|
|
|
|
|
|
Сведоштва
Македонци одлучувале за судбината на Јованка Броз
Веле Митановски
Тито и жртвите на комунизмот во светот
Звучи помалку неверојатно, меѓутоа, во една анкета на глобално ниво, на еден светски бизарен натпревар, првото место - како најголем тиранин, не му припадна на Хитлер, туку на Сталин. Д-р Зоран Тодоровски, директор на Архивот на Република Македонија, на страниците на овој весник ги систематизираше „злосторствата на комунизмот“, повикувајќи се на обемниот труд од околу 900 страници од 11 француски историчари под наслов „Црната книга на комунизмот“ , каде што бројките што ги посочува овој заеднички труд се многу шокантни за размерите на феноменот на ��омунистичкото владеење: 65 милиони луѓе убиени во Кина, 20 милиони во некогашниот СССР, по 2 милиона во Северна Кореја и во Камбоџа, 1,7 милиони во Африка, 1,5 во Авганистан, по 1 милион во источноевропските земји, потоа Виетнам, Латинска Америка... За репресиите на комунистичкиот режим во Титова Југославија во книгата се посочуваат само депортираните 32.000 лица на Голи Оток, преземени од објавената анализа на историчарот Владимир Дедиер.
Тито и Македонците
Во Македонија, се чини, бројот на поддржувачите на ликот и делото на Јосип Броз Тито е поголем од оној на неговите противници. За поддржувачите, Македонија токму во времето на Тито за првпат добила државност и културна самостојност во заедничката сојузна југословенска држава, со релативно стабилна економија, пасош што им овозможувал слободно да патуваат низ целиот свет. Противниците, пак, на прво место го ставаат фактот дека токму кај нас биле присутни најжестоките репресии врз противниците на заедничката држава, дека многу приврзаници на идејата за независна македонска држава биле убиени без судење. Познати се случаите во Велес, потоа со младите струмичани, случајот со првиот претседател на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто, Петре Пирузе од Охрид и други. Според некои податоци, во периодот од 1945 до 1980 година се одржани околу 700 политички процеси против членови и припадници на тајните организации и групи, на кои биле изречени стотици смртни пресуди и долгогодишни затворски казни. Од нив, од слобода биле лишени 1.045 припадници на илегалните групи и организации, од кои 242 биле осудени на смрт или на временска казна до 15 години.
Па, сепак, култот кон Тито бил изразен насекаде во Југославија, а во Македонија особено. Во секоја република и покраина по еден град го носел Титовото име. Подгорица, во Црна Гора, станала Титоград. Словенците го прекрстија Велење во Титово Велење. Косовците му ја дадоа Титова Митровица, Врбас во Војводина стана Титов Врбас, Хрватите ја преименуваа Кореница во Титова Кореница. Босанците од Дрвар направија Титов Дрвар, а Србите - Титово Ужице. Ние во Македонија бевме со пошироки раце, така што, покрај прекрстувањето на Велес во Титов Велес, преименувавме и некои географски топоними. На пример, на највисокиот врв на Шара - Голем Турчин (и Александров Врв од 1934 година) му го дадовме името - Титов Врв. Тито особено ги освои срцата на Македонците во 1963 година кога по катастрофалниот земјотрес, дојде во Скопје со ветувањето дека ќе го никне во уште поубав град. Македонците, т.е. охриѓани, на најубавиот простор - шумата во месноста Горица, му изградија резиденција, вилата „Билјана“, која и денес се нарекува Титова вила. Шеталиштето, градскиот крајезерски кеј и денеска го носи името - „Кеј Маршал Тито“, како што во Скопје едно од елитните средни училишта го носи неговото име. Прославениот француски режисер Ив Боасе, кој годинава на Фестивалот на францускиот филм во Охрид ја доби „Златната почесна маска за животно дело“, можеби по малку и на шега рече дека „ќе му предложи, на градоначалникот на Кан да го преименува шеталиштето во францускиот монденски град во „Јосип Броз Тито“, како што е во Охрид!.
Македонците беа со Тито и кога тој физички замина од овој свет. Случајот сакаше прв покрај ковчегот со телото, во холот на Собранието на СФРЈ да застане Лазар Колишевски, кој беше претседател кога почина Маршалот, односно претседавач со колективното Претседателство на Југославија. И други Македонци беа ангажирани околу историскиот погреб, на кој дојдоа и почит му оддадоа дотогаш најголем број делегации од целиот свет. Хроничарите запишаа: вкупно 209 делегации од 127 земји. Попрецизно: 122 државни делегации, 48 делегации на партии, 4 делегации на ослободителни движења, 9 делегации на меѓународни организации и 6 други. Или : 38 шефови на држави, 4 суверени кралеви, шестмина принцови, членови на кралски семејства, 31 претседател на републики, 10 потпретседатели на републики, 11 претседатели на национални парламенти, 22 премиери, 12 заменици на претседатели на влади, 47 министри за надворешни работи и повеќе членови на влади. Тито беше погребан на 8 мај 1980 година во Белград во својата градина меѓу алеите од ружи што самиот ги одгледуваше, во „Ужичка“ број 15. Во средината на стаклената градина, меѓу прекрасни ружи стои бела мермерна плоча на која пишува „Јосип Броз Тито, 1892 - 1980“. Години и децении по смртта, неговиот гроб е место за „аџилак“ за многу граѓани од поранешната заедничка татковина, меѓу нив и на Македонци.
Македонци одлуЧувале за судбината на Јованка Броз
Сопругата на Тито, Јованка Броз, во јавноста се доживува како најпознатата, петта и последна сопруга на Маршалот, кој имал повеќе познати и во јавноста непознати сопруги или љубови. Првата венчана сопруга на Тито била руската убавица Пелагија Бјелоусова, втората - Луција Бауер, третата - Херта Хас, четвртата - Даворјанка Пауновиќ, партизанката Зденка. Во мојата книга „Рани спомени“ познатиот белградски адвокат од македонско потекло Тома Фила сведочи дека меѓу неговите клиенти е и Јованка Будисавлевиќ-Броз, последна сопругата на Јосип Броз Тито. Фила сведочи дека нејзината судбина по смртта на Маршалот била во рацете на Македонци.
- Да, може така да се каже. Димче Беловски многу направи за Јованка. Владо Камбовски и' ја среди пензијата во висина на платата на претседателот на Сојузното (југословенско) собрание. Киро Миљовски и' ја среди ситуацијата со куќата. Јованка и' должи многу на Македонија. Таа вели дека Драгољуб Ставрев и' направил зло, наводно, со пиштол ја избркал од резиденцијата! Сега живее во една помошна зграда што се користела за стражарница, близу Белиот двор. Не верувам! Ставрев не беше човек што вади пиштоли. Но, којзнае како било во тие комунистички времиња? Јованка и натаму останува на тоа тврдење. Како и да е, по смртта на „Стариот“ , Македонци се погрижиле за нејзината судбина - сведочи Тома Фила
Тома Фила, македонски Влав по корен од Битола, додава дека лично средил, од позиција на советник на заменик-претседателот на Владата и прв човек на полицијата и лидер на социјалистите, Ивица Дачиќ, вториов лично да и' го предаде пасошот на Јованка Броз.
- Да, јас сум тој што ја среди работата со пасошот на Јованка Броз. Расим Лаиќ и' ја заврши работата со парното затоплување на куќата. Тоа е куќа на Дедиње. Доста руинирана, но ако се вложат извесни средства, може да биде и доста атрактивна и да чини десетина милиони евра. Тоа е државна куќа и по смртта на Јованка, ќе остане во сопственост на државата Србија. Сега сме во потрага по пари за да ја реновираме. Јованка има близу 90 години, нема да ја носи со себе. |
#
|
Статијата е прочитана 6028 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Противник на диктатурата |
Датум: 09.07.2011 03:06:40 |
|
Како можете да пишувате за диктатори а да не го спомнете Груевски и диктатирата што тој заедон со неговите сопартијци (ид врвот но и од базата) ја спроведуваат во Македонија. Ова е уште почудно ако се знае дека тоа се случува во 21 век !!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Ljubotan-Trade Name |
Датум: 09.07.2011 03:48:51 |
|
Napisot mi lici na ;Staro Poznato,samo ne sum znael deka Makedoncite bile Tolku mnogu ,,vliatelni" vo SFRJ. Pardon ! Navistina Makedoncite bea ,,Uticajni-Vliatelni" iskoristeni kako Masi-Jurisnici. Zarem zaboravivte na slucajot Rankovic,Naivni Krste i Slavko se izgorea.,a Mislejki deka se Avangarda na Tito, na Liberalizmot so Kucar i drugata sitna boranija!Zatoa, Srbija na ovie,,Liberali vo Hrvatska i na Nasive; Krste i Slavko im Vrati Milo za Drago ---KICK OUT! PS Ova Tocno go znam,od ispovest-Pouzdani i direktni kontakti! |
|
|
|
|
|
|
Од: sime |
Датум: 09.07.2011 10:07:44 |
|
Tito nenadminata licnost vo istorijata na balkanot i svetoot,golem drzavnik vo cija drzava ziveevme srecno i bezbedno,a kako e sega? |
|
|
|
|
|
|
Од: загрижен |
Датум: 09.07.2011 10:22:30 |
|
DO protivnik na diktaturata
А бе господине, ја згреши страницата. Треба да остаиш коментар под текстот „Државата ги заборави психијатриските болници“ и да си ги кажеш маките од стекнатото искуство во нив. Што има врска Тито од пред 31 година и власта сега во РМ. |
|
|
|
|
|
|
Од: Hari |
Датум: 09.07.2011 10:31:14 |
|
Makedonija trebe da podigne spomenik na Tito kako osnovopoloznik na drzavata a ne na homoseksualci i ubijci. TITO e legenda, a koj e diktator ne trebe da ne sluzi memorija dovolnoi e da pogledame na segasnosta. |
|
|
|
|
|
|
Од: Баба Ката од Секулицу |
Датум: 09.07.2011 10:44:10 |
|
Само едно питање.Ако се напише ЦРНАТА КНИГА НА ЖРТВИТЕ НА КАПИТАЛИЗМОТ, ззнае ли некој колку страници ќе има? До појавата на Советскиот сојуз,колку ВОЈНИ имаше?Те колонијални,те локални, те граѓански те СВЕТСКИ? А за оние жртви на демократијата и слободата од сиромаштија,беда, експлоатација,глад, болести итн. пак да не се криви комунистите? Погледајте малку околу себе. Немаме м3рмерен остров,ама,рака на срце, имаме поголема смртност (недостапно здравство,недоволна исхрана итн.) од колку во тој црн социјализам!А она Солун е наш да го оставиме по страна.Со два заробени топа и пеесетина митролези,на веке повлечени граници на влијание, е само романтична глупост... |
|
|
|
|
|
|
Од: забеган. |
Датум: 09.07.2011 11:07:17 |
|
Како тргнале работиве по се изгледа се Почнало од Македонија и со Македонија ќе заврши.Глупости нај потчинет и нај продадени души сме биле и ќе останеме. |
|
|
|
|
|
|
Од: Risto Andov, Skopje, Makedonija |
Датум: 09.07.2011 14:00:31 |
|
