Број 2858  среда, 10 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
На прво место

За Бучковски 3,5 години затвор

На иста казна судот го осуди и генералот Методи Стамболиски, а другите тројца на по три години затвор

Љубиша Станковиќ

Поранешниот премиер и некогашен министер за одбрана, Владо Бучковски, и ексначалникот на Генералштабот на АРМ, Методи Стамболиски, се осудени на 3,5 години затвор за набавките на резервни тенкови делови во 2001 година.

За останатите тројца обвинети Нелко Менкиновски, раководител на Секторот за логистика, Ацо Ѓурчески, советник во МО, и Митре Петковски, директор на МЗТ-ФОП, судот изрече казни во траење од три години затвор.

Обвинителството ги товареше дека со набавките на резервни делови за армиските тенкови го оштетиле буџетот за над два милиона евра.

„Пресудата е скандалозна“, оцени вчера Бучковски по изрекувањето на пресудата, од која беа изненадени сите.

Изрекувањето на пресудата не траеше повеќе од една минута и во тие шеесетина секунди судијката Вангелина Маркудова соопшти дека сите петмина обвинети сториле злоупотреба на службената положба и овластување, а потоа ја соопшти санкцијата, како и висината на трошоците за постапката и штетата која осудените ќе треба солидарно да ја надоместат.

Бранителите на обвинетите очекуваа повлекување на обвинителниот акт, а кога не се случи тоа, веруваа дека судот ги прифатил нивните докази дека обвинетите се невини.

„Правната битка ја добивме во петокот во судницата. Во изминатите 13 месеци јас и другите обвинети во целост докажавме дека сме невини, но очигледно коректноста на судијата беше скршена во последните неколку денови. Што се случуваше од петокот до денеска, веројатно, знае само судијката Вангелина Маркулова“, изјави Бучковски.

Поранешниот прв човек на Армијата на Македонија, генералот Методи Стамболиски, смета дека оваа пресуда претставува доказ за тоа колку судот е независен и колку политиката има влијание врз судството, но тој е убеден дека на крајот ќе се докаже дека тие се невини. Неговиот бранител Трајче Китановски смета дека судот постапил според една конструкција од обвинителен акт и покрај тоа што доказите оделе во прилог на неговиот клиент.

Свои коментари за пре��удата дадоа и поранешните јавни обвинители, сега адвокати, Јован Трпеноски и Стеван Павлевски, а со нивните ставови е согласен и бранителот на Владо Бучковски, Никола Поленак, кој рече дека оваа „пресуда не се заснова на факти и докази“.

Случајот наречен „Резервни тенковски делови“ се однесува на непланирана набавка на делови за армиските тенкови „Т-55“ кон крајот на 2001 година, само неколку месеци од формалното примирје. Генералштабот на АРМ, по добиени разузнавачки сознанија за постоење т.н. пролетна офанзива, до Министерството за одбрана поднело барање за ремонт на тенковите.

Станува збор за непланирана набавка, какви што во тој период АРМ имала многу, а за кои тогашната влада формирала посебен фонд токму за ваквите неопходни набавки, и на војската и на МВР. Како понудувач на потребните делови за трансмисија се јавува скопската фирма МЗТ-ФОП, чија дејност, всушност, е наменско производство на делови. Договорот помеѓу МО и МЗТ-ФОП е склучен на 15 октомври 2001 година, а како негов потписник се јавува и тогашниот министер Бучковски. Испораката на деловите МЗТ-ФОП ја изврши во целост и во законски предвидениот рок, но затоа, пак, МО преку судско порамнување и застапување од Јавното правобранителство, на суд, се избори испорачаното да го платат на рати.

Веќе следната година во јавноста излезе аферата за набавка на вишок делови за тенковите, а против Бучковски беше поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба. Цели десет месеци Јавното обвинителство го истражуваше случајот со тенковските делови и на крајот донесе одлука пријавата да биде отфрлена. Но, по пет години, за истиот случај и за истото дело, поднесена е нова пријава за Бучковски.

Сето ова се случуваше пред ланското чествување на празникот Илинден, но место да му биде симнат пратеничкиот имунитет и да му биде одреден притвор, Бучковски го прекина годишниот одмор и се врати во земјата. Неговото појавување пред судот на 1 август 2007 година беше проследено со масовни протести, по што му беше укината мерката притвор што му беше одредена во отсуство.

Судскиот процес за петтемина обвинети за резервните тенковски делови започна на 29 октомври минатата година. Обвинетите се бранеа дека во случајот нема ништо спорно и дека репарирањето на тенковите било потреба. На распит беа повикани бројни сведоци, а меѓу нив и луѓе од военото разузнавање, кои тврдеа дека репарирањето на тенковите требало да биде реализирано токму поради оперативните сознанија што упатувале на можност од пролетна офанзива од припадниците на ОНА.

Во изминатите 13 месеци, колку што траеше овој судски процес, обвинетите и бранителите обезбедуваа докази за да ја потврдат нивната невиност. Во тој правец одеше и изработката на вештиот наод и мислење, како и неговото дополнение.

Во завршниот збор Бучковски рече дека разликата од 2002 и минатата година е во тоа што тогаш Јавното обвинителство се откажало од гонење, а сега се согласило на такво нешто, но овој пат, покрај него, осомничило и четворица други, од кои двајца извесно време минаа и во притвор.


Статијата е прочитана 3739 пати.

