Број 3080  понеделник, 07 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место

Кобна тура од Охрид кон Свети Наум

Според истрагата, скината сајла на кормилото од бродот ја предизвикала трагедијата

Горан Адамовски
Симон Илиевски

ОХРИД - Македонија и Бугарија се завиено во црно по завчерашната бродска несреќа во близина на Охрид при што загинаа 15 бугарски туристи. Македонија вчера, а Бугарија денеска со ден на жалост ќе се обиде да им оддаде почит на загинатите туристи, за кои екскурзијата до „Св. Наум“ се покажа кобна. На капетанот на бродот му е одреден триесетдневен притвор, а кривична пријава е поднесена и против неговиот помошник.

Првичните резултати на истрагата утврдија дека причина за трагедијата била скинатата сајла на бродот, која служела за рамнотежа на пловилото. Кој и зошто ќе понесе одговорност за најголемата бродска катастрофа во земјава - допрва ќе се одлучува. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поднесе оставка поради морална одговорност, но премиерот Никола Груевски се' уште не одлучил дали ќе ја прифати.

Бродот „Илинден“ е на шест метри длабочина во водите на езерото, а штом ќе биде изваден ќе се даде на вештачење, во кое ќе учествуваат македонски, бугарски и хрватски експерти. Телата на загинатите се наоѓаат во Институтот за судска медицина во Скопје, а обдукцијата ја вршат македонски и бугарски стручњаци.

Кобното возење на бродот „Илинден“, на кој беа 55 бугарски туристи, капетанот на бродот Сотир Филески (23) и неговиот помошник Влатко Јустинијановски (22), почнало во 9,50 часот од охридското пристаниште кон „Св. Наум“. По четириесетина минути возење, во близина на автокампот „Елешец“ на 200 метри од брегот, на бродот „Илинден“, стар 85 години, се слушнал силен звук од внатрешноста, по што пловилото се наведнало. Бродоломот почнал во 10,30 часот, а целосно потонал во 10,37 часот. Во следните моменти се случувала вистинска борба за живот во Охридското Езеро.

„Бевме во глисер и сакавме да се паркираме во ’Елешец‘. Тогаш од брегот ни викнаа дека има потонат брод и само што се завртевме видовме дека во водата има луѓе. Веднаш отидовме таму, не беше далеку од брегот, имаше најмалку десет лица кои веќе беа мртви, а другите почнавме, колку што можеме, да ги земаме со нас во глисерот. Мислевме дека ќе можеме тројца да спасиме, им дадовме колку што можевме прва помош, но беше доцна“, изјави очевидецот Гордана Рувчевска.

На помош на патниците во „Илинден“ им дошле и туристите од автокампот, но најголемата заслуга за спасувањето на што поголем број животи имаат капетаните и туристите, кои се возеле со бродовите „Александрија“, „Кристина“ и „Галеб“.

„Ние се наоѓавме на околу два километра пред бродот ‘Илинден‘ и добивме порака од нивниот капетан: ‘Ние потонавме‘! Веднаш го свртевме бродот, им кажавме на патниците за што станува збор и за пет-шест минути пристигнавме до бродот ‘Илинден‘, кој веќе беше потонат. Веднаш почнавме да фрламе јажиња за спасување, гуми и елеци, а добрите пливачи скокаа и ги спасуваа еден по еден преживеаните туристи“, вели Зоран Гилевски од бродот „Александрија“.

Слична е призната и на Васко Јанески од бродот „Кристина“, кој вели дека по повикот и тие го завртеле бродот, кој бил по „Илинден“. Им објасниле на патниците за што станува збор и ги замолиле тие што се чувствуваат способни да помогнат. Подоцна во спасувањето се вклучил и бродот „Галеб“, кој, според Игор Цветковиќ, бил неколку километри оддалечен од местото на несреќата. Според искази на очевидци, кои биле на плажата пред автокампот „Елешец“, бродот потонал за две-три минути. Први на помош со глисер тргнале туристи од Кичево.

„Кога слушнавме повик за помош, го запаливме глисерот и се упативме кон бродот и извадивме седумина преживеани и четворица мртви“, раскажуваат кичевци.

Среќа во несреќа било тоа што и нуркачите на полицијата во близина на местото на несреќата биле на редовен тренинг. На помош пристигнаа и екипи на Армијата, езерската Капетанија, агенцијата за заштита. Мртви тела пливаа во водата. Вестите и гласиштата се менуваа од час во час. Се зборуваше за бројка од 22 удавени, а дека на бродот, кој има дозвола за пренесување на 43 патници, се качиле дури 75. Лошите вести набрзо се проширија насекаде. Спасувањето и трагањето по телата во езерото траеше до попладневните часови. Се трагаше по уште две лица. Околу 19 часот се слушна радосната вест дека биле пронајдени живи и здрави.

За тоа време драматично беше и во охридската болница, каде што беа пренесени шест лица. Четворица беа полесно повредени и пуштени дома. Двајца беа со потешки повреди, но надвор од животна опасност. Од Бугарија пристигнаа министрите за здравство, Божидар Нанев; за транспорт, информатички технологии и соопштенија, Александар Цветков; заменик-министерот за надворешни работи, Марин Рајков; како и медицински екипи и десетини новинари. Ги посетија повредените во болница. Организираа транспорт за преживеаните во Бугарија. Министерот за здравство на Владата во Софија соопшти дека нема да се бара одговорност од македонска страна додека не се заврши истрагата. Во текот на вечерта пристигна и бугарскиот претседател Георги Прванов. Бугарскиот врв најави помош од 5.000 евра за секое семејство на загинатите.

Телата на починатите бугарски државјани Георги Метанов (76), Зорка Цветкова (48), Кула Маџарова (68), Невенка Николова (56), Тодор Стаменов (52), Марија Георгиева (22), Лула Николова (69), Славка М. Иванова (63), Лушка Георгиева (37), Динка Гушанова (73), Марија Р. Димитрова (32), Нонко Маџаров (71), Гина Николова (68), Гана Георгиева (64) и Павел Павлов (63) се предадени во Институтот за судска медицина во Скопје.

„Се работи според меѓународни стандарди во присуство на бугарски колеги, кои само го набљудуваат процесот на обдукција врз телата на загинатите“, информира директорот на Институтот за судска медицина, Алексеј Дума, и додаде дека се прават напори обдукцијата да заврши во најкраток можен рок. Обдукција на едно тело трае околу три часа. До вчеравечер се очекуваше да биде завршена обдукцијата на сите 15 тела.

Најголем дел од жртвите - осум се од селото Антон. Најмладата меѓу загинатите, 22-годишната Марија Георгиева, во Охрид била заедно со сестрата и братот, кои преживеале.

Зошто се случи несреќата - ќе се утврдува деновиве. Истрагата првично покажа дека капетанот не се придржувал кон прописите за безбедност на бродскиот сообраќај. Бродот бил регистриран за 43 патници, а во него се возеле 57 лица. Најверојатно пукнала сајлата за баланс на бродот, по што тој се наведнал десно, па лево, капетанот изгубил контрола и бродот потонал. На капетанот Сотир Филески му е одреден притвор. Ќе одговара за загрозување на безбедноста на лицата и имотот во сообраќајот. Кривична пријава е поднесена и за неговиот помошник Влатко Јустинијановски, но тој е пуштен на слобода.

Поранешниот прв човек на езерската Капетанија, Злате Клечкаровски, вели дека „Илинден“ е пловило што ги исполнува техничките стандарди, а несреќата можела да се случи со откажување на кормилото, при што дел од патниците, поради тоа што бродот завртел, отишле на другата страна на бродот, а поради тежината бродот се превртел.

Поранешниот капетан на „Илинден“, Петар ��асилев, смета дека најверојатно причина за несреќата е пукање на сајлата од управувачкиот систем на бродот.

„Што точно се случи не можам со сигурност да кажам. Јас го возев тој брод три години и знам како се однесува во ситуации на нагли свртувања“, вели Василев. Тој појасни дека при полна брзина доколку нагло се менува правецот на движење, бродот по инерција се наведнува. Кон превртувањето придонело и нерамномерното префрлување на товарот на едната страна на бродот.

Четворица експерти од Хрватска синоќа допатуваа во земјава за да направат целосна анализа за да утврдат кои се причините за несреќата. Во Охрид пристигаат и бугарски експерти од Дирекцијата за истрага на несреќи. Несреќата го отвара прашањето за безбедноста и за професионалното организирање од странство на групи што одат во охрид. Не дошле преку туристичка агенција, туку преку превозник кој ги сместил во приватно сместување.


