Број 3443  сабота, 27 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
На прво место

Трајковски: Таму не се знае каде се А1 и „Време“, а каде прават смоки

Светлана Унковска

„Моментно можам да изразам лично задоволство за квалитетот на материјалот што е пронајден во хартиена форма, што значи до крајот на годинава ќе излеземе со нацрт-записникот од даночниот наод. Многу ми е жал што се направи обид да се пренасочи вниманието дека УЈП со Финансиската полиција и со МВР врши упад на медиум. Од овој успех што го постигнавме со обезбедување документација, можам да гарантирам дека дури да беа таму сместени и Си-Ен-Ен и Би-Би-Си, а не А1 телевизија, УЈП ќе постапеше токму на истиот начин. Не признаваме никакви форми на паравани и заштитници на вакви тешки злоупотреби во даночната сфера“, ова вчера го рече директорот на УЈП, Горан Трајковски, на пресoт, на кој покрај медиумите, присуствуваа и претставници на меѓународни институции.

Завчерашните случувања пред А1 телевизија Трајковски ги нарече обид за дефокусирање на јавноста. „УЈП, рече тој, не ја интересира уредувачката политика не само на А1 телевизија, туку на ниту еден друг медиум“. Цел на засилената контрола било одлевањето на околу 7,5 милиони евра во странски држави, познати како „даноч��и раеви“. Првиот човек на Управата нагласи дека станува збор за контрола на работењето на неколку фирми, сите регистрирани на „Перо Наков“ б.б. или на број 60, каде што функционираат вкупно 40 фирми.

„Таму не се знае кои простории се на А1, до каде е ’Време‘, а од каде почнува производството на смоки“, вели Трајковски. Според првиот човек на УЈП, контролирани се печатницата „Мисирков“, „Плус продукција“ (која ги издава весниците „Време“ и „Шпиц“), потоа „Акс-стра“ и „Акстра трејд“, која звучи исто со претходната, но се работи за две фирми. Исто така, инспекција е извршена и во „Синин“, потоа во „Време ЕЧ“ и „Плус ком“. По увидот во овие фирми, со судски налози од истражен судија е извршен и целосен претрес на Финансиската полиција, а дополнителен судски налог бил обезбеден и за фирмите „Хедис маркет“ и „Хедис компани“. Проблемите во работењето на инспекторите се јавиле поради тоа што како сопственици на голем дел од фирмите се јавуваат лица кои не се државјани на Македонија и со „купувањето идентитет на странски државјани“ биле вршени големи даночни измами, а ниту еден од семејството Рамковски не бил предмет на контролата. По извршената контрола, запленети се 45 компјутери и еден сервер, како и повеќе регистри со документи, додека уште еден сервер е запечатен поради неможноста да се транспортира. Утврдено е дека фирмите не платиле околу 1,6 милиони евра ДДВ.

„Најинтересна за нас беше фирмата ’Акстра трејд‘, која била поврзана со ’МиА бевериџис’, компанија за производство на сокови, која со своето функционирање сакала за брзо време да исчезне од правниот простор во земјава, оставајќи зад себе загуби од пет милиони евра само спрема државата. На таа компанија, чиј сопственик е странски државјанин од Блискиот Исток, веќе и' се запленети објектите, а според нашите сознанија тој е избеган во Грција. Постојат индиции дека 7,5 милиони евра преку ’Астра трејд’ се прелеани во држави кои се даночен рај“, посочи Трајковски.


#
Статијата е прочитана 3165 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 27.11.2010 12:15:56
По се излегува дека господинот Трајковски се разбудил од зимски сон.Како што е познато тој не е директор на УЈП од вчера.Но сигурно тој работи како ке му каше претпоставениот(неговиот лидер)Сигурно тој го има слушнато дерењето на неговиот лидер ,кога господинот Рамковски го настапил на жуљот(окце на прстот кое многу болно боли)Ова приказна што ја објаснува е за мали деца.
Од: ace
Датум: 27.11.2010 12:40:55
a sto ke kazis na toa sto rece velija deka grujo plakal reklami so narodni pari??????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????/ cekam odgovor ako go oima
Од: prijatel
Датум: 27.11.2010 12:47:57
Трајковски дали ти паднало на памет да извршиш винасиска контрола на Сител и Силекс.Таму ти е забрането од вождот Грујо верувај те насадија тие ке побегнат.
Од: забеган.
Датум: 27.11.2010 13:37:30
Аце------------И јас исто ко тебе чекам одговор.Колку слушнав се работи за ситно од околу 4 милиони...........Само не слушнав дали беа евра.
Од: boze
Датум: 27.11.2010 13:45:01
Gi cimam nekolkuve kometari i se cudam....Pa luge vie sankcionirate KRIMINAL....zarem do toa padnavme da branime luge koj iznesuvaat pari i se bogatat a pritoa se odnesuvaat kako "Koja e pa drzavata da plakam danoci"....Toa ne e Skopska Sema tuku KRIMINAL
Од: 3G
Датум: 27.11.2010 13:46:33
Toj sto ja kidnapiral makedonskata drzava i ja drzi i nea i narodot vo zaloznistvo-se uste, se vika BC od familijata sdsm koi go povikuvaat narodot da im pomogne nivnata r'ga da ja prefrlat na drug a od toa pognasno delo-Amin. Znaci koga gi citate ili slusate izjavite na BC i sdsm samo zemete gi kako da nekoj tret im gi upatuva nim, na vistinskata adresa. Ke treba trezvenost i trpenie za da se iscisti toj slajm od makedonskoto opstestvo za da ne stekne imunitet i da nadvladee i da go zarazi celosno i zasekogas. Zatoa, Gospode davaj um! Narode begaj od zloto BC i negovata zloglasna banda! Poddrska za makedonskata drzava so site sredstva i sili da go brani narodot od nov kriminal na zloglasnata banda sdsm i negovite verni slugi.
Од: Ѕингоид
Датум: 27.11.2010 14:08:43
Трајковски,повели кај нас,тука се знае каде е Сител,каде Силекс,каде останатите Ѕинго-компани!ККај нас не можеш да се изгубиш!
Од: Stojko
Датум: 27.11.2010 14:37:07
Mi se gadi od vakvi ligavi bezrbetnici, kako sto gi vidov na televizija. Inspektorite i li gi ignoriraat novinarite ili vikaaat "Nemam komentar". Pa nemas, koga nemas ni kicma, ni onaa rabota.
Од: Od fakelaki
Датум: 27.11.2010 14:44:10
Rajot na kriminal vo Makedonija se nadevam deka sega Mlekarite kese pobuna i da gi dobia parite sto velija sto gi oplacka sega muje Majkata i taka zaplenile crni pati.......
Од: Раде
Датум: 27.11.2010 15:03:35
Заради НЕСМАСНАТА акција организирана од директорот на УЈП, целава оваа контрола може да падне во вода. Како прво иако е директор, тој не смеел однапред да знае за доверливите информации поврзани со предметот. Како второ - самиот однапред ја искомпромитира инспекцијата прејудицирајки наоди врз основа на ‘индиции‘. Како трето - тој не ги разграничува ингеренциите меѓу УЈП и Финансиската полиција. Ако имало елементи кои се под ингеренција на Финансиска полиција тие одат сами во инспекција и сами го преземаат предметот. И најнакрај: дали очекувале дека во А1 е скриен Бин Ладен па морале да имаат ‘асистенција‘ од цел батаљон полицајци во фул антитерористичка опрема. Сево ова покажува незнаење и неспремност на институциите во државава.
