Број 3332  среда, 14 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место

Државата почна со нови вработувања

Првите решенија на неопределено време се поделени во МВР

Катица Чангова
Светлана Унковска


Тргна трансформацијата на контингентот привремени вработувања.

Како што дознава „Утрински весник“, Министерството за внатрешни работи е првата државна институција што повлече нога и од 1 јули подели решенија за вработување на неопределено време.

Од МВР вчера вешто избегнаа да ја обелоденат бројката на удомени лица, ангажирани преку агенциите за привремени вработувања, кои во изминатите години кај нив примаа плата. Од овој владин ресор не објаснија по кој закон вработиле нови лица, дали распишале конкурс и како се одвивала постапката. Портпаролот на МВР, Иво Котевски, одговори дека може да ја даде само вкупната бројка на вработени, но не знае колку и дали од привремено вработените ќе добијат постојано вработување. „Барања за вработување во МВР кај нас не се пристигнати“, изјавија во Агенцијата за државни службеници. Притоа предочија дека во МВР се вработува по четири закони, освен според законите за работни односи и за државни службеници, по специјалните закони – за полиција и за внатрешни работи. Бидејќи барања не се пристигнати, од Агенцијата сметаат дека административците добиле работни места во МВР преку специјалните закони.

Во јавноста пред еден месец се пласираа неколку бројки за привремените, 5.000 вработувања како што тврди Владата, 30.000 е бројката на опозиционата партија СДСМ, а имаше и нешто трето, односно дека државниот апарат ќе се зголеми за уште 18.000 нововработени.

Од Владата уверуваат дека овие места во јавниот сектор ќе се освојат со знаење, стручност и со вештини, односно нема гаранција дека луѓето кои сега се таму ќе останат.

„Институциите зацртаа 5.000 позиции во своите систематизации каде што работат привремено вработени лица. Има позиции кои биле пополнети уште во времето на СДСМ. Ќе се даде согласност за распишување јавни конкурси и ќе се испочитуваат процедурите. Секој може да се пријави на објавен конкурс, а по проверките ќе се изберат најдобрите кандидати“, изјави портпаролот на Владата, Мартин Мартиновски.Тој нагласи дека ќе се направи трансфер на позиции, а не трансфер на вработени. Мартиновски тврди дека овие вработувања нема да предизвикаат дополнителни буџетски трошоци, туку дека ќе заштеделе пари во провизиите што сега им се исплатуваат на агенциите за ангажираност на привремено вработените. „Платите нема да бидат повисоки од надоместоците што месечно ги добиваат привремените. Почетник прима 15.000 денари“, објасни владиниот портпарол. Придонесите во бруто-платата, сепак, се многу поголеми од провизиите на агенциите за привремени вработувања.

За најавената трансформација на 5.000 работни места до 30 септември ќе бидат распишани јавни огласи, информираа од Министерството за финансии, кое потпишува одобренија. Од сите државни институции добиле барања за трансформација на вработувањата. ���Досега сите институции каде што има привремено вработени лица доставиле барања и документација за трансформација на овие работни места на неопределено време. Од нив, девет институции имаат доставено комплетна документација, вклучувајќи и позитивно мислење од Агенцијата за државни службеници и за нив е издадена согласност од Министерството за финансии“, информираат од Финансии.

Министерството за одбрана веќе ја почнало постапката за трансформација на 202 решенија од привремени во трајни, од кои 137 се однесуваат на Министерството, а 65 на АРМ. „Откако ќе добиеме одобрување за вработување ќе биде објавен јавен конкурс на кој ќе може да се јават сите заинтересирани лица. Тенденција на Министерството за одбрана е да ги намалува привремените вработувања“, изјави портпаролот Сашко Димовски.

По ваквото големо цунами со вработувањата во државните јасли се отвора прашањето дали овој силен товар ќе го издржи слабиот буџет. Професорката на Правен факултет, Ана Павловска-Данева, забележува дека најголемиот проблем е во тоа што се прават ад хок решенија за вдомување на партиските војници, кое пред најавените предвремени избори ќе има голем ефект за владејачката партија.

„Постапката е нетранспарентна и нема поставено ниту критериуми, ниту има бројки колку луѓе се со времен договор. Тие податоци требаше да се достават до Европската комисија до февруари годинава, но тоа не е направено. Второ, треба да се каже врз основа на кои анализи за тоа каде и колку има потреба да се трансформираат овие вработувања. Што ќе прават со нив, дали сите ќе бидат вработени или не. На сето ова немаат одговор, ниту постојат некакви анализи. Ова е ад хок решение, кое треба да влезе во предизборна кампања за да се собираат гласови“, оценува Павловска-Данева.

Прашањето на администрацијата не се симнува од списокот на препораки од ЕУ. Проблематични беа и вработувањата со времен карактер, што за премиерот Груевски значеше дека Унијата налага да ги трансформираме во трајни вработувања. (К.Ч.-Св.У.)


#
Статијата е прочитана 5534 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 14.07.2010 00:18:18
На јавниот конкурс,примени на работа ке бидат овие со партиска членска книшка на владеачката партија.Ако не здомат нивни член па кого да вработат.Способноста и стручноста не се битни.А во полициска држава ,приоритет при вработување се дава во полицијата.Честитки до најголемиот работодавец во РМ.
Од: marjan.pp
Датум: 14.07.2010 00:32:25
luda drzava,od koj pari ke se finansiraat,ova e propast samo da se zadovolat necii interesi za glasovi.jas sum za vrabotuvajnje no vo fabriki a ne vo administracija,a fabriki novi ,,a s t o b e s e t o a''
Од: mitko za bleskavata idnina so budjetot
Датум: 14.07.2010 02:50:38
Rabotata e jasna i logicna. Na gradeznicite nema da im se plaka, a jso zastedenite pari ke se vrabotuvaat policajci. Genijalno. Ova mora da go smislil onoj mudrec Stavre-kumot, ili mozebi onoj prepameten vicepremier za stopanstvo koj sozdade guzva vo ekonomskite livadi (zoni?) vo ovaa zemja. Mnogu pametno e i sto najmnogu ke se vrabotuvaat policajci. Sramota e tipovi od MVR da bidat fizicki maltretirani od zeni kako sto toa se sluci vo Sobranieto. Sega ke gi ima poveke i ke mozat podobro da si izvrsuvaat svoite kodosko-cinkaroski-spijunski-reketarski rabotni zadaci. Dosega bea premalku. A i zenite sega ke bidat polesno pacifizirani.
Од: viki
Датум: 14.07.2010 07:10:39
mora da se vrabotuvaat ,za da koga otideme vo bilo koja drzavna institucija za da zavrsime i najmala rabota ,imaat povekje vrati za da ne" setaat cel den od eden do drug sluzbenik
Од: Ајван Доктор®
Датум: 14.07.2010 07:51:11
Се сеќавате?Едно време,по осамостојувањето на РМ,со години постоеше Отворен конкурс во МВР.Условот беше јасно наведен-„со IQ до 90“!Невидено!Згора не сè,државата,каде премиер е внук на бившиот главен и одговорен на ДБ-воопшто не е полициска!Добар виц кој мора да се запомни!
Од: flying-monaco
Датум: 14.07.2010 08:28:06
Abe trpe-komentaristi..za zal ste ako ja mrazite vladata barem ne i narodot.Nekoj ke se vraboti, nema da e so stecajcite da (demonstrira pred vlada)vie odma sud nosite koj ke raboti, od kade pari, so partijski kniski, tajno vrabotuvanje, i ust kakvi ne gluposti.Sekomu kapa mu kroite...Aplicirajte za sovetnici vo nekoja vlada, belkim ke se zadovolite...Stvarno za zal ste...
Од: stipjanec
Датум: 14.07.2010 09:21:52
so ovie partiski vrabotuvanja preteraa,primer za stip budzeto prazen a vrabotuvanja kolku sakas po pet luge vo kancelarija duri smesno izgleda.Ama mora da se vrabote glasackata masinerija i rodninite.ovaka li ke praeme drzava.
Од: b
Датум: 14.07.2010 09:26:01
Кој вели дека власта не ја решава невработеноста? Само незнам по која програма, по обичната, првата или по онаа, прочирената и надоградената. И на која страна беше ова?
Од: stif
Датум: 14.07.2010 11:07:45
Koja e taa drzava kade sto Vladata e Biro za vrabotuvanje. Sega ima premnogu administrativci i edvaj gi prehranuvame. Vo ministerstvata i agenciite imate vraboteni od cela Makedonija. Lugeto patuvaat samo da rabotat vo Skopje. A sto e so ostanatite mesta niz drzavava. Zapusteni i ostaveni sami na sebe. Ke ostanat i bez doktori i bez elektricari. Toa ne e vazno. Vazno e da prestane padot na rejtingot na nasiot mal Adolf bidejki se blizat izbori. No ovoj pat izgleda nema dam u pomognat ni kozni gaki. Vrzete si gi dobro patikite iso trcanje odete vo nepovrat.
Од: diplomiran kriminalist
Датум: 14.07.2010 11:26:13
diplomiranite kriminalisti od policiskata akademija ke sedat doma, za nivna smetka vo mvr ke se vrabotuvaat partiski vojnici,do kade ke odi ova ludilo vo drzavava,posle ke se propagiraat slogani od tipot znaenjeto e sila znaenjeto e mok,se e besmisleno vo ovaa drzava i skoluvanjeto i samoto nejzino postoenje
Од: izbori sigurno
Датум: 14.07.2010 12:30:16
IDAT IZBORI!!!!! Koja e logikata Makedonija golema kolku Slovenija, ima administracija od preku 140.000 "izvrsiteli" a Slovenija ima okolu 45.000 i nastojuva niv da gi svede na 38.000. Na sto oiva vi lici? So cii pari se plakja taa glasacka masinerija? Sto e mnogu, mnogu e. Do koga?
Од: nie
Датум: 14.07.2010 12:43:21
E sega neka ima izbori i pak glasajte go.Cela drzava e zaloznik na ovie nepismeni partiski vojnci koi odlucuvaat za se vo drzavata .I ke vi dojde nekoj od niv za izbori da vi kaze glasajte,pa ako glasate ako vi
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 14.07.2010 13:22:34
Знаете по што се препознава полициска држава? Со енормно голем број на полицајци, обучени за борба со НАРОДОТ, огромен дел од сретствата од буџетот,партизирана институција...нешто како на Чаушеску...така некако беше и со градбите и со полицијата...и со гладта....а она потоа....не..се....знае...
Од: mitra
Датум: 14.07.2010 14:29:12
Nikogas i ne prestanala, a ova sega apla mirisa na izbori. Pa da vidime
Од: Daliborka
Датум: 14.07.2010 15:39:22
Koj i da dojde na vlast ke go pravi istoto.Sekoj ke si gi vrabotuva svoite bliski, taka bilo od sekogas i taka i ke bide vo idnina.
Од: noname
Датум: 14.07.2010 18:27:03
јас работив една година во држамно и нкогаш повеке, поглупо работно искуство не сум имал во животот. Едноставно за млад човек е многу лошо да се вработе во државно и да се затворе во четери ѕида.

Најди! во Утрински
На прво место
И мажите и жените на иста возраст во пензија
Се формира Трета опција за Македонија
Раздор во Институтот за демократија
Скратени парите за борба против сидата