19.08.2013, 13:12 Нетипична холивудска двојка
На Пирс Броснан не му пречат килограмите на жена му Кили
Пирс Броснан, бившиот Џемс Бонд, не е типичен холивудски лик. Деновиве летува на Хаваи со својата сопруга Кили Шеј Смит, новинарка, со која е во брак од 2001 година. Шеесетгодишниот Пирс изгледа совршено, а неговата втора сопруга е „елегантно пополнета“ што не се вклопува во стандардизирана шема на славен актер. Неговата сакана Кили нема нозе од „два метра“, совршена линија и силикони. Ама има целулит и, по се' изгледа, трајни квалитети со кои го држи Пирс до себе. |