„Бранко Наумовски не е независен, туку е кадар на СДСМ. Во повеќе наврати тој е личен кадровски избор на Црвенковски и на СДСМ“, реагираше вчера ВМРО-ДПМНЕ по изборот на новиот претседател на Уставен суд. „Со изборот на Наумовски, сигурни сме дека оваа институција ќе продолжи да функционира во согласност со партиските интереси на СДСМ, а не во согласност со интересите на граѓаните на Република Македонија“, стои во соопштението.
Според ВМРО-ДПМНЕ, синот на Наумовски - Александар, на локалните избори во 2005 година, бил носител на советничката листа на СДСМ во Општина Ѓорче Петров, а во 2009 година бил избран за советник на СДСМ во Советот на Скопје. Сопругата на Наумовски - Мирјана, како што тврдат од владејачката партија, била член на поранешното претседателството на Организацијата на жени на СДСМ во Ѓорче Петров.
„Изборот на претседател на Уставен суд е исклучива надлежност на оваа институција. Со секој ваков потег на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ, воден исклучиво од дневнополитички потреби, му се нанесува директна и ненадоместлива штета на уставниот поредок на Македонија“, одговорија од СДСМ.
И овие од власта претеруваат ,па кеде ви се молам гледаме тука непотизам.Што ако и синот и сопругата се членови на опозицијата на важни места.Прашање е дали г-динот преседател е член или симпатизер на опозицијата.Неговата единствена врска со нив е тоа што бил предложен и избран за судија а тоа нее ништо.
Од: јас
Датум: 30.10.2010 18:00:20
Можите само да пукнете од мака што не успеавте да го ставите и Уставен суд под своја капа!!!
Од: zoki
Датум: 30.10.2010 20:20:29
I zamisli si Feliks i toj da se vikase Branko.So eden ne mozete da spiete, pa sega dvajca.
Од: до Феликс
Датум: 31.10.2010 09:59:15
Добро бе пепеласта птицо, немаш ли друга работа освен да пишуваш глупави коментари. Со тоа ли мислеш ќе си го платеш своето кодошко вработување. Зарем не гледаш дека со изјавите на твојот Пастир се руше и она нешто малку што остана не срушено. Зарем се треба да биде под диктат на ДПМНЕ, зарем секоја институција која не е под капата на ДПМНЕ ќе мора да се униште. Унивирзитетот, Уставниот, општина Струммица, Карпош и општина Охрид половина ја потопивте. Па што мислете кога ќе ви дојде крајот, дека ќе се сокриете глувци едни кодошки.
Од: Феличита
Датум: 31.10.2010 14:23:39
Немој,јаден Среќко да почнуваш да збориш за непотизам,ќе дојдеш до братучедите и Фамилијата!
П.С.Можеш ли да ми обезбедиш да пијам кафе со твојата лобистка во Брисел?
Од: Petko
Датум: 01.11.2010 09:46:58
Ovie od DPMNE im smeta duri i imeto Branko , pa koga ce go slusnat im smeta se.