Број 3092  среда, 23 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место

Академиците не ја виделе енциклопедијата

Од 42 академици, само неколкумина имаат примерок од енциклопедијата

Невена Поповска



Откако определницата за Албанците во Македонија во Македонската енциклопедија, а и квалификациите на Али Ахмети и ОНА предизвикаа вистински вулкан во јавноста, академик Али Алиу (член на надворешниот состав на МАНУ) вчера ни изјави дека меѓу него и редовните членови, академиците Луан Старова и Алајдин Абази, постои договор до Академијата да достават барање за измена на спорните делови во енциклопедијата.

Доколку не се случи тоа, тие би поднеле оставки на членството во Академијата. Како што дознаваме од Академијата, досега таму не стигнало ниту барање за измена на определниците ниту се понудени оставките од овие академици.

Ситуацијата во МАНУ, најверојатно, е доведена до точка на вриење. Ниту еден академик вчера не беше достапен за изјава. Што е најинтересно, многу мал број од нив имале можност да ја видат енциклопедијата. Како што дознаваме, од 42 академици, само четворица-петмина имале примерок од изданието. Оправдувањето од упатените е дека печатењето оди бавно поради тоа што рачно се работи и треба повеќе време за сушење на страниците. Оваа ситуација потсетува на онаа кога во МАНУ во 2001 година беше презентирана теоријата за размена на територии и кога никој не сакаше ништо да коментира.

Еден од ретките кој вчера говореше на оваа тема е академик Иван Катарџиев. Однапред оградувајќи се од коментари, бидејќи ја немал на увид енциклопедијата, Катарџиев ни потврди дека мал број од членовите на Академијата имаат примерок од енциклопедијата. „Енциклопедијата треба да биде предмет на критика, како и секое издание, но штета е што енциклопедијата се експлоатира само во еден сегмент. Во нејзиното подготвување учествувале правници, физичари, математичари, фолклористи, историчари, стручњаци за флора и фауна, а однапред се негира нешто што има извонредно значење. Ова е прв пат Македонија да ги сумира информациите во еден извор и тоа не е за потценување. Станува збор за исфорсирана и исполитизирана реакција“, потенцира академик Катарџиев.

Тој вели дека тоа е енциклопедија од општ карактер и опфаќа и определници што се однесуваат на релјефот на Македонија, реките, водниот потенцијал, уметност... „Врз основа на изјавите што се пласираат деновиве, јавноста добива карактер на политизација. Луѓето кои ќе ја набават енциклопедијата од неа може да се информираат за голем број аспекти. Од сето тоа богатство на информации се издвојува еден сегмент, кој е важен да се знае, но, исто така, треба да се прочита онака како што е напишан.

Мислам дека тоа е нечесно, неетички. Не може веднаш да се заземаат ставови. А сето тоа е индикатор на меѓунационалните односи во Македонија“, нагласува Катарџиев.

Редакторот на Македонската енциклопедија, академик Блаже Ристовски, најави дека во текот на денешниот ден ќе се одржи состанок со авторите на спорните определници и потоа ќе биде испратено писмено соопштение за јавноста.

Автор на спорната определница е историчарот Ѓорѓи Малковски, кој тврди дека податокот според кој Албанците се доселиле на овие простори во 16 век е историски наод поткрепен во османлиските архиви и пописи правени во тој период и подготвен е со аргументи да се соочи со албанските историчари. (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 3214 пати.

Испрати коментар

Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 23.09.2009 00:12:59
"Makedonija e predstavena kako oblast odsekogash naselena so makedonci, dodeka drugite nacii, koi do pochetokot na 20-ti vek isto vazhea za makedonci, vo istoriografijata na Skopskoto Shkolo, se predstaveni kako sluchajno naseleni malcinstva. Edna takva nauchna orientacija go pravi nemozhno pravilnoto istrazhuvanje na makedonskoto prashanje." - Fikret Adanir, turski istorichar.
Од: Itar Pejo
Датум: 23.09.2009 01:28:32
A pisuva li vo enciklopedijata sto stana so isceznatite vo 2001 makedonci i albanci ?
Од: Trpe od Gradcko
Датум: 23.09.2009 01:54:42
g-dine Gruevski, Sto se napravivte od ova Enciklopedija preku MANU.Daj te nemojte da se siri razdelbi i podelbi vo Makedonija. Sto e dosta dosta e.kako vo Enciklopedijata vi posvetile mnogu vnimanie za ovoj kratok period za razlika od drugi svetski drzavnici. Za toa ukazite na MNU da ja povlecat, ova moze da bide i povot vo novi podelbi. Veke seriozno dobiva na tezina. Za celiot ovoj proekt ne mozet da zadskrivate zad MANU zatoa sto vie ja promoviravte a prethdno sum siguren deka ne ste ja ni procitale...cudno za edno izdanie nekoj da promovira nesto, ne procitano i da ne znae sto ima... A so ova se stvorija podelbi bidejki Alabancite se obedenija i ne se potrebni novi podelbi a ne i 2001godina. g-dine Gruevski razmislite malku i od stapite i bidete premier za site gragani a ne samo za edna grupa gragani.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 23.09.2009 03:31:09
Делува разумно изјавата на академик Кантарџиев,кој бара ,,смирување на топката,, и судир на мислења и аргументи на релевантни научни кругови.Можам да замислам под каков притисок се итоа од албанскиот политички табор академиците Албанци.Верувам дека интимно во себе сакаат научно да докажат каде има грешки во енциклопедијата,но мораат да се повлечат и да застапуваат политички гледишта да не бидат прогласени за предавници на албанската кауза.Лошо е тоа што се јавуваат издишани политичари-колумнисти кој долеваат масло во огинот а не ја виделе енциклопедијата.
Од: Ace od Avstralija
Датум: 23.09.2009 03:37:07
Ovaa encikopledija e za Blaze Ristovski licno i za SDSMovci na celo so Brane. koi na ovoj nacin sakaat da predizvikaat problemi kako vo 2001, Ljubco da se aktivira... MIZERII SVETSKI. A za Albancite deka se "prastar i avtohon narod" t.e. ILIRI. neka ne plivaat. Neka mi izvinat, ama muslimani nemalo na Balkanot do 15-16 vek. A koi im se pradedovcite, poubavo neka ispitat, nisto ne e sramota. Sramota e so tudji perja da se kitis, a toa vo ovoj slucaj so Iirite.
Од: Беким
Датум: 23.09.2009 04:04:26
Блаже, Лаже.
Од: zabegan.
Датум: 23.09.2009 07:14:27
овие академци и ВМЛОТО на чело со ГВУЈА се за жалејне или нека кажат што им е намерата.
Од: Современик
Датум: 23.09.2009 07:31:56
Аманте со тој Блаже. Тој е самобендисан. Тој и само тој. И затоа го нема во енциклопедијата (највероватно) Ректорот на скопскиот универзитет Велимир Стојковски, неговиот претходник и многу други значајни личности. А ги има членовите на неговото семејство. Одговорноста е негова и на пензионираниот и самобендисан д-р Михаило Миновски. И затоа е така. Таа е мошне празна со значајни личности, но личности кои тие не ги трпат. Неоди така г-да академици и г-дине Миновски.
Од: Objektiven
Датум: 23.09.2009 07:42:19
Enciklopedijata ja videle tie sto ja pravele: Georgi Stardelov, Blaze Ristevski, Gane Todorovski i Momir Polenakovic. Osven mozebi Gane Todorovski, drugite vazea za pobliski do SDSM otkolku do VMRO-DPMNE.
Од: Албанците живееле тука најмалку 60.000.000 години
Датум: 23.09.2009 07:43:46
Конечно се откри тајната за исчезнувањето на диносаурусите во Македонија - очигледно е дека албанците ги изеле.
