Политичките посматрачи не веруваат дека ќе се случи нешто драматично на политички план по самитот на НАТО
Оливера Војновска
Македонија со огромна доза рамнодушност го дочекува самитот на НАТО во Лисабон. Колку и да изгледа чудно, самиот настан во јавноста доби третман на крајно маргинализрана тема. Премиерот Никола Груевски, вчера, откако најпрво засади дрвце кај Милениумски крст на Водно, во рамките на акцијата „Ден на дрвото“, се упати во тетовското село Порој, па оттаму во Кичево, каде што пушташе спортски објект. А потоа стави и камен-темелник за училишна спортска сала во Македонски Брод. Опозицијата одамна го посочи лисабонскиот самит како своевидна пресвртница во начинот на нејзиното дејствување, решена да го засили притисокот за предвремени избори. Иако СДСМ многу добро знае дека бројките во парламентот не се на нивна страна и евентуалното распуштање на Собранието зависи исклучиво од волјата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Политичките посматрачи не веруваат дека по Лисабон ќе се случи нешто драматично на политички план, а шансите за вонредни избори ги третираат како минимални.
Поранешниот амбасадор на Македонија во НАТО, Нано Ружин, вели дека исходот од Лисабон однапред е познат. „Лисабонскиот неуспех е резултат на двегодишна јалова, индиферентна и безидејна надворешна политика на актуелната власт, како и на отсуство на желба да се направи нешто сериозно во евроатлантските интеграции. Лисабон значи дефинитивен пораз на политиката на разумен компромис“, вели Ружин. Сепак, убеден е дека власта нема да ги смени манирите и стилот на однесување, ниту, пак, ќе размислува за нови избори. „Нема да се случат предвремени избори. ВМРО-ДПМНЕ располага со апсолутно мнозинство, а заедно со ДУИ контролира двотретинско мнозинство во Собранието. Така што нема причина да ризикува да оди на избори и да ја загрози доминацијата што ја има во парламентот и да дозволи да биде уценувана од коалициските партнери. Од друга страна, опозицијата се' уште не е подготвена да ги добие изборите. СДСМ бара избори, но само како политички блеф. Не верува дека реално ќе се одржат избори, туку сака да покаже самоувереност“, смета Ружин. Тој не верува дека ќе се сменет односите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. „Двајцата партнери се водат според политиката на ’внатрешен разумен компромис’ и имаат потреба еден од друг. Имаат среднорочни и долгорочни планови, секогаш наоѓаат заеднички интерес и прават компромиси. Тоа го покажаа и со договорот за повлекување на амандманите за пописот. ВМРО-ДПМНЕ нема желба да биде во власта со нестабилен партнер од албанскиот блок, кој се однесува како ’разјарен бик’. Истовремено, ДУИ располага со солиден број пратеници и во овој момент е соочена со скандали, така што не и' одговара да бранува. Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ се однесува многу чудно со лустрациската афера на ДУИ. Или не сака да го урива дополнително авторитетот на ДУИ или знае многу повеќе отколку јавноста“, резонира Ружин.
И Владимир Мисев, политиколог од Институтот за демократија, не очекува дека може да се случат некакви спектакуларни промени на политичката сцена. „Мислам дека настанот ќе помине без некоја посериозна реакција во јавност. Најголемите критики може да дојдат од СДСМ, но со оглед на неговиот рејтинг, извесно е дека притисокот ќе биде мал. СДСМ не е во позиција да се избори за предвремени избори. Шансите за тоа дополнително им се намалија со скандалот ’Надеж’. Се' уште нема институционална разврска, но јавноста веќе го доживува како еден непринципиелен договор со кој се ангажираат словенечки експерти во кабинетот на поранешниот претседател“, вели Мисев. Тој, исто така, не верува дека ДУИ ќе излезе од Владата. „Постојано има такви шпекулации, но јас не гледам елементи за тоа. Напротив, сметам дека односите на владините партнери ќе останат стабилни“, уверен е Мисев.
Политичкиот аналитичар Имер Исмаили има спротивно мислење. Според неговите процени, лисабонскиот самит нема да помине без последици во политичкиот живот во државата. „Најверојатно, во Македонија ќе се случат некои поместување од национален и етнички аспект. ВМРО-ДПМНЕ нема да може вечно да владее, да стои на бетонираните ставови и да не нуди решение за името. По Лисабон, ќе се смени позицијата на ДУИ и начинот на дејствување и можно е нејзино излегување од Владата. ДУИ не го направи тоа досега, бидејќи од ЕУ и од САД имаше поддршка да остане. Сега, можеби ќе добие други инструкции. Ако Ахмети излезе од Владата, едно од решенијата може да бидат и предвремени избори“, вели Исмаили. Тој не верува дека анкетите ја отсликуваат реалната слика на популарноста на партиите. „Не сум убеден дека Груевски ужива толкава поддршка. Изборите се најдобрата анкета. Сите сондажи покажуваат дека е огромен бројот на неопределени гласачи, па можеби токму тие ќе ги решат изборите“, наведува Исмаили.
Потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев, вели дека се наполно свесни дека имаат 18 пратеници во парламентот и дека дури и да ги земат предвид гласовите на сите други опозициони пратеници, не може да се дојдат до бројката од 61 пратеник - неопходна за распуштање на Собранието. „Но, тоа не значи дека како одговорна партија не треба да побараме предвремени избори. Факт е дека со оваа власт Македонија е прилично изолирана и дека во догледен период нема да влезе во НАТО и во ЕУ. Во таа смисла, доколку не успееме да ја турнеме Владата преку интерпелација, да ги повикаме да ги распишат изборите и на тој начин да докажат дека се одговорна власт“, појаснува Георгиев.
Три најчести причини за предвремени избори
- При поголеми потреси во државата и скандали, за власта да си ја провери довербата кај гласачите
- Кога власта има повисок рејтинг, па сака да си овозможи уште еден мандат. Тогаш обично се распишуваат избори на средината на мандатот
- Кога опозицијата има повисок рејтинг и инсистира на избори. Но, тогаш таа треба да обезбеди поддршка за распуштање на парламентот
Можности за уривање на власта
- Распуштање на Собранието - потребни се најмалку 61 глас
- Изгласување недоверба на Владата - потребни се најмалку 61 глас
- Формирање ново парламентарно мнозинство - потребни се најмалку 61 пратеник
Очајната опозиција предводена од оние од Бихаќка не само да нема шанси ни во уривање на власта,ни во предвремени избори па ни во редовни избори.Опозиција која ја треса скандал за платено рекламерство а изборна ескиважа,да ползечко-симулационо се додворува на Брисел,да се нема никаков рејтинг кај обичниот човек е доволен показател.А се наближува мега скандалот со Дојче Телеком.
Од: Сергеј
Датум: 20.11.2010 12:38:48
Ако власта задржи висок рејтинг, ќе има предвремени. Но, ако тој продолжи да паѓа (што е извесно) опозицијата може само да сонува за избори. Не предвремени, ќе сонува и за редовни. Актуелната властодржци толку многу загазија во антиуставни дејности што воопшто и не смеат да помислат да ја испуштат власта. ( http://otpor.log.ph/ )
Од: do feliks
Датум: 20.11.2010 13:57:30
Podobro da se pisuvas kako feliks-dpmne, a uste podobro kako feliks-veliki(Makedonski), aaabree lazni patriotcinja kade vi e krajot, koj ke vi ja nosi tenkata puska.
Од: Жарко,Ресен
Датум: 20.11.2010 14:06:50
ДПМНЕ тешко ќе може да одолее на фрлената ракавица од СДСМ за предвремени избори.Периодот по Лисабон ќе биде исклучително досаден,а воедно и напорен за власта од проста причина што тие веќе немаат што да понудат.Затоа предвремените избори ќе бидат одлична можност да се пополни тој вакум и шанса на фрустрираниот Груевски конечно да го победи Црвенковски на избори.Водени од бројките кои покажуваат лесна победа за ДПМНЕ,тие ќе влетаат во замката која лично им ја спрема г-нот Црвенковски.Се разбира,се зависи од Црвенковски кој треба да изигра маестрално и денот на изборите да го претвори во најголемиот кошмар на Груевски.Според мене,ќе биде мошне интересно наредниов период.
Од: tatoo
Датум: 20.11.2010 15:17:16
До Феликс. Точно едека опозицијата е очајна. Што мислите за власта?? Дека е добра? Власта е уште поочајна ама има мнозинство во парламентот. Тој е најколосалниот хендикеп на оваа наша држава. Размислете и ќе видите дека и после 2001 година подобро се живееше отколку сега. Ви е дали живвете подобро? Можеби, ама јас не. Затоа од двете зла ќе го изберам помалото.
Од: milan
Датум: 20.11.2010 15:53:20
Opozicijata da ja urne ovaa Vlast, tesko, od pricina sto pola SDSM se sega VMROvci, pocnuvajki od ovoj posledniov so aferata za zemjisteto za hotel, pa nikako da spomnat koj bil porano, pa i od koja familija e. Cist SDSM. Ostanatoto sto se prepucavaat po Televiziite e cista zabava za raja. Koalicijata Branko-Zingo-Grujo, perfektno ke funkcionira uste dolgo.
Од: Трпе
Датум: 20.11.2010 15:54:54
Овој народ и ова го заслужува.Самиот си е виновен,кога на дечкиве 2008 година им ја доверија повторно власта,залетувајки се во провалија ,мислејки дека маглата е волна.Сега нека си трпи и кути да им помине мандатот.Таков е македонскиот народ,кубурот ке го чува за потешки времиња.А и ова пропагандна блада која земјата ја доведе до дното,тешко дека ќе ма некој способен да не извлече од живата кал на дното до каде не доведоа.Не презадолжија и за внуците.
Од: Вевчани
Датум: 20.11.2010 15:57:51
Феликс повторно оживе, посеизгледа ти го зголемје хонорарот. Ти ќе пишиш за афери за рекламирање, а овје твојве слепциве не соголја, за 3-ри години40 милиони евра потрошје. Ај оди спи кешто беше досега. Ајде фати џенем.
Од: забеган.
Датум: 20.11.2010 16:36:06
Нема шанси за предвремени избори.Него сметајте Груја за будала си знае ЧОВЕКОТ што ќе го снајде.Овие неговите Љубчо,Љубе помина супер за разлика од него,Неќе може 20 луѓе да собере да прави некое друго Вмро.Сите вмровци се за една употреба ко пемпаси.Ќе се наполнат и ќе ги фрлат.
Од: karokan "gambit"
Датум: 20.11.2010 17:52:15
-...ДА (дека) неговиот табор ПОДСЕЌА (потсетува)-
-... неисполнети востанички ветувања (множина),
(на) КОЈ (кои) за ВОЉА (волја) на вистината и
никој не им верува-
(од вчерашниот број на Утрински весник)
-Опозицијата која ја ТРЕСА (тресе) скандал...-
Некој шири смрдеа околу македонскиот јазик,но
упорно не убедува дека тоа го прави некој друг.
(Во стилот на Бени Хил,кога по прднувањето,
со палецот покажува на госпоѓата до него.)
Феликсе,за тебе се работи!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Ако ти испадне точна прогнозата дека опозицијата нема шанси да ја урне власта ни во предвремени,па ни во редовни избори,тогаш чекај го денот кога државата еден ден (не многу доцна) ќе наликува на затворот Бањица( според истоимената српска серија),кога затворениците веќе без контрола го напуштаат затворот.
За секој случај ти поднаучи го дијалогот на српскиот жандарм (игра Иван Бекјарев)-не
заборавајте кој ве ослободил-повлекувајки се испаничено назад!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: алек
Датум: 20.11.2010 22:53:35
За какви предвремени избори сонуваат јас само се чудам???Оваа влада оди во добар правец и е со народот и доколку така продолжи никој нема да ја турни а најмалку Бранко.
Од: Alek ®
Датум: 21.11.2010 02:39:27
Апсолвирана е темата дека народот не е задоволен. Треба да се работи на неговата храборост и одважност да се спротивстави на екстремно гебелсовите методи на власта. Р.Ѕ. Гледам некој „благонадежен“ почнал да ми го узурпира името под кое пишувам коментари. Нека биде жив и здрав и да се опамети побрзо колку се „добри“ неговите од власта.
Од: snajper
Датум: 21.11.2010 20:03:49
branko i grujo mozat da sonuvaat za predvremeni izbori, a uste poveke da sonuvaat deka ke si ja predavaat vlasta kako sto si isplanirale.. ne im e jasno deka im zavrsi nim politikata
Од: anonimen
Датум: 21.11.2010 23:52:18
Od dvete zla pomaloto...
Од: Феличита
Датум: 22.11.2010 07:45:59
До пред некој месец Среќко бараше итни избори,опозицијата се плашела!Сега кога виде како стојат работите ретерира.Јасно е дека дпмне очајно ќе се бори да остане на власт до задниот ден,да ги „изгуби“ документите за тендери и да ги покрие валканиците.Избори ќе има кога ќе мора,а прашање дали и тогаш!