Број 3426  понеделник, 08 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Политика

Богатството на „Алшар“ - мит или реалност

Единствена идеја на надлежнитее околината на локалитетотда се трансформира во футуристички музеј на отворено

Ангел Данов

КАВАДАРЦИ - Дали утробата на рудникот „Алшар“, во близина на кавадаречкото село Мајден, навистина крие огромно богатство или тоа се само митски приказни? Колку е реално дека таму има руди со златни жили, но и ретки вредни минерали, како што се егзотичниот талиум и лорандитот. Дали отворањето на окната во мистичниот рудник може да ја збогати Македонија и да донесе повисок стандард за граѓаните?

На овие прашања и денес нема одговори, бидејќи државата, барем засега, не покажа заинтересираност да инвестира во експлоатацијата на најстарото рудно наоѓалиште во Македонија, а најверојатно и на Балканот. Сепак, фрапантни се сознанијата од систематските истражувања до кои дошле американски и англиски компании во периодот од 1986 до 1989 година. Резултатите од лабораториските наоди на делови од руда потврдиле дека „Алшар“ крие 20 тони злато. Ако ова е точно, тогаш пресметано според цената на златото на светските берзи, станува збор за богатство од 200 милиона евра.

Увид во овие истражувања на странските експерти имал и професорот Блажо Боев од универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. „Во ’Алшар‘ нема отворени јами и тешко се доаѓа до рудното богатство. Едноставно, оттаму е невозможно да се земе нешто вредно и значајно“, тврди професорот Боев. Тој додава дека „Алшар“ треба долго да се истражува, бидејќи може да се откријат и други минерали. „Моментно нема ниту еден проект што е сериозно поддржан, а е во насока на промоција на нашето природно наследство. Единствено активен беше проектот што се работеше со Австријци и Германци преку австрискиот и германскиот фонд за наука. Преку него требаше да се одреди степенот на ерозија на ’Алшар‘ како важна претпоставка за употребата на минералите на талиум во проектот за детекција на неутрината со потекло од сонцето“, изјави професорот Боев.

Единствена идеја на надлежните е околината на „Алшар“, која е прогласена за споменик на природата и законски заштитена, да се трансформира во футуристички музеј на отворено. Државата нема намера да им го издава подрачјето на концесионери.

За присуството на злато во „Алшар“ раскажуваат и жителите од селото Мајден што се наоѓа на 300 метри од рудникот. Тие велат дека рудникот во кој било период од годината постојано го посетуваат лица од секаде во светот, со и без автомобили. „Алшар“, велат тие, е интересен за дивите копачи, но речиси е невозможно да се влезе внатре. Според сеќавањата на жителите со кои разговаравме, последната организирана активност се одвивала од 1998 година до 2000 година, кога била прекината поради конфликтот.

Сепак, не постојат никакви траги дека во минатото се експлоатирало злато од овој рудник. Единствено постојат записи дека за време на османлискиот период од „Алшар“ се ваделе антимон и арсен.

Да се стигне до Мајдeн е потребен еден час, бидејќи патот е лош. Сепак, околината е убава. Природата восхитува. Во минатото, до Првата балканска војна, од „Алшар“ се ископувале минерали на арсен што се носел во Солун. Некогаш, кога рудникот бил активен, жители на Мајден работеле како рудари. Селаните коментираат дека рударството е скапа инвестиција, а дека државата нема доволно пари за да ги истажува природните богатства. Можеби тоа е причината зошто во „Алшар“ нема поголеми зафати, претпоставуваат мајденчани, кои само повремено доаѓаат во селото, а се преселени во Кавадарци.

„Ова место треба да се отвори и да стане достапно за цел свет. Нека доаѓаат луѓето, има што да се види. Ова подрачје може да стане главна туристичка атракција“, велат нашите соговорници, кои ги сретнавме обиколувајќи го подрачјето околу „Алшар“. Тие само знаат дека е богат рудник, а не знаеја да кажат што е тоа што ја зголемува вредноста на ова место.

Во интервју за локалната телевизија КТВ, заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Соња Лепиткова, кажа дека ова подрачје мора да се развива. „Првенствено треба да се направи пат, а потоа е лесно да се осмисли решение на просторот“, рече неодамна Лепиткова. Нејзина идеја е од „Алшар“ и од околината да се направи футуристички музеј на отворено, да се искористи убавината на реката и на регионот со своите посебности. Заменик-министерката најави дека ќе лобира за државата да инвестира, бидејќи митската убавина на „Алшар“ треба да се почувствува.

„Кога еднаш ќе дојдеш тука, не можеш повторно да не се вратиш. ’Алшар‘ зрачи со некоја посебност. Сакам да се направи туристичка атракција од типот на научен-селски алтернативен туризам каде што ќе доаѓаат научници, професори, студенти од цел свет за да ја видат спецификата на целиот регион каде што се наоѓа ’Алшар‘“, додаде Липиткова.

И професорот Блажо Боев смета дека „Алшар“ и поголемиот регион од планината Кожуф можат да бидат национален парк или атрактивно туристичко место. „Како гео-парк, исто така, би бил интересно место за луѓето од таа област“, смета Боев.

Пред стотина години рудата од „Алшар“ се испитувала во елитните универзитети во Прага, Будимпешта и во Виена. Биле пронајдени дотогаш непознати минерали. Во околу 250.000 тони руда има два отсто арсен, 2,5 отсто антимон и 0,1 процент талиум. Оваа концентрација го прави рудникот најбогато наоѓалиште на талиумот, што се користи за вселенски истражувања и во телекомуникациските технологии.

Светските научни кругови се преокупирани со лорандитот, бидејќи станува збор за мошне редок минерал, за кој е утврдено дека во така големи количини го има единствено во Македонија. Лоцирани се 32 минералa на талиумот, од кои 17 единствено ги има во „Алшар“.

Познавачите велат дека од досега спроведените истражувања во „Алшар“ арсенот го има толку многу што може да се усмрти целиот жив свет на планетата. Но, неговата примена е незначителна и многу рудници го издвојуваат како нуспроизвод. Утврдени биле и 500.000 тони руда за антимон. Меѓутоа, во неа антимонот што, главно, се употребува во производство на акумулатори, е застапен со 2,5 проценти, а арсенот со еден процент помалку. Во ваков сооднос, па и услови на пазарот, науката не била заинтересирана ниту поттикната да најде технологија за издвојување на арсенот од антимонот. Таква технологија не постои на светот. Според тоа, и антимонот не е интересен, бидејќи металот со арсен губи од квалитетот. Многу слична е ситуацијата и со талиум. Сега талиумот се издвојува како нуспроизвод во некои рудници низ светот, со што се покриваат потребите на светската индустрија. Главна примена, како додаток во други легури, има во воената, во авио и во вселенската индустрија. Се проценува дека времето на талиумот наближува, а во „Алшар“ го има во изобилство. Доколку би дошол тој миг, во Македонија може да се случи убав живот, како во местата од каде што се експлоатира нафта.

Историјата на рудникот „Алшар“ (Мајден) е многу интересна, но и многу малку документирана. „Алшар“ се спомнува во турските дефтери од 1481 година. Во документот што се однесува на Рожденскиот атар (селото Рожден е во непосредна близина на рудникот „Алшар“) се спомнува и годишниот приход на турскиот султан, кој околу 35 проценти бил од продажбата на арсенската руда.

За рудникот има и документи од 1877 година, кога почнува да се формира и рударската населба Мајден (денес селото Мајден). Тогаш „Алшар“ бил по�� концесија на англиско-француска компанија со седиште во Солун, а работите во рудникот ги надгледувал инженер (Charteau), кој работниците го нарекувале Ќелепијата. Во рудникот биле вработени околу 500 работници од околните села на Мариово, а најмногу од селото Рожден. Со развивањето на рудникот се зголемувала и рударската населба. Од 1890 до 1912 година оваа населба заедно со селцето Мајден веќе броела 32 куќи. Во рамките на рудникот „Алшар“ имало и мала сепарација за дробење на рудата и за одвојување на корисните минерали. (А.Д.)

Споменик на природата

„Алшар“ се наоѓа 40 километри јужно од Кавадарци, кај селото Мајден на планината Кожуф, во близина на македонско-грчката граница. Овој споменик на природата почнува од Рудине, кое е на надморска висина од 964 метри, од каде што води на северозапад и се спушта на раскрсницата на земјениот пат во јужен правец кон селото Мајден. Оттука границата го менува правецот кон север и продолжува по земјениот пат во должина од два-три километри до почетокот на суводолицата што се спушта во Мајденска Река. Споменикот на природата во вака опишаните граници опфаќа 120 хектари. Во меѓународни рамки светски познатиот локалитет по раритетно присуство на бројни минерали како објект на природата е вклучен во списокот на Corine биотопи во 2000 година. Идентификуван е како значајно растително подрачје (ИПА) и е предложено вклучување на локалитетот во Емералд-мрежата на подрачја од посебен интерес за зачувување.








#
Статијата е прочитана 5781 пати.

Испрати коментар

Од: Lupco Arsov
Датум: 08.11.2010 12:19:10
Al{ar go drzi VMRO kako djoker za krizni vreminja i togas ke go otvori, Makedonija naednas ke se pretvori vo zlatna zemja i blagosostojba.
Од: ....
Датум: 08.11.2010 12:29:49
ma mnogu bogatstvo ima tamu.vie samo sedete i ne rabotete a parite ke pocnat prost da tecat.Treba da se raboti bre luge.90% od naselenieto sto zivee po selata ne gi rabotat nivite,ne cuvaat dobitok,pa duri i jajca kupuvaat.kaj go ima ova?
Од: Горан - М. Каменица
Датум: 08.11.2010 12:51:59
Доста измислуваме празни приказни во кои веруваат само деца, дајте нешто поконкретно.Откријте колку олово и цинк е изнесен од државата од рудникот Саса. Можеби не е 200 милиони евра туку многу повеќе.
Од: Dr.Coci
Датум: 08.11.2010 14:53:04
Sum pisuval i porano za Alsar i za Loranditot. Toa deka e najbogato naogjaliste vo Svetot za Lorandit e tocno. Tragi od mineralot ima vo Utah (SD) a go ima i na Ural ( vo Rusija). Jas licno sum bil vo laboratorija kaj naucnik vo SAD koj sto ima izraboteno ured za proizvodstvo na elektricna energija preku kristalot na Loranditot (kako soncevite kolektori na primer sao posofisticirano) so sto moze sekoja kukja vo Makedonija da ima svoe snabduvanje so el.energija!!! Uste ovremeto na YU ALshar e drzen vo tainstvenost ...a taka e i denes...se pazaruvaat garniturite na vlast so stranci kako sto se pazaruvaa vo privatizacijata protoa gledajki da obezbedat za sebe da bidat Mr.5% (kako Kulbekijan so naftata)! DOI koga mislat deka ke moze da se pravi toa? Naucnikot mi se pozali (pred poveke godini ) deka ne mozese da dobie kristali od makedonsiot Lorandit duri i za svoite prototipi!? Sto da vi kazuvam poveke? Invest in Macedonia, ama samo preku "nivnite lugje" ne moze da ne vodi napred!
Од: boka
Датум: 08.11.2010 14:59:26
danlodiraj te go pdf documentot napisan za alshar: http://www.springerlink.com/content/v16361600n066448/
Од: Ljubopiten
Датум: 08.11.2010 15:51:37
10 години ги слушам истите приказни, богатство, злато, лорандит, талиум итн. ништо не е докажано ! Факт е дека има арсен и антимон и толку! Дека може да биде туристичко место и тоа може, на некој начин и веќе е тоа. Во однос на фисија и фузија и секој друг обид рудникот комерцијално да се експлоатира би мозело да биде погубно. Види го само Фени и гспореди го со Алшар низ таа призма. Дали ни е потребе усте еден извор на рак и иронични донации за цркви ? Јас би се замислил малку....
Од: jovan
Датум: 08.11.2010 21:08:05
Koga nema drug realen izlez, mitovite se kako zamena deka eve nesto ke trgne na podobro.
Од: Solo
Датум: 09.11.2010 00:57:03
Vladata ceka Marsovci da slezat i tie da otkopaat zlato pa da im dadat 90% od profitot. Mrzliva nacija.Sramota. Lezaci i Lopovi. Pokraj vakvi neranimajkovci treba da ni ja krstat zemjata Mrzadonija
Од: Stipjanec
Датум: 09.11.2010 06:09:12
Loranditot i taliumot bile koristeni uste od vremeto na Filip vtori i Aleksandar Makedonski. Nivnite vojnici gi triele sabjite i stitovite so tie minerali pred sekoja bitka, taka da go zaslepuvale protivnikot . Sekako deka toa bilo edna od golemite tajni vo toa vreme i zatoa Filip vtori go zakacil toj mineral na svoeto zname (zvezdata od Kutles). Se prasuvam zosto toa ne se obelodani i se iskoristi kako turisticka atrakcija vo Makedonija? Ke ni idat stranci , a nie ke im trieme minerali na nekoi odreden metalen predmet koj bi bil simbol za Makedonija i Aleksandar Makedonski.
Од: ODNADVOR
Датум: 09.11.2010 11:55:44
Za iznenaduvanje e sto nikoj nisto ne napisa ili ne kaza za Pocinatiot Paskal Sotirovski koj go ispituvase i odlicni go poznavase ovoa bogato podracje vo Makedonija! Duri vo Pariz dovagjase i nekoj novinar od Mk za da pisuva za Paskal Sotirovski i negovata studija. Ovaa "drzavna tajna"izgleda deka ke bide "pogrebena" so kic gradbite na "Skopje 2014";

Најди! во Утрински
Политика
Ревизорите на потег за „Патриотска метла“
Досега ни бевте непозната територија
Зурли и тапани за брат Љубе
Нов правилник за екскурзии
„Надеж“ е слика на безнадежноста на СДСМ
Милчин возврати на обвинувањата






Albana is refused EU candidate status
Macedonia considers €400m IMF crisis loan
Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia