Број 3413  петок, 22 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Култура

Викенд-ноќи полни со џез

Вечерва втор ден од Скопскиот џез-фестивал

По настапот на композиторот и пијанист Омар Соса, Италијанката Марија Пија де Вито, но и полноќната свирка со Јури Онинг и составот „Wired Paradise“, годишениот, „Скопје џез-фестивал“ продолжува со предвидената викенд-програма.

Вечерва од 20 часот во Универзална сала треба да настапува Лери Карлтон, тројниот добитник на наградата „Греми“ за гитарски перформанси, композиции и музички теми наменети за ТВ-серии. Откако го на��ушти џез-составот „Fourplay“, американскиот гитарист реши да се концентрира на соло-кариера. Петочната вечер ќе го донесе мандонилистот Хамилтон де Холанда, но и пејачката Пола Мореленбаум, која во „Хард рок“ ќе направи осврт на босановата, фузирајќи електроника и акустика.

На 23 октомври Универзална ќе биде домаќин на ансамблот „Flat Earth Society“. Биг-бендот е основан откако поранешниот архитект, кларинист, композитор и продуцент, Петар Вермеерш, формираше екипа од музичари што ќе носат звучен бран од различни стилови и авторски аранжмани. Белгијанците сцената ќе ја делат со пијанистката со неконвенционален џез-глас, Париша Бергер, позната по нејзините преработки на поп-песни, рок-нумери и необичниот вокабулар. По неа, полноќниот клупски дел во „Хард рок“ е резервиран за „The Ethnics“, свежиот проект на Кахил Ел’ Забар и Ернест Доукинс од САД.

Традиционално, „Скопје џез-фестивал“ завршува со норвешки музичари. Скандинавски претставници ќе бидат Фроде Халтли и Твенге Сеим, но и гитаристот Терје Рипдал со „Bergen Big Band“. Манифестација ќе финишира со џез-панк варијациите на „Aronas“, предводени од новозеландскиот пијанист Арон Отињон. (Б.Ш.)


#
Статијата е прочитана 849 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Одлична посетеност на „Браќа Манаки“
Вториот живот на винилот
Гласилото на Институтот „Данте Алигери“ со нов лик
Имам книги „љубови за сите времиња“
Филм на Владимир Боцев награден во Белград
Регионална работилница за дигитизација на наследството
Второ издание на „Дваесет и првиот“ од Османли






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'