Број 3407  петок, 15 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Култура

Балканот промовира високи духовни вредности

„Мир меѓу народите не е можен без мир меѓу религиите, мирот меѓу религиите не е можен без дијалог, а дијалогот не е можен без разбирање, затоа овој силогизам треба да биде мото на овој научен собир“, порача академик Георги Старделов

Невена Поповска

„Културното наследство на Балканот, во секој историски период, сведочи за комплексноста на животот кој го граделе различни луѓе, различни религиски, етнички и јазични заедници. Тие честопати се конфронтирале, судирале но и знаеле да најдат модел на коегзистенција, взаемна почит и заеднички интерес“, ре��е во својата поздравна беседа Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, на свеченото отварање на четвртиот меѓународен конгрес на исламската цивилизација на Балканот, што од вчера до 17 октомври, под негово покровителство, ќе се одржи во МАНУ. „Исламската цивилизација, продолжи Иванов, чие значење е еднакво на значењето на христијанската цивилизација суштински влијаела врз физиономијата и богатството на културите и општествата. Иако во многу национални истории на Балканот османлискиот период се толкува како почеток на нов мрачен период за балканските христијани, историските факти укажуваат дека по запознавањето на исламот балканските народи почнуваат потолерантно да мислат за луѓето од друга религија и друго политичко убедување.“ Според него, поуката од тоа е дека „Балканот е мирен и стабилен, но и самиот продуцира мир, стабилност и безбедност единствено кога е на отворен простор, бидејќи тогаш ја има способноста да ги помирува различностите. Во Македонија, соживотот меѓу христијанството и исламот може да се види на речиси секој чекор, а македонската мултиетничност и мултиконфесионалност значат слободно славење на религијата, како и слобода да не се слави ниту една религија.

Нашиот исклучителен придонес како земја во која религии, традиции и разни етнички групи соработуваат за градењето на заеднички дом и се во потрага по одговорите на некои вечни прашања е доказ дека е можна подобра иднина за регионот, Европа и светот“, заврши Иванов.

Собирот го поздравија и претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Георги Старделов, генералниот секретар на Организацијата на исламската конференција, Халит Ерен, амбасадорот на Турција во Македонија, Ѓурол Шукменсур, претседателот на Исламската верска заедница во Македонија, Ресул-ул-улема Сулејман Реџепи и генералниот секретар на ОИЦ, Екмеледин Ишаноглу.

Според претседателот на МАНУ, академик Георги Старделов, „истражувањата покажуваат дека големите религии се основа на која почиваат големите цивилизации, а христијанската и исламската поаѓајќи од нивното историско траење на тлото на Македонија, покажуваат дека заемно се оплодувале и влијаеле една на друга. Токму затоа дијалогот меѓу културите, цивилизациите и религиите нема алтернатива. „Мир меѓу народите не е можен без мир меѓу религиите, мирот меѓу религиите не е можен без дијалог, а дијалогот не е можен без разбирање, затоа овој силогизам треба да биде мото на овој научен собир“.

За Халид Ерен, еден од основачите на конференцијата, собирот треба да придонесе за промовирање на студиите за исламската цивилизација и за зголемено познавање на културите на Балканот, што во исто време ќе ги истакне регионалните богатства и разновидности на таа цивилизација. Тој воедно изрази задоволство за грижата за спомениците на културата од исламскиот период од страна на македонските институции.

На собирот се обрати и поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, кој ги потенцираше вредностите на османлискиот модел на владеење заснован врз Куранот. Тој упати забелешки и на како што рече употребата на некои објекти од османлискиот период како изложбени простори, а не за нивната првична намена како верски објект, како што е случајот со Јени-џамијата во Битола.

По чинот на свеченото отворање на конференцијата, прв, своето излагање под наслов „Милет систем во османското царство“, го презентираше Претседателот Иванов, кој притоа истакна:„Милет системот е форма на мултиетничност, а не форма на мултикултурноста. Мултиетичноста или мултијазичноста е нешто што е квалитативно поразлично од мултикултурализмот. Мултиетничноста подразбира дека различните етнички и јазични групи можат да живеат во иста држава и да го сочуваат својот јазик и култура. Благодарејќи на милетскиот систем, подвлече Иванов, османлиските освојувања на Балканот не го уништиле православното христијанство, туку му донеле многу привилегии што го сфатиле и Патријаршијата и нејзините непријатели. Преку милетскиот систем, всушност, османлиите, по многу векови за прв пат ќе го обединат Балканот, во една релативно хармонична целост. Милет системот, заклучи Иванов, останува и натаму актуелен се додека светот реградира кон пламенска организација, наспроти економијата кој се повеќе поприма глобален карактер.“

На конференцијата говореше и претседателот на МАНУ, академик Георги Старделов, на тема: „Историската средба на цивилизациите и културите на Балканот“, рече:„Цивилизациите на Балканот имаат високи духовни вредности и достигнувања и тие во текот на годините меѓусебно си влијаеле една на друга. Особено е големо влијанието на Европската духовност од страна на исламските филозофи, а кои слободно можеме да речеме дека се рамни на Платон и Аристотел.“ Оттука, заклучи Старделов, произлегува фактот дека народите на Балканскиот комонвелт создадоа не свет на омраза, туку свет на меѓусебно почитување и толеранција и тие претставуваат Божилак што ги поврзува овие простори со Европа“.

Собирот треба да ја истакне историјата и наследството на исламската цивилизација и цивилизацијата на Балканот од нивните минати и сегашни аспекти, а ќе поттикне интердисциплинарни и меѓукултурни пристапи.


#
Статијата е прочитана 309 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Ева Липске, лауреат на „Денови на Наим“
Со театрите се' е в ред, уште само да се донесе закон
Преполна сала на отворањето на Фестивалот на германски филм
Нови книги






Serbia makes another u-turn on Europe
Human Rights Watch denounces Roma deportations to Kosovo
Bulgaria's financial watchdog sniffs around minister's property