Од: Nekogo
Датум: 23.09.2009 08:14:12
Srekjno ne ka ti e G-dine Ahmeti ortachenjeto so G-din Grueski. Aval da tie G-dine Grueski gi melesh ovie od Albanskite parti kako VODENICA malku po malku im go vagjash dushata. Prvo G-din Thachi koi ushte pati za vllastapa sega i g-din Ahmeti koi vazheshe kako po tvrd vo stavovite.
Од: intelekt
Датум: 23.09.2009 08:40:44
ni ovie od MANU ne se cveke za mirisanje,ama i siptraive(taka se vikaat samote tie i se gordi na toa),slobodno neka si dadat ostavka.ne gledam,zosto se lutat koga e seto toa ziva vistina.a vistinata boli.toa e toa..
Од: Ајван Доктор®
Датум: 23.09.2009 09:12:33
Се повторува приказната со словенечка „Младина“ и Übermensch, кој требаше да биде критика на полтронството во тогашната држава и постхумното улижување на Маршалот - никој не ја прочита, а сите знаеа за што се работи во текстот! (!?) Или во случајот со „Кодот на да Винчи“, кога нашите попчиња фрлија анатема со изјавата: „Не сум ја прочитал, но во неа се работи за...“. Постои географска карта од 814, по смрта на Карло Велики, на која Албанија се наоѓа во пределот на Чеченија до Каспиското Езеро (какво „чудо“)! Издадена е во историските атласи на Западот! Постои и книга, во прастарата библиотека во Ереван, со истиот податок! Опишан е и нивниот пат на Балканот! Постојат и документи за учеството на Парламентарци во терористичката ОНА (прогласена за таква од самата ЦИА!)! Постои и Црна Листа на Личности за САД, на која се наоѓаат, или биле дел од неа, одредени „политичари“! За Вистината, Енциклопедијата е најчесто - бесполезна!
Од: До интелектуалците и новинарите во РМ
Датум: 23.09.2009 09:52:55
Браќа Македонци и Албанци, посебно оние кои се сметате интелектуалци, До кога ќе ги ставаме работите под тепих. До кога ќе молчите за она што се случи во 2001 година. Дали беше агресија на една суверена држава, дали беше востание за малцински права, дали имаше велепредавство од некои тогашни највисоки државни и партиски раководители. Прашањата се многу. Не може за ОНА и за Али Ахмети,за Љ. Бошковски итн да се пишува само од денешна перспектива. ВО БиХ, Србија и Хрватска се снимени безброј филмови дури и во заеднички копрудукции и се напишани книги низ кои на уметнички начин се проговорува за несреќните војни меѓу нив. Кај нас тоа е табу тема. Снимаме и пишуваме за Спиноза, за бебиња и незнам што. Интелектуалците мора заеднички да проговорат за несреќната 2001 и воопшто за нашето се уште живеење едни поред други, а не едни со други.
Од: Историчар
Датум: 23.09.2009 09:59:28
Господата Ристовски и Малковски да бидат исклучени од Академијата! Крајно време е еднаш засекогаш да се расчисти со ова дувло на шовинисти. Ако сакаме заедничка држава тогаш треба сега да почнеме да ја градиме.
Од: m
Датум: 23.09.2009 10:45:22
Neznam dali vo delot kade sto pisuva za Grujo ima napisano deka za vreme na konflikt ,togasniot minister za finansii kupi 4 stana na ime na majkata.E gospoda koga vidoa deka treba da gi skrijat ukradenite pari predizvikaa konflikt ne im uspea so podelba i razmena na teritorii vo 2001g.Sega se slucuva istotosite isprani i pronevereni milioni evra mora da gi zataskaat so vojna i poftorno akademicite so predlog za razdor i podelba vo rezija na VMRO i Gruevski zatoa sto sega najverovatno kako premier ima kupeno negde vo nekoja ubava zemja hotelcina,pa najdobro so destabilizacija ke se spasi i ako edniot ima Blgarski drugiot najverovatno Ceski.No neka nezaboravi Grujo ako so Ljubco i Taci im uspea vo 2001 sega nema da go dozvolime toa nemame deca za da ostavaat koski po planinite.BC 19g 42str,GN8g120str cudo nevideno od kuj,na VMRO.
Од: xeni
Датум: 23.09.2009 12:29:11
