Број 3445  вторник, 30 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
На прво место

„Викиликс“ не ја стресе Македонија

Амбасадата на САД се оградува дека документите се самостојни и не ја покажуваат политиката на Вашингтон

Скандалот што го тресеше вчера цел свет делумно ја стави во фокусот и Македонија. Од дипломатските забелешки што ги објави „Викиликс“, само во две, и тоа индиректно, е засегната нашата држава - околу аферата Калед ел Масри и преку разговорите на американскиот помошник државен секретар, Филип Гордон, за спорот со името во Париз.

Од забелешките јасно произлегува дека американски дипломат вршел притисок на официјален Берлин да не поведува меѓународна судска потерница за Масри, укажувајќи дека тоа ќе има негативен ефект на односите на Германија со САД. „Нашата намера не е да и' се закануваме на Германија, туку да побараме од германската влада да го одмери внимателно секој чекор во однос на импликациите во односите со САД“, му порачал американскиот дипломат на германскиот заменик-советник за национална безбедност и покрај оградата дека знаат дека судството е независно. Германскиот функционер укажал дека е огромен притисокот од Бундестагот и од медиумите и дека нема да биде лесно да се игнорира случајот, но дека канцеларката ќе се обиде „да биде конструктивна колку што е можно повеќе“.

Попуштањето од двете страни, како македонската, така и грчката, би можело да помогне да се надмине застојот во спорот околу името на Македонија, бил заклучокот од средбата на Филип Гордон со францускиот функционер Жан Давид Левит. Двајцата функционери се н��девале дека новата влада на Грција ќе биде пофлексибилна од претходната, затоа што имала поголемо мнозинство во парламентот. Според Гордон, ако меѓународната заедница успее да ја убеди Македонија да се откаже од идејата за организирање референдум, а Грција да не инсистира на промена на (македонските) пасоши, тогаш би можело да се обезбеди напредок во спорот на двете земји околу името. Со временска дистанца од над една година, оваа белешка изгуби од атрактивноста, бидејќи од лани досега се истопија сите надежи дека смената на власта во Грција ќе донесе динамика во преговорите за името со Македонија.

Од американската амбасада вчера не сакаа да ги коментираат фајловите на „Викиликс“, а уште помалку најавите од лидерот на ДПА, Мендух Тачи, дека наредните денови ќе бидат објавени посензитивни досиеја за улогата на ДУИ во 2001 година. „Политика на Стејт департментот е да не коментира документи кои се наводно неовластено објавени. Објавувањето доверливи информации од страна на ’Викиликс‘ е неодговорен обид да се создаде хаос и да се дестабилизира глобалната безбедност. Ова потенцијално загрозува дури и животи. Ние го осудуваме тоа“, изјавија вчера од амбасадата.

Тие одбија да ја потврдат и автентичноста на објавените документи, но нагласија дека забелешките на Стејт департментот ги рефлектираат секојдневните анализи и отворени процени што ги прави секоја влада, како дел од ефикасни надворешни односи. „Тие забелешки честопати се прелиминарни и нецелосни во однос на развојот и искажувањето на надворешната политика на САД. Тие не треба да се сметаат за самостојни документи или документи што ја претставуваат политиката на САД“, изјавија од амбасадата на САД. (С.Ј.)


#
Статијата е прочитана 1414 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 30.11.2010 12:56:44
Malku e cudno da drzavata America koja e strogo kontrolirana,na koj oko ne im trepnuva ako se zagrozeni i metak ti "svirnat", da vaka dozvolat nekoj da gi "eksponira".Znaci, ili e igra vo nivna sopstvena rezija, ili pa ja izgubile silata(neveruvam).Ili pa,vnatre vo America ima veke sprotistaveni strui koj edna so edna ne se podnesuvaat,pa na nekoj nacin eden so drug se kodosat i osvetuvaat. Drugo neznam sto bi mozelo da bide vrska ovaa dramoletka narecena wikileaks.
Од: Референдум мора да има!
Датум: 30.11.2010 13:27:00
Тотално се разочарав во САД. Како може да кажуваат дека се борат за демократија, ако се против референдумот во Македонија?

Најди! во Утрински
На прво место
Средба Груевски - Берлускони
Протестна нота од Грција до САД
Бучковски закачи слика од Груевски
ДУИ
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society