#
Статијата е прочитана 5181 пати.

Испрати коментар

Од: Ljube
Датум: 07.09.2009 00:06:32
Dokolku vozite kola bez vrzan pojas, policaec ke ve kazni. Kako moze brod za 43 patnici da ima samo dva pojasi za spasuvanje, neli postoi nekoja kontrola ? Konstrukacijata na brodot, tesen i dolg, kazuva deka ne e patnicki brod. Od voeno brodce od pred 85 god., so postavuvanje na klupi na krovot e prepraven vo patnicki. Najverojatno toa e pricinata za nestabilnosta na brodot. Da bil konstruiran kako fabricki patnicki brod, najverojatno kinenjeto na sajlata ne bil imal takov koben efekt.
Од: IGOR
Датум: 07.09.2009 00:19:08
-Skinata sajla vo glavite na onie koli mislat deka so vakivi muzejski exponati se brka turizam vo nasiot biser nad biserite Ohrid ama od krluskite na lokalnoto im ripce. Zalosno za poginatite i nivnite semejstva,
Од: Makedonec vo EU
Датум: 07.09.2009 00:48:45
Sovrseno mirno ezero, bez branovi, bez veter. 200m od bregot. 6m dlabocina. Pomos pristignuva po 10 minuti. 30% od patnicite udaveni?!?
Од: kreator
Датум: 07.09.2009 01:37:26
Kapetanot filefski ke stane samo zrtva na dobrososedskite odnosi na makedonija i bugarija, toj ne e viniven,samo napravite paralela sto ako vasiot aftomobil bil registriran i dobil uredna sobrakajna dozvola za tehnicka ispravnost a vie po nekolku dena napravite soobrakjaka i namesto 4 lica vo voziloto ima 5 a pricina poradi koja nastanale smrtni polsedici kaj 1 lice e otkazuvanje na servo volanot i MVR podnese krivicna protiv vas i ke odite vo zatvor a uredno e registriran i tehnicki ispraven vie imate uredna vozacka dozvola B kategorija a ima eden poveke patnik ili 25 % poveke od dozvolenoto kako i so patnicite od brodot ili okolu 25 % da znaete ako e nekoj makedonec nema da odgovarate ako e bugarin ke odgovarate samo zaradi odrzuvanje na dobrososedskite odnosi.Oslobodetego filefski ne e toj kriv.
Од: Mina
Датум: 07.09.2009 07:26:48
Sto i da e pricinata na nesrekata,nedozvolivo e da se prenatrupuvaat brodovite so luge.Zosto nemalo pojasi sa spasuvanje.Bas minata nedela koga se sluci nesrekata so gliserite komentirav za decata na pedolinkite bez pojasi i namesto 4 deca na edna oni po 7-8 na edna a vospitacite si pijat pivo vo kafancinjata.Koga gi gledav brodovite kako plovat im rekov na prijatelite deka me potsetuvaat na brodovite i avtobusite vo Indija i Banglades,pretovareni,nakriveni na edna srana.Bas im rekov ako se sluci brodot da potone otidoa lugevo.Brod za 42ca mora da ima pojasi za spasuvanje.Zosto taka pravime,za zarabotka ili ne sme humani pa bas ni e gajle za drugite,a zamislete ova da se slucese na sredinata na ezeroto,da ne bea kamperite i drugite sto pomognaa i vo brodot da bea nasite deca na exkurzija.Pocnete da rabotite spored zakon,poveke kontroli vo site sektori,Gruevski dobro pocna so stopanskiot kriminal ama loso zavrsi so se drugo.
Од: Болен М. Дојчин®
Датум: 07.09.2009 08:55:17
Вината секако лежи во Алчноста на Примитивните сопственици на бродот, на кои Парите им биле побитни и од животот на другите луѓе!! Нивното краткобраново мозоче, проектирало слика според која старецот од 85 години може да го преплива Охридско Езеро, натоварен со ранец кој бил преполн со Евра!!! Замислете само: имало и случаи кога дечиња од основно училиште, по три-четири одделенија, се качуваат на бродот!? Просекот на едно одделение е 30 деца со по 40-50-тина килограми! Редно е Македонија да престане со „квалитетот“ кој се оценува единствено според Партиска Книшка, бидејќи ќе не очекуваат сè Поголеми Катастрофи!
Од: Македонија запад
Датум: 07.09.2009 09:02:21
Сочуство до Бугарија и Бугарскиот народ.За жал живееме во држави каде човечкиот живот не вреди ни 5 денари,ни 5 лева.Држави каде трагедиите ја заменуваат одговорноста на политичарите дека се ставени од народот и дека треба да работат за народот не лично да се збогатуваат.Срамота и за сите политичари и нивната алчност.Алчноста е во тоа што едните и другите си го осиромашиле народот да мора да плови,или да се вози во музејски бродови,кораби,како би рекле Бугарите,и возила кои можат да се видат само во Калкута и таму некој во Авганистан...Сочуство и жалам многу за нашите два народи што се несреќни да ги имаме овие политичари на власт цели 2о години...
Од: srebre
Датум: 07.09.2009 10:49:27
ova nee slucaen udes haosot na vodite vo ohridsko vladee vece nekolku god nanazad po ezero plovi se i sesto dena na 10god i 7godis vozrast upravuvat vo camci na motoren pogon i gliseri pokraj vas pominuvat vo dlabocina od 30cm kako da se na pazar mi e strav da letuvam vo oh kako porano celo leto pa samo nedela dena ovie 2 god,a kakov e toj kapetan 23 god???a do kapetanija neza poplakia na nisto ne reagirat vprocem vo oh see mozno plati mito 50000evra butni kuca napravi zgrada mora da e sl i so brodcinjata,sram katastrofa anarhija i haos vlade vo ohrid.
Од: Patriot
Датум: 07.09.2009 11:11:31
Има еден добар виц за Охриѓани: На крајот од денот се собираат ѓаволите да кажат кој што зло направил. Сите кажуваат и на крајот главниот ѓавол вели: Што сум направил денес едно убаво, прекрасно езеро, да ти е милина да го гледаш. Другите рекле, што е тука злобно. Тој им одговорил, ама што имам населено еден злобен, катил народ околу него, лошотија невидена. Ние од Македонија си ги знаеме Охриѓани ама сега ги запознава по злобата и светот. Охриѓаните отсекогаш сакале без инвестиција да заработат пари. Ќе се сместиш во куќа, на еден кат десет соби со сто луѓе, едно ВЦ и еден бојлер што не работи, ќе одиш во кафич и ќе ти го наплатат воздухот што го дишеш. Таксистите ќе те заколат ко божем во Лондон се возиш. Услуга катастрофа, гостопримство нула. Целата несреќа е благодарение на охридскиот менталитет на кајче дваесет луѓе да качат само појќе пари да земат. Како езерото господ не го направи во штипско или кочанско.
Од: Albanec so lavsko srce
Датум: 07.09.2009 11:36:36
Zalam za zrtvite i neka im je lesna zemjata.A se prasuvam koj se tie kapetani od 23 go i neg zam od 22 god.Pa takva odgov na deca.Neli znaele tie Kapetani da ne treba poveke od 40 lica da se kacat na krsot Ilinden.Za toj T.N Ilinden poveke vrednost ke imase vo nekoi muzej ako postoi takov muzri vo maked.Pritvor za nego e malu ako toj sam odlucil kolku ke se kacat vo camceto.A g.Grueski treba da respektira odl na mines Janakieski.Ako toj Grueski nema nekoi poblizok za zamena e podbro i bez min za transport.
Од: Kliment
Датум: 07.09.2009 12:18:44
Igore.... i tebe ti e skinata sajlata, Titanik propadna na svoeto prvo patuvanje. Misli malku so glavata. Bog da gi prosti. I socuvstvo kon familiite...
Од: pogled
Датум: 07.09.2009 12:37:54
Можеби е добро што засега не градиме нуклеарка.
Од: dragan
Датум: 07.09.2009 15:46:09
da se razresat dvajcata direktori za upravuvanje so krizi,i za zastita i spasuvanje-kade bea tie toj den,imaat 600 vraboteni,zasto gi placame
Од: ROMPLUS
Датум: 07.09.2009 15:56:06
Најискрено сочувство до семејттвата на настраданите, и до Бугарск��от народ. Единствени виновници за несреќата се соптвеникот и капетанот. Ако јас со моја регистрирана кола направам удес, затоа што воланот ми отказал, не мозе никој друг да е виновен освен јас.Кога заден пат ја сменил кобната сајла. и затоа судот ке ми одреди казна затвор. И во овој случај треба исто да се постапи. Дали беа сите 56 патници осигурани и во која осигурителна компанија. И да беа осигурани 42 патници , што е со останатите 14 патници. Кој ке им плати претрпен страв. Дали е платено ДДВ 18% на сиот промет за превоз на оваа тура на патници. Верувам (дајбоже да гресам) дека сето оваа работа е на црно. И затоа треба да одговара капетанот и сопственикот. Не мозе Министерот за транспорт и врски и Министерката за внатрешни работи да се одговорни и од ним да се бара оставка. Зарем после секоја поголема саобраќајна несреќа ке ги менуваме минисрите.
Од: Kolo Diamantotk
Датум: 07.09.2009 16:20:11
Bez razlika dali e voeni brod ili civilni i dvata prevezuvaat patnici. I novo vozilo moze da otkaze a i staro. Vo Amerika nemozi vo eden stan da ziveat 10 luge treba da ima za sekoj posebna soba i 3 kupatila. Nemoze kajcinja da prevozuvaat po 10 patnika mora da ima nadzorna sluzba sto ke gi kontrolira stanarite i kajcinjata i golemi kazni.

Најди! во Утрински
На прво место
„Го преживеавме Титаник, и' побегнавме на смртта“
Црно лето на Охридското Езеро
Последното патување на бродот стар 85 години
Бугарија бара целосна истрага за трагедијата во Охрид