Број 3413  петок, 22 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Едиторијал

ЕДИТОРИЈАЛ

Новинарството по стапките на државата

Соња Крамарска

Не треба никој да биде изненаден што Македонија во поглед на медиумската слобода падна од 34. на 68. место во светот. Човек треба да биде наивен и да не знае што се случува во новинарството, па сега, откако „Репортери без граници“ го објавија истражувањето, да глуми изненаденост.

Медиумите се под силен притисок од Владата. Тоа што не може да го направи притисокот г�� завршува нерегулираниот медиумски простор во кој Владата за едни е мајка, а за други маќеа.

Логично е дека притисокот што Владата го врши врз газдите на медиумите преку разни механизми стигнува и до новинарите. Тие секогаш не ги имаат информациите за тоа каков е односот на нивниот газда со премиерот, но секогаш чувствуваат кога од некаде дува ветер. И од тој ветер се штитат кој како знае и умее. Меѓутоа, не очекувајте за тоа јавно да проговорат. Нема клима.

И така на сцена стапуваат автоцензурата, калкулациите за личната иднина и стравот за егзистенцијата. Во такви околности креативното пишување или известување паѓа од прво место на петто или на шесто. Исто како што падна рејтингот за медиумските слободи во Македонија од 34. место на 68. Или во превод, веќе не е важно каква информација ќе дадеш. Важно е да преживееш.

Со некои колеги имавме дебата по тоа прашање. Тие сметаат дека за драстичниот пад на медиумската слобода треба да се побара коментар од претседателот на Здружението на новинарите, Роберт Поповски. Но, сметам дека коментар треба да даде премиерот Никола Груевски. Тој најдобро си знае зошто. Одлуките за тоа каде Владата ќе огласува (а Владата, за жал, е најбогатиот огласувач) зависат од тоа што видел Груевски утрото во весниците. Или какви вести слушал претходната вечер. Со парите на даночните обврзници си води политика кон медиумите. Решава кој медиум ќе живее, а кој ќе згасне.

Груевски сега има повеќе причини да ја задуши критиката отколку пред четири години. Тој до скоро беше нов и надежен политичар и критиките што пристигнуваа на негова адреса се толкуваа како производ на опозициските кујни. Меѓутоа, денеска, четири години од неговото доаѓање на власт, дури и кај неговите најголеми поддржувачи е нормално да се јават сомневања. Македонија не направи позабележителен исчекор во својот развој. Или, барем граѓаните не го почувствуваа тоа.

Токму затоа премиерот сега има илјада и една причина да ги заузди медиумите. Отсега натаму ниту една критика нема да се гледа како политички напад врз него, туку ќе се цени како плод на реална и издржана аргументација. А аргументи веќе не недостасуваат. Ги има насекаде околу нас. Економијата стои во место, евроатлантските интеграции се заглавени, а квалитетот на животот падна под нивото на останатите балкански држави.

Но, нашата намера не е да им дадеме алиби и на самите медиуми и новинарите. Вистина е дека владата е таа што го создава амбиентот, но тешко на тој весник или телевизија што ќе дозволи да зависи од волјата на една влада. Познато е дека новинарската слобода не се дава, туку се освојува.

На тој план македонскиот журнализам целосно потфрли. И тоа не само оние што ги произведуваат информациите, туку и оние што ги креираат политиката и стратегијата на медиумите. Производството на една вест, информација или анализа е продукт на еден цел технолошки процес, кој не зависи секогаш и целосно од новинарите. Новинарството во 21 век е сложен бизнис за кој дебати се водат одовде до Австралија. Сите се прашуваат дали во бизнисот настрада информацијата.

Македонија не е исклучок од таквиот светски амбиент. Разликата е што македонските медиуми и новинари, за разлика од медиумските империи во светот, се финансиски слаби и ранливи. Тоа Владата го разбра побргу отколку самите медиуми. Затоа ја губиме битката.


#
Статијата е прочитана 1847 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 22.10.2010 16:50:20
Ранг листата на ,,репортери без граници,, се однесува за цензура и автоцензурата.Инаку почитуваната г-ѓа Крамарска не пишува ништо за автоцензурата.Ништо не пишува за пишување биографии на политичари,не пишува за колегите кој од еднаш пишуваат промотивно за власта а потоа за опозицијата по желба на газдата на медиумот и т.нКаков е нивниот кредибилитет на новинари,никаков а партиски исполнет.
Од: Brian, Canada
Датум: 23.10.2010 03:53:36
G-gjo Kramarska jas navistina ne mozam da vidam medium osven Vecer, koj e pristrasno naklonet kon vladata. Od kade vidovte deka vrsi pritisok vrz ostanatite, koga go kritikuvate za se i sesto, za raboti sto se dobri gi prevrtuvate deka necinat, dozvoluvate komentari koj vo najmala raka se vulgarni kon premierot i vladata. I povtorno se cuvstvuvate zagrozeni? Izgleda vi nedostiga cuvstvo za umerenost.

Најди! во Утрински
Едиторијал
 

Bulgaria angry at France blocking Schengen entry
Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud