Број 3443  сабота, 27 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Мислења

Мислења

Опасен мит за херој-бизнисмен

Естер Дајсон

Бизнисмените одат онаму каде што се парите, но нивните компании остануваат таму каде што може да најдат добри потрошувачи и работници

Во почетокот на месецов организирав тркалезна маса во Монте Карло, центар на естаблишментот, за да дискутираме за прашањето „зошто Европа не може повеќе да им биде слична на САД“. Официјална тема на панел-дискусијата беше „Силиконска завист: дали Европа некогаш ќе го изгради следниот нов медиумски гигант?“ Меѓутоа, мислам дека луѓето се фокусираат на погрешно прашање. На крајот на краиштата, која е, всушност, вистинската вредност на „Мајкрософт“ или на „Епл“, „Оракл“, „Гугл“ или „Твитер“ во земјата? Секако, не се тоа даноците што ги плаќаат Бил Гејтс или Стив Џобс, Лари Елисон или Сергеј Брин, ниту, пак, даноците што ги плаќаат нивните компании (од кои и други земји, сепак, добиваат дел).

Вистинската вредност креирана од повеќето од овие компании е многу голема. Нивните вработени стануваат продуктивни работници и на крај потрошувачи во некој локален пазар. И нивните производи и услуги генерираат вр��дности дури и кога се фалсификувани или користени во земји каде што провајдерот не продава многу рекламен простор. Една земја може да ги добие сите овие бенефити без, всушност, да биде татковина на бизнисменот. Меѓутоа, има два бенефита што придонесуваат за татковината на херој-бизнисменот. Прво, локалниот бизнисмен служи како пример. Тој (ретко таа), ги охрабрува луѓето да сонуваат и, исто така, да ризикуваат, истрајува и покрај сите проблеми и генерира економска активност.

Секаде низ светот момчињата учат математика и наука во надеж дека ќе станат следниот Бил Гејтс. Но, да се има сопствен локален Гејтс е многу привлечно. Секогаш се сеќавам на она што еден мој руски пријател ми го кажа во 1991 година на конференцијата што ја организирав во Унгарија: „Секако дека и ние во Русија знаеме за Бил Гејтс. Но, тој не е значаен за нас: тој живее во САД, учел на ’Харвард‘. Но, гледајќи што Унгарците направија - тоа нам многу ни значи. Ни овозможи да сонуваме за тоа што можеме да направиме. Сепак, понекогаш мислам дека овој мит за херој-бизнисмен е опасен. Во економија, како што е онаа во САД, каде што почетоците се почитуваат, луѓето што ќе станат перфектно добри раководители на проект или продавачи формираат сопствени компании, изгладнувајќи го екосистемот на средни менаџери. Илјадници перфектно паметни и многу корисни луѓе се чувствуваат неадекватно, бидејќи не се херои. Многумина прават погрешни чекори во кариерата во потрага по слава. На пример, познавам брилијантен главен технички раководител, кој формираше компанија што никогаш не профункционира, бидејќи тој едноставно не можеше да ја управува. Неговите инвеститори (вклучувајќи ме и мене) го охрабруваа да се спои со конкурентот што имаше извонреден продавач како извршен директор. Но, двајцата извршни директори не можеа да се согласат околу условите и сега компанијата на техничкиот директор е згасната, додека другата компанија мака мачи со неадекватната технологија.

Во култури каде што почетоците се сметаат за ризични и не толку чесни, исто така, е тешко за бизнисмените да најдат пиони што ќе ги играат споредните улоги. Повеќето луѓе повеќе би сакале да работат за докажана компанија или за властите. Така, место да се фокусирате на наводните дефицити на бизнисмени, за момент обрнете внимание на реалниот недостиг од квалификувани луѓе подготвени да работат за нив. На секој Бил Гејтс или Стив Џобс што ќе основа компанија, здравата економија има потреба од десетици, стотици и на крајот на краиштата илјадници такви луѓе.

Меѓутоа, сега во Силиконската Долина, на која речиси секоја земја и' завидува, „Тех Кранч“ објавува дека „Гугл“ му платил на инженер 3,5 милиони долари во рестриктивни хартии од вредност за да го спречи да пребегне во „Фејсбук“. Освен тоа, „Гугл“ ќе му даде на секој вработен по десет проценти зголемување на платата во јануари. Ова е дури поголем проблем за стотиците нови компании што сакаат да ангажираат инженери, но не можат да си дозволат да се натпреваруваат со компании, како што се „Гугл“ и „Фејсбук“. И додека САД имаат голем број сопствени инженери (и увезуваат други и покрај рестриктивните политики за имиграција), многу други земји го немаат тоа, зголемувајќи ги предизвиците за помалите компании со кои се соочуваат во обезбедувањето квалификувани работници. И во САД и на други места повеќето образовни системи не произведуваат такви кадри какви што компаниите имаат потреба да ангажираат. Проблемот не е само во недоволниот број инженери, туку, исто така, и на луѓе со неопходни бизнис-вештини, финансиски и комуникациски вештини.

Многу големи компании во пазарите во подем, како што се Русија и Индија, ги обучуваат своите вработени, бидејќи високообразованите лица често пати ги немаат потребните вештини. Тоа е добро за големите компании, но прави помалите компании да заостануваат, бидејќи не можат да си дозволат обука на своите вработени или да се натпреваруваат за најдобрите. Ова погрешно здружување на мотивите задушува многу економии.

Земјите што сакаат да бидат успешни, наместо само да бидат домаќини на неколку бизнисмени милијардери што на крај ќе избегаат во рај за даночните обврзници, мора да се фокусираат на изградба на силен образовен систем за своето население. Тоа е местото каде што намерата на бизнисменот како херој може да биде корисна, со поттикнување на повеќе млади луѓе да изучуваат математика и наука, што ќе им помогне на многу начини, дури и во правењето нетехничка кариера.

Како да се охрабрат бизнисмените? Наместо со директно субвенционирање на новите компании, владите треба да им станат добри клиенти. Американската влада е голем клиент на компании за секаков вид софтвер, како што одамна помогна во изградбата на авиоиндустријата со склучување договор за транспорт на поштата.

Бизнисмените имаат тенденција да одат онаму каде што се парите, но нивните компании остануваат и обезбедуваат вредност (и работа) таму каде што може да најдат добри потрошувачи и добри работници. Добро образованите се оние што можат да ги добијат најдобрите работни места и на тој начин да заработат пари за да ги купат производите и услугите што тие и нивните колеги ги произведуваат.

(Авторот е претседавач на „Едвенчр холдингс“, активен инвеститор во разни компании низ светот и пишува за „Проект синдикејт“. „Утрински весник“ е дел од мрежата

на „Проект синдикејт“.)


#
Статијата е прочитана 2166 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Мислења
Цеца
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society