остане анонимен. Тој требало дел од пензијата да добие од странство. „Имав трпение додека да ги соберам сите документи, зашто дел од пен��ијата треба да ја добивам и од Германија. Имаше и изгубени документи за дел од стажот. Додека ги собрав сите, поминаа речиси три месеци. А тие од Германија дојдоа за нецел месец. И кога на крај мислев дека целата работа е завршена, ми рекоа дека таа што го водела предметот не е тука, си заминала на боледување. И што сега, треба ли јас да ја чекам госпоѓата да се врати од боледување, а ако се врати по неколку месеци, што дотогаш“, прашува овој човек, кој цел живот работел физичка и тешка работа на објекти како електроинсталатер.

Зошто луѓето со месеци чекаат да добијат решенија за пензија, не добивме конкретен одговор. Раководството на ПИОМ си ја префрлаше топката еден на друг, со оправдување дека другиот ја знае повеќе областа. Од Фондот, сепак, се правдаат дека доцнење во разгледувањето на предметите имало само кај одделни случаи.

„Зависно од комплетноста на документацијата во предметот, зависи и времето на постапката за решавање на правата. При поднесување на барањето, не се врши контрола на податоците во документацијата што се поднесува, туку тоа се прави во понатамошната постапка, при што може да се укаже потреба од дополнителна документација или корекција на веќе доставената“, велат од ПИОМ, но зошто е тоа така не ни одговорија. Како што велат од Фондот, на службите, секако, им требало време, зашто комплетирањето на предметот било сложен и одговорен процес, бидејќи во стаж на осигурување се зема целиот работен век на осигуреникот, или се контролираат податоците од 1970 година досега.

Од ПИОМ, сепак, потврдија дека е можно во последниве два месеца да имало мало задоцнување во решавање на барањата за пензија, зашто сега биле во фаза на тестирање на електронскиот систем на комплетирање на предметите на идните пензионери. „И сега по електронски пат се издаваат решенијата, но се воведува систем со кој по електронски пат ќе се комплетираат предметите и ќе се разгледуваат барањата, со што ќе се скрати времето на чекање“, објаснуваат од ПИОМ. Оттаму негираат дека развлекувањето на постапките за пензија има каква било врска со немање пари во пензиската каса.

Поради краткиот рок за одговор, од ПИОМ се оправдаа дека не се во можност да достават подетални податоци за поднесени и решени барања. Но, тврдат дека од поднесените барања за старосна и за семејна пензија од август досега биле решени над 80 отсто, а останатите биле во постапка на решавање.

Инаку, јавна тајна е дека парите што се собираат од пензиските придонеси во пензиската каса не се доволни за пензиите на околу 270.000 пензионери. Околу триесет отсто од трошоците за пензиите се покриваат од државниот буџет.


#
Статијата е прочитана 2322 пати.

Испрати коментар

Од: zevzekman
Датум: 14.12.2010 12:43:32
cekaat da umre penzionerot... sega vo najnepovolna poziciuja se tie sto se izbrkani od rabota, kako tehnoloski vishok a ne zemaat od nikade pari . niv ke gi "umiraat" na zivo.. ovie od firmite ednostavno ne odat od rabota dodeka ne izleze penzija, tie sto zemaat nadomest od agencijata za vrabotuvanje isto taka zemaat se dodeka ne startuva penzijata..
Од: ilija
Датум: 14.12.2010 12:56:53
naj losoe koga covek mora dase moli za svojeto sto goje somaka zarbotil i zasluzil. sramota
Од: Od nekoj
Датум: 14.12.2010 13:04:31
"Bravo" Gruevski, kako se griziz za graganite. Sram da ti e.
Од: stojance
Датум: 14.12.2010 13:53:09
neli sds arno vikase nema ekonomska osnova za pokacuvanje penzii,nema osnova za pokacuvanje plati vo zdravstvo ama vie togas bravo grujo eve vi se vrati nema pari za penzija nema pari za lecenje mi se dfini amateri ja vodat makedonija..........
Од: emil usa
Датум: 14.12.2010 14:27:52
30 procenti od penzionerite se za zatvor,i toa mladi penzioneri sto nisto ne im fali.so 40 i 50 godini penzioner a raboti se i sesto i oprima penzija .zalosno e toa za drzavata.e zatoa nema fondot
Од: Magde
Датум: 14.12.2010 14:32:44
Gospodinot Gruevski e nafatiran i za nisto ne se grizi, ni za penzionerite, ni za zdravstvoto, ni za kriminalot, ni za haoticniot otkup na zemjisteto....se e tolku mnogu ochajno, a najocajno e ova sto vlasta se glupira so Velija Ramkovski, toj uste e na sloboda!!!
Од: borce
Датум: 14.12.2010 14:34:47
Sramota za drzavata chto dozvoli da se pravi kriminal vo firmite i nie chto sme rabotala chto treba da dobijeme penzija od koja treba da ziveem poradi toa chto nekoj kradel a ne odgovara .jas imam 40 godini raboten staz vo A .D..G mavrovo ne mozam da dobijam penzija samo za toa chto stazot za tri godini ne mi e platen.Zochto ne mi se dade penzija za tie 37 godini dali jas denes na 60 godini treb da kradam za da prezivejam .Aku mojot sin ne beche dobar da me hrani jas denes ce bev na ulica a kolku ima kako mene bez broj chto ne mozat da dojda do svojata penzija koja so radost e cekale.
Од: Cacko
Датум: 14.12.2010 14:48:50
Pa so ke im e penzijata?Ete imaat spomenici!
Од: flying-monaco
Датум: 14.12.2010 14:51:23
Jovanka!Sigurno pomalce vreme ke cekaat od kolku porano koga tvoite vladeeja, a sigurno i pogolema penzija od kolku tvoite gi lazeja penzionerite, za nivnite glasovi...
Од: vladimir
Датум: 14.12.2010 15:34:53
toa tamo e diva liga posebno ramkovno vrabotenite nemaat veze za nisto eve so majkami 10 pati ideme i nisto kako prvo ne znaat da rabotat nekulturni neusluzlivi drski i vrvot bev koga vo javna institucija vrabotenniot si zapali cigara !
Од: граѓани
Датум: 14.12.2010 17:02:14
Само да навратите во ПИОМ ќе се изнагледате сеир. Во нова, чиста, убава зграда се изнаредиле бројни рамковни службенци зад шалтерите, дремат без работа, си играат на компјутер - бизарноста на сцената што ќе ја видите ги надминува романите на Кафка и Нушиќ. Но им се може, платата им е осигурана. Но лошата вест е што во сите државни установи е исто - шест месеци чекав одговор на жалба за фирмарина за кое време ми течеше камата на блокирана сметка, постојано се правдаа со многу работа а никогаш не ги затекнав да работат, последниот пат кога влегов во канцеларија сите тројца административци лежерно си јадеа семки - и тоа беше единствената нивна активност.
Од: nekoj
Датум: 14.12.2010 19:29:54
LUDA KRIMINALNA BEZIMENA DRZAVA VO RASPAGANJE! sto da vi kazam drugo.
Од: GK
Датум: 14.12.2010 21:09:50
Cekas penzija?E "ne umiraj magare do zelena treva"!Ili da recam "koj ceka ke doceka" ama se znae nekoj cekajki umrel!Sudbina sto go snajde tatko mi koj minatata godina na 69 god. vozrast pocina sekojdnevno nadevajki se deka ke ja dobie svojata zasluzena penzija.Vo nasata " idilicna" drzava se razgleduvaat predmetite!Kako ne!Ama samo na svoite!Ako pripagjas ili si simpatizer na "onie drugite"ima da si cekas i da si umres cekajki!Sepak imajte nadez!Ke dojde prolet i nova zelena treva.Nema da ni umre magareto!A za leb? Ke cekame izbori!Togas ke delat besplatno vreki brasno!Pa koj ke e ziv i zdrav!
Од: Трпе
Датум: 14.12.2010 22:04:03
Македонски народеее,разбудисее,зарем не гледаш сто ти виси над глава.Пастирот си го натовари магарето(танкерот) и сега баш му е гајле кој го има изгласано.Но немој да се каеш македонски народе,тоа што си бараше и си го најде.
Од: petar
Датум: 15.12.2010 00:26:54
Primerot e malce neumesten,ima golema razlika od drzava do drazava,no neka nekoj ima prestava kako e vo zapadnite zemi.Eve jas sum penzioner,ovde vo Kanada pred 6m. ke ki podades dokumentite za penzija i megu vreme rabotis, koga ke ti dojde denot,a denot e datata na tvoeto ragjane so 65 godini starost ti otivas vo penzija,imas starecka i rabotna penzija.Pozdrav.
Од: Дони
Датум: 15.12.2010 01:39:20
Повеќето државни службеници се најголемиот срам на македонската држава. Тие како што вели Владимир „некултурни, неуслужливи, дрски“ би требало да му служат на народот, а не луѓето кои имаат мака да им служат ним за да земат плата. Се прашувам дали некој веќе еднаш ќе се позанимава со ова, како да нема доволно невработени што едвај би дочекале можност да РАБОТАТ, а не да седат на работното место. Таков пример се и голем број медицински сестри во јавното здравство, лекарите се секогаш пољубезни иако имаат поголеми квалификации и потешко би било да се најде замена за нив.
Од: e....togas bese taka
Датум: 15.12.2010 02:14:33
e...dali nekoj od starite penzioneri ..moze sega da raskaze kako vo "komunjarsko" vreme zemal penzija ..Stazot ti zavrsuva te vikaat vo kadrovo podnesuvas molba za penzija i toa e SE... Bukvalno SE...Kadrovikot imase zadaca site eventualni peripetii da gi resava so socijalno a ti so muzika ispraten od kolegite ..odis doma i cekas idniot mesec da ti dojde postar..na vrata ..i da go podmackas so nekoj ostatok i rakiicka za cast za prva penzija.. se nadevave vo era na kompjuteri.. tolku akademski gradani ..deka toa i pobrzo ke odi...e ajde sega kaj e greskata...!!!.
Од: Mihovil
Датум: 15.12.2010 08:23:00
Cuda se slucuvaat vo ova nasa drzava, pa taka i vo Bitolskiot odel na PIOM koj izdade resenije za baba mi za samo eden den , bez vrski i prijateli
Од: tetovcanka
Датум: 15.12.2010 09:18:09
Korisnicka sum na invalidska penzija a ziveam vo germanija.ova sto se slucuva so nas penzioneri go nema nikade vo svet,eve jas nemam dobieno penzija od juni mesec nitu penzija nitu da me izvestat zasto nema penzija.Se prasuvam so vakva drzava i zakoni koj ke ne primi vo Evropa ova je skandal.

Најди! во Утрински
Политика
Лош финиш на досието на Груевски
Жесток судски судир околу одлуката за Бајруш
Градоначалниците немаат пари за компјутерите
СДСМ
 

Kosovo and Albania reject accusations of organ trafficking
Bulgaria angry at France blocking Schengen entry
Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister