Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
13.02.2013, 17:27

СДСМ вели НЕ

Партиското раководство одлучи да не учествува на локалните избори. Сите надежи се свртени кон посетата на еврокомесарот за проширување, Штефан Филе, наредната недела

Слободанка Јовановска
Татјана Поповска


Доколку нема предвремени парламентарни избори, СДСМ и опозициските партии што ги предводат нема да учествуваат на локалните избори. Ова е договорот што го потврдил партиското раководство на прексиноќешниот состанок, кој се одржа по посетата на директорот на Директоратот за проширување на ЕУ, Стефано Санино, но и по изјавата на премиерот Никола Груевски дека нема да има предвремени парламентарни избори.

Тоа значи дека Македонија е на прагот на уште поголема политичка криза доколку во последен момент не се најде некакво решение. Сите надежи се свртени кон посетата на еврокомесарот за проширување, Штефан Филе, наредната недела, кој како претходница завчера попладне го испрати својот човек од доверба Санино, кој се сретна со премиерот Никола Груевски, лидерот на опозицијата, Бранко Црвеновски, шефот на државата, Ѓорге Иванов, и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Нема информации дали на овие средби било понудено конкретно решение, кое доколку биде прифатено од сите политички субјекти ќе го соопшти еврокомесарот Филе при својата посета на Скопје. Единствено што може да се дознае е дека Санино вршел притисок и врз ВМРО-ДПМНЕ и врз СДСМ да отстапат од цврстите позиции, да попуштат, за да може да се најдат на половина пат, со што ќе се избегне подлабока политичка криза. Но, по изјавата на премиерот Груевски дека нема да има предвремени избори, која беше дадена пред неговата средба со европскиот претставник и по вчерашните цврсти позиции на СДСМ за бојкот на локалните избори е јасно дека двете најголеми политички партии не отстапуваат од своите позиции.

Во СДСМ уверуваат дека за разлика од 2011 година, кога во последен момент одлучија да отстапат и да прифатат парламентарни избори без никакви услови, овој пат намерите за бојкот им се цврсти и ќе одат до крај. Велат дека комисијата што ја понудил Груевски може да биде дел од решението, но никако не може тоа да биде основа на договорот. Оценуваат дека овој предлог и најавите за прифаќање на препораките од ОБСЕ за изборните правила се само негов обид да глуми конструктивност, но на тој начин тој ги релативизирал вистинските проблеми. Категорични се дека без предвремени парламентарни избори нема да учествуваат ниту на локални, и од тој услов нема отстапување. Досега, велат во СДСМ, не им била понудена можноста за предвремени избори, што значи дека бојкотот е извесен.

Партиски извори додаваат дека меѓународната заедница врз нив врши голем притисок. Истовремено тврдат дека дипломатите се свесни дека најголемата одговорност лежи кај Владата, која е задолжена за сите процеси во земјава.

Вчера лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски имал средба со претседателите на коалициските партии ВМРО-НП, ЛДП и НСДП Љупчо Георгиевски, Андреј Жерновски и Тито Петковски на која им ги пренел деталите од разговорите со Санино но и позициите на опозицијата на три дена пред истекот на рокот за доставување кандидатури за градоначалници и советнички листи. Детали од средбата вчера никој не сакаше да соопшти.

Во ВМРО-ДПМНЕ вчера не можеше да се дознае какви биле препораките од европретставникот Санино, ниту дали врз нив имало притисок да попуштат. Партијата на Груевски доби голема поддршка од европарламентарците од сродните партии на ВМРО-ДПМНЕ, народните партии во Европскиот парламент. Сепак поранешниот претседател на Европскиот парламент Јиржи Бузек во неформален разговор со новинарите рече дека по реакцијата на медиумите и по последните изјави на политичките лидери сфатил дека треба да се сретне и со опозицијата, па самиот побарал средба. Бузек побарал од опозицијата да се вратат во парламентот, да учествуваат на локалните избори и да се формира анкетна комисија. Бузек ги охрабрил социјалдемократите да одат на локални избори, бидејќи атмосферата за добивање одлука за преговори од ЕУ била подобра од последните неколку години.

„Проблемот со името треба да се реши во текот на преговорите за членство, а не до јуни. Во ваква збрка во земјата таа одлука ќе биде невозможна“, коментира Бузек.

Во врска со буџетот тој на социјалдемократите им порачал дека било очигледно дека сакаат да го блокираат. Но за инцидентите на 24 декември оце��и дека власта направила грешка со одлуката (алудирајќи на исфрлањето на пратениците од опозицијата), која била многу строга.


Статијата е прочитана 3017 пати.


Испрати коментар



Оспорени само два члена од Законот за високото образование
Извештајот за „Пошта“ в недела на Влада
Аџиев
Мирјана Малеска
Никола Груевски
Борците во февруарски поход
Иницијативата на АМАН не доби поддршка во Собранието
Груевски - Случувањата во парламентот да се решат низ дијалог
Георгиев - Без парламентарни, не одиме на локални избори
Милановиќ му одржа лекција на Борисов



jovan, 14.02.2013 00:10:18
Stom Premierot ODLUCNO najavi deka nema da ima predvremeni parlamentarni izbori, a opozicijata isto taka ODLUCNO najavi deka nema da odi na lokalni izbori, togas najverojatno ke se zavrsi so odenje na lokalni izbori i odrzuvanje na predvremeni parlamentarni izbori. Onaka *od iskustvo* znaeme deka se obratno se pravi od ona sto ODLUCNO go vetuvaat. Komentarov mi e neseriozen(ne go svakajte ozbilno) i komentiram onaka bezveze, no se mi se cini deka tokmu ona sto e neseriozno, ovde ispaga *seriozno*. Za kraj ke prokomentiram edna Canadska poslovica koja glasi: Na kraj se ke se zavrsi dobro, a ako ne se zavrsi dobro, znaci uste ne e kraj.
Tozo, 14.02.2013 00:20:33
Kako da ne Ne od sdes ke vidite kako da pet do dvanaeset ke gi podnesat gradonacalnickite kandidaturi i ke glumat nevini. A za prtenickite mesta ako se tolku reseni neka gi Dadat svoite ostavki inaku ke i ispadne petko plasi deca. Na krajot ke ispadnat smesni. Pozdrav od New Jersey USA.
EU, 14.02.2013 00:46:38
Po koj znae koj pat, vo godinive na nezavisnost, izbranite politicki pretstavnici potvrduvaat deka se nedorasnati i oti mora da dojde sumarot za da se napravi, kakov, takov, red vo drzavava. Da ne e tragicno, bi bilo komicno.
Ispravno vojniche!, 14.02.2013 02:29:32
Na ovakvi izbori, koi se resheni ushte na 24.12. - ne fala! Ke bide problematicno i na parlamentarni vo idnina, bidejci drzavata e tolku zadolzena, shto nece da moze da gi ispolnuva obvrskite, odnosno da gi vraca dolgovite, a seta krivica ke bide vrz vladata shto ke dojde, namesto vrz onaa shto go napravila dolgot i pokrala parite. Problematichno!
eks-sdsmovec, 14.02.2013 04:33:38
prvin ne zrtvuvase nas clenstvoto[so privatizacijata,stedilnicite....]sega dojde ognot da gi izgori i funkcionerite na sds.od oktopod se pretvori vo zmej.ke gi vrakale i pratenickite mandati,a dali toj BC ke ja vrati penzijata.
Ајде нека ги вратат мандатите веќе еднаш!!!!!, 14.02.2013 07:19:34
Велат „одлучно“ НЕ, а никако да ги вратат мандатите и после 2 месеци од дивеењето во парламентот и излегувањето на улица. Заедно со пратениците и Бранко да ја врати огромната незаслужена пензија!
dedo dimo, 14.02.2013 07:28:09
Ve molam a koja vlada nova ke bidi vo Makedonija ,SDSM li ?.Posle ovie gluposti shto gi pravat imali nekoj koj veruva deka SDSM ke postoit ? . Doprava ke reagira narodot ,otkako ke se vidi izveshtajot za EU i ke se uvidi kakva steta i napravija na drzavata .Eu a i drgi gi sovetuvaa da se vratat vo parlamentot a ne kako Romite shto shetaa od selo do selo porano.
ФЕЛИКС, 14.02.2013 07:44:34
Како прво една работа се преповтори како и во минатото,комисиската расправа пред,за време и после шатираниот понеделник е ПРИФАТЛИВА за Шатевци.Значи отпаѓа она,,цел свет виде,нема потреба од комисија,,Уште еднаш ги шашардисаа своите кој залетано ги подржуваа. Уште еднаш тефлонџиките ги легнаа неспремни на штицата со клинци да изигруваат факири. Инаку г-дин Филе доаѓа на 19 а листите кандидатски се поднесуваат до 16 фебруар.Што значи Шатевци се надеваат на кршење на утврдената законска постапка околу уставната изборна процедура.Уверен сум дека г-дин Филе е пресреќен кога го чу одговорот на Шатевци на неговото барање испратено преку г-дин Санино,,не прифаќаме ултиматуми,,Јас би додал на ова,, за ултиматуми и уцени само ние можеме да ги пласираме и никој друг,,.Но времето е пред нас и ќе ја видиме издржливоста на партискиот тефлон.
Mark, 14.02.2013 07:57:56
A be ostaj Bihacka, na BRAT SUBRATA mu gi zamrznale smetkite!? A bre kutri Gruevski, ni edno salam drugarce da si odberes? I od mal taka? Onoj Baum ni digna triesetina milioncinja, ovoj Sveti Naum za malku ke ni go odnesese? Pa ne ti e bre prijatele Makedonija nasledstvo od tate - ili taka si ja dozivuvas? E sega da ne izleze pak Branko kriv sto ti site protuvi ni gi mknes ovde zaradi tvoite *wet dreams*!?
Паце, 14.02.2013 09:11:53
Во услови кога во една држава е инсталиран режим на диктатура, кој си дава за право да се однесува крајно брутално во Законодавниод дом на народните претставници, оваа одлука на СДСМ е единствено решение за враќање на политичките токови во државата во нормален колосек
Nekoj, 14.02.2013 09:26:27
Vistinska odluka vo vistinsko vreme od vistinski ludje.
Alice in Wonderland, 14.02.2013 09:37:38
Mene ic ne bi me zacudilo, sega so poddrska i so pritisok i od megunarodnata zaednica, opoziciskite pratenici kako sto gi isfrlija od Parlamentot so policija, sega taka so sila i da gi vratat. Makedonija i se e mozno:))) Taka barem strancite mislat za nas, deka nie se moze da pretrpime. Aj gospodi sto docekavme, kakvi cirkusi.
pile, 14.02.2013 09:44:04
,, Но за инцидентите на 24 декември оцени дека власта направила грешка со одлуката (алудирајќи на исфрлањето на пратениците од опозицијата)(J.B.)Kako i vo sekoja sudska odluka, koga poedinec tuzji institucija vo R.Makedonija za napravena steta so vidlivi i namerni nezakonski dejstvija od odgovorni lica vo institucijata naimenuvani od Vladata,istata Vlast nemozjela da pretpostavi deka takvi steti ke nastanat.Taka i za slucuvanjata na 24 dekemvri,odgovornite nemozjele da pretpostavat kakvi steti po demokratskite procesi ke nastanat vo Drzjavata so suspendiranje na procedurite i Ustavot, so brutalno isfrlanje na novinari i pratenici od Sobranieto.No zatoa pretpostavuvaat kako ke se odrazi za lokalnite izbori ako ne se donesese budjetot za 2013 godina.Ili se rakovodat od poznatata maksima ,,celta gi opravduva sredstvata.A celta na vladeackata garnitura veke poodamna se cita, gola vlast na bilo kakov nacin i metodi koi vo demokratskiot svet ne poimlivi.OSTAVKI
Baba Zumbula, 14.02.2013 10:02:45
Taka e Jovane,ke bide i ednoto i drugoto.No kako sto veli EU, sumarot koga ke dojde.E togas ke bideme pokorni kako pokojni Cule!!!!!MJAUUU!!!
respekt, 14.02.2013 10:07:38
Бојкотот на Локалните избори е единствено логично, би рекол, изнудено решение за опозицијата. СЕ друго е самоубиство, од едноставна причина што веке се е корумпирано и под контрола од страна на власта. Да не набројувам, од медиуми, судство, администрација, финансии до катадневни манипулации (со давање на разни бенифиции, ветувања..)и притисоци врз населението. Во вакви (не)правила за изборен натпревар, кога победникот однапред е познат, чуми и се избори на опозицијата? Да удри печат?
Prilepcanec, 14.02.2013 11:34:19
Bojkotot na opozicijata e edinstveno resenie za niv oti drugo nemaat. So sto ce izlezat na izbori? So koja programa i so koi lujge? Pak so Crvenkoski, Makraduli, Ljubco, Tito Petkoski i slicni na niv? Pa tie vejce dolgi godini bea na vlast i nisto ne resija niti napravija. I sega e dovolno da glasame za niv samo zaradi devizata abe ovie ne cinat, aj glasajte za nas, pa posle ce gledame ce prajme. Abe ajde lujge zaozbilete se. I site privrzanici na opozicijata kazuvaat kako bile isfrleni pratenicite na SDSM, a nikoj ne kazuva zosto toa se sluci. Nikoj ne kazuva deka istite tie pratenici probaa fizicki da go napadnat pretsedatelot na sobranieto.
ramce, 14.02.2013 13:15:07
Kako moze gruevski da organizira fer izbori koga nemozese da orgnizira fer referendum i neznaeme kolku gragani ima nasata drazava i koj se moze da glasa
Љупчо, 14.02.2013 14:16:05
Имаме многу јака позиција, па затоа нема потреба опозицијата да излегува на избори. Направија измени во многу закони, штанцаат закони како во алтница, опозицијата за нив е само декор,за пастирот народот е овца и затоа оставете ги сами нека одат на избори. Инаку, за да бидат чисти пред (по)странците, ќе си направат своја опозиција и ќе си ги одржат изборите. Опозицијо истрај, ќе им дојде крајот на овие.
Трпе, 14.02.2013 16:36:19
И опозицијате ке каже Да.Но прво во државата ДА се врати демократијата.Ова сценарио кое по грешка,незнаејки или намерно го направи самобендисаната арогантна,потрошувачка власт, која се занесува дека со зулуми ке владее 100 (сто) години,многу смрди.Виновникот да го барат во редовите на нивните советници.
do Zumbula, 14.02.2013 19:27:30
Nema da bide ni ednoto ni drugoto.
karokan, 14.02.2013 23:28:19
Г-дине Prilepcanec (е кога ќе видам прилепчанец да пишува латиница,ми се превртува утробата),да те потпрашам нешто: Знаеш ли ти што е тоа програма,план,оперативен план????Правиш ли разлика помеѓу тие поими или го вкалкулируваш во едно исто.Е,не е исто г-дине од под Марковите Кули .Она што челниците на власт го презентираат нема допирни точки со поимот Програма.Може евентуални да се зборува за План или во потесни рамки Оперативен план,но за Програма нема збор. Чудна е и таа твоја логика!!!Програма неможат да направат оние кои од своите студенти постојано бараат изготвување програми,ги прегледуваат,даваат сугестии,ги оценуваат,а можат да направат оние кои и покрај советите и укажувањата на првите добиваат слаба оценка.Глупо нели!!!Е,па глупо г-дине Prilepцanec,ама ти ја тресеш од ракав таквата глупост!!! п.с. Тркни,бре г-дине до Небрегово и поклони се на гробот на Вашиот ( и наш,мој) великан!!!Не слушај го Милошоски (“џуџето од Небрегово“).Ќе застраниш,ако веќе и не си!!!!!!!!!!!!!!!!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 13°C

Претежно облачно

Недела
Претежно облачно
Макс: 13°C, Мин: 7°C

Понеделник
Обилни врнежи
Макс: 14°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментир��ни
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“
83. The Beatles - „Norwegian wood (This bird has flown)“
Автори: John Lennon, Paul McCartney. Продуцент: George Martin. Објавена: декември 1965 година, „Капитол“
Интервју - Поделеноста е главна карактеристика на ова време
„Она што е карактеристично за целото општество е карактеристично и за културата и за книжевниот живот“, вели Димитар Баш...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |