Број 3285  вторник, 18 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Се бара долар повеќе во менувачниците

По падот на еврото, македонските граѓани се' повеќе купуваат долари, кои вчера се продаваа по 50,8 денари

Соња Маџовска

Се бара долар повеќе на менувачкиот пазар во земјава. По падот на еврото, македонските граѓани се' повеќе купуваат американски долари. Од менувачниците велат дека секој ден се менува вредноста на доларот. Вчера тој се продаваше по 50,8 денари, а се купуваше по 50,3 денари. На веб-страницата на Народна банка на Македонија е наведено дека средниот курс на американскиот долар вчера изнесувал 49,22 денари.

„Се бара американски долар повеќе од евро. Има недостиг на долари на менувачкиот пазар. Пред само неколку дена можевме да ги сервисираме банките и им продававме долари, но повеќе не сме во можност. На банките веќе не им продаваме долари, зошто и ние немаме. Очекуваме и натаму да расте побарувачката за долари. Ако оваа тенденција продолжи НБМ ќе мора да интервенира, за да не дојде до пад на вредноста на еврото на менувачкиот пазар“, вели Ангеле Миновски од Здружението на приватни менувачници.

Но, тој потврдува дека последниве денови е зголемена побарувачката за долари, но не дека граѓаните ги менуваат еврата во долари, туку денарите, место во евра како досега, ги претвораат во долари. Вредноста на доларот последниве месеци постојано се зголемува. Само за споредба, еден долар во јануари се продаваше по 42,5 денари.

Највисока вредност доларот имаше пред 10 години. Тогаш во земјава соодносот беше 2 спрема 1 во корист на доларот.

Од менувачниците прогнозираат дека сега може да дојде до изедначување на вредноста на еврото и на доларот. Од централната банка вчера ништо не сакаа да изјават за случувањата на менувачкиот пазар. Оттаму само објаснија дека тие интервенираат на пазарот преку банките и тоа само со евра.

Банкарите уверуваат дека штедачите не ги конвертираат своите заштеди од евра во други валути и покрај падот на еврото. „Во НЛБ Тутунска банка се' уште не се чувствува конвертирање на заштедите од евра во други валути или во денари. Една од причините за тоа е што во согласност со политиката на НБМ еврото има стабилен курс во однос на денарот. Не верувам дека, доколку остане оваа политика, ќе има позначајни движења во смисла на промена во други валути“, изјави Јанчевски. Тој смета дека еврото малку побрзо паѓа од проекциите што ги правеа светските аналитичари за неговиот пад. „Последните анализи укажуваа дека еврото ќе падне до 1,22 во однос на доларот и оти во наредниот период ќе се движи од 1,22 до 1,30. Сигурно е дека и аналитичарите не можат да ги погодат сите движења, затоа што она што се случуваше во соседна Грција укажува дека може да има и некои непредвидени движења и еврото да оди и подолу од проекциите“, вели Јанчевски.

И експертите сметаат дека има опасност еврото уште да паѓа. „Поради целата оваа ситуација паѓа вредноста на еврото. И натаму ќе паѓа, до јули не се очекува друг тек на настаните. Од друга страна, расте цената на златото. На сите страни се бара злато. Се' уште е рано да се зборува за закрепнување на светската економија, а ние тоа го чекаме, за да се зголеми побарувачката и за македонските производи“, вели професорот Мирољуб Шукаров. Професорот Јован Пејковски смета дека кога ќе се стабилизира Грција, ќе се стабилизира и еврото.

Инаку, еврото вчера го допре дното. Неговата вредност вчера падна на најниско ниво во изминативе четири години, достигнувајќи ниво од 1,2237 долари. Аналитичарите тврдат дека намалувањето на вредноста на еврото единствено може да се запре со економски раст на целата еврозона. А само пред една седмица, ЕУ и ММФ се договорија со пакет тежок 750 милијарди евра да го спречат ширењето на должничката криза од Грција кон другите слаби економии во еврозоната. Наспроти еуфоријата со која беше дочекан пакетот, стравувањата се вратија и европските акции и еврото почнаа повторно да паѓаат. „По краткото затишје од минатата седмица со донесениот европски спасувачки план, вреден речиси 750 милијарди евра, стравот повторно се надвисна врз финансиските пазари, овој пат поради опасностите за најголемите банки на стариот континент, кои се исправени пред проблемите што ќе ги осакатат европските економии“, пишува весникот „Њујорк тајмс“. Весникот забележува дека инвеститорите се откажуваат од европската валута во корист на златото и другите валути, кои се третираат како понадежни.


