Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Анализа Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска Магазин
Македонија
22.04.2010, 18:46

Прва приватна специјална болница за нефрологија и дијализа

„Дијамед“ е сместена во комплетно реновирани простории во Ѓорче Петров

Снежана Калабакова

„Дијамед“ е новата приватна специјална болница за нефрологија и дијализа, која денеска се отвора во населбата Ѓорче Петров. Болницата е сместена во комплетно реновираните простории на поранешната матична служба со вкупна површина од 750 метри. Новата специјална болница располага со 25 дијализни места, со вкупен капацитет од 150 пациенти. Во текот на дијализата за пациентите ќе се грижи искусен медицински персонал.

Оваа болница ќе овозможи повеќе видови здравствена заштита од областа на интерната медицина, со посебен акцент на нефрологија и дијализно лекување. Располага со амбулантно-поликлинички дел, хируршка сала, дневна болница и сопствена биохемиска лабораторија. Опремата е од реномирана јапонска компанија НИПРО - Осака, која воедно е и инвеститор во болницата. Станува збор за позната јапонска фирма производител на опрема за дијализа, чие главно седиште е во Брисел. „Дијамед“ се претставници за Европа. Целокупната инвестиција во болницата во Ѓорче Петров изнесува еден и пол милион евра. Ова е прва приватна болница од ваков тип што располага со медицинска опрема со највисоки стандарди и со професионален домашен медицински кадар. Болницата најавува дека ќе потпише договор со Фондот за здравство, а веќе за дијализа се пријавени 92 пациенти.

„Целите поставени пред Специјалната болница за нефрологија со дијализа ’Дијамед‘ се да се постават нови современи стандарди во дијализната терапија во Македонија. Со ова ќе се обезбедат достоинствени услови за лекување, како и ефикасна и квалитетна дијализа со професионален однос кон пациентите. Се надеваме дека ова ќе биде модел што ќе придонесе за подобрување на стандардите за дијализа во сите центри на Македонија. Ние не сме центар за дијализа, туку болница за нефрологија и хемодијализа во која ќе се применуваат највисоки стандарди, меѓу другото, и за спречување на интерхоспиталните инфекции кај пациентите“, вели медицинскиот директор на болницата, д-р Љупчо Стојковски.

Оваа приватна здравствена установа има дневна болница, со посебна гардероба, тоалет и туш-кабина за пациентите. Салите за хемодијализа се издвоени, а има и ВИП-сала за странци било да станува збор за дипломати или за странски туристи.


Статијата е прочитана 1932 пати.

Испрати коментар



Водата за пиење бактериолошки неисправна
Раотинце во паника



SPIRIDON, 23.04.2010 09:11:41
Celite postaveni pred specijalnata bolnica se - materijalen dobit,profit po sekoja cena,gazejki preku "žrtvi".Da doktor Stojkovski,ako imate dobles ke kažete koj ve donese na toa mesto i zašo po celosno istrčanata rabota,od ideja do kluč na vrata,doktor Stojčev ostana nadvor od celata igra.Lešinari ne može da go stvarat zdravstvoto.Zabienio nož u grbo na kolegata od strana na "organizacionio odbor" ne dava ubava slika za taj centar u start.Posakuvam vi uspeh i stvarno korekten odnos prema kolegite i pacientite.
aleksandar, 23.04.2010 09:37:49
pa ova ne e privatno-javno partenrstvo kako sto kazuvavte,i od kaj znaat deka ke potpisat dogovor so fondot
Cybersex® во Земјата на Чудата, 23.04.2010 10:25:08
Навали Народе!!! Наместо бесплатно лечење и дијализа,сега можете да се „Испрчите“,за да ве види светот!Престиж!Докажете се кои сте - парите на виделина!Токму како и во „Систина“: „Мојата Х, се породи во С...!“ Ааа...оние, државнине апарати...маа... Нека скапуваат!Битно е да го Јавнеме Ацета на Ко(јн)њот,бидејќи така било и во Виена,а и во ПариС! А,квалитетот,ќе си дојде со парите...Утре,рано наутро! Сè почесто се прашувам, на што ли ќе ни наликуваат Клиниките по 2014п.н.е.?
alek, 23.04.2010 15:53:31
nepoznata marka masini i ova voopsto ne e privatno-javno parterstvo.ako nemaat dogovor so fondot kako ke dijaliziraat

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Облачно

Недела
Замрзнат дожд
Макс: 4°C, Мин: -3°C

Понеделник
Замрзнат дожд
Макс: 2°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Анализа | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска | Магазин |