Број 3265  петок, 23 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Магазин

ТВ-фотелја

Изнасилен сензационализам

Роберт Д. Крстевски

 

Човек веќе не може на раат да проследи ниту најтривијална содржина на телевизија А1, како што се „Народни приказни“, на пример, а да не го извадат од памет. Само што ќе се задлабочиш во дејството, кога - оп: „Најнова вест!!! Најдена мртва жена во Аеродром со пиштол под неа“. Ќе ти исфрлат ваков текст со бели букви на црвена заднина во горниот десен агол на екранот, а ти продолжи мирно да ги гледаш згодите и незгодите на јунаците од популарната телевизиска серија. Место да се сконцентрираш на поентата во приказната, веднаш почнува да те јаде црвот што, всушност, се случило со несреќната жителка на скопската општина. „Народни приказни“ веќе не се интересни, а мислите по автоматизам се насочуваат кон „Дневникот“.

Конечно, дојде ред и на централната информативна емисија, арно ама, гледај, гледај, никако да бекнат нешто за кутрата жена. Приоритет добија неколку други информации, па дури потоа се осврнаа на немилиот настан во Аеродром. И тоа со цели пет простопроширени реченици, од кои разбравме дека А1 дознала само оти жената била на возраст од 39 години и имала дупка во стомакот, покрај спомнатиот пиштол во најавата.

Другпат кога ќе решат да им го нарушат мирот на гледачите подобро е да се потрудат барем да дојдат до повеќе информации од полицијата, од случајните минувачи или од евентуалните сведоци, како за жртвата, така и за можниот мотив на (само)убиството. Доколку процениле дека веста е толку важна што мора да биде најавена и во други програмски содржини што му претходат на „Дневникот“, тогаш таа мора да оди прва по шпицата, а не четврта или петта.

Друга работа е колку ваква информација заслужува третман како да е од судбинска важност за граѓаните или, не дај боже, за државата. Со сета почит кон конкретното лице со трагична судбина и кон животот како неповторлив дар од Бога за секое суштество на планетава, но убиства или самоубиства не се нешто толку невообичаено за од нив да се направи таква драма како што стори А1. За да биде нешто толку интересно за јавноста за да биде најавено за време на емитувањето на неинформативна содржина мора да станува збор за познато или од други причини важно лице ��а пошироката заедница или самиот настан да е исклучителен и досега незабележан во една средина.

Во случајот што е предмет на оваа опсервација, очигледно, не станува збор за такво нешто, па и ова слободно може да се додаде на долгата листа методи на А1 по секоја цена да го привлече и да го задржи вниманието на гледачите. Забораваат само дека со изнасилен сензационализам може да се „мавта“ еден човек постојано, многу луѓе одредено време, но целиот аудиториум ни случајно не може да се влече за нос цело време.








#
Статијата е прочитана 643 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Магазин
Имам план да престанам да планирам
Лејди Гага - најпосакувана партнерка за дует
Ивце Пивце е поуспешен од Ивица Маринковиќ
Неделен хороскоп
На светските избори не помагаат стриковци и вујковци!