#
Статијата е прочитана 3711 пати.

Испрати коментар

Од: Јован
Датум: 18.05.2010 02:03:42
пред едно месец или така нешто два месеци, шеф на експозитура од една банка си правеме муабет и сигурно ми тврди ревносно ми го брани еврото, ми вика: "кој нема да падне еврото, кај се видело ма нема шанси тоа да се случи"... иако имам замрзнат депозит од не толку значајна сума во евра туку ајде нека му биде. Е сега Грција ја искешираа и треба да испорачува резултати, сега нема ништо да се случи до нова година и понатаму уште повише ке потоне и толку ке биде со ЕУ, мое мислење а и како што читам мислења од други експерти беше да се исклучат сите аспиранти и веке членки на ЕУ кои што не можат да ја одржат националната економија на проектиран буџетски дефицит.
Од: aleksandar sv nikole
Датум: 18.05.2010 09:58:49
ova mi lici kako na panikata so svinskiot grip..oleleeee site ke se razbolime ,trcajte kupuvajte lekovi,maski i cuda...i zosto?za nekoi kompanii da se napolnat pari!epa do skoro dolarot ne vredese nisto,a sega pocna da skoka..ne vi lici ova na amerikansko maslo?prvin ja namalija vrednosta za da stanat konkurentni nivnite proizvodi na svetskiot pazar,mu dadoa zivot na dolarot,a sega pak go vrakaat vo zivot,otkako pocnaa site da baraat nova svetska valuta koja ke go zameni na berzite..posebno kina,indija...i koj strada sega..pak nie maleckite drzavicki..ajde sega trcete site kupuvajte dolariiii:))
Од: bubica
Датум: 18.05.2010 10:07:54
Pred samo 6-meseci stamparijata za dolari vo USA nemozese da postigne so stampanje i pustija vo optek nesto priblizno do 2000 milijardi dolari,pari koi realno nemozat da se zamislat kako osnova za stabilnost a uste pomalku kako osnov za porast na dolarot.I pokraj toa kako ocekuvanje bese da dolarot paga vo soodnos so Evroto no mora da se priznae deka vestacki moknata USA go vodi koloto na kilavata zemjina topka pa vo sekoe vreme mozat da se poigruvaat so site i sekogo.Se trubi deka ekonomijata na USA raste a sekoe vtoro vozilo vo USA e ili japonsko ili evropsko ili realno kazano za kakva ekonomska expanzija trubat????.Ako vo odoj moment suporterite na USA gi vratat spomenatite istampani dolari ,Amerika ke explodira za 24-casa.Evroto povtorno ke go nadmine dolarot i toa pobrzo odosto se ocekuvanjata 'najcesto na takanarecenite Amerikanski ekonomski Experti".
Од: Jani
Датум: 18.05.2010 10:15:35
ЦИТАТ - Очекуваме и натаму да расте побарувачката за долари. Ако оваа тенденција продолжи НБМ ќе мора да интервенира, за да не дојде до пад на вредноста на еврото на менувачкиот пазар“, вели Ангеле Миновски од Здружението на приватни менувачници. Сега јас се прашувам зошто да интервенира НБМ, зошто и кај нас еврото малку да не падне, па да купиме по некое евро поефтинко. Додека не ги следиме светските текови нема да не биде дефинитивно.
Од: Sale
Датум: 18.05.2010 10:37:53
A be koga nekoj se zeza so Amerikancite na krajot go krka stapot. Taka Grcite mu zalepija shamar na Bush vo Bukuresht, pochnaa da kupuvaat oruzje od Rusite i go obraa bostanot. sea ke gi tuzele amrikanskite banki i konsultatski kukki. Me zagrizzuva neshto u posledno vreme i nie gi skokotkame Amerive na taa tema, pa pochnaa da se ni se javuvaat oruzeni grupi. Da ne se zezame nogu so Riker bidejki toj zboruva od imeto na USA, ako ne sakame da go jadime stapot.
Од: evropa
Датум: 18.05.2010 12:19:35
ova e delo na vmro antipropaganda za grcija i eu demek eu ce se raspadnal demek grcija ce se raspadnala samo da opravdat izolacija na mak.

Најди! во Утрински
Економија
Еврообврзницата сега е прескапа, од каде ќе се најдат пари?
Не се делат од колите
Најниски плати на Балканот
Ликвидација, па рестартирање на „Сведмилк“
Прилепска пиварница почна да го позлатува животот
Пет години НЛБ Пензиски фонд
Јанчевски
Шпаркасе банка со 30 експозитури
Нов производ - депозит „денар плус“