Од: mitra
Датум: 27.11.2010 16:19:20
g.trajkovski neka pusti finansiska policija vo site firmi ,preprijatija ,........ privatni i drzavni ,ali javno so kameri na primer tineks,makpetrol,zeleznica,................ a ne samo vo a1. ali da bide realen ,ne kako sto ke mu kaze grujo site okolu grujo
Од: јас
Датум: 27.11.2010 16:55:28
А дали дотичниов господин е Нострадамус, ап однапред знае каков криминал ќе открие во дадена фирма , па однапред кажува што и како се работело во тие фирми?!И дали воопшто знаеше кој субјект е запечатен а кој не е ?! Мислам дека знаеше ,ама мораше безочно да лаже.Тврдеше дека весниците не биле запечатени , исто и А1 ТВ , а сепак снимките кажаа СЕ’ !!Ама капак на сето беше турата одења по телевизии ( некои од нив не можат ни селски ТВ да се наречат ) и објаснување што и како се работи.Неговото место беше со неговите потчинети во А1 и таму пред камерите да објасни јасно и гласно што бара УЈП и од кого ..
Од: Kalimero
Датум: 27.11.2010 17:33:39
Vnimatelno ja citav statijata i nikade ne najdov deka inspektorite na UJP bile spreceni vo vrsenje na rabotata za da bide povikana policijata vo asistencija. Dali seta portokalova prikazna za sprecenost na inspektorite paga vo voda. Dali sepak policijata bese da demonstrira sila vrz novinarite ili pak da gi brane od graganite, duri da go bara Bil Laden, toa nekoj mora da i go objasne na nasite gragani, za da znajat so koj si imat rabota i kade ziveat.
Од: aleksandra
Датум: 27.11.2010 17:41:11
Branko i SDSM zaedno so Velija i vie isprani mozoci slepo sto gi podrzuvate, za zal ili za srekja go doprevte dnoto! Mizerija nevidena!!!
Од: xxL from Prilep
Датум: 27.11.2010 18:27:25
pa nali bea bre vo zatocenistvo tvoite "inspektori" vo A1,da.. onie sto ostanaa bez komentar? Ova e uste eden cekor nazad kon EU i NATO! Glujo svestise!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 27.11.2010 18:45:41
За жалење се овие опозициски неимформирани коментатори кој прашуваат за Сител.Таа тв куќа е КАЗНЕТА СО 100.000 евра за финансово неработење по законите.Трпе е во право кога вели зошто предходно не се интервенирало,се знае од кои причини.Додека одработува за една политичка опција се преќутува ваквиот криминал.Така било и 2006 год.со ,,упадот,, на тогашната власт а сега опозиција во А1,така е и сега.Криминалот треба да се санкционира секогаш и на време.
Од: karokan "gambit"
Датум: 27.11.2010 18:47:37
G-dine Stojko,dobro si voocil nekoi "sitnici" sto kazuvaat mnogo,no ne mi e jasno zosto gi napagjas i duri navreduvas.Se e taka kako sto si navel,toa i jas go zabelezav,no namesto da gi napagjam i navreduvam jas gi sozaluvam. Sto da kazat kutrite???????????????? Da kazat deka se "zatoceni",kako sto rece nivniot sef,ednostavno treba da lazat!!!!!!!!!! Da recat deka nikoj ne gi zatocil i deka normalno rabotat,vece naredniot den ce dobiea otkazno resenie. Ako bea zatoceni i onevozmozuvani vo rabotata, siguren sum deka toa jasno i glasno ce go kazea. Od sto da se plasat.Od novinari na medium.Pa sto im moze toj medium na obicni sluzbenici.Tie ne se politicki licnosti ba vo idnina da bidat diskreditirani od mediumot.No,ako go kazea sprotivnoto,e togas imase od sto da se plasat i ne samo da se plasat!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: boro
Датум: 27.11.2010 19:43:43
pa dobro sto e A1 tel. pa i da imalo i tamu inspekcija toa ne e li dozvoleno - kako mozat site drugi da plakaat danoci na ovaa drzava sto e povlastena taa televizija
Од: Cairska banda - Smrk
Датум: 27.11.2010 23:10:32
Danocen kriminal postoel i ke postoi.Vprocem sekade vo svetot toj e "dvigatelot" na ekonomijata i faktor koj sto pridonesuva za razvoj na firmite. Megutoa, Velija ne e nitu firma, nitu drzava.Ova trebase da go napravat mnogu porano - e sega prasanje e zasto ne go napravija?!Covekot kradese od drzavata, od narodot, od zemjodelcite ... Zaplenetite pari da posluzat za isplata na mlekarite,poveke od jasno e deka Velija bese vmesan i vo mlecnata kriza i vo zelenata mafija. Neka vlasta go ima v predvid obicniot narod i toa sto nemu mu dolzi :)
Од: Che Gi Varam
Датум: 27.11.2010 23:54:24
Abe lugje, ne dozvoluvajte da ve defokusiraat od sustinata na problemot. Ne e biznisot na Ramkovski problem, toj raboti na ist nacin sive ovie godini. Problem e sto vo poslednive denovi na A1 odea prilozi za "najposteno" zarabotenoto bogatstvo na Mijalkov. Veke videna rabota, novinarite od A1 ke si go krkaat, a vie ostanatite novinarcinja nema da imate hrabrost ni da go spomenete Mijalkov. Ahhh, koga ke mi tekne kogo vie vikate zelkari................
Од: Johnny
Датум: 28.11.2010 01:38:07
Vakvite opravduvanja na direktorot na UJP se poveke od smesni.Ne mu treba ni CNN ni BBC, eve za pocetok neka gi iskontrolira firmite na Singo sose Sitel, Latas i Vecer i firmite na Boris Stojmenov zaedno Kanal 5, ama vaka kako sto vrsese kontrola vo zgradata na A1.so eden avtobus inspektori i so eden voz specijalci.Dokolku toa ne mu e dovolen predizvik eve mu edno vistinsko iskusenie: neka napravi kontrola vo firmite koi Vane Cvetanov gi posoci deka napravile finansov kriminal vo iznos od 120 milioni evra i za koi edna godina baral i ne dobival priem kaj premierot, ana republickiot obvinitel mu dostavil eden sleper dokazen materijal koj bil odbien so edna recenica nema osnovi za somnenie za storen kriminal.Mozebi i e taka,no eve UJP ima osnovi i dokazi za kriminal tezok ne 7, tuku 120 milioni evra pa bujrum g-dine Trajkovski i gospoza ministerka,ako smeete na delo pokazete ja vasata nepristrasnost i deka ovaa vlast se odnesuva podednakvo prema site i deka zakonite vazat za site,
Од: Ставрос
Датум: 28.11.2010 09:07:35
На пазар, секоја тезга се знае на кого му припаѓа! Како можело да се регистрираат неколку фирми, кои што вртат големи суми пари, а да не се знае точно кои се нивните канцеларии! Тие фирми не функционираат од вчера! Има нечто ТРУЛО во Државата Македонска! (Рибата смрди ог глават, а чеканот со чекан се разбива - уништува)!
Од: Deni Skopje
Датум: 28.11.2010 09:07:55
Advokatot - visokiot so mustaki vo A1 rece deka ovaa vlast drpnala 4 milijardi evra, trajkovski ujp podlizurkoto i toa da proveri , tenderot za avtobusite 5 pati go ponistuvaat dodeka ne go namestija za O. kamcev.vmrovcive se obicni siledjii - nepismeni neskolovani golemi antimakedonci.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 28.11.2010 09:27:59
Пробај да влезеш во Владата!Па и таму не се знае каде е „Лавот“,а каде „Јавачот без коњ“!
Од: R.Hollandia
Датум: 28.11.2010 09:35:45
jas mislam deka toj trajkovski je staven na toa rabono mesto za da mozat grujo i drugi negovi da perat pari po sigorno oti u UJP je kluco za sve i toj trajkovski je isto lopusina ne videna da nese prave nekoj posten za toj slucaj vo A1 TV cela vlada da si odma podnese ostavka i da si zaminat od makedonija toa se ne videni kriminalci i razbojnici metez napravija od makedonija.
Од: VMRO
Датум: 28.11.2010 11:29:46
Utrinski vesnik itno da se ZATVORI !
Од: cento
Датум: 28.11.2010 12:05:59
Imam odlicna ideja samo nemam pari da ja ostvaram. Da napravam Tv vo sosedstvoto se razbira na Makedonski jazik i NEZAVISNO da informiram za site kriminali ta bile storeni od vmro, sds, dui ili bilo koj, Se nadevam deka nekoj Neutralen so dovolno pari ke go procita ova i ke go ostvari za da im stavi kraj na site kriminalci vo drzavata. Pozdrav i ve molam objavetego komentarov
Од: Трајче Крушево
Датум: 28.11.2010 16:55:45
Прво сакам да потенцирам дека апсолутно никој не е против инспекциски надзор!УЈП треба да си ја врши работата, а зошто чекала до сега е друго прашање, на кое директорот не даде одговор!Вика дека инспекторите биле во заточеништво, а пронашле пишани материјали, е па како е тоа можно ако ве попречувале во работата?Само се чудам зошто новинарите не ги пуштавте да си одат дома како што се гледа од снимките, а мислам дека беа Сафет Бишевац и Катерина Гетевска! Зошто новинарката Анета Додевска со ленти во рацете не ја пуштавте да влезе во својата редакција?Нели е тоа попречување на движењето на вработение во А1?Жалосно е што сакате да го покриете фашистичкото однесување на оваа власт! Ниедно објаснување без одговор на овие прашања не држи место!
Од: Igor
Датум: 28.11.2010 21:31:20
Трајковски убедливо најдобар директор на УЈП досега / За Македонија
Од: Roditel
Датум: 28.11.2010 21:43:22
овој Велија ептен лопов бил, ама ај со крадел крадел , па и децата ни ги тровел, смоки со сомнителен кваллитет на диво произведувал, за ова треба колективна тужба да му поднесеме, каде е здржението на потрошувачите да реагира, ова е жално
Од: Горче
Датум: 29.11.2010 01:14:17
Трајковски: Таму не се знае каде се А1 и „Време“, а каде прават смоки. 7,5 милиони евра во странски држави, познати како „даночни раеви. Повеке од ова нема што да се коментира, самите реченици кажуваат што прави Велија. А да му одговорам на мислењето на Аце, Велија незнае каде да се заврти во каква заблуда е , па јасно дека ке го напага Груевски, сака да ја заврте топката, па лугето како вас, да ја занемарат бројката 7,5 милиони евра!!! Нападот е најдобра одбрана, ама коа имаш докази, а Велија ги нема за неговиот напад врз Груески, каде што пак државата има многуууууууу докази за проневерата на г. Велија!!!
Од: Nezavisen glasac
Датум: 29.11.2010 08:49:24
Abe Trajko,koga ke vidam deka gi ceslas i firmite na Zingo i drugite tajkuni -lopovi vo Makedonija,da im go konfiskuvas imotot,i toa da se podeli na narodot,togas ke bidam siguren deka ne si partiski oboen i potrcko na vlasta.Dotogas,zakuti i ne si pojavuvaj vo javnosta,ziva sramota si,kako klovn izgledas...
Од: Od mene
Датум: 29.11.2010 10:22:19
До директорот на УЈП - Ако законот е ист за сите да си плати казна за пушење цигари во затворени простории односно во просториите на државна установа и останатите казнени одредби по тој закон како што важи законот за сите. И како директор на таква институција да си поднеси неодповиклива оставка за кршење на законите на Р.Македониа

Најди! во Утрински
На прво место
Инспектори го тресат Рамковски, А1 обвинува за упад
Адвокатката на А1 колабираше
Кавга во Собранието
Брисел повикува на воздржаност
На А1 не ни се случи народ
 


Reorganisation of Croatian territories essential
Moldova elections fail to break political stalemate
Romanian national celebrations cause scandal in Hungary