Испрати коментар

Од: miki maus
Датум: 10.12.2008 00:14:10
toa ti e sdsm.se opustosi pa nesme krivi posle,ne mestat.zaev ne e kriv,buckovski ne,a koj e?gruevski sigurno.
Од: eden covek
Датум: 10.12.2008 00:15:21
Ne mi se veruva deka vakvo nesto moze da se sluci kaj nas. Samo da ne bide ova obicna farsa, a na kraj pak da bide osloboden.
Од: Pirin
Датум: 10.12.2008 00:16:08
koi gubi ima pravo da se luti , a sto dobi bucko od kupenite delovi normalno sigurno nekoja provizija koj tajno ja cuva i ne kazuva, sepak e pre blaga kaznata za takov kalibar kako sto e bucko antipaticen kaj narodnata masa.
Од: realen
Датум: 10.12.2008 00:18:45
tazno i tragicno. a ima shamar od evropa, a nekoj se apsi. posilen shamar - pokrupna riba. buchkovski donese kandidatski status za eu; istiot bese ratifikuvan od istiov grcki parlament; karamanlis mu veti na buckovski priem vo nato so referncata; buckovski bese prviot balkanski premier pokanet od bush za sredba , priznavanje na rm od sad itn. sega toj buchkovski e osuden na zatvor a dzemaili zima plata od obranie. e ne sme za evropa, ni kusner ni butur vi e kriv. ova se fakti i kolku saka neka vregaat vmrovcite ne mozat da gi negiraat. tie dobivaat samo megunarodni shlakanici i mozat da sonuvaat za vakvi uspesi
Од: Makedonec vo EU
Датум: 10.12.2008 00:24:33
Stravot od konkurencija e kompleks na sekoj nizok covek, a Gruevski spagja vo taa kategorija i fizicki i intelektualno. Smetkata za politickiot revansizam ke bide daleku povekje od 2.5 milioni evra, a ke ja plakja celata drzava. Sekoj nareden poteg gi brka od Makedonija i onie malku lugje sto nesto vredat.
Од: Robert 3
Датум: 10.12.2008 00:26:43
Dobro g-din novinar.Zasto ne najdovte za shodno da napomenete deka vo sudskiot pretres Metodija Stamboliski izjavi deka dogovorot najverojatno mu bil"podmetnat"i deka ne znael sto potpishuva i dokolku znael deka potpishuva za tolkava kolichina na rezervni tenkovski sigurno deka ne bi go potpishal dogovorot.I rest my case.Ova go kazuvam so cel da se ima edna pojasna slika za ova ne"delo".Napravena e steta na drzavata od 2.4 milioni evra lugje.
Од: Od nekogo
Датум: 10.12.2008 00:39:10
Kaznite se mnogu niski za stprenite nedela pred se na prvite dvajca.Svesen sum deka i ovie kazni nema da gi odlezat i vsusnost pretstavuvaat reklama na Buckovski koj na sednite parlamentarni izbori ke mora povtorno SDSM da go kandidira za pratenik so cel da se stekne so imunitet. Dodeka presudite stana pravosilni, ako vo meguvreme ne stapi "Zakonot na Branko za osloboduvajne", najverojatno ke dojde SDSM na vlast i od seto toa prav i magla.Toa e nasata stvarnost toa e naseto sudstvo i na kraj vo ovaa drzava kako sto se gleda i slusa od izjavite na sega osudenite i nivnite zastapnici, nema kriminal nema zloupotreba na sluzbenata polozba i nema nikakvi steti. Moze li nekoj da kaze zosto "nepravedno ne obvinuvaat strancite za kriminal korupcija i mito". Kako direktno osteten od nivnite nalozi i pisani dokumenti za vreme na voeniot konflikt, ne im se sitam no sakam da gi potsetam deka nepravdata e mnogu gorko iskustvo i covek moze da go razbere samo na svoja koza.
Од: Dare
Датум: 10.12.2008 01:12:47
politizirano sudstvo od ovaa vlast nisto drugo ne se ocekuva prav hitler, gi zatvara site politicki protivnici ako ako ke vi dojde i na vas redot zaedno so mijalkovi za site zlodela so mu gi nanesuvate na narodot i sto go truete so propaganda
Од: Krlezi
Датум: 10.12.2008 01:37:20
Tenkovite bea planirani za unistuvanje i slednata godina bea unisteni , a ovaa "aramiska tajfa" nabavuva rezervni delovi za 2,2 miliona evra. i ne bile vinovni. Pa na kogo mu frlaat prasina vo oci.No tuka e BC , pa po navika ce mu ckrtne po edna abolicija , pa zatoa tie ne se mnogu nasekiraa od presudata.
Од: St.Patrik
Датум: 10.12.2008 01:49:20
za REALEN: Helmut Kol bese osuden zatoa sto zel ZA PARTIJATA 1 milion marki..covekot sto bese premier, eden od lugjeto sto ja obedini GERMANIJA. A ti mi kazuvas sto napravil Bucko. Ima Apelacija, ima Vrhoven sud, presudata ne e pravosilna. Ako e kriv, neka lezi
Од: colorado
Датум: 10.12.2008 02:47:07
eden komunjar pomalku,ne e na odmet.
Од: Stranec
Датум: 10.12.2008 02:56:55
SDSM treba da mu se zablagodari na VMRO za osuduvanjeto na Buckovski i negovoto eliminiranje od javnata scena (bidejci nemaa sila samite toa da go napravat). Ova im e edinstvenata i posledna sansa na SDSM da se reorganizirat.Izborot e ednostaven-ili Crven-kovski zad volanot "i vozi Misko jos par godina u provaliji" ili ce se razbudat i ce napravat Evropska partija.
Од: mitre
Датум: 10.12.2008 03:06:28
Vlado ne se sekiraj Presedatlot ke te pomiluva. Samo stramot ke ti ostane, a i SDSM ke te zaboravi.Nesvatlivo e bivsi Premier da lezi vo zatvor.
Од: Stalin
Датум: 10.12.2008 03:21:38
Malku e 3.5 god za za kriminalec kako Bucko. Megutoa sepak e dobro da se slusne deka covek od negoviot kalibar bil osuden. Iskreno se nadevam deka vo skoro vreme i Lubco i Branko ke mu pravat drustvo. Megutoa e zalosno sto kriminalcite kako niv gi prakaat na egzoticni ostrovi da sluzat zatvor. Da zivee Makedonija
Од: mene
Датум: 10.12.2008 03:26:34
Treba da im se ispita potekloto na imotot i da im se odzeme nelegalno stekntoto. Vaka i da odlezat koga ke izlezat se sto ukrale ke gi ceka, ta Bucko, ta Nelko ta drugite prodolzeni racinja na bivsiot minister.
Од: Marx
Датум: 10.12.2008 04:00:28
DO ROBERT 3 Mil Robert, dali ti navisitina veruvas deka g-not Sramboliski navisitna neznael sto potpisuva? Zarem e toa vozmozno? Veruvam deka e vozmozno, no samo vo svetot na bajkite!
Од: pamti pa vrati
Датум: 10.12.2008 04:03:30
Epten providna e namerata na vlasta. So vakvi montirani slucai Gruevski saka da si go kreva rejtingot i da se pokaze pred narodot deka ete demek OSTVARUVAME apsime sudime.... No, neka NE ZABORAVA Gruevski deka SVE SE VRAKA i SVE SE PLAKA i deka trkaloto se vrti, VLASTA NE E VECNA i eden den i nego ke mu sudat. Ako Bucko e osuden 3,5 godini togas na Grujo i 50 ke mu bidat malku za celiot grabez i propast sto go napravi. Ima edna izreka "koj posleden se smee najslatko ke se nasmee". Da ne zaboravime deka presudata e rezultat na vcerasnata slakanica sto mu ja udri Kusner na Gruevski (vladata) za vizniot rezim pa odtamu i doagaat ovie apsenja presudi i gluposti sto vladata SEKOGAS gi pravi koga svetot ke vperi prst vo Gruevski i ke ja kritikuva vladata za neuspesite sto gi pravi pa Grujo za da si go pokrie SRAMOT togas pocnuva sudi i apsi.
Од: najrealen
Датум: 10.12.2008 05:33:58
Realen-Evropa frchi so shamari tokmu poradi slabata borba so kriminalot.Apsolutno sekoj koj se ogreshil i rabotel sprotivno na zakonot-ke mora da odgovara za toa.Pa dosta ni e od frlanje prashina v oci-cela drzava ja ukradija politicharite i plus ni solat pamet za se i seshto.Se vozat so besni skapi avtomobili,odat na odmori vo Halkidiki,Egipet,Ibica,Turcija a nie umirame za parce leb ovdeka.More udri po toa lopovite politicki i birokratski mameto nivno.
Од: blagojce
Датум: 10.12.2008 06:10:38
neka ne se plasi bucko tuka e crvenko pa ke go abolicira kako sto go abolicira zajko
Од: Filip
Датум: 10.12.2008 06:11:59
Mnogu e jasno deka naskoro Branko Crvenkovski kje go abolocira i Buchkovski
Од: Vasko K. Bitola
Датум: 10.12.2008 07:33:08
Tocno e deka sudstvoto e nezavisno g. Buckovski. Ako sudstvoto bese nezavisno vie ke dobievte 10 ( DESET) godini!
Од: kiril
Датум: 10.12.2008 07:45:55
Ako ovoj lezi 3,5 godini zatvor, togas Gruevski kje lezi 15 godini zatvor poradi zloupotrebata na drzavnite pari za kampanji. Sekoja revizija PRVO kje go prasa dali imate nadvoresna uacija od nekoe nezavisno telo za efektite na kampanjata. Sekoja revizija kje go prasa vrz osnova na KOJ elaborat formiravte fakulteti vo sekoj grad. Toa se stotici MILIONI evra vo prasanje. Eden den kje zavrsi cirkuzot, pa kje mora i Gruevski, kako top figura, da lezi vo zatvrot. Se otvori pandorinata kutija.
Од: Komentator
Датум: 10.12.2008 07:49:36
„Правната битка ја добивме во петокот во судницата. Во изминатите 13 месеци јас и другите обвинети во целост докажавме дека сме невини, Ova vi zboruva dovolno za mentalniot sklop na lichnosta koja misli deka e nad zakonot ili deka "toj" e "pravoto". Sudot go osuduva, a toj ja "dobil" pravnata bitka? I toa vo "petokot" I "site", i tokmu vo petokot, doznale deka site osudeni se nevini? Od chovek koj treba da go znae pravoto? Pa neli sekoj normalen chovek koga ova go chita ne mu se prevrtuva stomakot od vakva "bozhestvena prvada" izjava? I znaejki deka ovaj chovek ne vodel? I ni delel pravdi i krivdi?Zato shto toj, sekako, e edinstveniot od gospod daden koj znae shto e pravo a shto ne. Vodi kako mazh i umri kako mazh koga ke zgreshish i prifati greshki sho si gi napravil kako mazh. Togash i samo togash ke imash pochit vo ochite na tie na koj si im bil premier.
Од: riste
Датум: 10.12.2008 07:49:58
Ako i ovoj pat Branko abolicira kriminalci, pod hitno treba da se isprati na ostrovot golem grad na dozivotna robija.
Од: Trajko
Датум: 10.12.2008 07:50:18
Haha,hihihi,hahaha,Buchko ke odi vo zatvor, isto kako Paunovski koj lichno ukrade za svoeto semejstvo.Ne mi e jasno kolku ke bide osuden Gruevski i familijata za shtetite shto i gi pravat na drzavata,koga veke nema da bidat na vlast.
Од: od Makedonka vo EU
Датум: 10.12.2008 07:55:56
da da da i pak da gruevski e covek so niski vrednosti i narodot sam se kazni go izglasa i glej te go seirot mnogu malku ili ti pak nikoj normaleni so malku poveke vo glavata nema da ostane se slagam site ke otidat i eden den ovie vmrov-cite ke kazuvaat i ke ne pritisnat da sme im blagodrni sto sme nadvor od makedonija i sto sme uspesni luge blagodarenie na niv sme ziteli na EU koj mozese normalno, a tie sto ostanaa tesko niv taka im treba glasajte go pak i pak i na mojte deca ke im kazuvem bajki BESE EDNA MAKEDONIJA NEKOGAS I NEGDE;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;;; a vo podsvesta ke me boli nostalgijata za nesto sto nikogas nema da se vrati BRAVO VMRO-ovci SLAVA I ????????????????????????????
Од: mark
Датум: 10.12.2008 08:11:20
Jas vo eden moj komentar napisav:sekogas koga ima losi vesti od EU,nato na domasen teren pr.koalicijata so Ali,haskite predmeti ne priveduvanjeto na pratenikot za voeni zlostorstva i dr, togas Gruevski za da ja izmanipulira javnosta preku sudii i obviniteli pravi marketing a za cudo gledam i ovde takvii komentatori so suplivi glavi lesno se fakaat na jadicata.E sve dodeka P.Kuzman ne vraka vo minatoto a siromaviot Grujo neznae kaj mue g.... kade glavata nema EU,NATO,nema vizno olesnuvanje gi zalam progresivnite ziteli na ovaa drzava so vakvi supelkovci na koi babi i dedovci im se Hunzite,Maite,nekoj si Brigidi nie sami neznaeme sto smee taka e dragi moi pa sega jas neznam koj nie praviot identitet sto sme nie do slednoto pojavuvanje na p.kuzman koj da go prasas sto rucal neznae a znae sto bilo prd Hrista iljadnici godini,tesko nas.Kusner go kaza jasno toa sto site ni go mislat ili magare ili zmija neka bira Grujo sam si ja napravi i neka esrka.
Од: Vojslavec
Датум: 10.12.2008 08:27:36
Da bidam iskren ova Makedonija pocna da zalicuva na normalna drzava.......3.5 godini Ok...Ama Ama sto ke pravime so Brane...jas tipuvam deka nema da go oslobodi Buco i ke mu se zablagodari na Grujo za najgolemata usluga sto mu ja napravi...ova mi lici na dogovor:Grujo - Brane...
Од: Petre
Датум: 10.12.2008 08:28:25
kuklen teatar, no nikoj ne znae koj gi dvizi kuklite !!...Bucko nema da lezi, za <5g zatvor ne se gubi imunitet, a pred da bide pravosilna presudata B.C. ke go amnestira ( pa koga mozese ulicniot reketar sramota e ako ne go amnestira Buc)...baska do togas ke zavrsat i izbori pa Buc nemoze da mu konkurira, a i brat Ljube ima opaski od Rastanski.... ..vprocem iako imalo pronevera, parite ne gi zemal Buc, tie otisle za partija...slicno e kako kaj onoj so bradata od VMRO, sto neodamno otide da lezi , po nekolkugodisno igranje mizenki....
Од: Sovest
Датум: 10.12.2008 08:45:24
Koga i da dobieme slakanica od nadvor zaradi nasite gluposti togash zadolzitelno imame nekoe atraktivno apsenje ili pak presuda kako vo sluchajov.Zamajavunje na javnosta,no sepak e dobro sto se zapochnuva i so praksa da se osuduvaat poranesni premieri,toa ke bide korisno i vo idnina.
Од: goran
Датум: 10.12.2008 08:59:50
Lele sto gi ceka ovie fasisti sto se na vlast!!Za iljadnici lugje sto stradaat i zemjata sto ni tone vo izolacija i krimanal ke lezite 100 godini bando edna korumpirana!
Од: bobi
Датум: 10.12.2008 09:04:49
So partisko sudstvo sto moze da se ocekuva.Se partiziraa i sega moze da go gledame cirkusot .Ima i apelacija se nadevam deka ke padne presudata.Nekoj i taka nema rezultati pa morase Bucko da se zaglavuva.Vremeto ke pokaze deka najgolemiot kriminalec koj nekogas vladeel so Makedonija ,momentalno e na vlast .Ke se kladam so koj saka
Од: mitre
Датум: 10.12.2008 09:09:16
Parite ednostavno isceznale bas vo negovoto vladeni so ministerstvoto taka ako on ne gi zemal neka kaze koj e a stom si cuti togas e toj ili pak i toj brcal vo toa kese plus toa da ne zboravime deka vo negovoto vrem gi stopija tenkovite vo zelezara sto nee ni cudno da bil zamesan za toa sto go osudija.
Од: jimmy1
Датум: 10.12.2008 09:10:43
Sekoj sto ke e zloupotrebi svojata dolznost treba da se kazni, ali ne e istoto pravilo za sekogo. Lupci i tajfata negova javno e kradeja Makedonija od obicni ulicari postanaja edni od najbogatite vo Evropa i pak nema sudenje za nego. Grujo vo imotnata lista iznese tolku nevistini taka sto vo demokratskite zemji takvite premieri podnesuvaat ostavki, nema stanovi na listata a site znaat kolku gi ima, uf "tie se od Nadezda, koga ke umre ke gi ostavi na drzavata". Grujo i Lupco se najodgovornite za Okta, ali za zal vlakno ne im fali. Toa li e pravada? Ova e sve politizacija na sudstvoto od strana na VMRO. Bucko mozebi potrosil pari ali za nabavka na delovite. Sudijkata treba da bide simnata on nejzinata funkcija i taa zasluzuva zatvorska kazna. Trkaloto se vrti, da ocekuvame i da vidime po kolku ke dobijat Lupco, Grujo so tajfite koga ke im dojdi vremeto.
Од: zabegan
Датум: 10.12.2008 09:15:43
DO;TRAJKO nema da bide osuden ni den ne ce mozat da go najdat ke pobegne vo blgaria.
Од: Mарко
Датум: 10.12.2008 09:15:48
Ги читам коментарите од погоре и повеќе ништо не ме чуди што се случува со оваа држава.Каков народ таква држава. Во нормални земји нема да припари никаде Грујо а не да биде премиер. Зар има општо слепило кај народот па не гледа во каков амбис не носат овие квази патриоти. Кој во оваа држава е задоволен од оваа власт земјоделци, стечајци,професори, невработени, вработени кој или народот е задоволен со вакви монтирани процеси како овој. Па вмровци немојте да се надевате ништо и вие од вашите нема никој да се најади леб од власта.
Од: ne znam
Датум: 10.12.2008 09:19:44
Vo ovaa luda drzava se e mozno.Koga ne moze da napravi nisto drugo ,togas apsi.Ke vidime sto ke napravi Gruevski ako doznae deka Ali Ahmeti ke se kandidira za pretsedatel.Dali i togas za da go diskreditira ke go uapsi.Ama togas ke ima BUMMMM.
Од: stole od Macukovo
Датум: 10.12.2008 09:25:27
Sto go napagjate Gruevski. Zad nego stoi Brisel i go prinuduva vo drzavata da ima cisti smetki. Da nema korupcija. E kakva e taa demokratija koga nekoi tuka barat odmazda koga ke padne Gruevski i ke dojdat drugite na vlast.Ama i na Zapad pagjat golemi. Ne e samo Makedonija.Go zaboravate Nikson.
Од: Makedonec od Amerika
Датум: 10.12.2008 09:33:33
Ve citam i vi se cudam na pametot. Akoe e zloupotreba na sluzbenata polozba nabavka na rezervni delovi i reparacija na tenkovi za vrema na vojna koga nekoj se potrudil armijata da bide vo forma a nebese pred toa togas alal neka ni e . potrosile zamislete mnogu pari 2,2,m eu pa toa e smesna suma na pari za voeni potrebi i vo voeno vreme be aslaci.Bitnoto e dali rakovodnite strukturi togas Bucko I generalot Stamboliski prisvoile nekoj denar za sebe dali ostetile necii interes (drzaven) ikli ne ako legalno donesenata odluka za nabavka bila izvrsena legalno i parite vo cel obem pristignale kaj izveduvacot od naracuvacot togas za kava zloupotreba moze da stane zbor. Na mislenje sum deka sepak seto ovaa mirisa na politika i toa bazadi. Se soglasuvam so kometraite na ciattelite koi velat deka ako e ovaa zloup[otreba tokas neznam sto e 50 m eu za sekojdnevna kampacja bez nikakov ucinok za drzavata e toa e nenamensko trosenej i moze da se podvede pod zoupotreba . I za toa nekoj den ke odgovara
Од: anonimen
Датум: 10.12.2008 09:51:15
Ako se dokaze deka stvarno kradel neka si lezi kazna i toa nikoj ne e protiv.Megutoa,sto ako se dokaze deka Buckovski ne e kriv i deka rabota e politicki montiran proces.Sto ke kazete togas vmro-ovcinja kako i do sega nebroeni pati deka procesot e samo farsa vo javnosta i saka da i go odvlece vnimanieto na celokupnata javnost vo veke taka katastrofalnata situacija na zemjata vo koja se naoga.
Од: Бастион
Датум: 10.12.2008 09:52:37
Уште една епизода од серијата "Диктатура во 100 чекори" . Не гледаат дека цел свет ни се смее,и никако умот да им дојде.Ова добро ќе им дојде за да вработат партиски војници,кои ке добијат задача да се градат нови затвори,во кои би се затвориле сите членови на опозицијата.Тоа и им останува,кога веќе увидоа дека не се способни за изградба на нови фабрики и економски зони,ке апсиме луѓе и ке правиме затвори.
Од: Пинг
Датум: 10.12.2008 09:58:46
Искрено кажано очекував коментари во толкав број. И такви какви што се по содржина. Уште поискрено-скоро и да не прочитав некој до нив целосно. А еве зошто се јавувам: До кога за нас граѓаните на Р. Македонија, да не речам за нас Македонците најважна тема за коментирања се ваквите случувања?? Зарем од авион не се гледа дека има ПРЕМНОГУ политиканство во тоа. Од едноставна причина, што се изместува тежиштето од други МНОГУ поважни теми. А исто е и со едните и со другите. Иста тактика. Зарем не е подобро да дебатираме за тоа колкава беше цената на горивата во минатиот период кога цената на суровата нафта беше колку што е сега. Зарем тоа не е поважно. А бе луѓе, знаете ли што значи само 1 денар разлика по литар. До кога ќе се правиме толку богати да ни е поважно ПОЛИТИКАНСТВОТО од лебот. Ај, поздрав до сите Ваши и наши.
Од: seit
Датум: 10.12.2008 10:13:19
Koga veke pocnal Grueski da gi sudi za takvi skandali i korupcii, Z osto nee maz pa da pocne od 1992 god. se do den denes pa i samiot da sedne na obvinitelna klupa?? ova go velam oti edna vecer go slusaf eden pratenik na TV glasot na narodot,,deka bile izvadeni 7 milijardi ???????? evra nadvor od makedonija i bile vo svajcarski banki vo kipar i juzna amerika pa se prasuvam dali tie milijardi sami izlegle ili nekoj im pomognal da izlezat??? koga ovoj pratenik go znael ova nesto a i samiot nekogas bese na rakovodna funkcija zosto togas ne go otvori ova prasanje?? ili blagi im bea parite? i sega se prasuvam dali ke se rodi eden tito kaj nas da gi zatvori site lopovi i dagi vrati parite vo drzavata da vidi nekoj air ili blagodet i toj premamen narod sto nekoj denes nema sofra da stavi a nekoj barata so milijardi , Narode razbudise se dodeka nese razbudis ke trgas maka nikoj od politicarite nesednal za narod tuku protiv nas narodot nas ne sluzat kako ofcicki
Од: ne e bitno
Датум: 10.12.2008 10:28:37
Dobro e shto pochnaa da se jadat. Inaku kriminalci ima i na dvete strani. Normalno sledniot pat koga ke dojde SDS na vlast ke gi popasi ovie od VMRO (a gi ima mnogu, Paunovski ,Arnaudov...) i taka najmnogu korist ke ima nardotot. Zaradi ytoa velma Barvo Grujo
Од: marjan
Датум: 10.12.2008 10:36:13
Tokmu toa vlasta go posakuva pred slednive izbori:Da ocrni nekoj opozicioner, sto pozvucno ime - toa podobro, bidejki ni e jasno deka ni NATO, ni Evropa, ni ekonomski progres vo Makedonija - nema.A narodot mora da se zamajuva so nesto: te bil kriv, te ne bil, vakva kazna, onakva kazna. Providna igra na Gruevski, koja narodot treba da ja kazni na slednite izbori.
Од: Bitola
Датум: 10.12.2008 10:37:35
Me interesira samo taa sudivkata koga ja citase "napisanata"presuda zasto i treperese glasot?
Од: Prilepcanec
Датум: 10.12.2008 10:40:51
Лично ме загрижува злобата кај дополнителниве коментатори.Што значи тоа-арно му се срори на Буцковски...така му требаше..Зар никој од овие не знае дека секој министер,што и да превземе се одобрува на седница на Владата,а за потезите на Министерот за одбрана-конецниот збор го имаПретседателот на Дрзавата,како главен комендант на Армијата.Во времето на министерствувањето на г.Бучковски,премиер бесе Лјупчо георгиевски,а Претседател Борис Трајковски. Министерството за одбрана не е локална,недај боже,маалска власт,туку институција од највисок ранг,и министерот не може дапреземе ништо без знаење на Владата и а Претседателот на Државата. Светот вели дека сме необразована нација-според нивните стандарди.Во право се -ние немаме политичко образование.Слушајте само како лесно ги употребуваат зборовите маркетинг,дневна потитика,идентитет и тн.итн.лугјето што просто ние -со нашето гласање им дадовме власт-да не замајуваат.
Од: [email protected]
Датум: 10.12.2008 10:45:54
Bachilo, rezervni delovo, denacionalizirano zemjishte na VERO...voeniot bazen pod kirija za ich pari...i shto ushte ne...=mafijash od poseben kov. Ochekuvam pretsedatelot da go pomiluva zatoa shto toj takvite gi miluva
Од: osiromasuvame
Датум: 10.12.2008 10:48:38
Kriminalci imalo i ima. Da sme pravno uredena drzava so site nisani, nemase volku da se krade, zosto sekoj ke znaese deka kaznata sleduva. Ovde bre site eliti kradat, koj dosega ne kradese? KRADAT i ovie Gruevci, isto taka, ke dojde denot koga i Grujo i Mijalkov ke odat vo apsaana, pa eden den ke mora da se dade otcet i za alas-verisot so ovie glupi reklami i so se drugo sto se pravi. E, togas ke boli, zatoa neka ne likuvaat ovie naakanive od vlasta, i nim ke im dojde redot! A stetata sto ke se napravi - se znae, dodeka vlastite imaaat bezobrazno neprimerno povedenie narodot i drzavata se poveke osiromasuvaat. Zalno i bedno. Samo 2 posto dosega da mislea za dobroto na zemjata, namesto prvenstveno za sopstveniot materijalen interes, sega ovaa peda od drzavicka i saka narod ke cvetase...
Од: Sandra
Датум: 10.12.2008 10:57:08
Nemam komentar za presudata na Bucko. Kakov covek e, malku mu e. Vo SDSM kon onie "obicnite" se odnesuvase po sistemot "posle upotrebe baciti", kako da se na negov licen posed. Zatoa na denot na negovoto sudenje do nego bese samo negovata senka-telohranitel. Zosto uste go vlece po sebe znaat samo tie dvajca. Zalosno e sto vo toj isti kos se najde Ace Djurceski, koj e cesen covek i tokmu poradi nepravdini "go napusti SDSM". Polna poddrska za nego i se nadevam deka odbranata ke ja obzali tai ke ja dokaze negovata nevinost. Ace, "odpadocite" od nekogasniot SDSM se so tebe!!! A sto se odnesuva do sudstvoto, za zal....odamna e pretvoreno vo teatar, samo se menuvaat akterite.
Од: Zabegan2
Датум: 10.12.2008 11:02:14
Ti - Makedonec vo EU si zalosna figura. Pishuvash od omraza? Tie sto ja dobivaat doverbata na narodot treba da znaat sto pravat, za zal ne site go pravat toa. Mototo do sega beshe: Izberi me - pa na grshkite ce se ucime. Provizijata vo dzeb a za grshkite narodot ce placa. Jas mislam deka sudstvoto vo MK seuste ne funkcionira kako treba zatoa sto sme mal narod pa sekogash nekoj ima nekogo koj znae kako se kocat rabotite. Kolku li ce dobieshe kazna za isto delo vo EU? Ubeden sum vo nivo na predavstvo.
Од: makedonija
Датум: 10.12.2008 11:09:26
neznam sto uste ceka makedonija makedonskijot narot daja unistat cela drzava ovie izdajnici aramii nebil lubco gorgievski aramija vlado buckovaki bil od tuka se se gleda ama ovci sise ovci za godina dena ke se kae cela makedonija ama ako vie arno taka cekajte uste
Од: nepoznat
Датум: 10.12.2008 11:20:36
ej luge ja se cudam na alb mu vikate teroristi.sto da vi receme nie alb na vas sto ja ograbnete cela drzava so miljoni evra a lugeto pata za leb .halal da vie cisti hajduti ste .
Од: gatalec 5
Датум: 10.12.2008 11:25:49
Ja unisti sdsm. Ja ispokrade drzavata i tuka e ist kako Grujo. Rada go stavi pak na lista na sdsm. Tolku i e umot. Partijata ne se ograduva i negovite prijateli uste ja vodat. Negovite podrzuvaci sega palat i gasat po sdsm. Branko go "drzi" do sebe. Ubavo. Ako sdsm ne e svesen togas sudot ke go osvesti. sdsm treba da e najsreken sto ovoj odi vo zatvor.
Од: Комита
Датум: 10.12.2008 11:34:30
Ваквите монтирани процеси само служат за омаловажување и дискредитација на тие коишто не и се подобни на Власта. Истото се случи (и пак се случува) со Љубе Бошкоски, а сега го местат и Владо Бучковски. Да бидеме искрени, во времето на Бучковски демократијата во Македонија беше десет пати поголема отколку сега. Во моментов живееме како во времето на Тито, едноумие и цензура.
Од: Анѓелкоски Методија
Датум: 10.12.2008 11:36:31
казната е необично блага со оглед на штетата која е направена. Добрволно би одел 4 години во затвор за 2 милиони евра. Без судење - онака директно.
Од: Dolno Vodno
Датум: 10.12.2008 12:02:46
Deneska e golem praznik na "coeskite prava". I vo slucajov na montiranata politicka presuda na Buckovski, ne trebe toa da se zaboravi. Kako sto netrebe da se zaboravi deka mozebi preteranite pokupki od strana na Ministerot i okulu nego, se napraveni vo eden za nas specificen period, koga ni "gorese pod nozet" i ne vodese vo edna neizvesna idnina; vprocem koja se uste trae. Samo zalno e koga se citaat komentarite na poednici koi trijat race od zadovolstvo poradi (pak) spektakumlarnata presuda, od koja mozeme samo da se sramime pred svetot. Ao Kusner i vrzal slakanica na Vladata, sega ke trebe da go zavrti i drugiot obraz oti ovoaa presuda ne e za pofala!Na narodot mu e krajno vreme da se osvesti i da prestane da "zema droga" i dobrovolno da vleguva vo "sekta" sledejki ambiciozni guru!
Од: intelektualec
Датум: 10.12.2008 12:02:46
Амнестија за проф.Бучковски!!!Кога ли ќе си одите вмро-вчиња?!Со вакви ка��о Гуевски никогас нема да имаме држава!Бранко,врати сееееееееее!!!!
Од: Jugo, Düsseldorf
Датум: 10.12.2008 12:05:00
Edna Pogovorka veli: kaj ima Dim, ima i Ogin! Zatoa Gospodin Buckovski da ne "place" i da se pravi NEVIN!!! Za toa sto go storil treba da "odraboti" i necesno zemenite Materialni Sredstva da gi vrati! Se plasam da ne dobie kako sto e vo Praksa, Amnestija od najgolemiot Makedonski Mafijas!!!
Од: ohrid
Датум: 10.12.2008 12:44:39
vaka se raboti a ne kako sdsm koj im e kriv sto ne rabotea 'spredzakonot na r.m.pa ne go obvinija arnaudov daravelski i red drugi zasluzni vmrovci neka ucat od ovie enverovci i kastro
Од: od mene
Датум: 10.12.2008 12:55:46
VMRO postapuva isto kako NRJ vo pedesetite godini - odlicen primer za tipicno stalinisticko vodenje na drzava.... - ke doturkame do fizicka eliminacija na site tie sto ne mislat kako VMRO eden den. Ama neka - narodot gi glasase sega nek si trga i maka samiot narod...
Од: Фауст
Датум: 10.12.2008 13:09:52
Почитувани,браќа, задоени приврзаници на Грујо,да сме здрави и живи и да го дочекаме падот на оваа влада,никој не е светец па така и овие,се надевам дека со истиот жар ќе пишувате и за бившиот тогаш премиер,а белким и тогашниот претседател ќе го амнестира.поздрав и многу здравје!
Од: kole
Датум: 10.12.2008 14:14:48
Ovaa Presuda ja diktiral Grujo i Protogjer, zaradi majtapenjeto na Buckoski so Ekonomskiot fakultet na Grujo od Prilepa grada??! A i rejtingot na Grujo varira, pa vredi koga dobiva samari od Brisel da ima edno apsenje ili presuda, REJTINGOT mora da se odrzuva?!! Narodot, kaput???
Од: Makedonsko Narodno Dvizenje
Датум: 10.12.2008 14:17:18
Vo Makedonija se sucuvaat mracni raboti. istata e dolga. Vo osnova, vo 2001 imase nkazneti velepredavstva i terorizam, a denes ima nepriznavcanje na branitelite i diktatura na onie koi se borea protiv Makedonija, a koi se uste sistematski i rabotaat n gavata za da ja dokusurat. Teroristite i antidrzavnite elementi ni ja prevemaat drzavata, a nie Makedoncite gi gubime rodnite ognista kako rezultat na (nekazneto) etnicko cistenje i genocid. Vakvite procesi ne i sluzat nitu na Makedonija, nitu na voenoto pravo, nitu na demokratijata-ami im sluzat sao na mracnite antimakedonski sili! Apelirame do site Makedonci da se osvestat. Mora da se prevemaat itni seriozi merki za ispravanje na ovie raboti. Posledno vreme e!
Од: da prasam
Датум: 10.12.2008 15:16:53
Dali nekoj moze da mi kaze kade mu se pronajdeni ukradenite pari na Bucko. Doma, vo banka, vo stanovi, vo fabriki? Ne go branam covekot no navistina ne mi e jasno kako moze da bide osuden ako ne e dokazano deka si pribavil korist. Da receme logicno mi e obvininenieto za Pande Lazarov bidejki neli imalo nekoja smetka vo Ungarija na koja mu bile prefrleni sredstva. Po logikata na ovoj slucaj, odnosno ako toa sto nepotrebno se potroseni sredstva od budjetot e pricina za zatvor togas ne znam koj segasen i bivs minister ne "zasluzuva" da bide zatvoren. Eve naprimer kupuvanjeto na kompjuter za sekoe dete uste sega se gleda deka se frleni pari po site anketi. Celta ke se postignese dokolku se kupea kompjuteri za dve do tri ucilnici vo ucilistata kade ke se izucuvase informatika. Znaci od budjetot nepotrebno se potroseni milioni evra. Ili dali treba da odogovara premierot za patuvanjeto vo Italija so duzina od Vladata, a rezultatite se "investicii na Italija vo Albanija".
Од: x-men
Датум: 10.12.2008 15:20:45
ne sum politicki opredelen no bucko mi izgledase na prevarant i mislam go zasluzi toa sto trebase
Од: someone
Датум: 10.12.2008 16:41:15
Se ova sto se slucuva e krajno smesno. Eden citatel napisa: "Vinovni se tie sto ni dadoa da glumime drzava, a sega se gleda deka ni za gluma ne ne biva"/ Inaku ako sudstvoto i zakonite bea kako sto treba, do sega ke bea mnogumina vo zatvor i ke bese konfiskuvan dosta impot i pari. A za vakvo zlodelo vo normalna zemja presudata bi bila 30 godini zatvor a ne 3. Smesno e se, tragikomicno.
Од: Iskra
Датум: 10.12.2008 17:30:11
Eee, Makedonce, Makedonce, sam ke se unistis kako narod, ne ni trebat ni Grci ni Bugari, zemete site zatvorete i proterete gi, samo nisto ne im mozete i ne im smeete na onie koj krenaa "vostanie" za "covekovi i politicki prava" i so krvavi race dobija se sto posakaa, nosejki vo smrt 100-tina nasi braniteli..
Од: ROMPLUS
Датум: 10.12.2008 18:26:28
Сокој во оваа држава може да бире судија па и Вангелина Маркудова. Зошто да не? Ама и ако незнае дека тенковски делови не се јадат за доручек, пак си дозволува да суди за нешто што ни во сон не видела. Да и појаснам дека со тенкови во 2001 година се бранеше држава Македонија од која она јади леб. 2,5 милиони евра се ништо во однос на секојдневни фрлања на пари за маркетинг на Владата. Колку ли ке треба да одат во затвор сегашните министри кога е донесен најголем буџет за следна година. Г-дин Krlezi тенковите беа планирани за уништување ама се очекуваше пролетна офанзива. Г-дин најреален - Та пола Македонци во минатите години одеа на Халкидик�� ,Ибица, Турција а ти што немаш леб да јадиш ама имаш пари за да јадиш .... на интернет.Г-дин Vojslavec по твое значи ако лежи Бране ке мора да лежи и Грујо.Жалосна вистина за наше судство, па ај да сме сами на планетата, ама не сме, не гледаат од Европа и ни се чудат што меѓу себе се јадеме.
Од: verag
Датум: 10.12.2008 21:17:00
Кога кај нас ќе судат актуелни премие��и и министдри? Груевски со НПК го оштети буџетот за околу 10 милиони марки,државата изгуби 24.000 квадрати деловен простор,50 вработени останаа без работа,а за деловниот простор се вработија партиски луѓеи од младинска задруга. А само со непочитување на договорот на Окта со Мамидакис бузетот се осиромаши за ,чинам,30.ооо евра. Кога ќе одат во затвор одговорните за ова/ Се надевам барем кога ќе ја изгубат власта.
Од: angele
Датум: 10.12.2008 22:38:42
E od vakvi lopovi vojskata ni dojde do ova deredze vojnicite nasi nemaat uniformi odat kako partali,hranata e za nikade, a se prasuvam za 20 milioni evra koi buckovski gi dade bozem za modernizacija na nasite helihopteri na nekoja si izraelska firma (od koi edniot padna),a za tie pari mozat da se kupat 5 novi helihopteri treba MVR da go ispita i ovaj slucaj kade sto ima pogolem kriminal od tenkovskite delovi

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Дали визите ќе останат поради името
ВМРО-ДПМНЕ не е изненадена од Кушнер