Број 2867  сабота, 20 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Македонија замина од Ирак, следна мисија Авганистан

Во мисијата во Ирак учествуваа 479 мировници

Светлана Унковска

„Додека бевме во Ирак беше добро, поминавме добро и најважно е дека живи и здрави се вративме дома и сега продолжуваме понатаму, најверојатно, во Авганистан. Далечината од семејството ни беше најтешкото нешто и сега е добро да се биде дома по толку време“, вака водникот Блашко Каранфилов накусо го опиша своето учество во 11-тата и последна ротација во „Слобода за Ирак“ на вчерашната свеченост по повод завршувањето на мисијата.

Но, и покрај тоа што сите велат дека биле задоволни од соработката што ја имале со другите војници од сојузничките сили, сепак, на прво место им е радоста што повторно се дома, со своите најблиски.

Македонските „волци“ и „ренџери“ изминативе пет и пол години беа дел од коалициските сили предводени од САД и заедно со последниот контингент нашата земја во оваа мисија учествуваше со 479 војници, припадници на најелитните армиски единици, на кои им беа доделени четири сребрени ѕвезди и околу 100 медали.

Пред построените единици, вчера почест и признание за успешно извршените задачи, високиот професионализам и одговорност, им оддаде државниот врв, првите луѓе во одбраната и американскиот амбасадор Филип Рикер.

Заедничка оцена беше дека македонските мировници најдостојно ја претставиле на Македонија и ги бранеле нејзините интереси и дека се нејзини вистински амбасадори, а беше нагласена и решеноста на земјава да го продолжи патот кон полноправно членство во НАТО.

Шефот на државата и врховен командант на вооружените сили, Бранко Црвенковски, посакувајќи им добро здравје, среќа и натамошни успеси, нагласи дека тој при неговата посета во воената база во Таџи и лично се уверил во силата на нивното единство, посветеност на работата и љубовта спрема земјата.

„Најдобрата потврда за успешноста на реформските процеси ја добивме на самитот на НАТО во Букурешт кога сите земји-членки, без исклучок, констатираа дека Македонија ги исполни критериумите за членство, меѓутоа од познати политички причини, главната цел не беше постигната. Но, Македонија ниту се откажала од својата намера да се интегрира во НАТО, ниту пак треба да се от��аже и да бара алтернативни начини за посилна заштита на својот територијален суверенитет и интегритет“, истакна претседателот Црвенковски.

Премиерот Никола Груевски рече дека АРМ денеска претставува професионална, добро обучена, ефикасна структура, компатибилна со стандардите на демократските држави и со стандардите на НАТО. Упатувајќи честитки за нивната храброст, пожртвуваност и патриотизам, тој порача дека токму со оваа посветеност покажавме дека сме целосно подготвени да ги споделиме обврските и одговорностите на меѓународната заедница во градењето на мирот и слободата.

„Македонија докажа дека е држава чија армија е високоспособна и дека заслужува да го добие местото што и' одговора на стандардите кон кои се стреми, а тоа е членството во НАТО“, рече Груевски.

Министерот за одбрана, Зоран Коњановски, истакна дека со учеството во мисијата Македонија се стави во одбрана против сите можни закани од глобалниот тероризам. „Учествувавме во глобален светски процес каде што со голема политичка и војничка храброст бевме дел од остварувањето на мисија, чии резултати се гледаат и сега“, нагласи Коњановски.

Според началникот на ГШ на АРМ, Мирослав Стојановски, АРМ постигнатиот успех во мисијата ќе беше невозможен без упорноста и подготвеноста на македонските војници.

„Македонските ’волци’ и ’ренџери’, рамо до рамо со војниците на САД покажаа храброст и висок степен на обученост и професионализам, со што од самиот почеток ги импресионираа странските армии кои учествуваа во оваа тешка мисија“, потенцира Стојановски.

Амбасадорот на САД во Македонија, Филип Рикер, обраќајќи им се на војниците на македонски јазик, рече дека тој претходно работел во амбасадата на САД во Ирак и ја имал честа да се сретне токму со некој од македонските мировници.

„Јас лично слушнав таму од американските војници колку многу ја ценеа вашата заложба, вашиот професионализам и беспрекорна посветеност. Вие, наедно, бевте и амбасадори на Македонија и нејзиниот народ“, истакна Рикер. (Св.У.)


Статијата е прочитана 1017 пати.

Испрати коментар

Од: demokrat
Датум: 20.12.2008 00:12:00
se gordeam so delot od arm koj bese vo voeni operacii - ne so onie sto se knacelariski "pacovi" zatoa sto dozvolija da se partizirani. se gordeam i sto imame takov nacalnik na generalstab sto osposobi armija efikasna i spremna da se nosi so ekonomski silnite armii. no, boli kako vladata pokaza totalen disrespekt kon armijata. toa se vide koga na ovie nasi ambasadori im zemaa del od budzetot da go dadat na mvr, a se vide i vcera na proslavata koga gruevski dojde pak so zakasnuva na pola svecenost. sepak sitel nego go dade a ne branko iako branko e vrhoven komandant i ne ja omalovazi arm so docnenje kako da e on pogolem i povazen pa site se dolzni da go cekaat zasto nivnoto vreme e bezvredno, uste tuka se glea kompleksot na edno malo coece
Од: Itar Pejo
Датум: 20.12.2008 00:21:32
покажаа храброст и висок степен на обученост и професионализам, со што од самиот почеток ги импресионираа странските армии кои учествуваа во оваа тешка мисија“, Pa nas toa ni e poznato. Gi vidovme na delo vo 2001 godina. Nas janicarstvoto ni e tradicija. Nie sme spremni, kako i Krali Marko, da gineme za tugi interesi.
Од: petre
Датум: 20.12.2008 01:47:41
Do "demokrat", pa dali ti e jasno na sto se gordees?Ocigledno ne.Ucestvuvanje vo edna nepravedna vojna kako marionetska drzava za tebe e gordost?Sramota sto pisuvas vakvi nesta!
Од: ne e bitno
Датум: 20.12.2008 04:41:32
"Gi vidovme na delo vo 2001", veli nekoj podolu...Poarno janicari otkolku seirdzii..
Од: irena
Датум: 20.12.2008 07:00:36
i samata slika govori kakvo nevaspitano malo ligle e premierot gruevski. kade li rastel, koi li roditeli go vaspituvale na edna vakva nekultura i nepocituvanje na predcedatel.nepocituvanje na predcedatel e i nepocituvanje na sebe i na celiot makedonski narod. mnogu mi e sram, i za zal e celata ovaasituacija pomegu prvite dva coveka na makedonija. izgubija mnogu dragoceno vreme pokazuvajki ja svojata netrpelivost eden prema drug,.a mozea mnogu da storat za makedonija. golema steta. sreka sto imame armija i policija so koja i se gordeeme.,i mozeme i da racuname vo sekoe vreme, a i vo najteskite vreminja, godini ,vo koimakedonija padna od nesposobni politicari kako gruevski i negovite poltroni, ili pak e on poltron na nekoj.
Од: stole
Датум: 20.12.2008 08:17:16
pak nasiov premier ne posramoti pa i tuka morase li da zakasni 30-tina minuti. so toa pokazuva kolku mu znacat ovie luge. do koga ke ni go pravi ova ke porasne li ednas ke pocne li veke normalno da se odnesuva i da gi pocituva ostanatite ili misli deka samo toj e najvazen na svetov.sramota e za eden premier takvo odnesuvanje.
Од: MNF-Iraq
Датум: 20.12.2008 11:05:28
Za da pochituvas edna lichnost treba ima vrednosti pred se covecki a potoa profesionalni, za razlika nasiot pretsedatel B.C gi nema ni ednoto ni drugoto , samiot TOJ i negovite sopartijci go dovedoa narodot na edno vakvo beznadezno nivo i indirekno prinudi golem broj od maldinata da bega nadvor od MKD duri i vo Iraq i Afganistn da go rizikuvaat svojot zivot za podobra idnina , ne zboruvam za ARM tuku za site so rabotat slizejki i na US-Army . Pozdrav do najhrabrite momci DRZETE SE ! ! !
Од: NEKOJ
Датум: 20.12.2008 16:24:47
Nie sme ko crncite rabotime umirame za gazdite da ziveat.A nasite gazdi samo kade ima kameri i aprati se pojavuvat samo da si go pominat redot ne deka niv gajle im e dali ovie momci bile vo irak ili avganistan ili bile tuka,seedno im e. Sramota sto edna armija od 6000 dusi od koi 4000 vo uniforma da nema edna soodvetna oprema i oruzje i finansiski jaka,vo sporedba so zadacite sto gi ima izvrseno. Nekoji luge si imat privatno obezbeduvanje 3000 lica a nie izigravame drzava i nemame sredstva ma daj molim te.A izvini imame sredstva samo sto tie ni se visok pa gi davame na MVR.ziva glupost so se pravi.Ama na gruevski mu treba MVR ne ARM,samo koga im gori togas se naslonuvat na ARM.ke dojde i toa vreme ama ke vidime kaj ke odat ovie nasi junaci. otekuvame!!!!
Од: realen
Датум: 20.12.2008 20:39:34
MNF Iraq pa dojdi si doma sega Gruevski vece 3 god ni e na vlast pa ke te vraboti kako sto im dade rabota na site vo firmite sto kupi negovata DRPMNE za vreme na prethodniot mandat prasaj koja raboti vo tvojot reden grad.A za negovata kultura tolku kolku razbrav tamu bil i amerikanskiot ambasador pa ima sto da kaze na svoite sefovi so kogo si imaat rabota.p.s. da ne odi na inauguracija na Obama ke treba da ja cekaat negovata velicin,sekoja cest za Vojnicite i za vrabotenite vo KBR
Од: realna
Датум: 20.12.2008 20:55:04
irena.....i samata slika govori deka ti si pluknata sdsmovka.stom se vakas odma za gospodinot gruevski...on rastel vo prekrasnata nasa tatkovina......makedonija....go vospituvale negovite roditeli a koj drug?i za razlika od tebe e mnogu dobro vospitan.makedonija ne padna sega od nesposobni politicari....padnata e odamna,uste od vremeto na segasniot predsedatel bivs lider na sdsm...vo nivno vreme na vladeenje...a gospodinot gruevski se trudi da go popravi toa,no dali ke moze zatoa sto mnogu e padnato veke.pozdrav do armijata na makedonija
Од: kumanovec
Датум: 21.12.2008 01:40:04
samo mozam da kazam sekoja cest na nasata armija sto se dobro podgotveni i da go prebrodat toa so irak a sramota za site sto gi ostavavte komentarite gore i vednas se facate za crvenkovski i gruevski taka lesno se vodela drzava pa zemete vodete ja koga ste tolku pametni a sramota i za niv sto ne se potrudat malku povece a sekoj znae deka se dobri politicari i imaat kapacitet vo niv samo sto treba da pocnat da mislat malku i za narodot kako zivee nekoj e budala sto bega od zemjata nadvor odat vo afganistan irak na zapad kaj se so iljadnici kilometri daleku od doma ama odat za pari da napravat nesto za sebe i svoite bidejci sega kaj nas vo zemjata nisto povece ne funkcionira kako treba se e vo haos.
Од: Vancho
Датум: 21.12.2008 08:15:27
Pa barate EU pa ke bidete i potrchkovci,slugi a iako ste po siromashni od niv ke gi suportuvate i Finansiski i ke ve koristat vo site nivni prljavi Igri,zasto Bogatiot nema Dusha a i ne se boi od Boga.Pitajte se kolku izginaja nevini vo Irak i Avganistan.Bog je EDEN i za Muslimani

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
Карикатура
Verbatim
Бугарската независност нема ништо со Македонија
Каде е Александар?