Број 3623  среда, 06 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Политика

Интервју

Ќе ја добиеме и оваа битка за ослободување на Љубе

Виолета Бошкоска, сопруга на лидерот на ОМ

Гордана Дувњак



Како сте госпоѓо Бошкоска? Изгледате доста уморно и ослабено.


Се чувствувам многу исцрпено и се' уште не можам да се соземам по шокот од апсењето на мојот со��руг, кој се случи ден по изборите. И натаму тврдам дека станува збор за монтиран политички процес, кој има цел да го дискредитира мојот сопруг како личност. Власта сака да прикаже дека „ете и тој е криминалец“, а не само оние за кои тој јавно зборуваше на митинзите и во јавните настапи. Во отсуство на Љубе, партијата Обединети за Македонија е изложена на жесток притисок за целосно уништување, бидејќи во изминатиот период се наметна како остар критичар на власта.



Дали можевте да претпоставите дека Вашата дневна маршрута по изборите ќе биде на релација истражен затвор - суд?

Буквално сум растргната сум на сите страни. Секој ден или на два дена му носам храна на мојот сопруг во Шутка, се среќавам со адвокати, одам по институции, во партија... Бев една недела во Хрватска за да видам што се случува со нашиот семеен бизнис, бидејќи сме во екот на туристичка сезона и да беа околностите поинакви, веднаш по изборите ќе заминев таму и веќе ќе примав и ќе испраќав гости. Но, животот ме научи дека човек мора да се соочува со постојани искушенија и со нив мора да се справува.



Семејството Бошкоски е повторно во центарот на вниманието со последната кражба на сефот во Вашата семејна куќа. Кога забележавте дека се случило тоа?

Во последно време ретко сум дома. Дека нешто недостига, со синот забележавме при моето враќање од Хрватска. Сефот се наоѓаше во спалната, но јас откако се случи апсењето на Љубе, имам отпор да влезам во таа соба и спијам во собата на ќерка ми Кате на катот. Во сефот се наоѓаа два пиштола на Љубе и еден мој, за кои имаме уредна дозвола, како и одредено количество муниција. Проверивме да не е случајно претходно однесен во куќата во Челопек, но и таму го нема сефот.



Како го објаснувате тоа што нема траги на насилно влегување. Дали се сомневате на некого?

Нема траги на насилно влегување бидејќи кај нас обично се' е отклучено. Не се сомневам во никого и не можам да кажам кои биле мотивите за провалување во куќата, но претпоставувам дека некој мислел оти во куќниот сеф има пари.



Колку пати сте се виделе со Бошкоски и каква е неговата психичка состојба?

Двапати го посетив во истражниот затвор, а требаше да се видиме и при увидот во доказниот материјал. Но, за жал, се одложи бидејќи немаше слободна судница. Разбравме дека истражниот судија бил зафатен во наредните два дена и затоа очекувам дека по истекот на 30 дена, ќе му биде продолжен притворот. Љубе е видливо ослабен, но добро се држи.



Зошто го сменивте адвокатот?

Мојот сопруг има особина да биде опкружен со многу луѓе. Ангажираше и дополнително адвокати, како што се Драган Гоџо, Донче Наков и Стеван Павлевски. Г-динот Љубомир Михајловски сака да работи сам, а не во тим, па реши да се повлече.

Дознавте ли точно за што го товарат Бошкоски, кој му се јавил критичниот ден за да му ги даде парите, кој стои зад претходните две исплати што ги споменува полицијата?

Јас не можам точно да кажам. Велат дека е тоа поради финансирањето на изборната кампања, но и тука има многу нелогичности бидејќи Љубе и не беше шеф на изборната партиска кампања. Не ми спомнал дека некој му дал пари или требало да му даде. Чаршијата може да зборува се' што сака.



Дали Бошкоски знаеше дека е цел на специјални истражни мерки и дека е прислушуван?

Знаевме уште за време на Нова година, а телевизија Сител дури и јавно објавуваше најразлични шпекулации. Но, Љубе како Љубе, си остана доследен на себе и цело ова време тврдеше дека ги почитува законите на оваа држава и нема од што да се крие.



Како Вашето семејството ова го поднесува што Ви се случува?

