Број 3377  вторник, 07 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место

14 Потези за спас

Манифест за новата Македонија

Граѓаните не ги почувствуваа на своите домашни буџети резултатите од владините мерки во изминатите четири години, кои ги соопшти премиерот Груевски

Отчетот на премиерот Груевски делумно даде одговор на прашањето на кои проблеми се фокусираше Владата за изминатите четири години. Тоа се подобрувањето на условите во земјоделството, образованието, подобрувањето на деловната клима во државата, реформите за приближување до ЕУ, привлекувањето инвестиции, битката со корупцијата и криминалот.

Но, резултатите од владините мерки се се' уште дискутабилни затоа што граѓаните не успеаја да ги почувствуваат на своите домашни буџети.

Како редовен хроничар на работата на сите влади и проследувач на состојбите во државата, „Утрински весник“ предлага 15 потези што ќе овозможат подобрување на условите во сите сфери на живеење и ќе ја помрднат државата од мртвата точка на која сега се наоѓа. Поголемиот дел од тие потези се економски, но не изостануваат и политичките, со оглед на тоа дека политичката клима во Македонија е нестабилна и без перспектива за нејзино подобрување во скоро време.

Груевски ќе мора похрабро да влезе во преговорите со Грција во спорот за името и да го симне тоа прашање од дневен ред до крајот на годинава, бидејќи е основен услов за одблокирање на процесите за зачленување на Македонија во ЕУ и во НАТО. Членството во ЕУ и во НАТО или напредокот во зачленувањето во овие две организации веднаш ќе ја помести Македонија на светската карта на поволни бизнис-дестинации, а тоа ќе значи и почеток на топењето на близу 330-илјадната бројка на невработени.

Освен за името, каде што премиерот ќе треба да направи поширок политички консензус за да одржи добра клима пред и по правењето компромис со Атина, сите други мерки што ги предлагаме, бараат само политичка волја од страна на сегашниот станар на „Илинденска“ бб, и поголема решителност без калкулации дали потезите што ги презема ќе се одразат на неговата моментна популарност кај граѓаните. (С.К.)

Полет за економијата

Беше главна идеја-водилка на премиерот Никола Груевски и на тимот министри. Тргна навистина добро. Дури и најголемите критичари не можат да замижат пред статистичките показатели, кои говорат дека во 2007 година економијата регистрира раст за 6,1 отсто, а во 2008 за 5 проценти. Кога кризата силно нападна, се' се распрсна како меур од сапуница. Главното прашање не е дали ќе има пад од 0,5 отсто или пораст од 1,1 отсто, туку економскиот замаец вистински да се поткрене. Тоа може само со вистински реформи што ќе придонесат за поповолен стопански амбиент, а не само со штанцување закони што потоа никако да се спроведат во практика. И, секако, со промена на приоритетите на Владата, која наместо со трошењето на парите од буџетот да ја стимулира потрошувачката, средствата да ги насочи кон инфраструктурата.

Невработеност

И оваа власт не успеа да им обезбеди на луѓето чесна работа и пристојна заработувачка за неа. Невработеноста остана да зјае како голема дупка, која ги проголта сите надежи на младите. Невработеноста сега е 33,5 проценти. Никој не му оспорува на Груевски дека ја наследи оваа голема македонска болка. На крајот на 2006 година невработеноста беше 35,9 отсто. Најитната работа со која треба да се зафатат властите е намалувањето на бројот на невработени, според кои сме лидери во Европа. Потребна е визија за развој на нови технологии, вистински државни инвестиции, кои ќе апсорбираат вработувања, но и амбиент во кој приватниот сектор ќе може да создава работни места и нова вредност.

Решавање на името

Ако проблемот со името не се симне од дневен ред, оваа Влада по завршувањето на мандатот тешко дека ќе може да се пофали дека ја реализирала основната цел што си ја постави - напредок на земјава кон НАТО и ЕУ. Барањето виновници во минатото, величењето на антиката, потенцирањето дека се' зависи од Грција, инсистирањата на референдум, апстрахирањето на заканите што ги носи изолацијата, се сосема погрешни тактики во стратегијата за надминување на спорот со Грција. Ако власта има стратегија за ова прашање. Ако нема - треба итно да ја создаде и да почне да ја спроведува, по можност во координација со опозицијата.

Поглед во иднината

Ако се направи пресек на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, е неизбежен впечатокот дека ветената преродба се претвори во една големо копање низ историјата. Наместо да се бара начин како да се крене рампата на патот кон Брисел, се бараат нашите антички корени. Наместо да се санираат последиците од рецесијата, на секој чекор се подигнуваат споменици. Наместо фокусирање на стандардот на граѓаните, во транзицијата се бараат виновниците за сиромаштијата. Поради тоа и граѓаните се поделија на предавници и патриоти, на антички и словенски Македонц��, на преродбеници и профитери. Тоа е тенденција што власта мора да ја запре што поскоро, за да не и' се врати како бумеранг.

Помал и динамичен буџет

Експертите велат - за да работи добро бизнисот, буџетот треба помалку да прибира и да троши од парите на компаниите и на граѓаните. Груевски го одбра целосно спротивниот пат. Државата се претвори во најголем, најмоќен, па некои велат и единствен стопанственик, оставајќи ги на маргините компаниите што треба да бидат главни креатори на економијата, да пливаат во неликвидност и беспарица. Иако ги смали даноците, државата им смисли на фирмите други давачки и казни, така што ги цеди многу повеќе од порано. Кога парите од буџетот ќе се прераспределат во вистински насоки со кои ќе се поттикне економијата, може да очекуваме преродба.

Сузбивање на криминалот

По убиството на српскиот турист во Охрид и тројното убиство во населбата Аеродром, паѓаат во вода сите фалби на Владата дека успешно се справува со криминалот. И покрај обидите на власта да ја смири јавноста, граѓаните нема да се чувствуваат сигурно се' додека битката против организираниот криминалот се сведува само на лов на „ситни риби“, се' додека партиските моќници не им ги отстапат местата на професионалците во МВР.

Функционален политички дијалог

Под политички дијалог не се подразбира само договор во „пет до 12“ меѓу власта и опозицијата за прашања од кои зависат конечните оцени за Македонија во извештајот на ЕК. Последниве години комуникацијата меѓу најрелевантните политички партии се сведува само на тоа, иако европскиот мониторинг во тековната година ги бележи сите искричења меѓу политичките субјекти за суштински прашања. Евидентно е отсуството на дијалог дури и меѓу коалициските партнери во власта.

Инвестиции

Шарените крави уште се шетаат по ливадите. Рамни и ниски даноци, регулаторни гилотини, купишта пари фрлени во реклами и како шлагворт на се' скапо платени економски промотори, не помогнаа Македонија да стане инвестициска оаза. Пет години расправаме околу тоа како дошол „Џонсон контролс“ во земјава, настан што во другите држави едвај би бил забележан. Ако кампањите дома го креваа рејтингот на Груевски, кампањите за вложување во Македонија никој не ги забележа. Треба итно да се напушти фрлањето огромни пари во светските медиуми и да се поправи инвестициската клима во земјава.

Реформа на администрацијата

Големите реформи требаше да ни го скратат малку времето поминато на шалтерите на државните институции за да завршиме и најобична работа. На терен нема ни „р“ од таквите реформи. Траумите со биометриските пасоши и лични карти покажаа дека реформите некаде дебело заглавиле. Државните службеници станаа уште понеспособни и уште понељубезни. Огромниот административен апарат, кој брои 100 илјади луѓе, ги троши времето на граѓаните и нивните нерви. Ако сака да исплива од сегашнава ситуација, Груевски мора драматично да ја реформира администрацијата, но тоа не се прави преку ноќ, а веќе испушти четири години. Веруваме дека тој го знае тоа, но за да се кастрат сите партиски војници, потребна е храброст.

Подобри меѓуетнички односи

Многу настани во изминатите четири години укажаа на тоа дека во држава што се потпира на темелите на мултиетичноста, етничките прашања, тешко можат да се стават под мораториум. Обвинувањата до премиерот дека води етноцентрична политика, што доаѓаат дури и од некои функционери од ДУИ, мора да се сфатат како предупредување дека фразите како „Рамковниот доследно се спроведува“ не се доволни за соживотот да функционира беспрекорно и во практика. Или дека на теренот се' уште има структури што се чувствуваат обесправени - поради несоодветен третман во енциклопедијата, поради форсирањето споменици само на македонски јунаци, поради загрозените евроатлантски перспективи...

Евтини кредити

Граѓаните и компаниите очекуваа евтини кредити, со каматни стапки од 5 до 6 проценти, какви што имале европските држави. И по четири години, кредитите се скапи, неповолни и ги дерат оние што мораат да ги користат. Просечната камата на кредитите во земјава е близу 10 отсто. А наместо да води дисциплинирана фискална политика што е главен предуслов за поголемо монетарно релаксирање и снижување на каматите, Владата долго време се надмудруваше со НБМ за тоа кој е виновен за високите камати. Ако некој сака добра економија, ниските камати се еден од главните предуслови.

Рез во здравството

Починати родилки и бебиња под сомнителни околности, неистретирани пациенти, неисправни медицински апарати, плаќање енормни суми приватно, па дури и поплавени здравствени домови, се редовна слика за нашето здравство. Ова е секторот на кој му треба длабински хируршки рез. Ова е можеби најтешкото што треба да го направи една влада, но друг избор нема за граѓаните да не мислат оти е подобро да умрат отколку да се лекуваат.

Вистински субвенции

Уште не седнат на премиерската фотелја, Груевски влезе во класичен земјоделски филм, што беше малку чудно за модерниот експерт за финансии. Но, потоа стана јасно дека земјоделците се прилично бројно и благодарно гласачко тело. За годинава се предвидени 100 милиони евра субвенции во земјоделството. Донесе ли тоа задоволни земјоделци? Ни случајно. Државата наместо за производи, субвенциите им ги даде на личности. За вистински просперитет на земјоделството, потребно е оваа гранка да се ослободи од увозната зависност и да се модернизира според европските теркови.

Нови патишта

Четирите лава уште долги години ќе останат да сведочат дека на Груевски му беше поважно „духовното“ од инфраструктурата. Со исклучок на неколку енергетски и инфраструктурни проекти што можат да се набројат на прсти, факт е дека во земјава не се изградија ниту пристојни патишта, како наједноставниот дел од која било економска обнова. Да не зборуваме за железницата, која е во повеќе од очајна состојба. Ниту државата гради ниту доаѓаат инвеститори да вложат во тој сектор. Речиси сите проекти засега се само на хартија. Нашите граѓани се воодушевуваат кога возат низ Хрватска и низ Србија и паѓаат во депресија кога ќе го поминат Табановце. Време е за вистински инвестиции во инфраструктурата, кои ќе имаат влијание и врз економијата, а не само локални патишта наменети за освојување гласови.


#
Статијата е прочитана 6356 пати.

Испрати коментар

Од: Јован АН
Датум: 07.09.2010 12:51:25
Наброените “предлози“ имаат за цел повеќе да покажат дека Владата за овие четири години не успеала отколку да помогнат тој “неуспех“ да се поправи.Не знам како “предлагачите“ го замислуваат решавањето на проблемот (на грците) со нашето име но се надевам дека не мислат дека тоа ќе се реши со прифаќање на грчките предлози кои ,на жалост,се подржани и од нашите западни “пријатели“.Македонија НЕ СМЕЕ да прифати промена на името ergo omnes по никоја цена зашто тоа ќе биде погубно за државата и Македонците - каде и да се!
Од: Паци
Датум: 07.09.2010 13:00:16
Најнеспособната, најфалбаџиската и најскапата влада од 1991 до денес.
Од: egej
Датум: 07.09.2010 13:01:57
Rezultat od vladeenjeto na DPMNE=Haos,ocaj,beda,kriminalPS:Kade e tretata opcija
Од: vodno
Датум: 07.09.2010 13:05:59
Normalno,za se e kriv B.C................
Од: НЕ САМО ВЛАДАТА
Датум: 07.09.2010 13:40:35
И експертите тврдат дека не треба да се прифатат шовинистичките грчки барања.
Од: Aaron
Датум: 07.09.2010 13:52:12
Duri bez problemot so imeto na Makedonija se potrebni 15-20 god. za da gi postigne evropskite kriteriumi, barem na nivoto na Romanija i Bugarija odnosno:nevrabotenost, deficit, nezavisno sudstvo, resheni problemi so site sosedi od sekakvo estestvo,razvita infrastruktura,sposobnost za konkurencija vo EU i mnogu, mnogu drugi.
Од: idibegaj
Датум: 07.09.2010 14:58:29
Fredi Kruger Politika od Grueski i familiaja
Од: ја
Датум: 07.09.2010 15:58:23
Во наброениве предлози недостасува уште еден а тој е најважен „Да си заминат од власта и да распишат нови избори“ зашто се некадарни да ја водат државава.Не уништија, градат споменици а уште малку ако останат и цела држава ќе ни ја направат споменик.СИКТЕЕЕЕЕЕЕР!
Од: Миле - Охрид во обид да коментира
Датум: 07.09.2010 15:59:37
Во 15-есете предлог-потези (чекори) на „Утрински“ гледам само еден предлог. Прифаќање на грчките шовинистички барања за „компромис“ (кој е всушност промена на нашето име) како сеопфатно решение за сите проблеми во Македонија. Тие се всушност предизборни предлог-порези на СДСМ кои ги промовира „Утрински“. Тоа не е спорно и утрински има право тоа да го чини. Само ревносните и темелните аналитичари на „Утрински“ се должни да им објаснат на своите читатели неколку работи. Како новото компромисно име ќе влијае на Рамковниот договор? Кои одредби од него ќер мора да се преуредуваат? Какви промени во Уставот ќе бара усогласувањето со новиот рамковен договор? Како тоа ќе се одрази врз стабилноста на државава? Дали можеби не е подобро веднаш да ја поделиме државата помеѓу соседите кои се членки на ЕУ или НАТО па така среќно и долго да живееме како граѓани на ЕУ или НАТО без жртви, преговори, бенџмаркови и слични глупости?
Од: Stole
Датум: 07.09.2010 16:17:23
Nema da mine mnogu vreme i Evropskata Unija KE SE POKAZE DEKA E GOLEMA ZABLUDA NA NARODITE: Dzabe trosime nervi so Grculijata koi oprvi na EU i zadadoa strasen udar
Од: DEMAGOGIJA
Датум: 08.09.2010 00:51:30
Sterilen tekst. Se obiduvate da ja glumite kooperativnosta sto mu ja nametnaa na SDSM i na Crvenkovski, a vidovte kako Don Korleone odgovori na toa. Ako sakate da pomognete udrete po demagogijata na vlasta zad koja go sokrivaat kriminalot od nevideni razmeri.
Од: Boshko
Датум: 08.09.2010 03:33:00
Ushte na pochetokot na dopisov pishi deka gragjanite ne gi pochuvstvuvaa rezultatite od novata prerodba,kako ne koga nemaat pari da si kupat naj osnovnite neshta.Gi pochuvstvuvaa ito mnogu dobro,a ako se prodolzi vaka kako shto e denes ne samo sto ke nema za osnovnite raboti tuku ke nema ni za LEB,Nadvor so ovaa ne zdrela i Reiting vlada.Vreme e za popravka i povratok na demokratijata.
Од: mene
Датум: 08.09.2010 08:13:01
Bravo za Mile od Ohrid.
Од: do stole
Датум: 08.09.2010 08:53:11
stole vo pravo si. samo ti gi gledas realno rabotive od site sto dadoa komentari.evropa ke se raspadne, a za napredokot na makedonija neka otidat po gradoviite ovie plateni komentatori sto ja napagaat vladata pa da vidat kako se brzo izgraduvaat. vcera bev vo strumica i mislam deka vo niedna zemja ne napreduvaat tolku brzu. a za grcistava da se prekinat pregovorite . ako na slednite izbori branko ni garantira deka ke gi prekine vo start pregovorite, toj i ke go dobie poverenieto na narodot.
Од: Македонец
Датум: 08.09.2010 10:00:34
Штета што необразованоста во Македонија е во голем процент (во поглед на читање дневни весници и медиуми),па така нашиов народ не си бери гајле.Коментарите од типот "не гледам вести и не читам весници,особено парламент" и "нема што да се прави тие си се на местото",до некаде го покажуваат вкоренетиот страв што му го засади оваа самофалбаџиска влада,односно незаинтересираноста и некритичноста,пасивноста на овој народ е резултат на допуштање влада на чичко глујо да си прави што си сака...Како само лесно и немо гледаат на задолжувањето на Македонија каде што ќе стаса?Па тоа народот треба да го врати,а не мајка му на грујо со продавање на незините 4 станови!!!Ах Македонче бре,до кога вака????
Од: ivan
Датум: 08.09.2010 15:04:41
Koga izlezeme od orbitata na Srbskiot sosed (i vlezeme vo EU pred niv), ke se reshat problemite. Imeto e policiska ackia da ni igrat "patriotichni igri" istite predavnici...
Од: Трпе
Датум: 08.09.2010 19:59:38
Ај што перат пари ова блада,најголемата штета е што тие го перат и мозокот на младите во Македонија.Па како ќе сакаме да одиме напред.Само ке си тонеме,тонеме,тие ке се богатат,богатат,но овој народ сигурно ова го заслужува(сметајки на повозрасните)До ова дереџе сме што СДСМ не првземаше некои чекори плашејки сењ на критиките на дпмне-овците.Е овој народ ова го заслужува.И сега пастирот се фали.Со што?????
Од: jug
Датум: 09.09.2010 03:15:34
Edna rabota ostanuva golema misterija - koga i kade ke zapocne vtoriot del od prikaskata.
Од: jordan
Датум: 09.09.2010 09:13:55
A zarem vi bese podobro vo vladata na sdsm!!! Uf!!!Horor Film!!! Ne daj Boze nikogas da se vrati!!!! P.S.Tamu negde 2020!!!
Од: toronto
Датум: 10.09.2010 00:24:54
Koj veruva vo mak. politichari toj e najgolemijot budela vo makedonija.

Најди! во Утрински
На прво место