Број 3150  среда, 02 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Втора страница

Приказната од Преспа се повтори во Атина

Папандреу и Друцас пред Милошоски во Атина ги повторија грчките позиции

Димитар Чулев

Нема позитивни сигнали за „напредок“ во разврската на грчко-македонскиот спор околу името и се' поизвесно станува дека на 7 декември ЕУ тешко ќе може да и' понуди датум за преговори на Македонија.

На одвоените средби на шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски со грчкиот премиер и колега Јоргос Папандреу и со неговиот заменик Димитрис Друцас, грчката страна ги повтори грчките позиции во однос на прашањето за името. На маса, како што дознаваме, биле ставени прашањето на идентитетот и тоа за јазикот, каде што Грција би сакала да интервенира, иако пред јавноста и пред меѓународната политика официјално се зборува само за разговори за разликите околу името што се водат со посредство на ОН и за што медијаторот Метју Нимиц има мандат.

Оцена на министерот Милошоски по средбата било дека нема разлика во позициите на Грција во врска со аспирациите на Македонија за почеток на преговорите со ЕУ, пренесе МИА од Атина. Милошоски допатува во главниот град на Грција на Министерскиот состанок на ОБСЕ, што беше и можност да се сретне со првите луѓе на грчката дипломатија само три дена по тет-а-тет средбата на Папандреу со Груевски во Преспа.

Слично на апелот на македонскиот премиер, Милошоски на домаќините им порачал дека пред претстојниот самит на ЕУ, на кој треба да се одлучува за датум за преговори, од Грција се очекува „да размисли за своите чекори и да биде прагматична“ во однос на евроинтеграцијата на Македонија.

„Попречувањето нема да биде полезно за ниту една од страните, како и за процесот што се води во ОН“, изјавил Милошоски за македонските новинари што го следат во Атина. Околу можноста прашањето за давањето датум на Македонија и воопшто да не се најде на дневен ред, министерот е со став дека тоа ќе го наруши кредибилитетот на Унијата и на Европската комисија, која препорача отворање на пристапните преговори. Тој смета дека „шведското претседателство и земјите-членки на ЕУ и ЕК би требало да имаат голем интерес она што е препорачано од ЕК да биде дел од расправата и од политичките одлуки што треба да ги донесе Европскиот совет“.

Нема информации кој е македонскиот контрастав во однос на предложеното од грчката страна, односно дали македонската страна на маса дала „понуда што не може да ја одбие Грција“, а која би се однесувала само на промена на уставното име на земјава. Зад советите што доаѓаат од меѓународната заедница јасно се крие пораката дека Македонија мора да направи отстапка, што би го отворила патот кон деблокирање на членството на Македонија во НАТО, а сега и во ОН.

Но, како што пренесе МИА, Милошоски на средбите со Папандреу и со Друцас повел две иницијативи за унапредување на односите меѓу двете земји: за подигнување на нивото на дипломатски односи, односно канцелариите за врски во Скопје и во Атина да прераснат во амбасади, а втората за потпишување договор за избегнување на двојното оданочување, иницирана од грчките стопанственици што инвестирале во Македонија. Милошоски на домаќините, кои рекле дека сериозно ќе ги разгледаат предлозите, им порачал дека за нивна реализација не мора да се чека решението за спорот. Напротив, тие предлози можат да помогнат во зацврстувањето на билатералните односи и ќе се направи исчекор во однос на решавањето на главното прашање - за името.

„Секоја средба со претставници од Скопје е можност да се создаде позитивна клима во односите“, изјавил Друцас по средбата со Милошоски и, како што пренесе агенцијата АНА, тој не ја исклучил можноста да го посети Скопје во својство на претседавач на ОБСЕ, нешто што досега и тој и претходничката Дора Бакојани го избегнуваа. Кога ќе се случи тоа, со оглед на тоа што претседавањето на Грција со ОБСЕ завршува до крајот на оваа година е нејасно.

Вчера, Милошоски се обрати на пленарниот состанок на Министерскиот состанок на ОБСЕ, на кој учествуваат 50-тина шефови на дипломатиите. Како што пренесе МИА, тој зборуваше на тема „Принципите на Хелсинки отсликани во духот на Атина“. Истакнувајќи го значењето на овој состанок, кој е пресвртница за ОБСЕ, Милошоски рече дека Република Македонија го поддржува т.н. Крфски процес почнат на иницијатива на претседавачот Грција во јуни годинава на неформалниот состанок на Организацијата, како стратешки дијалог за ревитализација на нејзината улога во однос на европските безбедносни прашања.

Милошоски во целиот говор користел Република Македонија што не предизвика никакви реакции од домаќините. (Д.Ч.)


#
Статијата е прочитана 2838 пати.

Испрати коментар

Од: Mitko
Датум: 02.12.2009 00:04:35
A sto ako grcite problemot so imeto go koristat samo kako paravan, mozebi problemot e od druga priroda.Mozebi se plasat vo bliska idnina da ne bidat opkruzeni so pretezno islamski zemji.Referendumot vo Svajcarija pokaza deka ne e se taka ednostavno.
Од: university professor from USA
Датум: 02.12.2009 01:14:19
Slobodno kazetemu na tie na jug deka ne vi treba nitu NATO ni EU kade sto ne se pocituvaat lugeteo. AATO i EU se fasizirani organizacii i ne vi trebaat tie vas. Tie sakaat da ve zbrista od kartata na evropa, ete toa e rabotata!
Од: nacional-patriot
Датум: 02.12.2009 03:29:31
Logicen odgovor za Dimitar Culev na negovoto prasanje dali Makedonija dala predlog za menuvanje na imeto, glasi:NE,i NIKOGAS nema toa da go predlozi.
Од: dedodimo
Датум: 02.12.2009 06:50:42
Grcite znaat deka na Makedonijai se brzat za EU i zatoa sega e imaat shansata da gi pokazat zabite .Makedonskata vlada i narod trebat posle 7dekemvri do kolku se praktikuva istata stapka kako vo BUKURESHT da im kazat na EU i Grcija deka za imeto poveka Nema pregovori i Crvena linija e imeto ne se menuva ts.,ostanuva REPUBLIKA MAKEDONIJA .Da se razberime nikoj nema pravo da ni kazuva kako da se vikame .Toj e chovechko praven zakon i vazi za site zemji vo svetot.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 02.12.2009 07:24:09
Добро е што имаме напис во кој се опишува екстремниот став на соседот за идентитетот а посебно јазикот.Дали денеска како домашна ќе биде овој напис во кампусот на помодрените.Се надевам да заедно со ,,експертите,слободно мислечките новинари,невладини организации,, и други трабанти ќе разглабаат за овој став и дали ќе бараат повторно дежурни виновници или изместувања на тези или популарниот каде нив гумарабика однос кон проблемот.
Од: glumci
Датум: 02.12.2009 07:40:36
Abe dosta glumat GLUPOSTI. Jasno e deka veke go smenile imeto pa sega go maftosuvaat narodot.
Од: vizavi
Датум: 02.12.2009 09:06:05
Mu cestitam na Srecko (FELIKS) sto konecno se ohrabri i vo posledno vreme jasno se deklarira kako clen na DPMNE. Smesen bese so negovite poranesni izjavi za "neutralnost". Taka treba bidi maz. A sto se odnesuva do patriotizmot i predavstvoto toa ke pokaze vremeto. Vprocem da go potsetam deka ne taka odamna vo amerikanskoto "golemo jabolko" "predavnikot" B.C. gi zapeni Grcite so svojot govor, a skoro vo isto vreme i vo istiot grad "najmakedonecot" N.G. se slikase so bedjovi BJRM. I pokraj toa velam za razlika od Vas i tie so vasiot mentalen sklop jas ne velam deka toj e predavnik. E tuka se razlikuvame Vie i jas. Jas ne mrazam nikogo pa makar i ne se soglasuvam so necii stavovi.
Од: Nikola-Germanija do nacional-patriot
Датум: 02.12.2009 09:23:46
Citajki tvoite komentari,primetiv deka kako i vladata rabotis 24/7;-).I demek si rabotel.No,tvoj problem.Tokmu takvi kako tebe ja vodat MK vo beznadeznost i bezizlezna situacija,vo koja ke bira izmegju identitet ili blagosostojba.Na GR ne i se brza i ceka MK poleka,ama sigurno od vnatre da raspadne-vremeto raboti za GR.No dodeka ke vi se objasni na vas portokalovite tikvi,vozot veke trgna za Sofija!Narodot go gubi trpenieto so vladata-toa go kokazuva i poslednata anketa,vo koja 30% se soglasile za promena na imeto za (megjunarodna upotreba);pred 2 godini toa bea nekade 10%.Mislam deka vo 2010 ke ima presvrt,a mozebi,barem se nadevam,i nova vlada.EU nema da mu dozvoluva na Mr. Rating da se drzi na vlast na smetka na stabilnostta i razvojot ne samo vo MK,tuku i vo regionot.I od tamu imam nadez deka EU ke se angazira poeke vo sporot so cel postignuvanje megjunarodno ime za MK i ke pridonese konecno ti i tvojata velepredavnicka portokalova druzina da molcat i da ne go truat narodot veke!
Од: pameten
Датум: 02.12.2009 09:27:23
Site zboruvat: "Da go izgubime imeto pa da go zachuvame identitetot i jazikot". Jas kazhuvam : Go gubime imeto tochno po shto sakame da ja zachuvame prikaznata: "Postoel so vekovi (mileniumi) Makedonski narod, shto zboruval Makedonski jazik." Nikakov dogovor ovo ne mozhe da go napravi vistina, sekogash kje ima sporovi. Neli e dosta da se dogovorime deka dendenes postoi Makedonski narod so Makedonski jazik kodificiran na osnova na "prostejshij jazik Bolgarski" koj shto go zboruvale na ovie prostori. Togash lesno kje se izgradi otpor na Islamizacijata so sojuzi Grcija-Kipar; Makedonija-Bugarija; Srbija-Crna Gora; Romanija-Moldova, pa i Albanija(koja shto ne e celosno islamska)-Kosovo.
Од: bobi
Датум: 02.12.2009 09:44:45
A sto si mislevte deka Grcite ke popustat pred golemiot firer.Prvo toj covek nema nisto napraveno i zatoa pritiskaat .Znaat deka nesposoben lider im e dobitna kombinacija.EU mu dade morkovce i sega ceka rezultat.Dali mislevte deka Makedonija so vakvo vrakanje vo minatoto moze da napreduva.Ni dadoa poklon i toj treba da se odraboti.Makedonija vo site sferi nazaduva i ne se zalazuvajte deka nie sme za vo EU.Zarem reklamite vi udrija vo glava.Makedonija vo momentot nema kapacitet za vo EU ,edinstveno sto ne butka prema zapadniot svet e geostrategijata na EU i SAD.Nie sme inaku vo redot na Venecuela i Kuba.Ovde vladee uste patrijahatot na familijata i po nekoj bratuced.
Од: cire
Датум: 02.12.2009 10:14:51
„понуда што не може да ја одбие Грција“, а која би се однесувала само на промена на уставното име на земјава". ova bi trebalo da bide nasiot konstruktiven stav?
Од: Каде е Лазе
Датум: 02.12.2009 10:51:44
Го нема Лазе Еленовски да ни соопшти на што сега се сложиле Груевски и Милошоски
Од: do pameten
Датум: 02.12.2009 11:08:02
pameten toa e vistinata za jazikot no vo ovaa zemja na noevi retko koj moze da ja vidi
Од: SEVERNA SO MAKEDONCI VO NEA
Датум: 02.12.2009 11:13:05
Pak ke povtoram i toa ako ne se donese resenie da ne si gibime nervi i vreme i da gi batalime Grcive.Ete Samaras see ogan.No solomonsko resenie ima SEVERNA SO MAKEDONCI VO NEA: SEVERNA na korica od pasos, a vnatre NATIONALITY MACEDONIAN(toa znaci identitet -jazik,ustav,nacija). Esto da zboruvame poveke ako imperijalisticki ne' pritiskat.
Од: sime
Датум: 02.12.2009 11:27:55
Promena na imeto na drzavata e OPASEN PRESEDANtoa prestavuva i promena na identitetot i otkazuvanje od malcinstvata vo Grciija i Bugarija.Toa e celta na grckata politika podrzana od Evropa.Zatoa treba da se drzime do svoeto podrzka na premierot.
Од: petar
Датум: 02.12.2009 11:59:58
za ovoj nikola od germanija koj ima golema blagosostojba tamu -e zagrizen da se smeni imeto i nacijata vo drzavata .pa od takvi kako nego i den denes makedoncite se ponizeni i nepriznaeni .kako sto izgleda toj i dete od majka ke otkrade ,a mozebi i svoeto cedo i ciganin ke go krsti samo da dojde do negovata blagosostojba koja ne etakva kako on sto saka da ja prikaze .zalno za takvi luge sto gi ima makedonija ,no e vistina .
Од: Makedonec vo SAD
Датум: 02.12.2009 13:53:08
Срамниот однос на ЕУ кон Македонија продолжѕва и понатаму. Ова фијаско унијата скапо ќе ја чини. Балканот е во расолница откакао САД се повлекоа од таму и и‘ го препуштија делувањето на ЕУ. САД се во моментов прилично незадоволно од развојот на настаните, но од објективни причини нема да се вмешаат. Сепак оваа состојба е неодржлива и Груевски постапува мудро што не брза и не попушта пред притисокот од ЕУ.
Од: ace
Датум: 02.12.2009 17:16:46
kako nevie stram koj menal ime toj od sekogas bil predavnik kakvae ovaa drzava i kakvise ovie politicari sto se pazarat so naseto ime makedonia makedonia makedonia

Најди! во Утрински
Втора страница
Вжарени телефони во туристичките агенции
Вербатим
Изборни бањи
Баросо чека добра вест од Груевски