Многу тешко, иако имаат веќе искуство и се навикнаа татко им да не е дома и да биде апсен и во притвор. Сепак, најтешко го поднесува помалиот син Филип, кој непосредно пред денот на изборите имаше и закани дека татко му ќе заврши како во „Долина на волците“. Четири дена по неговото апсење, заедно со сестра му замина во Хрватска. Јас останав овде со постариот син Панче и со мајка му на Љубе. Трчаме, се бориме..



Како апсењето на лидерот на ОМ се рефлектираше врз партијата?

Она што се случи со Љубе внесе голем шок и вознемиреност во партијата, но таа успеа да ја задржи својата кохерентност. Функционира, зачувани се општинските организации. Но, имаме голем проблем бидејќи Љубе е единствен потписник на сметките. Со партијата раководи претседателство, од кое поради поголема функционалност, неодамна се избрани петмина лица да ја координираат партијата во овој исклучително тежок период.



Рековте дека власта се обидува да ја уништи партијата. На кој начин го прави тоа?

По изборите, сите се изложени на силен притисок и на закани и трпат голема штета. За жал, некои и ќе си заминат, но барем ќе се прочисти партијата и ќе остане искреното членство.

Најмногу на удар се носителите на листи, па некои од нив се избркани од работа или имаат големи проблеми, на други не им излегува финансиска контрола од фирмите, на трети им е загрозен бизнисот, им се затворени казината и кафулињата. А Љубе, кој беше носител на листа во „тројката“, заврши во притвор. Но, засега сите тврдат дека ќе го издржат овој притисок и остануваат во партијата.



Дали некој покажува лидерски амбиции?

Засега не.



Колку се точни информациите дека ВМРО-ДПМНЕ се обидува од внатре да ја преземе партијата?

Јас немам сознанија за такво нешто. Од она што го гледам секојдневно, се надевам дека тоа не е можно. Кој има интерес да преземе партија што изгубила на избори и има големи долгови? Но, ќе покаже времето.



Се зборува дека партијата должи насекаде и дека е многу веројатно да Ве исфрлат од партиските простории на улица?

Можно е такво нешто. Не е тајна дека имаме проблеми со неплатените кирии. Се обидуваме да се договориме, да побараме одложување на роковите, а доколку е можно, да земеме и помал простор. Но, ако не успееме да дојдеме до договор, ќе се бара помал стан на друго место.



Колку во овие моменти добивате поддршка или, пак, по старото добро правило, кога колата ќе тргне надолу, сите вртат грб?

Секојдневно ме застануваат луѓе на улица, се интересираат, даваат поддршка, но повеќе затскриено, бидејќи се плашат. Можам да ги разберам, такви времиња се. Има луѓе што отворено кажуваат дека им е страв и велат, вас ве следи полицијата и не е безбедно. Но има и такви што сами се нудат да помогнат, а порано не го правеле тоа.



Колку ова што Ви се случува е дежа ви. Допираат ли и до Вас муабетите дека Љубе можеби се спасил од Хаг, но нема да може од македонските судови и ќе заврши в затвор?

Сега е најтешко, бидејќи ударите ги добиваме од своите и затоа и толку боли. Доаѓаат и до нас тие муабети. Дури слушнавме и дека градоначалникот на Аеродром на некој партиски состанок рекол дека Љубе ќе биде осуден од 8 до 10 години. Значи, предвреме го осудиле.

Но, нема да им помине. И досега се обидуваа на сите можни начини да го оцрнат. Дека бил предавник, го предал Јохан.

Свесни сме дека судството е зависно од власта и прави се' што сака ВМРО-ДПМНЕ. Но, не се откажуваме. Битката очекувам дека ќе ја добиеме преку медиумите и јавноста, домашните и меѓународните институции за човекови права. Веќе ги посетивме ОБСЕ, Хелсиншки комитет, народниот правобранител, амбасадите. Има олку многу прекршувања на постапката што не може да се затвори очи пред тој факт.



Дали добивате некакви закани за да се откажете?

Сега не. Пред апсењето, имавме закани.



На свој грб го пренесовте целиот товар за докажување на невиноста на вашиот сопруг во Хаг. Ќе најдете ли сила и овој пат да го направите тоа?

Секако. Но, свесна сум дека судовите наскоро ќе одат на одмор. Не очекува голема битка, но се надевам дека ќе ја добиеме и оваа. Две веќе добивме: Хаг и Раштански. Иако судскиот процес во Пула е во мирување.



Бошкоски еднаш не ве послуша кога му рековте да ја батали политиката. Верувате ли дека ќе ве послуша следниот пат?

Само да заврши се' во најдобар ред, а потоа ќе видиме. Овој пат ќе биде поинаку. Или ќе се откаже заради семејството или, пак, јас ќе си заминам и ќе го оставам да си води политика.



Се каете ли што се вративте во Македонија?

Многу пати. Со Панче деновиве помалку на шега си велиме - сега имаме полномошно и можеме слободно да ја продадеме куќата и да заминеме во Бразил. Ете му ја на Љубе Македонија!



Дали сериозно размислувате да ја напуштите земјава засекогаш?

Да. И во време кога се случуваа раштанскиските настани и во перидот кога Љубе беше во Хаг. Сиве овие години се трудев од петни жили да не се распадне семејството. Веќе сме во брак 22 години и многу сум уморна и истоштена.


#
Статијата е прочитана 7921 пати.

Испрати коментар

Од: nazalen
Датум: 06.07.2011 00:26:47
Gospogjo Boskovska. Makedonija ne e hotel za stranski turisti, vo koj gostite (citaj Familijata) Boskovski ke iszleguva i vleguva koga saka. Polistikata ne e tulimbi pravenje. Malku vi ostanalo zaednicko so Makedonija. Vasiot soprug sakase da zgrabi uste malku pred definitivno da kaze deka Makedonija "ne e mesto za ziveenje". AJde izvlecete se od ova popoara sto ja zamesi vasiot ambiciozen soprug i ostavete gi onoe sto nemaat kade da si ja gledaat rabotata i politikata...
Од: Patriot
Датум: 06.07.2011 00:31:59
Sekoja cest za intervjuto Letka !!! No nemojte go terate bratot nas da se otkazi od politikata posto samo toj e svetla tocka vo politikata vo Makedonija bez ni edna afera ... Narodo koga togas ke se probudi i ke mu ja dade podrskata na Brat Ljube !!! Denes nie cekame osloboditelna presuda !!! SO GOSPOD NAPRED
Од: mirkomir
Датум: 06.07.2011 00:54:07
bog ke odluči sloboda ili zandani
Од: mitko dimitrovski
Датум: 06.07.2011 00:56:22
Gospogo Violeta zalam sto Vi se slucuvaat vakvi neprijatni raboti ,no so vasiot zivoten sopatnik drugo i nemoze da vi se sluci ,oti covekot si ja bara beljata so borina sto bi rekol nasiot narod.Ne sum veruval deka e tolku glup i neblagodaren.
Од: dime prcot
Датум: 06.07.2011 01:00:48
DIREKTNO PRASANJE ZA GOSPOGJA BOSKOVSKA... DALI SE SEKJAVAS KOGA LJUBE BESE VO HAG STO IZJAVI.............JAS KE TE PODSETAM .......LJUBE NIKOGAS POVEKE NEMA DA SE ZANIMAVA SO POLITIKA..VTORO PRASANJE DALI LJUBE TEBE NETE SLUSA ILI TOA NEMU BESE POUKA ILI PAK NEKOJ DOBRO GO NAMESTI.. POCITUVANA GOSPOGJO ODSEKOGAS MU SE DIVEV NA UMETNICITE POKUSAVAV DA BIDAM UMETNIK AMA NA KRAJOT SVATIV DEKA OD SEKOE DRVO NEBIDUVA SVIRKA. VPROCEM SO OVA MU GI OTVORAM OCITE NA TVOJOT SOPRUG .....BATALI POLITIKA GLEDAJSIGO BIZNISOT DODEKA IMA VREME NEVLEGUVAJ USTER VO ZIVATA PESOK ISPLIVAJ NA POVRSINATA I BEGAJ DODEKA MOZIS OVA PRIJATELE TIGO PREPORACUVAM ZA TVOE I DOBROTO NA TVOJATA FAMILIJA. P.S JAS NESUM OD DRUGATA STRANA NA TVOIT POLITICKI PROTIVNICI JAS SUM SAMO OBICEN GRAGJANIN KOJ JA GLEDA SOSTOJBATA ODSTRANA AKO SAKAS VERUVAJ AKO NE.......GOSPOD NEKA TIE NAPOMOS.
Од: граѓанин
Датум: 06.07.2011 01:24:58
Неприципиелноста на оваа власт ги надмина сите граници. Бошковски сигурно има прекршено некој закон при изборите, ама кампањата на ВМРО беше толку невкусно раскалашана, огромни пари се фрлени на глупости и никој не може да ме убеди дека тие пари ги заработиле партиските војници со својата тешка работа и ги донирале за славната македонска кауза. Секој кој не размислува на нивниот примитивен начин од славните патриоти е прогласуван за предавник, па и за криминалец како Љ.Б.. Блазеси му на Љубе барем откога ќе ги истрпи сите шиканирања има друга држава да се пресели, а јас треба да останам во најнедемократската, најсиромашната и најнеперспективна држава во Европа во која владее најрегресивната власт во нејзината историја.
Од: skopjanec
Датум: 06.07.2011 03:02:35
a be ovaa ni bila golema patriotka, no dali nekogash se zaprashala kako se custvuva gopsogada sonja tarcullovska....?!
Од: johan
Датум: 06.07.2011 04:57:55
da be violete biznis vamu biznis tamu kuka vamu kuka tamu patrioti golemi ste pistoli mafijasi , epa nekoj u brazil ke ide nekoj u sutka
Од: jovan
Датум: 06.07.2011 05:56:05
gospogjo boskovska vreme bese i vie da pocuvstvuvate bolka posle site zlodela sto gi napravi vasiot soprug.zarem mislite deka normalen covek ke vi veruva deka ljube ne e vinoven za rastanski i za johan koj ja izdrzuva kaznata na ljube.
Од: Најдобро ќе беше да си останеше во Хаг
Датум: 06.07.2011 07:31:48
Се каеле што се вратиле од Хрватска? Јас се каам што донирав мои пари за да му се платат адвокатите во Хаг. Најдобро ќе беше да си останеше во Хаг. Не знам како од таму се извлече, дали извршил предавство или не, но од нашиот суд се надевам дека нема да се извлече.
Од: Od strana gledano
Датум: 06.07.2011 07:34:45
Велат дека е тоа поради финансирањето на изборната кампања, но и тука има многу нелогичности бидејќи Љубе и не беше шеф на изборната партиска кампања. Izgleda ce ima nov Johan, drug bil kriv ne bil Ljube shefot, isto kako shto rece i Velija neka si odgovaraat direktorite, shto imam jas so toa!
Од: mite
Датум: 06.07.2011 08:29:48
Golemite ludje se golemi koga e najtesko,taka i G-gja Violeta e goelema kolku i teskotiite i tezinite koja taa gi ima vo ovie teski vremenja za neja no i za celoto semejstvo.G-djo Violeta nemoj da mislite deka ste sami ima MAKEDONCI koi ne zaboravaat na VAS i na Ljube...bidejci toj navistina ostavi dlaboki koreni vo MAKEDONIJA i za Makedonija i zatoa ce bide sekogas HEROJ......se socustvuvame so vas i Celoto Semejstvo, se molime da se oslobodi i pak da bidete zedno i srecni, a tie koi naparvija vaka i ni zadadoja BOL na celiot Makedonski Narod - GOSPOD e goelm i ce im PLATI.......podrska od pravite Makedonci..............SLOBODA za BRAT - LjUBE.....
Од: Elena
Датум: 06.07.2011 08:52:32
Se nadevam deka za skoro vreme se ke se sredi Draga Gospogo Violeta Boskovska znam deka e tesko no mora da izdrzite hrabro i da bite po optimisticki so seto srce vi posakuvam se najdobro i zal mi e sto doziveavme vakva trauma, tragedija no kako Gospod nikoj ne e
Од: добро информиран
Датум: 06.07.2011 09:34:47
За“jovan“ - Јохан не лежи затвот заради Љубе, затоа што имаа различни обвиненија во Хаг.Љубе како министер(мвр не учествуваше во акцијата) беше обвинет затоа што “не превзел мерки против прекршителите кои ги прекршиле правата за војување после акцијата“, а Јохан ( како обезбедувач на Трајковски) беше обвинет “заради учество во акцијата без налог“,бидеќи акцијата ја водеше министерството за одбрана на чело со врховниот командант Трајковски после дигањето во воздух на камионот со 7 војници кај Љуботен.Љубе со добар адвокатски тим и издржани сведоци вработени во МВР со релевантни докази ја докажа својата невиност ,при што се докажа дека формирал комисија која работела на откривање на прекршителите.Негова најголема грешка беше што се појави заедно со новинарите на местото на настанот(сите ја знаеме таа слика од ТВ кога стојат покрај една ограда и ја посматраат акцијата на терен).А Јохан за своето обвинение “учество о акцијата и убиство на 7 цивили,тој јавно призна за 3,и за толку е и осуде
Од: Вистина!
Датум: 06.07.2011 09:38:48
Госпоѓо Виолета,сите ние, од своето рагање имаме своја судбина и искушенија во овој земен живот.Ова не е утеха за овие тешки денови за Вас и Вашето семејство ,а највеке за Љубе и за вашите деца, ами порака да истраете! Бог е праведен ,нека Ви даде сила да го истрпите тоа што не можете да го промените,и верувајте , има само еден судија ,а тоа е нашиот Спасител.Не губете надеж и верба дека вистината ќе победи,,таа е најдоброто оружје !
Од: kole
Датум: 06.07.2011 10:43:37
Ах Вики, Вики.....ќе ве јаде Грујо................
Од: viktor
Датум: 06.07.2011 10:45:34
Bravo Gospogo Boskoska, ama ne go mislev Ljube onolku glup, mozebi Ljubco Georgievski bese vo pravo koga rece neznam Ljube kolku ke se snajdi vo politikata, zs i on go procenil deka ne e dovolno intelegenten, pa.. sto mislese sto ima vo hartienata kesa? Sendvice za nego i za sin mu? Zal mi e.
Од: Perec Kifla
Датум: 06.07.2011 10:46:49
Da ispadnese poinaku, nemase da se kaete. Toa e zivotot. Nepredvidliv.
Од: Alek
Датум: 06.07.2011 11:44:49
I nie se kaeme sto dojdovte gospogo
Од: beba
Датум: 06.07.2011 12:35:41
Ma, nesmee toj vo Hrvatska da se vrati, i tamu ke go apsat! Go predade Johan vo Hag, i sto sega ne mu e jasno???
Од: koki
Датум: 06.07.2011 12:37:38
Љубе ги преживеа хашките зандани.Ќе ги преживее и нашиве.И мора да ги ги преживее за да ја докажи исконската борба за демократија во Македонија.Еднопартискиот систем е минато и не може повторно да се враќа.Се ова ме потсеќа на крајот на 19 век и почетоко на 20 век.Што тоа се случуваше во ВМРО.Се убиваа најголемите синови на Македонија за некои туѓи каузи.Затоа народе свести се.
Од: Graganin od RM
Датум: 06.07.2011 12:53:59
Podrska za semejstvoto Boskovski.Ne se predavajte borete se . Ima narod sto e i za Vas . Ima mnogu nedemokratski i nedoslednosti vo apsenjeteo i drzenjeto pritvor sto obicniot graganin go revoltiraat. PS Brat Ljube i soprugata uste ednas mnogu vnimatelno da go izgledaat precekot -vrakanjeto na Ljube od Hag na Skopskiot aerodromi reakcijata na licata sto go precekuvaat Se vide uste togas kolku e dobredojden...
Од: Гостиварчанец
Датум: 06.07.2011 15:28:05
Госпоѓо и мене ми е криво што се вративте од Хрватска... Криво ми е и тоа што немам 100.000 евра кеш па и јас да се РАШЕТАМ со нив ваму -таму низ прекрасната ни Македонија...
Од: poraka za voioleta
Датум: 06.07.2011 15:34:12
Виолета искрено речено за жалење си.Толку ли неможеше на твојот сопруг со надпросечна интелегенција да му објасниш да не доаѓате на печалба во МАкедонија? И ти и тој точно знаевте какви злодела има направено.Сега оди право кај Соња Тарчуловска и извини и се во името на твојот ценет сопруг.ПСТ, Не заборавај тулумба да и однесеш.
Од: gole
Датум: 06.07.2011 15:45:51
do lazniot johan abe predavniku,gledaj si go ti mijalkov kako ke projde koga ke padne ovaa vlast,a za ljube ima koj da se grizi,lubomoren dusmanu!

Најди! во Утрински
Политика
Нова осуда на нападот врз рускиот дипломат
Претстои договор за екстрадиција
Пробен психолошки тест за идните судии

"""