Број 3435  четврток, 18 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Анализа
Вести








Site Meter
Политика

Вранишковски приведен во Бугарија како српски граѓанин

На 1 ноември Интерпол Скопје распиша потерница по српскиот егзарх

Билјана Јовановска

Српскиот егзарх Јован Вранишковски прексиноќа околу 17,30 часот беше приведен на граничниот премин Калотина во Бугарија на пат кон Србија по меѓународната потерница што ја распиша Интерпол Скопје на 1 ноември. До затворањето на весникот се' уште траеше 24-часовниот притвор во просториите на граничниот премин и се очекуваше одлуката на бугарското обвинителство.

Според Лора Љубенова, прес-аташе на граничната полиција на Министерството за внатрешни работи на Бугарија, Вранишковски е приведен како српски граѓанин, а бугарските закони во вакви случаи предвидуваат и можност за продолжување на притворот на 72 часа. Во меѓувреме, тие побараа дополнителни податоци од нашето МВР, кое синоќа чекаше известување дали Вранишковски ќе биде веднаш изведен пред бугарскиот истражен судија или ќе му биде изречен екстрадиционен притвор.

Доколку бугарската полиција се одлучи на екстрадиционен притвор, тогаш би требало да го известат Интерпол Скопје, за МВР да го информира Министерството за правда за да ја з��почне постапката за екстрадиција. Дури потоа, ако Бугарија одлучи да го екстрадира, се договора каде и кога ќе се изврши предавањето на Јован Вранишковски, кому Апелациониот суд во Битола му ја потврди затворската казна од две и пол години поради финансиски проневери во епархиите на Македонската православна црква.

Вранишковски последен пат престојуваше во Македонија на 27 јануари, на Светосавската академија, која во Домот на АРМ ја одржуваше Демократската партија на Србите во Македонија на Иван Стоиљковиќ. Практично, ексвладиката тогаш го искористи терминот за поднесување жалба и со своето присуство како „архиепископ на ПОА“ ја разбранува македонската јавност. Последните години тој престојува во Србија или во солунските преградија, зашто митрополитот на Солун, г. Антим, му забрани да служи во градските цркви.

За притворот на Вранишковски вчера информираше и сајтот на т.н. ПОА, додека Српската православна црква, која во Патријаршијата во Белград го започна заседанието на Саборот, до доцна попладнето не го прокоментира притворањето. Но, и без тоа, јасно е дека решавањето на спорот на нашата Црква со Српската црква ќе чека некои други времиња, бидејќи црковен Белград во повеќе навратил барал Вранишковски да биде ослободен од кривичниот прогон во Македонија, без оглед на потврдените судски пресуди.


#
Статијата е прочитана 2067 пати.

Испрати коментар

Од: Свилени Ракавици
Датум: 18.11.2010 12:03:44
А да го уапсеа и екс-Министерот за Здравство Димитров. Бугарска Работа а овој од Србија се е јасно. Ама нека се тепаат Србите и Бугарите така треба.
Од: k2
Датум: 18.11.2010 13:58:04
Ako e uapsen kako Srpski graganin (sto e vo red zel covekot srpski pasos) togas toj nema pravo da "otvara" crkvi vo Makedonija posto e stranec ....
Од: Diplomat
Датум: 18.11.2010 14:59:15
Vranishkovski ima srpski diplomatski pasosh! Nema da go izruchat!
Од: Странец
Датум: 18.11.2010 15:04:12
Не знаев дека Папата е македонски државјанин,па има Католичка црква во Македонија!
Од: karokan "gambit"
Датум: 18.11.2010 15:44:26
Za zal g-dine K2 toj nema otpust od nase drzavjanstvo sto znaci e i nas drzavjanin.Vo takov slucaj pri prestojot vo nasata zemja navedeniot se tretira isklucivo kako nas drzavjanin,zatoa tvoeto mislenje ne drzi voda. Inaku najmalku sum nekoj simpatizer,a uste pomalku podrzuvac na rascinetiot vladika. Moeto mislenje e sosema realno.deka protiv nego e podnesena krivicna prijava i e vodena sudska postapka za storeno krivicno delo i soglasno toa taka treba i da se tretira,i nikaku poinaku. Toa dali ima zakonsko pravo za drugata dejnost, dali mo e skrateno toa pravo,dali otvara crkvi i ima li pravo na toa i t.n. i t.n. e apsolutno irelevantno za krivicnata postapka sto e vodena protiv nego. Ako e osuden na kazna zatvor i se iskoristeni site pravni lekovi ima da si ja otsluzi kaznata i tocka. Nema politicki,crkovni i drug vid pazarenja osven pravnite tolkuvanja.( Nesto slicno kako i Spaska Mitrova )!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: sutrak
Датум: 18.11.2010 18:16:35
Abe sto mi e gajle, ili kogo interesira deka go uapsile popot.Dostate so ovie informacii SPC i MPC toa voopsto ne me interesira.Dali ke ne priznaele, ili nie niv, isto tolkuku mi e vazno.Vazno mi e sto ke bide na samitot na NATO dali ke se protneme ili ne .Zosto kakostojat rabotite so anketite veke 67% od albanezite se za golema albanija.
Од: Od Aristid praveden
Датум: 18.11.2010 21:46:56
Со хапсењето и затворањето Вранишковски само си добива поени, односно како човек кој страда затоа што нее истомисленик со , веќем искмпромитираниот Гг Стефан , Кирил, Агатангел идр. Тука се јавува и прашањето колку Петар, битолскиот епископ, има направено штета на МПЦ, поради неоправданите судски спорови во Австралија , па на никого ништо. ГГ Стефан воопшто нее свесен колку му паѓа рејтингот со овој потез, со затворањето и осудувањето на Вранишковски. Па тој и неговата црква на чело со неговите братја никогаш нема да бидат признаени од останатите православци баш поради Вранишковвски.
Од: slave
Датум: 19.11.2010 03:03:41
Vo edna od najkorumpiranite drzavi vo Svetot (citaj Makedonija) se pridvizuva celiot drzavno-policiski aparat protiv eden pop koj sto ne ja priznava Crkvata MPC. I nekoj ke me ubedi deka pricinata za negoviot progon i apsenje se nekakvi pronevereni pari. I seto toa po serija neuspesni sudenja za "sirenje nacionalna verska i rasna omraza" i po site kloci sto drzavata gi dobi od Vatikan, serija zapadni diplomati i nasiot severen sosed? A na kraj ja doteravme deka celo vreme se rabotelo za pronevera na pari. Mene ova mi izgleda deka nekoj resil popot da go zatvori po sekoja cena. Ako ne moze od ideoloski pricini, ke mu najdeme deka ukral.

Најди! во Утрински
Политика
Битка за профитот од српскиот кич
Власта ги бојкотир�� изборните новини
Новинарите в сабота на избори
Утре ќе работат само училиштата
Конфискацијата на земјиштето спорна за Уставен
 


Greece will fix dates for Balkan EU membership
Former prime minister denounces Romanian president
Balkan states welcome Nato's commitment to the region