Број 3655  сабота, 13 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Втора страница

Странците дојдоа, локалните херои останаа дома

Странците дојдоа дури од Америка, Груевски и Црвенковски останаа во Скопје

Слободанка Јовановска

Охрид - Семејната фотографија за Рамковниот договор вчера во Охрид, на десетгодишнината од потпишувањето, остана празна. На неа не само што ги немаше Арбен Џафери и Љупчо Георгиевски, туку не најде за потребно да се појави ниту премиерот Никола Груевски, иако до последен момент од необјасниви причини стоеше неговото име со забелешка - дека не е потврдено. Не дојде и оној што потврди дека ќе дојде, лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски. Па, и овој пат испадна дека единствените што ја сфаќаат важноста на договорот се странците и оние што профитираа, партијата на Али Ахмети.

Тоа не остана незабележано од гостите, кои дојдоа од далеку и сфатија дека времето не ги излечило политичките комплекси во Македонија и дека стариот камен на сопнување, правата на Албанците и војната во 2001 година, и натаму остануваат.

Единствениот што се појави во Охрид беше претседателот Ѓорге Иванов, кој ��ако на моменти ги истакнуваше позитивните страни на договорот, главно, испраќаше пораки до албанските политички лидери и до опозицијата, а на моменти како да ги караше. „Не треба да го потенцираме само тоа што сме го добиле. Неоспорно е дека добивме мир и многу други работи. Треба да потсетиме што е тоа што сме го изгубиле. Многу родители ги изгубија своите деца и многу деца ги изгубија своите родители. Некои ги изгубија своите домови, некои своите пријатели, соседи... Некои ги изгубија своите идеали, а други своите идоли.

Некои се' уште ги бараат коските на своите најблиски и имаат право да знаат каде се и што се случи со киднапираните цивили. И јас лично барам одговор“, им се обрати директно Иванов на Али Ахмети и на тие околу него, како порака-реванш за гневот што го предизвика одлуката за амнестија на хашките случаи.

Исто така, тој испрати уште неколку други пораки: дека Охридскиот договор е инструмент за зголемување на меѓуетничката доверба на граѓаните, но дека на албанска страна се отстапува од обврските. Дека нема проблем кога соработуваат граѓаните, туку проблем е несоработката на политичките елити. Дека ако Албанците бараат почитување на нивните права, тогаш да ги почитуваат и правата на другите заедници. Дека договорот не смее да се чита различно кога си на власт и кога си во опозиција и, генерално, различно да се чита, па побара да се направи негово официјално толкување, кое ќе каже кои биле изворно намерите пред десет години и што навистина било договорено.

Тој порача, исто така, дека ниту едно колективно право не треба да ги загрози индивидуалните права за на крај да порача дека по сите постигнувања околу договорот наместо Македонија да е наградена, изгледа дека се' повеќе е казнета.

Олеснувачите отстапија од таа, генерално, негативна реторика. Двете клучни пораки на сите нив беа дека договорот ја спасил Македонија од војна и оти треба да е јасно дека нема територијални решенија за етнички прашања. Најдиректен беше Џејмс Пердју:

„Знам дека Договорот остана контроверзен и оти некои политички лидери се' уште се воздржуваат да го прифатат и денес. А толку многу храбри луѓе заслужуваат респект за него. Тие сторија вистинска работа”, рече тој. Потсетувајќи дека во регионот имаше четири војни за десет години, тој заклучи дека во Македонија ќе се случеше петта.

„Војната изгледаше неизбежна. Ваква каква што ја знаеме сега, Македонија немаше да постои да не успееше мировниот договор“, оцени тој.

Дали тој се' уште е релевантен и соодветен за времето? Пердју одговори: „Во однос на принципите - да. Но, тој не е камен зацементиран засекогаш. Треба да се најде начин да се подобри политичката култура и економската состојба“, одговори тој.

На крај тој испрати две пораки: дека не може да се изначуди како никој во Македонија не сфаќа колку значајно достигнување бил моделот промовиран со Охридскиот договор, не само за нас, туку и за меѓународната заедница. И дека најголема пречка за Македонија е изолацијата предизвикана од блокадата на Грција, за која, според негова оцена, треба агресивен и решителен меѓународен ангажман, како што го правеше тоа Ричард Холбрук во 1995 година.

Филип Рикер, сега како заменик на помошник-државниот секретар на САД во прва посета, побара да не заборавиме дека пред десет години Македонија беше на раб на војна и оти оттогаш е многу постигнато и покрај загрижувачките трендови. Прашањето што треба да си го поставиме, според него, е што сакаме за Македонија натаму, со порака дека не треба да дозволиме „куќата да ни биде поделена внатре“.

Ален Лероа беше горд што и самиот придонел за мирот во земјата и ги наброја сите што во тоа време играле некаква битна улога во случувањата и му помогнале во имплементацијата. Тој ги наброја, исто така, актуелните проблеми во земјата (судството, притисокот врз медиумите...) и побара да останеме оптимисти за иднината. (С.Ј.)


#
Статијата е прочитана 5676 пати.

Испрати коментар

Од: vistina
Датум: 13.08.2011 00:18:06
ne treba nikoj od Makedonska strana da prisustvuva na eden vakov sramen cin za makedoncite.Strancite doagaat pochto tie se kreatorite i Agresorite na Makedonija.Sigurno tuka se i tie od teroristite koj za zal i denesna sloboda i vo vlast a da befme normalna drzava denes tie ce beja vo Idrizovo.ramkovniot dogovor ne donese nichto za podobar zivot ni za lojalnos na Albancite prema drzavata.Se im se dade a tie se uchte vejat tugi znaminja samo ne Makedonskoto.ramkovniot go sakaat poedinci Albanci partiski vojnici koj primaat plata od drzavata a ne odat na rabota .
Од: Itar Pejo
Датум: 13.08.2011 00:18:53
Ku-ku Ku-ku. Grijo, kako i obicno se pokaza kukavica.
Од: trpe od gradsko
Датум: 13.08.2011 01:23:00
Vo 2001godina go potpisaa a sega begaat od nego ...sramota...posebno za vlasta na DPMNE za koj vo vladata ima i visepremier za Ramokvniot dogovor...Dali mislata so otsutvoto deka ke ispadnat pogolemi patrioti za nesto sto potpisale...
Од: neopredelena
Датум: 13.08.2011 02:07:42
Sto ke mu e na Grujo da doaga? Toj si ja obezbedi foteljata za narednite 4 godini, i dotogas ke se dopolnitlno "nafatira" za do krajot na zivotot i za negovite pokolenija. Go zabole nego za politika ili za strancite ili ze bilo koj. Vazno ne propusti nitu eden miting koga lazese kade ke stigne. Sega si ima fotelja i prasanje e dali ke go vidite vo narednite nekolku godini. Ako vi e!
Од: Ljubotan-Trade Name
Датум: 13.08.2011 02:58:47
Ova se Veli: Makedonski,,Patriotizam" Go ptpisaa Izdajstvoto pred deset godini,ama ne sakaat da se slikaat so ,,jubilarnoto" Izdajstvoto na Makedonija i Makedonskata Suverenost!
Од: A. TOMESKI
Датум: 13.08.2011 03:22:31
Znaci tie sto nedosle nese zadovolni od tovaj dogovor zosto, tovaj dogovor e nametnat od strancite pa zatova tie dosle sto se zadovolni od tova sto go nametnale na tovaj miren makedonski narod. Gore Ivanov nebese na taja ceremonija pa zatova otide no ako nego ubija pretsedatelo Trajkoski mozi itovaj nemase da pojdena na taa proslava.od dogovorot se zadovolni samo albanskite kriminalci koi zapadot gi podrzava zosto nema druga nacija vo svetot koja ce se zanimava so necesni raboti sverc so droga ,prostitucija, sverc so oruzje imnogu drugi necesni raboti ,sto dobrite nacii nikogas tova nebi go napravile .Izvinete taja e realnosta ?????????????
Од: JORGO
Датум: 13.08.2011 05:17:01
Taka narecena vojna vo 2001 bese izmislena vo sofija i tirana a amerika ja nagradi bugarija za otstapuvane na voeni bazi protiv RUSIJA a albanija za odstapuvane na voeni bazi protiv SRBIJA a vozvratuvane za ovie uslugi im bese dozvoleno da ja PODELAT MAKEDONIJA pomegu ovie dve veciti MAKEDONSKI NEPRIJATELI kakva vojna kakvi bakraci TERORIST od albanija i kosovo doneseni vo makedonija i trenirani od n.a.t.o. i amerikanski c. i. a agenti i specijalci za vodene teroristicki bandi a od druga strana isprakaat taka nareceni diplomati i mirovnici . Kakov dogovor postoi vo london paris i wasington za pocituvane prava na emigranti siromasnite masi eve gi gledame sekoj den direkno od london 16.000 milicajci samo vo eden grad da ni objasnat zapadnacive kakva je taja DEMOKRATIJA I CIVILIZACIJA.
Од: Svesen
Датум: 13.08.2011 06:17:07
Bravo!
Од: Moris
Датум: 13.08.2011 06:48:32
dosta mu bese na ohriskito dogovor izgleda i ova e nekakov presvrt koga ni potpisnicite ne go pocituvaat ni ersonalnoni institucionalno. Ajde personalno tolku ime kapacitetot ama politickite partii treba dabidat pretstaveni na nivo na pretsedateli. A i zosto da slavime kraj na vojna i da ima praime keif na strancite koi ni ja donesoa i potoa ne nateraa da potpiseme.
Од: neven gneven
Датум: 13.08.2011 07:52:25
Vo Prilep takvite koi se krijat i begaat od obvrskite, gi vikame davajgazovci, bilo da se tie od vidot na Koljo ili Branko.
Од: marija
Датум: 13.08.2011 08:10:26
Добро беше ниеден функционер на МАкедонската држава да не дојде зашто тој фамозен рамковоен договор- т. е. капитулација на држава која ги победи терористите, е само политички документ потпишан под притисок на менторите од надвор, кој претходно добија 1 милијарда долари да ја направат оваа `ѓурултија` (Прекројување ) на БАлканот.. Же дојде време кога и тој договор ќе се заборави,, а треба и сега , зашто се се внесе во Уставот, МАкедонскиот народ стана заедница без своја држава и така натаму, се изгуби се кое го стекнаавме од НОБ наваму! Но, акедонија ѓе опстои, а иредентата само нека се залажува и понатаму за Голема Албанија! САД веќе полека ја губаат превласта во светот, пред се економската!
Од: dedo dimo
Датум: 13.08.2011 08:17:13
Da se realizira shto dobi Republika Makedonija A shto izgubi , ke se vidideka bash ne mnogu .Albancite imaa isto pravo kako i nas Makedoncite no se borea za da e rasparchat Makedonija A kako sekogash vo minatoto zapadnite zemji na chelo so juzniot sosed gledaa da ne postojme i da ne do iskrajchat oti si mislat deka rabotata ne e zavrshija kompletno vo 1913 godina . Albancite nemale prava vo Makedonija a kolku prava Makedoncite imaat vo Bugarija i GRCIJA SHTO SE PRAVI ZEMJA NA DEMOKRATIJATA.Zapadnite demokratii za ova se SLEPI i GLUVI .
Од: od ostrijot
Датум: 13.08.2011 08:18:01
makedonija e stradala i kesrada od lazni patrijoti.
Од: Зевзекмен
Датум: 13.08.2011 08:38:59
а што да доваѓа црни Грујо кога не е потписник... Бранко би дошол, ама му се ремети одморо на Халкидики
Од: Bese Horhe Minoris
Датум: 13.08.2011 08:41:41
Vazno bese Negovata Ekselencija Horhe Minoris Marionetus. A toa ce se slozite e dovolno da mu dade svestsko znacenje na ovaj sobir.
Од: Петре
Датум: 13.08.2011 08:55:25
Кутра Макдонија со толку слаби Македонци! Со договорот во Букурешт ги распарчија Македонците на три дела. Со договорот во Охрид му ја преполовија државата! Абе не ќе се роди некој ХРАБАР Македонец да поживееме и ние Македонците како луѓе ДОСТОИНСТВНО?
Од: srebre
Датум: 13.08.2011 09:17:23
ova nee e nikakov skandal prv pat grujo i crvenko pokazuvat patriotizam...pa neli gledate maked e fereralizirana so toj dogovor i na golemo se albanizira....a oni ne potpisaa tuku vo ime na nivnite partii...........
Од: Трпе
Датум: 13.08.2011 09:41:19
Нашиот мистер мр Рејтинг,мора да си го чува рејтингот.Тој е голем патриот и е против рамковниот договор кој спречи поголемо крвопролевање.Ама не е против овие кои пролеја крв на неговиот народ.Го злоупотреби договорот за амнестија,за да си ја зачува фотелјата.Постапката на господинот Бранко е правилна.Успеа да му ја затвори устата на големиот патриот за да кажува кои се предавници а кои големи патриоти.А тоа што светот не снима бач му е гајле на големиот патриот и така неговата цел е својот народ да го држи во изолација во трезерватот наречен Македонија.
Од: владимиор
Датум: 13.08.2011 10:26:45
Војната во 2001 беше масло на српските тајни служби и на домашните српски слуги кои работеа за режимот на Милошевиќ, меѓу кои имаше и Албанци... мама, вујко, стрина... Србија имаше за цел од Македонија да создаде нестабилен регион, а на Албанците им вети поделба на Македонија. На тој план од 2001 и денес се работи. Ахмети заговара поделба на Македонија, а Груевски како послушник на Белград ја врати србизацијата во Македонија преку културата и медиумите. Целта им беше и е поделба на Македонија меѓу Албанија и Србија, или евентуално втурнување на Македонија во некаква федерација со Србија.
Од: студент
Датум: 13.08.2011 10:34:18
Груески се прави патриот, а во практика секојдневно дава повеќе права надвор од Охридскиот договор како што беше последниот пакет закони за да го задоволи Ахмети. Груевски сеправи патриот, а во МВР се газат сите што дадоа придонес во 2001, најеклатантен пример е генерал Зоран Јовановски, инвалид од војната, кого Јанкуловска го деградираше во инспектор во Чаир.Тоа е лажен патриотизам за дневно-политичките потреби на Груевски-Ахмети!
Од: bitolacanec
Датум: 13.08.2011 13:01:41
Abe Vladimir, dane bese pijan ili drogiran koga go izmisluvase ova scenario?
Од: Makedonec vo SAD
Датум: 13.08.2011 17:22:10
Ohridskiot dogovor e navistina golemo dostignuvanje na Makedonija - najgolemto demokratsko dostignuvanje na Balkanot, a jas bi rekol i vo Evropa i vo svetot voopsto. So toj dogovor Makedonskiot Narod treba da se gordee kako sto rece pretsavnikot na EU, Sorensen. Nitu vo SAD od kade sto vsusnost e prezemen modelot za Ohridskiot dogovor, ne postojat takvi demokratski odredbi (kako za upotreba na znaminjata i jazikot na malcinstvata) kakvi sto se sprovedeni so Ohridkskiot. Vo SAD ne postojat univerziteti na Shpanski jazik, iako t.n. Hispanics brojat preku 30 milioni lugje. Erupcijata na ovoj gnev na narodot go predizvika Ahmeti so negovite idiotski izjavi za mirot vo Makedonija, no i SAD i EU so insistiranje na Grchkite pozicii vo sporot so imeto. "Novoto Ime" NEMOZHE DA BIDE ZA SEVKUPNA UPOTREBA. "Novoto ime" neka go upotrebuvaat NATO i EU tie zmeji koi dobrovolno kje go prifatat, a za ustavot, jazikot i nacijata nemoze da stane nitu zbor.
Од: tebe
Датум: 13.08.2011 18:29:13
jas go opravduvam crvenkovski sto ne dosol na priemot.sdsm brani nesto sto ovie negirajki go uporno dobivaat izbori.ova ispaga kako u maalo da ne e glavniot fraer ke go tepam,ama od nego ne smeam.sramota za ovoj nas napaten narod
Од: Od Prijatel
Датум: 13.08.2011 21:35:26
Pa toj dogovor e za neprijatelite i predavnicite a ne za Makedoncite go Svajkam Grujo .......
Од: dzani
Датум: 13.08.2011 23:53:53
Za Vistina: Koga veke ednas ke naucite deka nikoj nikomu vo ovaa drzava ne dava i nemoze dava.Ovaa drzava e na site nejzini gragani. Nemoj da se stavas vo pozicija na gazda na kukata a drugite kako da se podstanari. Mojot roditel krv proleal za ovaa drzava a ti ke ne tretiras kako gastarbajteri ili stranci vo ovaa zemja.
Од: До Зевзекот
Датум: 14.08.2011 10:31:03
Ако не е потписник,зошто го применува и проширува со амнестијата?
Од: Никола
Датум: 14.08.2011 14:03:47
Какви бесмислени коментари за се им е крив западот и САД. Не во 2001 лично Џорџ Буш му рекол на покојни Борис да го реши проблемот со Танушевци како знае и умее. Но тој тогаш реши да ги слуша своите советници па ај да ги консултираме Англичаните па Французите па ај мирно да ја решиме итн. Западот ја напушти нашата страна кога виде дека политичарите само се кодошат и криват меѓу себе а посебно СДСМ не сакаа да се прогласи воена состојба и да се реши проблемот. Добро е барем што Љубчо Џафери и Бранко не отишле на таа "прослава" бидејќи веројатно знаат дека направија капитулација на државата со тој договор по кој престана постоењето на асномска и унитарна Македонија.. Груевски сега сака да излезе патриот со што не оди таму ама џабе му е, со амнестијата на воените злосторства на УЧК нема никогаш да се испере. Срамота за кого гласате луѓе па после странците ви се криви простете ми ама се однесувате шизофрено и контрадикторно.
Од: tales
Датум: 14.08.2011 15:37:40
kakva crna proslava bre??? pa toa e parastos po povod izguvenata vojna 2001, zalan vistina.. so se li ke mora da pravi ovoj jaden horhe pod prinuda???navistina kutriot zalno izgleda...

Најди! во Утрински
Втора страница
Меркел во посета на Загреб и на Белград
Заедничка изјава на ЕУ, НАТО и ОБСЕ
Катерина и Гордана
Вербатим

"""