Број 3253  петок, 09 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Скопје

Втора мајка за изградба на Менхетен во Аеродром

Инвеститорот ќе биде обврзан во рок од шест години да изгради три облакодери високи помеѓу 33 и 125 ката

Деспина Трајковска


Државата не се откажува од футуристичкиот проект за изградба на три повеќенаменски облакодери во Аеродром високи помеѓу 33 и 125 ката, слични на познатиот Менхетен во Њујорк. Иако пред половина година за парцелата помеѓу бензинската пумпа на „Макоил“ и воениот комплекс „Гоце Делчев“ немаше заинтересиран купувач, Министерството за транспорт и врски повторно го продава плацот. Овој пат, поевтино и со изменети услови за заинтересираните купувачи.

За првата лицитација почетната цена за квадратот земја беше утврдена на 7.000 денари, а сега таа е намалена и изнесува 6.000 денари. Претходниот пат површината на понудениот плац изнесуваше 21.247 квадратни метри со површина за градење од 10.000 квадрати, а во сегашниот повик се нуди градежна парцела од 21.150 квадратни метри со површина за градба од 14.873 квадрати. Во првиот обид за продажба на плацот државата инсистираше инвеститорот да изгради три облакодери со минимум 25 ката, додека сега условот е висококатниците да не бидат пониски од 33 ката со можност за изградба и до 124 ката. И овој пат од Министерството за транспорт потенцираат дека најголеми шанси да го купи земјиштето ќе има оној што ќе понуди најголема катност.

Согласно со јавната објава за продажба на парцелата, идниот сопственик ќе биде обврзан во рок од шест години да го реализира проектот. Детаљниот урбанистички план предвидува изградба на три висококатници во кои освен простор за домување ќе има и деловен простор, трговски центри, а дадена е можност во комплексот дел од просторот да се искористи за културни и верски намени, како и за спорт и рекреација.

Инаку, освен продажба на овој плац, на подрачјето на Аеродром државата нуди и две парцели наменети за изградба на хотели. Станува збор за две локации во непосредна близина на мостот „Близнак“ и спортската сала „Јане Сандански“, по должината на кејот на Вардар. Едната е со површина од 5.175 квадратни метри, а другата од 11.972 квадрати. Почетната цена за квадратен метар и на двете парцели изнесува 4.600 денари. И двата хотела, согласно со ДУП, ќе можат да достигнат висина до пет ката. Инаку, за разлика од актуелните и веќе продадени парцели за хотели во централното градско подрачје, за овие во Аеродром не се инсистира на посебни услови кај заинтересираните купувачи во однос на поседување синџир на познат бренд хотели и слично.


#
Статијата е прочитана 2312 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 09.04.2010 07:02:44
Oblakoderite ce gi gradi TAV.
Од: gledac
Датум: 09.04.2010 10:30:11
Како и за други, суштински работи, така и за оваа нема анализа. Претпоставувам дека жителите, исто како и ресусрсите (вода, ладење, греење итн.) ќе дојдат како странска инвестиција, веројатно од вселената.
Од: jas
Датум: 09.04.2010 11:36:32
abe kakvi oblakoderi KAKOV MENHETEN.... normalni li ste?? izgradete veternici kao po svetov i ne plakajte struja...eeeejjjjj.....
Од: Вито
Датум: 09.04.2010 15:55:11
Како и сите големи проекти во Р.Македонија така и овој нема да биде успешен но сепак да се надеваме
Од: koki
Датум: 09.04.2010 18:59:41
Абре какви стокатници какви бакрачи.......уште ли ВМРО-вчињава ќе ве замајуваат со глупости.... ќе стигнат до десетти спрат и паѓаат од власт.... уште еднаш враќање АМИН......

Најди! во Утрински
Скопје
Се подготвува теренот за фонтаната на Александар
Четири идеи за барокна катна гаража кај МЕПСО
Градските советници пак го игнорираа „Скопје 2014“
Саем на наука во „Јахја Кемал“
Предавања како да се избегнат ризиците