Кристин Дејвис
Ѕвездата од „Сексот и градот“ посвои слон
Актерката Кристин Дејвис, која светската слава ја стекна толкувајќи ја улогата на слатката Шарлот од серијата и филмот „Сексот и градот“, постојано е ангажирана околу активностите за заштита на животните низ светот, па 45-годишната активистка навреме одговори на повикот за помош да посвои бебе слон, кое беше пронајдено во дивините во Кенија.
„Малото животно беше само и напуштено, а ако навреме не го пронајдовме и не го сместевме во резерват, веројатно ќе умреше“, рече славната актерка додавајќи дека сама ќе ги преземе севкупните трошоци околу грижата за младата слоница, чувајќи ја кај себе. Но, Кристин изгледаше сосема контрадикторно кога не се согласи да го посети резерватот и да се фотографира со големото бебе, чиј живот го спаси со својата хумана постапка. Тоа воопшто не изненадува, зашто се знае дека таа панично се плаши од големи животни. Во една сцена од новото филмско продолжение на „Сексот и градот 2“ Кристин им задаваше големи маки на продуцентите. Имено, во една од сцените требаше да се качи на камила, но таа се испаничи, стравувајќи дека ќе падне на песокот и лицето ќе и' се смачка. По долгите маки и изгубеното време лутата екипа од сетот можеше да здивне, затоа што престрашената актерка, на крај, сепак, успеа да го изведе својот слободен лет. |