Vo MANU ima stari lugje so detski mozok. Kako prvo tie gospoda ne treba da zaboravat deka duri i vo VIII vek pred nasata era Skopje bil glaven grad na Dardanite. Do taa mera sme dovedeni i nie i vie, sto treba da se branime od tie koi im se kontestira se sto od edna strana, i od druga strana da ja branime nasata istorija za da ne ni bide ukradena od slavo makedoncite.
Од: perica
Датум: 23.09.2009 12:32:05
A sto da komentiraat izgubeni vo vreme i prostor .Akademici koj ne znaat sto se slucuva vo nivnata akademija, da ne zborime za drzavata ili svetot .So cesni isklucoci ( Pop-Jordanov) ludje koj so mentalniot sklop se naodjaat negde na preminot od 19 vo 20 vek. Ako imaat doblest treba da se samoraspustat , ako ne treba sobranieto da gi raspusti pod hitno. Na VMREOTO nema da mu bide voopsto tesko posto i onaka se raboti za gnezdo na reakcioneri( komunjari vo srce) koj flertuvaat so vlasta od najdolni licnoprofiterski pobudi.
Од: evropa
Датум: 23.09.2009 12:35:54
koga mak ce bide del od evropa i eu koga nekoj moze da vrsi pritisok istoriski fakti da se menuvat i lazni podatoci da se vnesat samo da se dokaze ispravnost za golemaalbanija.......................
Од: Albanec so lavsko srce
Датум: 23.09.2009 12:40:12
Pozdrav do site kako prvo,a kako vtoro pozdrav do najdobriot i najrealniot komentar na g-Trpe,koga bi mislele site kako nego maked ke beshe Luxenburg Nekoi si tresat gluposti a ne znaat koga e osnovana Mak?Vo 1903 ne se spomenuva rep Mak tuku rep Ilinden A kako Mak postoi od 1944 potocno to Titoviot ASNOM.Jas ednas vi pisav kade i sto im je celta na nasite politicari: Licno zbogatuvanje i kradenj sto poveke za da mozat da pobegnat vo nekoja druga zemja.Ako eden od politivarite misli so glava a ne so gazot si mu ke bideme mnog po napredni i po bogati.Sloga na narodot mir vo kucata
Од: Ози
Датум: 23.09.2009 13:23:22
Ха, ха, им легнавме во скут на грците. Тоа што нивните (и светските) научници тврдеа со години, дека сме словенски македонци, го потврдија и нашите научници. Со сите последици како антиквизација, крадење историја, Букефал..... Античкиот сон пукна како меур од сапуница. Цел свет ќе да се валка од смеење кога ќе се спомне МК. Да имаме образ и чест би требало да се извиниме. Ама нема....
Од: jimmy1
Датум: 23.09.2009 14:17:59
Golema rabota ako napustat, slobodno neka si odat i onaka od niv imame samo steta a ne korist. Ilirite ne bile muslimani a denesnive albanci se isti kako Grcite, se kitat so tugi perja (tuga istorija). Predlagam na mestoto od Ristevski i Malkovski da se postavi Istoricarot vo MANU, belkim ke trgnat rabotite na podobre, he he he. Do Balkanec; ti brat padnat si od mars, nemas pojma od nisto, mnogu si zalutal.
Од: Православна Македонија
Датум: 23.09.2009 14:26:15
Што стана со елементарната човекова слобода, слободата на говорот, слободата на мислата? Ако некому нечија мисла не му се допаѓа тој има право да го изрази тоа, но нема право да го присилува да мисли поинаку од она што мисли. И нам не ни се допаѓаат ставовите на соседните научни академии во однос на македонското прашање ама никому не сме му забраниле да мисли како што мисли туку со аргументи докажуваме и убедуваме дека погрешно мисли.
Од: Pirinec
Датум: 23.09.2009 16:18:37
Ajde dovono so glupostite ! Enciklopedijata ne sum ja chital, kako i vie, no po najavenoto za nea mi izgleda dobro spremena. Ako nekoj od vas znae poveke od akademiciote neka poveli so fakti i podatoci, a ako ne da zamolchi. A Albancite da ne se frustriraat i da ne lazhat, vistinata za nivnoto doseluvanje ja znaeme site ! Sekoja chest za izdavanjeto na knigite i samo napred !

Најди! во Утрински
На прво место
Големо искушение за ДУИ
Златножолтиот лав не е омилен во парламентот