Повеќе пати сум истакнувал, еве и сега ќе речам дека, скогаш станува збор за вистината. Истата ете се гледа од разни агли, од разни аспекти, особено од разни интереси! Еве нашиве современи само прогласени демократи и вистинољубци , не можат да се помират со фактот дека современа Македонија како држава постои со голема заслуга на Тито! На пример, во агендата за архитектурата на повоениот свет скроена од големите тријца во Јалта, Македонци како народ и македонска држава немало! Освен тоа, Черчил со сите сили настојувал во Југославија да го врато кралот. Да се случило тоа, нашава земја ќе си останеше Вардарска Бановина, Ама ете, мудроста на Тито и силата на југоловенската партизанска војска чии дел беа и македонските партизани, дури и големите тријца не можеле да ги игнорираат. Ете тоа се непобитни емпирички факти, додека мудрувањата на спомнатите демократи само затоа што се прогласиле за антикоминисти, преставуваат само нивна ментална гимнастика! |
|
|
|
|
|
|
Од: dedo dimo |
Датум: 09.07.2011 15:36:36 |
|
Filip ,Aleksandar i Tito se naj zasluzni za Makedonija i za Makedoncite .Nazalost nie sne prodadeni dushii izgleda sne rodeni za da bidime robje pa kako shto se prodavate i ne poshtuvate shto e Makedonsko ponovo ke postanite robovi.AKO SAMI NE SE SAKAME I NE SE PRIZNAVAME SHTO OCHEKUVAME OD DRUGITE .I za vremeto na TITO Makedoncite se samounishtuvaa . |
|
|
|
|
|
|
Од: MKD |
Датум: 09.07.2011 17:39:06 |
|
Dobro de, Tito go trgnavme od iminjata NO zatoa Turcismite seushte postojat! I toa ne samo kako pridavka ili dodavka tuku kako celi Turski iminja kade nitu bukva nema na Makedonsko znachenje! E sega kazhete KOJ imal pogolemo vlijanie na nas, Tito ili Turcite? |
|
|
|
|
|
|
Од: Diktator |
Датум: 09.07.2011 21:04:31 |
|
Eh koga jas bi mozel da ja vodam M barem eden mesec. Bi znaele i koj ste i od kade ste. Ovaka mozete da laete na cel glas po internetov. |
|
|
|
|
|
|
Од: nekogas sekulovic sega sekuloski |
Датум: 09.07.2011 22:45:10 |
|
Abre kakvi makedonci kakvi bakraci site do eden sto gi spomnavte se SRBI SO KORENI OD MAKEDONIJA a toj sto izvadil PISTOL na JOVANKA JE BUGARIN ISTO KAKO I KIRIL GLIGOROV a advokatot od BITOLA JE VLAV I BRATUCED NA PITU GULI OD ne makedonska republika tuku VLASKA REPUBLIKA -KRUSEVSKA REPUBLIKA REPUBLIKA ZA KOJA SE BOREA TOKMU VLASI I SRBI e bato toa tie makedonija i makedoci. |
|
|
|
|
|
|
Од: kikimakedonski |
Датум: 10.07.2011 12:50:22 |
|
Брзам ама не моќам да не се јавам. Се знае кога е створена македонија и каде. Имаме ѓиви сведоци на тие настани. Дали тито има врска со денешна македонија - секако негови се корените на македонија. Адали Груевски е диктатор да почекаме гледате анализите се прават после кодини. СЕга никој не смее да каже. Секако дека тито лазо и други створители на македонија треба да имаат споменци во македонија а тито и лазо на видни места. Ја поврзавме историјата Филип -Александар-тито а што бара на плоштад самоил.
Во македонија некои факти ги криеме. Замислете дете после 30 години шета по малиот ринг. Што ќе види за нашата историја. Нека казат нашите историчари еднаш Скопје припагало на македонија, иулирија или на дарданија, Не гледам што скопје има заедничко со пела,
Се сложувам зичто никој неги брои жртвите на капитализмот. видете само сега што се прави во заната на нафтата. |
|
|
|
|
|
|
Од: do R.A. |
Датум: 10.07.2011 17:04:56 |
|
Na Jalta znaele za Makedoncite i Makedonija i zatoa bea priznati i ni se dozvoli da imame drzava, iako vo Jugoslavija.Dali bile na agendata vo Jalta Makedoncite i Makedonija ne e vazno. |
|
|
|
|
|
|
|
|